Home Blog Page 4345

Зошто ја сакаме Швајцарија, а се однесуваме како Венецуела?

Не можеме да станеме Швајцарија ако се однесуваме како Венецуела!

Секој си има свои причини зошто ја сака или не ја сака Швајцарија, но еве некои поради оваа централноевропска земја треба да им биде помеѓу омилените на љубителите на слободата.

Швајцарија е економски убедливо најслободна земја во Европа, па поради тоа е и горе-долу најбогата. Доколку се гледа БДП по жител, пред Швајцарија од европските земји се само Луксембург, Лихтенштајн и богатата со нафта Норвешка.

18.2.switzerland-pictures1
Иако законите за работа во Швајцарија се прилично флексибилни, не постои законски пропишана минимална плата, а политичката моќ на синдикатите е минимална. Стапката на невработеност е најниска во Европа (во моментов околу 3.5%, просекот на ЕУ е 9%), а просечните плати се речиси највисоки (повисоки се само во Лихтенштајн) и изнесуваат преку 4 илјади евра месечно, додека скоро никаде во ЕУ не поминуваат 3 илјади.

Државната потрошувачка се движи околу 33% од вкупниот БДП, што од либертаријанска перспектива е многу, но е значително пониско во однос на останатите развиени земји, особено доколку се земе во предвид висината на вкупниот национален доход и фактот дека богатите земји можат лесно да си дозволат висока јавна потрошувачка.

И покрај тоа што државната потрошувачка е ниска, а во последните 10 години, државниот буџет само два пати завршил во дефицит (и тоа 0.1% и 0.2% од БДП), Швајцарците не се соочиле со „катастрофалниот пад на агрегатната побарувачка“, туку гледаме дека константно имаат најниска невработеност на контитентот, а од рецесијата се извлекоа побрзо и посилно од повеќето европски земји.

Стандардната стапка на ДДВ во Швајцарија изнесува 8%, додека за некои производи се користи стапката од 2.5%, што е повторно забележително ниско во споредба со останатите развиени земји (од земјите членки на ЕУ, најниската основна стапка на ДДВ има Луксембург – 17%). Швајцарија, исто така, за денешни стандарди има и ниски стапки на данок на доход (иако имаат прогресивен данок, највисоката стапка на федерално ниво е 11.5%), додека не постои данок за капитална добивка и наследство.

5.1.svajcarija
Ниските даноци, односно релативно малиот рекет кон граѓаните, не ја доведоа Швајцарија до голем јавен долг. Напротив, јавниот долг на Швајцарија изнесува 34% од БДП, што е пониско од повеќето членки на ЕУ (во ЕУ помал јавен долг имаат само Естонија, Луксембург и Бугарија), а приносите на десетгодишните државни обврзници е дури негативни.

Швајцарската економија веќе неколку години поминува низ период на опаѓачки потрошувачки цени, односно дефлација. И покрај предвидувањата на кејнзијанските теоретичари, ова не доведе до ужаси и Швајцарија и понатаму остварува економски раст, а невработеноста се движи околу т.н. природна стапка.

18.2.switzerland-pictures2
За крај, швајцарските закони за поседување оружје на цивили се меѓу најлибералните, а швајцарското општество е највооружено во светот, гледајќи ја количината на оружје по глава на жител. Но и покрај ова Швајцарија редовно има една од најниските стапки на убиства во светот и е една од најсигурните земји во светот.

Швајцарија е и една од ретките земји чиј здравствен систем е целосно приватизиран и за чудо, сиромашните не умираат по улиците, туку швајцарските граѓани имаат највисок очекуван животен век (83 години), а нивните приватни болници и специјалистички клиники се меѓу најдобрите.

Швајцарија претставува трн во око на сите ортодоксни левичари, резиме на сето тоа што го презираат и против кое грчевито се борат, бидејќи претставува доказ што ги руши нивните убедувања.

