Home Blog Page 4344

За оние со премногу пари: Технолошки иновации достапни само за богати

Има богати луѓе, но и безобразно богати луѓе кои своите претерано вишок пари ги трошат и на разни технолошки иновации кои немаат некоја сериозна развојна вредност, туку повеќе служат за чалам и фалба. Еве еден мал избор на такви производи кои можат да си ги дозволат само бесно богатите, или оние кои уживаат да живеат во огромни долгови на сметка на луксузниот живот.

30.5.samo-za-bogati1

1. Секс кукла која делува како да е жива (51.000 долари)

Исто како да се вистински, или барем така тврдат над 40.000 муштерии кои ги купиле овие безобразно скапи играчки. Постојат Classic Real Doll, Real Doll 2, Boy Toy – изборот секогаш е според фетишите на „клиентот“.

30.5.samo-za-bogati2

2. WC за Меѓународната вселенска станица (19 милиони долари)

Не можете да го нарекувате ќенеф ако сте искеширале 19 милиони (со зборови – деветнаесет милиони) долари за тоа. Иако постојат ве-це школки кои сами го дигаат капакот кога ќе им се приближите, ви го греат задникот и пуштаат музика додека се „олеснувате“, ова чудо ја филтрира отпадната содржина од вашите црева во питка вода. Нормално, за во вселената е и повеќе од нужно, ама не и за дома (иако вреди да се размислува сериозно оваа технологија да се омасовува, заради заштеда на водата на планетата Земја – ама кој ќе ти го дозволи тоа, ако пропадне бизнисот).

30.5.samo-za-bogati3

3. Clearaudio Statement грамофон (170.000 долари)

Станува збор за една од неверојатно глупавите ствари кои чинат далеку премногу пари. Влажен сон на секој аудиофил тежок 350 килограми, за кој треба да искеширате толку кеш со кој можете да решите животни прашања на барем 4 семејства кај нас – дом и автомобил за секое, и да остане нешто и за живот.

Добро, не дека не вреди квалитетот за парите, ама сепак. Инаку, овој џамбо гаџет ги елиминира сите застои и прескокнувања кои било кога сте ги почувствувале и слушнале додека сте уживале во вашата омилена музика, со помош на мотор го контролира исклучително брзиот микропроцесор, каков што има НАСА на Марс.

Иако грамофонот е толку технолошки напреден колку што воопшто може да биде, сепак, нема опција да врти гармофонски плочи, што всушност е главната причина за постоење на грамофоните и целта за која би го купиле оние кои имаат премногу пари и премалку мозок.

30.5.samo-za-bogati4

4. Volvorii „тајмлепс“ паметни чевли

За сите вистински дами – високотехнолошки чевли со високи потпетици кои ја менуваат бојата. Зошто да купувате цел ормар чевли со различни бои, кога можете еден универзален модел кој функционира како камелеон, за секаква модна комбинација.

30.5.samo-za-bogati5

5. Самостерилизирачки рачки на вратите

Оваа антибактериска квака во вашиот дом секогаш ќе биде чиста и здрава, особено ако често ви доаѓаат гости кои не ги мијат рацете после WC.

Кога е затворена рачката, UV светилката во нејзината внатрешност се вклучува и ги убива сите бактерии.

30.5.samo-za-bogati6

6. SurfLoch базен за сурфање (4 милиони долари)

По принципот направи сам – базен кој сам создава бранови за вие да можете да сурфате во вашиот огромен двор (мора да имате таков за да поседувате ваква „имовина“). Брановите се создаваат со помош на технологија, со што се прави енергетски ефикасен сурферски полигон. Демек, за да ја избегнете гужвата на морските плажи.

30.5.samo-za-bogati7

7. iCart iPod држач за WC хартија

Нема ништо понепријатно од тоа сите да можат да ве чујат додека се олеснувате во тоалетот. Сега на тоа му дојде крајот. Ова чудо може да ви прави друштво и да пушта музика  по ваш избор. Треба само да внимавате ролната да биде свртена во правилна насока.

