Home Blog Page 4347

Спој на карпи и дизајн: Футуристичка архитектура пред своето време

Компанијата „Doolittles“ создаде совршена органска форма на конструкција на куќа, која одлично се камуфлира во своето природно опкружување и поради убавиот стил заслужува да биде осветлена со рефлектори и истакната во некои огромен изложбен хангар.

29.3.Doolittles2

29.3.Doolittles3

Куќата претставува нешто што сигурно до сега не е видено дури и во најфантастичните филмови. Направена е од ребраста структура на кафез, вешто скриена во камен на простор од десет хектари и е во сопственост на брачната уметничка двојка Беверли и Џеј и сопственик на студиото  „Doolittles“.

29.3.Doolittles4

29.3.Doolittles5

Изградбата на куќата почнала во 1988 година, а официјално е завршена во 1993 година,  За изградбата се користени бетонски челик, стакло и бакар. Конструкцијата има 26 столбови кои излегуваат од покривот и наликуваат на големи крила. Формата на антена дава ребраст изглед.

29.3.Doolittles6

29.3.Doolittles7

29.3.Doolittles8

29.3.Doolittles9

29.3.Doolittles10

ИСИС сепак не го уништиле Палмира – стариот град во многу подобра состојба

Поголемиот дел од стариот град во Палмира е недопрен, а древните артефакти се во многу подобра состојба отколку што се очекуваше, изјави директорот на сирискиот Оддел за антиквитети Мамун Абдулкарим.

Тој нагласи дека откако сириските сили ја освоиле Палмира, која од мај минатата година беше под контрола на групацијата Исламска држава, Одделението за антиквитети ќе се обиде да ги обнови реликвиите, кои се уништени од страна на џихадистите, пренесува Танјуг.

– Го очекувавме најлошото, но градот во суштина е во добра состојба. Можевме целосно да ја загубиме Палмира, рече Абдулкарим.

Џихадистите во Палмира, која Сиријците ја нарекуваат „бисер на пустината“, го уништиле главниот храм Бел и светилиштето Бал Шамин, како и неколку погребни кули, што сунитските муслимани го сметаат за богохулење.

Тие римскиот амфитеатар го користеле за погубување, а тука го убиле и 82-годишниот поранешен шеф на антиквитетите во Палмира.

– Голем број важни урнатини, како што се Агората, римскиот театар и градските ѕидини, се само незначително оштетени, наведе тој.

– Добрата вест се однесува и на Лавот Ал-Лата, познатата 15 тони тешка статуа на лав, која е уништена во јули минатата година, рече Абдулкарим. Тој додаде дека скршените делови можат повторно да се состават и напомена дека со ОН ќе разговара за обнова на два храма.

Рускиот претседател Владимир Путин и генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова се договорија дека Москва, Дамаск и Агенцијата на ОН што е можно поскоро ќе изработат план за обнова на градот Палмира.

Будење на природата: Пролетна рамноденица на Кокино

Во 2001 година во Република Македонија, кај Татиќев Камен во општината Старо Нагоричане, беше откриен археолошки локалитет од бронзеното доба со огромно значење за следењето на развојот на човековата цивилизација. Пронајдените артефакти во археолошките кампањи, како и спроведената археоастрономска анализа во годините кои следеа, покажаа дека локалитетот ги има сите карактеристики на митска света планина, но и на древна опсерваторија. Денес овој локалитет е познат под името Мегалитска опсерваторија Кокино или едноставно Кокино.

23.3.kokino-ramnodenica0

Преку седумте маркери кои се наоѓаат раштркани меѓу строгите и врвични карпи на Кокино, пред речиси 4.000 години, поточно околу 1.800 година пред нашата ера, древна цивилизација која опстојувала во оваа околина ги набљудувала промените на небото, поточно изгревањата на сонцето и месечината во одредени периоди од годината – пролетна и есенска рамноденица, летна долгодневица и зимска краткодневица. Исто така, низ тие маркери биле набљудувани и отклонувањата на месечината преку кои било забележано дека во тој период, месечината го повторувала својот пат на небото по идентична траса на секои 19 години.