Повеќто граѓани од Македонија, па дури и најтврдокорните левичари, би сакале во Македонија да имаме животен стандард сличен на швајцарскиот и услови за живот како во Швајцарија. Но доколку сакаме да станаме како Швајцарија, треба да го избереме и да тргнеме по тој пат и да почнеме да се однесуваме повеќе како Швајцарија, а помалку како Венецуела. Бидејќи со однесување како Венецуела може да станеме слични само на Венецуела, а не на Швајцарија.

Подготви: Наум Локоски
Извор: https://tkojejohngalt.wordpress.com/

Филмософско дружење со „Акиндин“ и ФФФ – проекција на филм и предавање

После минатогодишната одлична соработка и уште поубаво дружење помеѓу Филозофскиот филмски фестивал, Филозофското друштво на Македонија и првиот македонски филозофски портал „Акиндин“(akindin.com), логистички поддржани од Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп, со големо задоволство и нескриена радост ви ја најавуваме и втората наша заедничка дружба – „Филмософско дружење во Прилеп“.

Poster2-1

Филмософкото дружење е договорено за 6 мај, 2016 година, со почеток во 19 часот, во библиотеката „Борка Талески“ – Прилеп. Концептот едноставен: првин следиме проекција на филмот “12 Angry Men” („12 гневни луѓе“) од Сидни Ламет, а потоа предавање на тема „Правдата, казната и гневот: Како се одлучува за животот и смртта?“ ќе одржи професорката од Филозофски факултет Ана Димишковска. После предавањето сите присутни ќе можат да се вклучат во општата дискусија инспирирана и иницирана од филмот и предавањето.

Проверена и добитна комбинација за прогресивна дружба. Повелете, нема да зажалите.

Од организаторите

Портите на земскиот рај се наоѓаат во Португалија

Местото се наоѓа во близина на градот Лагоа, „пештерата со отворен покрив“ се вика Алгар де Бенагил и е популарна туристичка дестинација затоа што личи како парче од рајот донесено на Земјата.

2.5.benagil

2.5.benagil1

2.5.benagil2

2.5.benagil3

2.5.benagil4

Бардсеј – остров со четворица жители и 20.000 светци

Бардсеј порано бил центар на моќ и едно од најсветите места во Велика Британија, а денес е дом на само четворица жители кои на островот живеат без електрична енергија, автомобили и тоалети.

Популацијата на островот ја сочинуваат 200 сиви фоки, 300 овци и само четворица луѓе кои го посетуваат овој остров во текот на годината. На островот Бардсеј односот на луѓето и овците е поголем дури и од Нов Зеланд.

29.4.bardsey1

Телефонскиот сигнал, ако можете да го фатите, доаѓа од Ирска, која се наоѓа на 88 километри западно преку Ирското Море.

Меѓутоа, со години на назад овој мал остров не бил зафрлено и заборавено место, туку бил супериорен во однос на копното. Овој мал остров, со површина нешто помала од 2 квадратни километри, во текот на историјата било фасцинантно место, пишува Би-Би-Си.

29.4.bardsey2

Сместен на 3,1 километар од источниот брег на Велс, во округот Лин Пенинсула, Бардсеј денес е познат како остров со 20.000 светци, кои ја претставуваат најголемата популација на островот која почива на него.

Многу легенди велат дека Бардсеј било свето место на келтските друиди, како и дека кралот Артур бил погребан токму на овој остров. Во шестиот век, кралевите на велшкиот округ Лун и Сент Кадфан почнале да градат манастир на ова место. Потоа дошле до одлична идеја, секој кој ќе умре на овој остров, нема да оди во пеколот.

29.4.bardsey3

Веќе до средниот век, Бардсеј станал едно од најсветите места во Британија, а многумина кога станувале свесни дека им се ближи крајот, на сите начини се обидувале да дојдат до овој остров.

Заедно со верската дошла и политичката важност, бидејќи моќниците на островот сфатиле колку Бардсеј е важен за верниците. Набрзо биле изградени и првите значајни институции, а како што поминувало времето, почнале да се градат и образовни институции.