30.5.samo-za-bogati8

8. Даска-вага за WC школка

Дизајнерот Хаикун Денг иновираше гаџет за забавно трошење на времето додека сте во тоалет – мерете се колку сте полесни додека се „олеснувате“ на ве-це школката.

Александар Невски, Рубенс, Петар Велики, Тито – што се случило на денешен ден

1220.- Роден е Александар Невски, новогородски кнез, руски војсководец, познат руски народен јунак. Ја победи шведската војска на реката Нева во 1240 година, а во 1242 година ги победи германските рицари „мечоносци“ на замрзнатото Чудеско Езеро и така го запре германското напредување кон исток. Умре на 14 ноември 1263 година.

1498.- Шпанскиот морепловец со италијанско потекло Кристофер Колумбо со шест бродови исплови од шпанското пристаниште Санлукар на третото патување во Новиот свет, за време на кое ги откри Тринидад и брегот на Јужна Америка.

1536.- Англискиот крал Хенри VIII се венча со третата жена Џејн Сејмор, по само 11 дена откако ја испрати втората сопруга Ана Болен на погубување.

1539.- Англискиот писател Кристофер Марло кој битно влијаеше на Вилијам Шекспир е убиен на мистериозен начин во една лондонска таверна. Дела: „Тамерлан Велики“, „Д-р Фаустус“, „Евреинот од Малта“, „Едвард Втори“.

1574.- Умре францускиот крал Шарл IX. Со неговото доаѓање на престолот во 1560 година почнаа војните помеѓу римокатолиците и хугенотите. Откако неговата мајка Катарина Медичи, која дејствуваше во договор со папата Гргур XIII, успеа да го наговори, во 1572 година го одобри погубувањето на хугенотите во Вартоломејската ноќ.

1640.- Во Антверпен умре Петар Паул Рубенс, фламански сликар, еден од најголемите мајстори на барокниот стил. Соединувајќи ги најдобрите традиции на италијанското сликарството и сликарството во северниот дел на Европа, тој создаде слики полни со драматика, еротика, раскош на костимите и сјај на боите. Роден е во Зегин, на 28 јуни 1577 година.

1672.- Во Москва е роден Петар Велики, цар на Русија. Беше коренит реформатор на рускиот социјален, економски и општествен живот. Се истакна како војсководец на копно и море. Беше мошне вешт политичар и дипломат. Основа многу училишта. Престолнината ја пресели во новоизградениот Петербург, односно Петроград. Умре во Санкт Петербург, на 8 февруари 1725 година.

1744.- Умре англискиот писател Александер Поуп, претставник на класицизмот во англиската поезија, кој на англиски јазик ги преведе грчките епови „Илијада“ и „Одисеја“. Дела: поемите „Есеј за човекот“, „За критиката“, „За глупостите“.

1770.- Умре Франсоа Буше, француски сликар, еден од главните претставници на сликарскиот правец рококо. Роден е на 29 септември 1703 година.

1778.- Во Париз умре Франсоа Волтер, француски писател, историчар и филозоф. Негово најпознато дело е филозофско-дидактичкиот роман „Кандид“. Напиша и неколку епопеи, историски дела, трагедии и комедии. Роден е во Париз, на 21 ноември 1694 година.

1814.- Роден е рускиот револуционер Михаил Александрович Бакуњин. Дела: „Државност и анархија“, „Кнутогерманска империја и социјална револуција“.

1848.- САД и Мексико го ратификуваа договорот, потпишан во февруари 1848 година, по поразот на Мексиканците во Американско-мексиканската војна, според кој, за надокнада од 15 милиони долари, во составот на САД влегоа дотогаш мексиканските територии Ново Мексико, Калифорнија, делови од Невада, Јута, Аризона и Колорадо.

1876.- Турскиот султан Абдул Азис е сменет, а на негово место дојде неговиот внук султан Мурат V.