23.3.kokino-ramnodenica00

Дека навистина станува збор за маркирање на местата на изгревањена Сонцето и Месечината покажуваат и документарните фотографии на изгревање на Сонцето над камениот маркерво денот на летната долгодневица. Заради прецесијата на земјината оска на ротација денес Сонцето изгрева малку подоле и полево од маркерот, но токму тоа е доказ за прецизноста на поставениот камен маркер, затоа што овие отстапувања ги предвидува и егзатната астрономска анализа. Ваквите факти ги уважи и Американската вселенска агенција НАСА и во 2005 година ја рангираше Мегалитската опсерваторија Кокино на 4-тото место на листата на стари опсерватории во светот.

Да се биде дел од ова астрономско, но и духовно доживување (треба да се потенцира дека пред речиси 4.000 години населението на ваков начин го мерело времето, но и животот на својата опстојба) не е само привилегија за која не е потребен голем напор (треба само на еден од овие денови да се отиде до Кокино рано наутро), туку и инспирација која ги полни духовните сфери со митска енергија. Поради тоа, екипа од петмина ентузијасти и непоправливи авантуристи, решивме и да ноќеваме на Кокино, со цел што поавтентично и покомплетно да го доживееме целиот тој ритуал. Вака некако, низ фотографии и коментари, го доживеавме целиот тој астрономско-духовен ритуал кој го облагородува духот, збогатен со изворната енергија на митските карпи од Кокино.

23.3.kokino-ramnodenica1Вдомување во раната ноќ на северната платформа на Кокино – првично поклонение на источното небо и мераци во ноќевањето на древната тераса од Татиќев камен.

23.3.kokino-ramnodenica2Ноќен поглед на дел од мегалитските маркери преку кои пред речиси 4.000 години се мерело времето…се мерел животот.

23.3.kokino-ramnodenica3Предизгревна синевина – спокојно утринско студенило на Кокино, во очи изгревот кој ќе ја означи пролетната рамноденица.

23.3.kokino-ramnodenica4Источното небо почнува да зоврива во чест на новото прерождение на Природата.

23.3.kokino-ramnodenica5Она за кое дојдовме, за кое опстојувавме и постоевме на Кокино. Точно на конкретниот маркер за пролетната и есенската рамноденица (нормално, поради остатпките на земјината оска, оваа појава не е визуелно прецизна од астрономската платформа, па мора да се „бара“ конкретно место). Духот на Сонцето го буди поривот на Природата која не облагороди со уште една првична и врвична иницијациска прегратка во својот прерожденички возвис.

23.3.kokino-ramnodenica6Утринската сончевина ги оплодува строгите карпи на Кокино.

23.3.kokino-ramnodenica7Контрастни дразби – рамноденичните сончеви зраци и темничните мегалитски врвичности. Силуетата на Поетот е гратис во композицијата.

23.3.kokino-ramnodenica8Утринска синестезија на карпестата енергија и стремежот кон небесната недофатимост.

23.3.kokino-ramnodenica9Разгледница под Кокино – фантастичен поглед до недоглед.

23.3.kokino-ramnodenica10Поглед на јужната, астрономска платформа, со престолите.

23.3.kokino-ramnodenica11Јужната платформа во крупен кадар

23.3.kokino-ramnodenica12Вгордеана торжественост – митските обредни престоли на Кокино.

23.3.kokino-ramnodenica13Бела пролет на Кокино

23.3.kokino-ramnodenica14Жолта пролет на Кокино

23.3.kokino-ramnodenica15Пролетта дефинитивно долета

Фотографии и текст: Александар Војнески

Маргарет Етвуд – лауреат на „Златен венец“ за 2016

Наградата на канадската авторка ќе и биде врачена на годинашното, 55-то издание на поетскиот фестивал, кој традиционално се одржува на крајот на август во Струга.

Канадската авторка Маргарет Етвуд е добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, соопшти денеска раководството на поетскиот фестивал.

Етвуд е родена во 1939 во Отава. Таа е романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка. Нејзиното пишување, главно се занимава со прашањата на феминизмот, кој таа го истражува низ различни жанрови. Позната е по своите романи, но еднакво е успешна и во поезијата. Во нејзиниот опус се вбројуваат и голем број збирки кратки раскази и книги за деца.

Добитник е на највисоките книжевни награди во Канада, носителка е на францускиот орден Легија на честа. Во 2000 година ја доби Букеровата награда за романот „Слеп убиец“.

„Златниот венец“ на Етвуд ќе и биде врачен на годинашното, 55-то издание на поетскиот фестивал, кој традиционално се одржува на крајот на август во Струга.

