Home Blog Page 4346

Фантазија од видео-разгледница на далматинскиот убавец во 4К резолуција

Екипата од YouTube каналот “Cities in 4K” ги снима познатите светски градови со најсовремена технологија и со користење на камери со ултра висока резолуција, со што создава вистински подвижни разгледници.

Нивното најново дело е приказот за јадранскиот убавец Сплит во неговиот најраскошен сјај. Уживајте во видеото и гледајте го на највисоката можна резолуција која ја поддржува вашиот компјутер.

Зошто е убава историјата – Македонскиот зовриен казан и Француската револуција!

Ја учиме историјата, не само за да знаеме што се случило во минатото, туку за да можеме да си ја објасниме сегашноста, а и ако сме добри во анализа, да предвидиме што може да ни се случи во иднина.

Во средниот век населението воглавно било поделено во три сталежи кои обично се добивале со раѓање и се носеле се до смртта: ОНИЕ КОИ СЕ БОРАТ (благородници, витези, аристократија), ОНИЕ КОИ СЕ МОЛАТ (свештеници, монаси и тн) и ОНИЕ КОИ РАБОТАТ (сите останати непривилегирани.)

http://www.dreamstime.com/royalty-free-stock-photos-medieval-scene-digital-illustration-social-classes-middle-age-image54203878

Првите два сталежи не само што не плаќале даноци, и обично живееле врз грбот на третиот сталеж, туку и во судскиот систем имале поголеми права, а биле и позаштитени од страна на монархот. Ако некој витез претепа селанец, често не одговарал или давал многу мала цена за отштета. На пример во франкскиот правосуден систем, цената за убиство на еден слободен човек била 200 шилинзи, односно отприлика колку 20 крави, смртта на свештеник се плаќала 300 до 400 шилинзи, додека цената за животот на еден благородник била околу 1200 шилинзи. Смртта на слуга пак, чинела многу помалку, околу 4 крави.

Но, благодарение на капитализмот кој се појавил во западна Европа, се родил нов слој, поттикнат од индустриската револуција, засилената трговија и банкарството наречен ГРАЃАНСКА БУРЖОАЗИЈА.

14.04revolucija5
Токму оваа нова сила преку Француската револуција во која настрада Луј 16-ти, а и преку Војната за независност на САД, како и револуциите во Европа на средината на 19-ти век, успеа нас непривилегираните да ни донесе релативно исти права со оние со ’СИНА КРВ’ и да бидат укинати сталежите.

Е сега, се поставува прашањето дали имаме капитализам во Македонија?

Дали ОНИЕ КОИ СЕ БОРАТ (политичарите) и ОНИЕ КОИ СЕ МОЛАТ имаат исти права со ОНИЕ КОИ РАБОТАТ?

14.04revolucija3
Или многумина се прашуваат, зошто во Македонија веќе подолго време граѓаните немаат доволно демократска свест и лесно се манипулирани од политичките партии?

Ја учиме историјата, не само за да знаеме што се случило во минатото, туку за да можеме да си ја објасниме сегашноста, а и ако сме добри во анализа, да предвидиме што може да ни се случи во иднина.

Додека во западна Европа, општествено-економскиот развој бил поттикнуван од капитализмот кој јакнел граѓанство, кое пак се здобило со политичка моќ и потоа создало либерална демократија, во Османлиска Македонија до крајот на 19 век имало доцен феудален систем со примеси на ран капитализам. Правосудниот систем бил според шеријатското право, а македонските христијани воглавно биле непривилегирани, односно граѓани од втор ред. На почетокот на 20 век, османлиското владеење било заменето со југословенската диктатура на Александар Караѓорѓевиќ која не дозволила формирање и јакнење на македонско граѓанство. По Втората светска војна пак, настапила комунистичката диктатура на Тито која исто така не дозволила јакнење на демократска граѓанска свест, спротивна на интересите на власта. Токму оваа историска подлошка беше плодна почва партиите по осамостојувањето целосно да го контролираат целокупниот општествен развој и да ни се случува ова што ни се случува.