1909.- Роден е американскиот кларинетист и композитор Бенџамин Дејвид Гудмен, познат како Бени Гудмен, еден од првите бели музичари кој и се спротивстави на расната сегрегација. Во 1934 година формираше џез-оркестар во кој повика и црни музичари. Сними десеттина филмови, а се бавеше и со класична музика, сними концерт за кларинет Волфанг Амадеус Моцарт и свиреше со симфониски оркестри.

1912.- Умре американскиот пилот и конструктор на авиони Вилбур Рајт, пионер на авијацијата, кој во 1903 година заедно со неговиот брат Орвил, во авион направен од нив двајцата, го изведе првиот лет во историјата на воздухопловството. Летот траеше 59 секунди, а авионот прелета 285 метри. Браќата Рајт во 1905 година конструираа авион кој прелета 39 километри. Во 1909 година ја основаа „Америкен Рајт компани“ за производство на авиони и истата година на војската на САД и го испорачаа првиот борбен авион „Сингл Корпс I“.

1913.- Во Лондон е потпишан мировниот договор со кој заврши Првата балканска војна.

1918.- Умре Георгиј Валентинович Плеханов, руски филозоф, политичар, историчар, критичар, естетичар и социолог. Најпознати негови дела се „За улогата на личноста во историјата“, „Нашите размислувања“ и „Уметноста и општествениот живот“. Роден е на 11 декември 1856 година.

1942.- Британското воено воздухопловство со 1.047 авиони го бомбардираше германскиот град Келн. Тоа беше првиот бомбардерски напад на РАФ изведен со повеќе од илјада летала во Втората светска војна.

1944.- Британскта влада во Втората светска војна и официјално се откажа од давање помош на четниците на Дража Михајловиќ оценувајќи дека во Југославија против нацистите ефикасно се борат само партизаните.

1956.- Југословенска државно-партиска делегација на чело со Јосип Броз Тито допатува во Советскиот Сојуз. Во текот на разговорите со советското раководство беа потврдени начелата на Белградската декларација од 1955 година со која беше премостен расколот меѓу двете земји започнат во 1948 година. Во Московската декларација за односите меѓу СКЈ и КПСС беше истакнато дека ќе продолжи соработката меѓу двете владејачки партии во согласност со начелото социјалистичкиот развој да се одвива по различни патишта, а беше утврдено и дека соработката мора да се заснова доброволно и рамноправно.

1960.- Во Переделкино умре Борис Леонидович Пастернак, руски писател. Познати негови дела се „Збирка стихови без бариери“, „Теми и варијации“, романот „Доктор Живаго“ и други. Во 1958 година ја доби Нобеловата награда за литература за извонредните дострели во современата лирска поезија и на полето на великата руска епска традиција. Роден е во Москва, на 10 февруари 1890 година.

1973.- Западна Германија и Чехословачка постигнаа Договор за нормализација на односите, ставајќи крај на 32-годишните несогласувања меѓу двете земји.

1981.- Во Бангладеш во обидот за државен удар, убиен е претседателот Аиаур Рахман.

1989.- Во Њујорк умре Зинка Кунц – Миланов, оперска пејачка, еден од најубавите сопрани во современиот свет. Родена е во Загреб, во 1906 година.

1995.- Русија ги формализира односите со НАТО, но го повтори предупредувањето дека ширењето на западниот воен сојуз на исток би можело да ја подели Европа.

1998.- Во земјотресот, што ја зафати северната авганистанска провинција Тахар, загинаа најмалку три илјади лица.

2002.- Со натпреварот меѓу светскиот шампион Франција против репрезентацијата на Сенегал, кој ширум планетата го следеа најмалку 500 милиони телевизиски гледачи, во Сеул е отворено првото Светско фудбалско првенство одржано на тлото на Азија, кое заеднички го организираа Јужна Кореја и Јапонија. Сенегал приреди изненадување со победа од 1:0.