Од 1966 година, откога СВП доделува „Златен венец“, Етвуд е трета поетеса што ја добива наградата. Претходни жени-лауреати на признанието беа Десанка Максимовиќ во 1988 и Нанси Морехон во 2006 година.

Спијте под ѕвездите: Стаклена колиба за фантастично уживање на Доломити

Стаклената колиба се наоѓа на 2.500 метри надморска висина на планината Доломити во Италија. Колибата со стаклени ѕидови и таван е поставена на големи скии.

21.3.starlight-room

Стаклената колиба има удобен кревет и грејачи, додека претстојот во неа вклучува вечера и доручек. До колибата се стигнува со моторни санки.

21.3.starlight-room1

21.3.starlight-room2

21.3.starlight-room3

21.3.starlight-room5

Креативно семејство: Сиот мебеле дома го заменија со гимнатички справи

Семејството Карен нема ни телевизор, ни столови, а својот животен простор го организира во духот на вежбањето и рекреацијата, кои во нивниот дом заземаат најмногу место.

Мајкл, Кејт и нивните деца Роан и Фин животниот простор во својот дом го ставија во функција на вежбањето и гимнастиката. Во една просторија им се сите кревети и она малку облека и играчки кои им се неопходни, а остатокот од домот го претворија во гимнастичка сала.

18.3.gimnastika-doma1

„Повеќето луѓе мора да одат до теретана за да вежбаат, но јас повеќе сакам физичката активност да биде мој начин на живот“, вели Кети, биомеханичар и автор на книга за усогласување на работата и рекреацијата.

Ќе се запрашате како изгледа еден ден целосно поминат во физичка активност? Тато Мајкл ги скрати ногарките од кујнската маса, за сите да клечат додека јадат. Садовите се распоредени во ниски ормари, па секој што ќе сака да си земе некој сад кој му е потребен ќе треба да клекнува секогаш кога ќе зема нешто. Сите спијат во иста соба и тоа на ниски легла сместени на дрвени палети, што бара поголем напор за станување и легнување.

18.3.gimnastika-doma2

Кети ваквиот начин на живот го осмисли поучена од своето тренерско искуство од колеџ. Нејзините штитеници имале болки во колената, колковите и грбот, веројатно бидејќи им недостигала физичка активност. „Како што не можете да станете здрав од една изедена салата, ако цел живот живеете јадете слатки, така ни еден тренинг не може да помогне ако постојано седите“, објаснува таа.

Доброто држење на телото за неа е многу важно, па поради тоа ходникот им е поплочен со речни камења, бидејќи сè почнува од стапалата, на кои им е потребно да ја почувствуваат подлогата и да ги придвижат сите зглобови. Затоа сите одат боси, а тоа го прават дури и надвор, кога има услови за такво нешто.

18.3.gimnastika-doma3

Во дворот имаат големи скали развлечени меѓу дрвата, за качувањето да го направат понапорно. Поставија и греда, јаже за нишање и уште едно за балансирање. „Кога сакам да разговарам со сопругот или децата, тоа го правиме додека вежбаме“, вели Кети.

За гостите во нивниот дом имаат поставено дрвена клупа и прозорски седишта, како и масиче за кафе. Но, два-три пати неделно семејството Карен се менуваат со комишиите во готвење заеднички оброци. Така децата се дружат и социјализираат, а родителите имаа слободен ден за себе.

18.3.gimnastika-doma4

Авангарден дизајн со импресивен поглед на Средоземно море

На карпестите терени на шпанската покраина Гранада, студиото GilBartolomé Arquitectos изгради куќа во која се измешани стилови од различните епохи и архитектонски традиции на Шпанија.

16.3.GilBartolome-Arquitectos1

Куќата е изградена во една карпа од каде се пружа прекрасен поглед кон Средозменото Море. Со целата нејзина форма, куќата креира нова естетика сместена меѓу природното и вештачкото.

16.3.GilBartolome-Arquitectos2

16.3.GilBartolome-Arquitectos3

Брановидниот покрив на куќата се надополнува на аморфните прозоски отвори, со што во комбинација со металните скали, градбата наликува на лик човек, кој може да оживее во секој момент и да изникне од карпата.

Покривот е изработен од плочки од цинк поставени на метална рамка, на што се надоврзуваат големите стаклените прозорци на горниот кат, каде се сместени спалните соби.