Уште нешто што би им било од корист, особено на перјаниците на двете страни на барикадите во моменталните протести и контрапротести во македонскиот зовриен казан, како и на нивните организатори и менаџери. Француската буржоаска револуција која е главната причина што денес немаме сталежи е многу убава лекција ако се знае.

14.04revolucija4
Прво, револуцијата почнала дури кога во државната каса снемало пари, а цехот требало да го плати третиот сталеж. Второ во неа настрадал монархот Луј 16-ти, заедно со кралицата Марија Антоанета, откако се обиделе да побегнат од државата. Трето, во неа настрадал и најжестокиот ’опозиционер’ и револуционер – Максимилијан Робеспјер кој откако дошол на власт, спровел жестока диктатура и терор во кој и самиот бил ликвидиран. Четврто, сето тоа го искористиле ’странските служби’ – Феудалната коалиција предводена од Англија, Австрија, Прусија и тн, која воено интервенирала во Франција, што пак било причина да се појави Наполеон Бонапарта. Петто и најважно, во револуцијата најмногу настрадал обичниот народ, и оние кои биле за револуцијата, како и контрареволуционерите кои не можеле да замислат да живеат без кралот.

На крајот, не сакам да алудирам дека сето ова ќе се случи кај нас, само се надевам дека паметните од оваа лекција ќе извлечат прилично поука!


Пишува: Костадин Стојаноски, главен уредник на Таратур

Четвртина од 100-те најбогати Индијци потекнуваат од оваа пустинска област

Пред околу 200 години Шекавати, во пустината Тар, во Раџастан, станал магнет за најбогатите луѓе од Индија.

Овој регион во 19. век се наоѓал на популарна трговска маршрута и благодарение на тоа брзо се развивал и за релативно кратко време во него биле формирани повеќе од 100 села, 50 тврдини и палата.

12.4.Shekhawati1

Всушност, речиси четвртина од 100-те најбогати луѓе во Индија потекнуваат од Шекавати, вклучувајќи го и фармацевтскиот милијардер Аџаја Пирамала и „господарот на челикот“-  Лакшим Митал.

Многу богаташи, кои својот имот го стекнале во Мумбај, биле привлечени од погодностите што им ги нудел Шекавати, како што биле намалените даноци и на крајот станале уште побогати тргувајќи со опиум, памук и зачини.

12.4.Shekhawati2

Тие тука изградиле и раскошни дворци со огромни градини. Натпреварувајќи се меѓу себе бизнисмените ги плаќале уметниците да им направат што поубави и пошарени мурали на фасадите и во ентериерот.

Шекавати набрзо станала вистинска галерија на отворено, но, за жал, со краток здив. Во текот на првата половина на 20. век жителите, еден по еден, ги напуштале своите домови и се преселиле во Мумбај и во Калкута, па дури и во САД.

12.4.Shekhawati3

До педесетите години на минатиот век оваа област повторно станала сиромашна, а локалните власти не можеле да направат ништо за да го сочуваат раскошт од пропаѓање.

12.4.Shekhawati4

Денеска Шекавати е место кое изгледа како времето да го заборавило, но локалните жители и натаму се надеваат дека ќе станат туристичка атракција.

Денес на Скопски саем започнува 28-то издание на „Саемот на книгата“

Вечер во Скопје се отвора 28-то издание на Меѓународниот саем на книгата, каде што ќе бидат претставени делата на 70-тина издавачки куќи. Саемот за посетителите ќе биде отворен од утре до 18-ти април, а организаторите очекуваат околу 40 илјади посетители.

Издавачите ќе организираат промоции и средби со авторите во Метрополис Арена. Планирани се 30-тина промоции.

Цената на влезниците е промотивна, 30 денари за поединечни и 20 денари за групни посети.

Креативност и енергетска ефикасност во 10м² – еколошка студентска куќарка

Архитектите од “Tengbom Architects” ја развија и реализираа идејата за студентската куќарка со површинска зафатнина од 10 м² која е достапна за секого, еколошка и практична во однос на дизајнот и материјалите. Проектот е резултат на успешна соработка на прозведувачот од дрвна индустрија “Martinsons” и компанија “AF Bostäder” која работи со недвижнини.