2007.- Умре францускиот актер и режисер Жан Клод Бријали, кој се смета за еден од столбовите на франуската кинематографија во рангот на Филип Ноаре. Играше во повеќе од 200 филмови, а беше и сопственик и директор на парискиот театар „Ле Буф“. И самиот режираше неколку филмови, од кои последниот е „Господин Макс“, снимен во 2006 година. Исто така, тој објави и неколку книги.

2011.- Во Скопје на 73-годишна возраст почина актерот и сценограф Чедомир Христов. Роден е на 1 мај 1938 година во Струмица. Завршил на отсекот за сликарство на Вишата педагошка школа, работел како актер во Струмичкиот театар „Антон Панов“ (1958 до 1964), а потоа преминал во Македонскиот народен театар во Скопје каде што останал до пензионирањето во 1996 година. Двапати добил награда за најдобар актер на Здружението на драмските уметници на Македонија. Бидејќи е по вокација сликар, изработил и многу сценографии за претстави, за што добил и награди за сценографија на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Избор МИА

Дали во Грција е пронајден гробот на големиот филозоф Аристотел? (видео)

Во северна Грција можеби е пронајден гробот на познатиот грчки филозоф Аристотел, рече вчера еден грчки археолог, на конференција во Солун посветена на филозофот.

„Постојат силни индикации дека го најдовме неговиот гроб“, рече Костас Сисманидес, пренесе грчката телевизија.

Веројатното последно почивалиште на Аристотел се наоѓа во градот каде што е роден – античка Стагира, на источната страна од полуостровот Халкидики во близина на градот Олимпијада.

Жителите на Стагира ја донеле пепелта на Аристотел во неговиот роден град, по неговата смрт во 322 п.н.е. во јужниот град Халкида, и ја положиле во зграда во облик на потковица, вели археологот.

Сисманидес ги води ископувањата во Стагира од 1996 година.

Елегантен, мускулест, моќен и горд: Запознајте го најубавиот коњ на светот

Прекрасниот фризиски пастув од САД, именуван по владетелот на Прусија од 1740-1788 година, Фредери Велики, се одликува со мускулеста градба, впечатлива црна боја и густа и раскошна грива која просто ги полудува кобилите.

27.5.frederik-1

27.5.frederik-3

27.5.frederik-4

27.5.frederik-5

27.5.frederik-6

MUST INCLUDE CREDITS Frederik the Great, Friesian stallion, Owned by Pinnacle Friesians, Photography by Cally Matherly,  Facebook link,  https://www.facebook.com/frederikthegreatfriesianstallion/ YOUTUBE channel: https://www.youtube.com/channel/UCtakNqD_ojWs6FxRZ6jUZzg , Website www.pinnaclefriesians.com

MUST INCLUDE CREDITS Frederik the Great, Friesian stallion, Owned by Pinnacle Friesians, Photography by Cally Matherly,  Facebook link,  https://www.facebook.com/frederikthegreatfriesianstallion/ YOUTUBE channel: https://www.youtube.com/channel/UCtakNqD_ojWs6FxRZ6jUZzg , Website www.pinnaclefriesians.com

MUST INCLUDE CREDITS Frederik the Great, Friesian stallion, Owned by Pinnacle Friesians, Photography by Cally Matherly,  Facebook link,  https://www.facebook.com/frederikthegreatfriesianstallion/ YOUTUBE channel: https://www.youtube.com/channel/UCtakNqD_ojWs6FxRZ6jUZzg , Website www.pinnaclefriesians.com

27.5.frederik-2

Градинка од соништата – за целосна слобода и безбедност на децата

Во градинката Фуџи која се наоѓа надвор од Токио, децата кои одат во градинка имаат нова магична средина дизајнирана специјално за нив.

26.5.gradinka2

Ова училиште со својата интересна овална форма и покрив над прстенестиот дел од објектот е проектирано од токиската архитектонска фирма Tezuka Architects.

26.5.gradinka3

На TED разоворот: „Најдобрата градинка која некогаш сте ја виделе“, архитектот Такахару Тезука, објаснува дека за да ја изгради оваа градинка морал да размислува како дете. Тој бил инспириран од својата ќерка и син, кои се на 12 и 9-годишна возраст, кои како што вели Тезука, станале „дел од неговото тело“.