29.4.bardsey4

Доказите за населеноста на островот се од 7.500 година пред Новата ера. Археолозите нашле траги од 45 праисториски населби на островот, вклучувајќи и примитивни оружја, погреби и земјени работи, кои можеби ги опкружувале куќите.

Потоа дошле свештениците. Островот наскоро станал познат и како британски Рим, а три п осети на Бардсеј вределе како една посета на Рим.

Откако островот практично бил прогласен за свет, со години телата на умрените се закопувале на островот. Се претпоставува дека на островот со површина од само 1,79 квадратни километри има над 20.000 закопани луѓе.

29.4.bardsey5

Четворицата преостанати жители на островот често се шегуваат дека не смеат да копаат никаде на островот од страв дека би можеле да ископаат некој костур. Се случува поради лошите временски прилики, дождови и силни ветрови, жителите да мора да поминат на островот и по неколку недели, но признаваат дека мирот, тишината и прекинот на комуникациите со светот, од време на време им годи и дека својот живот на островот не би го менувале.

„Бардсеј е место на едноставност и далеку е од 21 век‟ – вели Ричард Фармер, претседател на Bardsey Island Trust, кој го купил островот во 1979 година.

29.4.bardsey6

Ова веројатно претставува предизвик за сите кои живеат тука, на оттуѓениот остров. Но тоа исто така го прави и спектакуларно место, кое мора да го посетите, бидејќи Бардсеј е свето место каде се сретнуваат мирот, тишината и природната убавина.

Шекспир живее!

Еве што имаат да кажат македонските уметници, професори по книжевност и други интелектуалци за Шекспир, во рамки на кампањата од British Councile – “Shakespeare lives in 2016”. Почнуваме со Владимир Мартиновски, а вие само стиснете на autoplay и изгледајте ги и чујте ги сите ликови досега вклучени во оваа креативна кампања.

Највисоката планинска колиба – дознајте каде се наоѓа

 Планинската колиба со необична кула се наоѓа на Алјаска. Првично куќата била изградена како планинска колиба со димензии 13 на 13 метри, за подоцна да се претвори во осумкатна градба.

28.4.dr.seuss-house2

Куќата кула е висока речиси 57 метри. Конструкцијата на ниво на подрум има скриен тунел за вонредни ситуации што води до сигурна соба.

28.4.dr.seuss-house1

28.4.dr.seuss-house3

Несекојдневниот дом е неверојатно стабилен, а во исто време изгледа нереално, магично и невозможно за изведување.

28.4.dr.seuss-house4

28.4.dr.seuss-house5

Сопственикот на куќата планира на врвот од кулата да постави телескоп и радио станица.

Со „поглед од милион долари“: Дали имате срце да се качите на ова место?

Постојат милион причини да го посетите Рио де Женеиро во Бразил, вклучувајќи ги боженствените плажи, убавата храна и одличниот ноќен живот. Но Педра де Гавеа нуди единствено чувство.

22.4.Pedra_da_gavea

Педра де Гавеа се издига на 844 метри над Атлантскиот Океан, а се наоѓа во националниот парк Тижук, голема пространа тропска прашума.

22.4.Pedra_da_gavea1

22.4.Pedra_da_gavea6

Кој ќе се искачи на оваа планина, од нејзиниот врв може да ја види величенствена панорама на самиот парк, океанот и градот.

22.4.Pedra_da_gavea7

22.4.Pedra_da_gavea3

Искачувањето трае три часа, а заштита против сонце, храната и водата се задолжителни.

22.4.Pedra_da_gavea2

22.4.Pedra_da_gavea5

Наградата следува во вид на спектакуларни фотографии чии содржини во живо се подеднакво застрашувачки, па не е чудно што оваа туристичка атракција е една од омилените места на адреналинските зависници.