11.4.studentska-kukjarka1

Иако просторот е намален од 25 квадратни метри на само 10, оваа куќарка нуди катче за спиење, кујна и купатило. Со помош на ефикасен план на куќата и вкрстеното лепење на ламинатот од кој е направена, цената за сместување на студентите е намалена за 50%, а влијанието на животната средина е значително подобрено.

11.4.studentska-kukjarka2

11.4.studentska-kukjarka3

11.4.studentska-kukjarka4

11.4.studentska-kukjarka5

11.4.studentska-kukjarka6

Набуко во МОБ

Во вторник, 12.04.2016 Македонската опера и балет ќе ја изведе популарната „Набуко” на Џузeпе Верди.

Претставата е со домашна солистичка екипа и еден гостин. Главните улоги ќе ги толкуваат: Ристе Велков, насловната улога, Павлина Новакова-Георгиев, улогата на „Абигаилe”, Никола Стојчевски ќе настапи како „Исмаил”, „Фенена” ќе ја толкува, Николина Јаневска, додека улогата на „Захарие” му е доверена на гостинот од Србија, Драгољуб Бајиќ. Во останатите улоги ќе настапат: Диме Петров, Марија Наумовска и Зоран Даскаловски. Диригент е Иван Еминовиќ.
„Набуко” е едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди и е омилено кај публиката.

Изложба на Фото киноклубот „Прилеп“

Во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, Фото Кино клубот „Прилеп“ ја отвори изложбата на уметнича фотографија насловена „Јордан Зазоски – Зазо“. Оваа изложба, информираат од клубот прераснува во традиција, каде членовите на ФКК „Прилеп“ ги претставуваат своите фотографски дела кои ги создале во претходната година.

Годинава, акцентот е ставен кај помладокот на клубот, што всушност е и новата движечка сила на ФКК „Прилеп“.Тие преку низа активности, работилници и со нивната постојана присутност во светот на фотографијата, веќе се градат како препознатливи автори – нивните дела освојуваат се поголем број награди и признанија, велат од Фото кино-клубот „Прилеп“.

IMG_1031

IMG_0941

IMG_0943

IMG_0946

IMG_0955

IMG_0988

Магија од песок: Волшебни замоци кои фасцинираат

Кога зборуваме за уметност на правење замоци и други работи од песок, можностите се бесконечни, а зависат од креативноста и фантазијата со која располагаат уметниците и дизајнерите.

7.4.pesocni-zamoci1

7.4.pesocni-zamoci2

Постојат толку многу различни дизјани кои можат да бидат направени. Големите уметници користат песок да направат различни преубави работи и мораме да признаеме дека ние некогаш сме се обиделе да бидеме мали уметници и направиме нешто од песок.

Sandcastle at St Aubin's Beach with Elizabeth castle in the back ground

7.4.pesocni-zamoci4

7.4.pesocni-zamoci5

Некои луѓе песочната уметност ја подигнаа на многу високо ниво, а ние тука ќе ви претставиме неколку преубави замоци од непознати автори со многу неверојатни детали.

7.4.pesocni-zamoci6

7.4.pesocni-zamoci7

Потребно е многу трпеливост и вештина за да се направат вакви замоци од песок, сообено ако сакате да имаат и свое осветлување или да бидат направени од песок од различни бои и нијанси.

7.4.pesocni-zamoci8

7.4.pesocni-zamoci9

Се приближува летото, па кога би оделе на плажа со желба да направите нешето слично, можете да погледате неколку преубави идеи.

7.4.pesocni-zamoci10

7.4.pesocni-zamoci11

7.4.pesocni-zamoci12

Со најубав поглед на зајдисонце: За 500 долари си направија куќа од стари прозорци

Млада брачна двојка од американската сојузна држава Западна Вирџинија изгради мала куќа во која како „градежен материјал“ се користени рамки од стари прозорци.