16.3.GilBartolome-Arquitectos5

16.3.GilBartolome-Arquitectos4

Големите стаклени прозорци се среќаваат и на долниот кат, каде се семстени просториите за дневен престој, на кој се надоврзува голема тераса.

16.3.GilBartolome-Arquitectos6

Со вметнувањето на куќата во карпата се овозможува одржување на температурата во внатрешноста на околку 20 степени Целзиусиви, а на тој начин воедно е добиена структура која потсетува на старите медитерански пештерски живеалишта.

16.3.GilBartolome-Arquitectos7

Како резултат на сето ова добиена е една типична шпанска, но во исто време и авангардна и несекојдневна градба, која прекрасно се вклопува во околниот пејзаж.

16.3.GilBartolome-Arquitectos8

Дел Монако во Скопје: „Турандот“ в петок во Македонска опера и балет

Навидум едноставната приказна за доброто и злото, за суровоста и бездушноста кои ги победува љубовта, Џакомо Пучини, Џузепе Адами и Ренато Симони ја преточиле во извонредната опера „ТУРАНДОТ“. Македонската публика повеќе од десет години со голем ентузијазам го исполнува гледалиштето при секоја најава на овој наслов. Еве го повторно, оперското ремек-дело „ТУРАНДОТ“, овој пат видено низ нова естетска призма. Изведбата е закажана за 25.03.2016 (петок), со почеток во 20.00 часот.

Режисерот Џанкарло дел Монако е син на легендарниот тенор Марио Дел Монако, за многумина симбол на драматиката во операта. Уметникот кој во својот живот операта ја чувстувувал како
единствената платформа за егзистенција на сонот, деновиве во Скопје уште еднаш ќе го сонува својот
сон. Во листата на „сонувачи“ се вбројуваат уште неколку имиња меѓу кои сценографот Вилијам Орланди, сценскиот и светло-дизајнер Волфганг фон Цубек и диригентот Џанлука Мартиненги, и врвна солистичка екипа.

ТАРАТУР на прилепскиот меѓународен карневал: „Прочка 2016“ низ фотографии

Оваа година прилепскиот прочкарски карневал слави мал јубилеј од 15 години постоење во континуитет. Преку фотографии ви доловуваме дел од атмосферата која владееше на улиците во центарот од Прилеп.

13.3.procka1

13.3.procka2

13.3.procka3

13.3.procka4

13.3.procka5

13.3.procka6

13.3.procka7

13.3.procka8

13.3.procka9

13.3.procka10

13.3.procka11

13.3.procka12

13.3.procka13

13.3.procka14

13.3.procka15

13.3.procka16

13.3.procka17

13.3.procka18

13.3.procka19

13.3.procka20

13.3.procka21

13.3.procka22

13.3.procka23

13.3.procka24

13.3.procka25

13.3.procka26

13.3.procka27

13.3.procka28

13.3.procka29

13.3.procka30

Фотографии: Александар Војнески

Не е фатаморгана: Baharash Architecture ќе градат еко одморалиште среде пустина

Студиото Baharash Architecture ги објави плановите за својот дизајн за најзеленото еко одморалиште на светот, кое ќе биде изградено во Обединети Арапски Емирати.

11.3.Eco-Resort_Baharash-Architecture1

Сместен во Ливи, јужниот регион на ОАЕ, резерватот е само еден од многуте слични проекти, кои оваа еко компанија ќе ги реализира во следните неколку години. Оваа оаза ќе биде готова до 2020 година.

На покривот во облик на ѕвезда ќе бидат вградени соларни панели, кои ќе го снабдуваат одморалиштето од 14.586 метри квадратни со електрична енергија.

11.3.Eco-Resort_Baharash-Architecture4

11.3.Eco-Resort_Baharash-Architecture2

Водата ќе се црпи директно од длабокиот бунар, а ќе има и дополнителни еколошки мерки за третирање на отпадните води на самото место и нивно рециклирање и користење за наводнување на земјиштето, нула емисии на штетни гасови по животната средина и изградба на систем за автоматско решавање на проблемот со сметот.

11.3.Eco-Resort_Baharash-Architecture3

Во еко резерватот ќе има 84 меѓусебно поврзани апартмани, кои ќе имаат поглед кон изворот и неговата оаза.

11.3.Eco-Resort_Baharash-Architecture5