26.5.gradinka4

Како што растат, нивните навики и желби стануваат и негови, а во процесот на проектирање тој ја вклучува и својата сопруга Yui, за да му помогне во истражување на детските потреби за дизајнот.

26.5.gradinka5

26.5.gradinka6

26.5.gradinka7

26.5.gradinka8

26.5.gradinka10

26.5.gradinka9

(Супер Модулор)

 

 

Поезија за душа: Артур Рембо -„Мајски знамиња“

Во светлите гранки на липите
болникавиот повик на рогот умира.
Но гласот на духовните песни
летка меѓу рибизлите.
Нека крвта ни се смее во вените,
се заплеткуваат еве лозјата.
Небото е убаво како ангел.
Синилото и бранот се во врска.
Излегувам. Ако зракот ме рани
врз мовта јас ќе умрам.

Да бидеш стрплив, да се досадуваш
е премногу просто. Моите маки се глупи.
Нека драматичното лето ме врзе
за својата кола на изобилство.
Нека умирам долго покрај тебе
– помалку сам и ништожен – Природо.
Место што Пастирите, што е смешно,
умираат речиси поради светот.

Да ме истрошат годишните времиња сакам.
Кон тебе, Природо, јас се вреќам;
сета глад и сета жед ти ги давам.
Напој ме и нахрани ме ако сакаш.
Измамен не сум; исто како и кон сонцето
е и подбивот кон родителите.
Но јас на ништо не се смеам;
и нека владее таа несреќа.

Еверест му ја украде славата: Овој врв е вистински највисок на светот

Највисока планина на планетата Земја е Монт Еверест, нели? Е па, во голема мера и не е баш така – тврдат научниците. Според мерењата кои ги имаат направено научните тимови, вистински највисок врв на светот всушност е Монт Чимборазо во Еквадор, пренесува New York Times.

Неактивниот вулкан во Андите, врвот Чимборазо, се извишува околу 6.248 метри над морското ниво, што е значително пониско од висината на бескомпромисниот гигант Еверест со своите 8.848 метри. Но, нештата стојат малку поинаку кога нивната висина ја мерите од центарот на Земјата.

19.5.Mont-Cimborazo1

Тоа е така затоа што Земјата не е рамна, но не е ни совршена топка (добро, со ова веројатно нема да се согласи Миленко, ама што да му правиме 😀 ). Планетата е малку сплосната на половите и благо подиспакната кај екваторот, поради што обемот е за околу 21 километар поширок баш кај таа хоризонтала. А Чимборазо е блиску до екваторот, додека Еверест се наоѓа на 28-от степен северна географска ширина, на речиси една третина оддалеченост кон едниот пол на планетата.

19.5.Mont-Cimborazo3

Монт Чимборазо кај индијанскиот народ во преданијата е прикажан како маж кој е во олујна врска со пониската и активна женска придружничка, вулканот Тунгураху, кој исфрла пепел кој паѓа под ледените падини на Чимборазо.

Жозефина Васкез, археолог на Универзитетот Сан Франциско во Кит, вели дека Чимборазо е обожуван уште од предколумовското време, како и дека уште претставува света планина каде се смета дека сте поблиску до Бога.

19.5.Mont-Cimborazo2

За време на неодамнешното искачување со кое се прослави 280-годишнината од мисијата од 1736 година, под водство на Чарлс Мари Де Ла Кондамине, француски научник и истражувач, при што денешните научници открија дека Чимборазо е за околу 5 метри понизок отколку што претходно се мислеше дека е висок. Но, едногласно потврдија дека истиот претставува највисокиот врв на планетата мерен од самиот центар на Земјината топка.

19.5.Mont-Cimborazo4

Зошто тогаш Еверест ја собра сета слава? Поради искачувањето!