1.4.kukja-od-prozorci1

1.4.kukja-od-prozorci2

Тие сакале да имаат куќа во која залезот на Сонцето нема да се гледа само од една просторија или од една страна, туку од секој дел на објектот.

1.4.kukja-od-prozorci3

1.4.kukja-od-prozorci4

1.4.kukja-od-prozorci6

Прозорците овозможуваат влез на големо количество природна светлина во куќата, а користењето на мебел од различни стилови создава уникатен изглед на ентериерот.

1.4.kukja-od-prozorci7

1.4.kukja-od-prozorci8

Куќата претставува совршен пример за градба ускладена со природата, каде не се води премногу сметка за конфорот што го нуди современиот градски живот.

1.4.kukja-od-prozorci9

1.4.kukja-od-prozorci5

За изградбата на целата куќа биле потребни неколку месеци и 500 американски долари.

ТАРАТУР РЕПОРТАЖА: Сламените прскачи од Добра – побратими на џоломарите и на мечкарите

Во дамнешно време дошле Татарите во селото Добра, ги поробиле младите ергени и им ги исекле јазиците. Селото го опљачкале и си заминале, а ергените по некое време се вратиле неми и сакати.

29.3.prskaci-dobra15Улицата се чува уште од мугрите

 

29.3.prskaci-dobra2Жените-возачи добиваа посебен благослов – утрински бакнеж и разбушавена коса полна со слама

29.3.prskaci-dobra1Оттогаш до ден-денешен во ова село во јужна Полска останал еден обичај сличен на нашите џоломарски и бабарски игри. Секоја година на прв ден Велигден момчињата се затвораат в штала и се преправаат во сламени одежди, кои грижливо ги приготвуваат секој Велигден одново.

29.3.prskaci-dobra

29.3.prskaci-dobra3Прскачите со полна опрема тргнуваат во пресрет на следниот намерник

Освен фустанот од слама, задолжителен дел од нивната маска се и лицата изработени од груба кожа, да ги преставува изобличените глави на ергените. Вечерта седат на сретсело и цела ноќ го слават првиот ден од воскресението со песна и со по некое шише вотка. Не сите издржуваат до утрото – сонцето на разденување паѓа и на оние, кои се откажале и папсани легнале во купиштата слама.

29.3.prskaci-dobra4

29.3.prskaci-dobra5

29.3.prskaci-dobra6

Утрото на главната улица во селото се чувствува раздвиженост – прскачите ги пречекуваат сите намерници, и пешаците и возачите. Поделени се во повеќе групи распоредени долж улицата, која што е послана со дебел слој слама. Ги поздравуваат минувачите и ги китат со слама за плодност и бериќет, ги прскаат со вода за здравје. Не може да помине автомобил без да добие украс од слама и велигденски гранчиња.

29.3.prskaci-dobra10

29.3.prskaci-dobra7

На пречекот прскачите не изустуваат ни збор, оти Татари им го исекле јазикот. Наместо зборови се слуша само неартикулирано с’скање и пискање. Ритуалот кулминира во моментот кога во блиската црква завршува утринската миса – сламените прскачи ги пречекуваат верниците и ги прскаат со вода, за здравје. Сè завршува со променада на прскачите во неколку поворки и со делењето награди на сретсело.

29.3.prskaci-dobra8Сламен прскач со „директорот на осмолетката“ преправен во змија

29.3.prskaci-dobra9

29.3.prskaci-dobra11Стража од секакви напади, видими и невидими

Со ова прскачите заокружуваат уште еден циклус на прочистување, зад себе оставаат уште една година полна зли духови, и одново се раѓаат. И покрај замерките од блиските села и гратчиња, дека не е пристојно и дека е грев вакви дејанија и пијанства да има токму на Велигден, пргавиот дух на сламените прскачи од Добра сè уште живее и задолжително измамува, ако ништо друго, насмевка и добра мисла.

29.3.prskaci-dobra13

29.3.prskaci-dobra12

29.3.prskaci-dobra14

Текст: Диме Митревски

Фотографии: Диме Митревски и Карина Предка