22.4.Pedra_da_gavea4

– Тоа што е прикажано на фотографиите не е илузија. Морате да бидете многу внимателни, изјави Хулијана Оливиера.

22.4.Pedra_da_gavea8

Идила на прв поглед: Oваа куќа крие и тајна која ќе ве остави без зборови

Куќата на Том Гонзалес крие една голема тајна. На прв поглед, домот изгледа сосема обично, а неговата околина е прекрасна и идиличина. Но, постои нешто целосно необично кое се крие под паркираните автомобили во дворот.

21.4.tom-gonzales-tahoe-lake-garage1

Гонзалес не е личност која работи за скромна плата. Тој е интернет милионер, а кога започна со изградба на семејната куќа на езерото Тахо, му требаше доволно пространа гаража во која ќе може да ја смести дел од својата колекција од 400 автомобили, пренесува Little Things.

21.4.tom-gonzales-tahoe-lake-garage2

Имено, тој изгради голема подземна гаража која ќе ја задоволи оваа негова потреба. Кога автомобилот го паркира на влезот, тој веднаш се спушта во гаражата. Оттука му потекнува и терминот „магично исчезнување во гаражата“.

21.4.tom-gonzales-tahoe-lake-garage4

21.4.tom-gonzales-tahoe-lake-garage5

Подземната гаража собира 30 автомобили и десетина мотоцикли. Просторот навистина изгледа како нешто од стилот на животот на богатите и славните. Но, интересно е што гаражата е целосно невидлива. Камуфлирана е со карпи, растенија и дрва, па никој никогаш не би погодил што се крие под куќата.

И Македонија одбележува 400 години од смртта на Мигел де Сервантес

Со изложбата „Страдањата на Дон Кихот“ на академскиот сликар Владимир Георгиевски и Музејот на град Скопје, во Македонија започна одбележувањето на светскиот јубилеј – 400 години од смртта на најпознатиот шпански книжевен гениј Мигел де Сервантес.

Преку своите дела Георгиевски го покани Дон Кихот да јава тука со нас и да се бори со нештата кои се зло – подвлече Амбасадорот на Шпанија во Македонија, Рамон Абароа Каранца.

Изложбата ќе има и меѓународно претставување во Париз. Книжевни читања, концерти и промоции поврзани со името на големиот Сервантес се само дел од активностите што ги организира Шпанската амбасада, а со кои Макеодонија се вклучуваво големиот јубилеј значаен во светски рамки.

На универзитетот ЈИЕ ќе се одржи предавање на тема „Политиката и владеењето на животот и делата на Мигел де Сервантес“, кое ќе го држи универзитетскиот професор од Валенсија, Карлос Флорес.

 

Вековен јубилеј: По 100-ти пат доделени Пулицеровите награди

Пулицеровата награда за придонес во областа на новинарството, книжевноста, драмските уметности и музиката се доделени по 100-ти пат. Меѓу добитниците се Вашингтон Пост и Асошиејтед Пред.

Вашингтон Пост доби награда за известување за теми од национално значење и креирање и користење на национални бази на податоци за граѓаните убиени од полицајци на должност.

Агенцијата Асошиејтед Прес доби награда за јавен придонес за текстови за експлоатација на работници во Индонезија и Тајланд.

Хенри Тредгил пак е награден за музичкиот албум “In for a Penny, In for a Pound, што бил оценет како оригинален труд кој успешно го доловува современиот живот во САД.

За истражувачко новинарство и репортажи за психијатриски установи наградени се Тампа Беј Тајмс (The Tampa Bay Times) и Сарасота Хералд Трибјун (Sarasota Herald-Tribune). Тампа Беј Тајмс освои награда за локална репортажа за ефектите од образованието во град во Флорида.

Лин Мануел Миранда доби награда во областа на драмата за биографското дело „Hamilton“ – за животот на хип-хоп ѕвездата Александар Хамилтон.

Сите добитници на Пулицерова награда можете да ги погледнете ТУКА.