Искачувањето на Монт Еверест вообичаено, во идеални временски услови, бара десетдневно патување до базниот камп, шест недели аклиматизација и седум до девет дена искачување до самиот врв. Искачувањето, пак, на Чимборазо можем да се изведе за две недели, со еден до два дена посветени на искачувањето на самиот врв, откако претходно ќе се аклиматизирате, тврди Тод Барлесон, претседател на планинарската компанија Alpine Ascents International.

19.5.Mont-Cimborazo5

„Немојте погрешно да ме сфатите, јас воопшто не ја потценувам таа планина“, вели тој. „Чимборазо е фантастичен тренинг за подготовка за искачување на поголемите планини“.

Каква врска имаат Фанта, Сименс, Хуго Бос и Буба со нацистите?

Што им е заедничко на Кока-Кола, IBM и Фолксваген? Сите три компании за време на Втората светска војна соработувале со германските нацисти.

Низ историјата во многу од овие компании се провлекуваат случаи на мачење, ропство и давање поддршка на нацистичкиот режим. Иако на ваквата листа се наоѓаат компании чие воено профитерство можеби и нема многу да ве интересира, постојат и такви зад чии весели реклами се крие мрачно минато.

Кока-Кола (посебно Фанта)

Компанијата за време на Втората светска војна беше „играч од двете страни“. Ги поддржуваа американските трупи, но продолжуваа да прават сокови и за нацистите. Во текот на 1941 година огранок од компанијата остана без сируп, а не можеа да ги обноват залихите поради американските воени рестрикции. Така, во таква нужда, тие иновираа нов пијалок, посебно создаден само за нацистите.

Станува збор за сок со овошен вкус кој беше наречен Фанта. Оттука, пред да стане портокаловата сестра на Кола, Фантата беше неофицијален пијалок на нацистичка Германија.

Форд

Хенри Форд беше на глас како познат антисемит, па неговата поддршка на нацистичкиот режим и не е некое големи изненадување. На својот 75 роденден (1938 година) Форд прими нацистички орден наменет за „важни странски личности“.

За време на војната, како секој класичен воен профитер, заработуваше од двете страни. Произведуваше возила и за нацистите и за сојузните сили, а познато е дека Адолф Хитлер често го истакнувал Хенри Форд како голема „инспирација“ и во личната канцеларија чувал негов голем портрет.

Стандард Оил

За своето воздухопловство да го подигне од површина, на Луфтвафе му беше потребно гориво со додаток од тетраетил олово, а Стандард Оил беше една од трите компании кои во тоа време можеа да произведат такво гориво.

Поради тоа, во компанијата одлучија дека заработката е побитна од идеалот, па на нацистите им продаваа гориво без кое тие ќе имаа голем проблем во воздухопловните сили. Компанијата подоцна се реформираше во Ексон Мобил, Шеврон и БП.

Чејс

Многу банки за време на Втората светска војна биле на страната на нацистите, а Чејс е една од најистакнатите (читај најлошите). Парискиот огранок на банката тргувал со нацистите, со амин од американската централа, и пред и после Перл Харбор.

Но, тоа е само врвот од сантата мраз, бидејќи со текот на годините, Чејс беше на удар од критиките поради замрзнување на сметките на европските Евреи, на кои со тоа им беа поткопувани шансите да преживеат и да стигнат до побезбедни краишта и земји. Истрагата која ја направи ВВС разоткри дека банката замрзнала повеќе од 100 сметки за време на војната.

Ај Би Ем (IBM)

Компанијата за време на војната произведувала уреди кои следеле сè, од залихи на нафта, преку возни редови на возовите кои сообраќале кон логорите на смртта, па сè до банкарските сметки на жртвите од холокаустот.

Во септември, 1939 година, кога Германија ја нападна Полска, Њујорк Тајмс пишуваше дека три милиони Евреи истиот миг ќе бидат одведени од Полска и голема е веројатноста дека ќе бидат истребени. Реакцијата на IBM на тоа? Допис во кој стои дека, поради новонастанатите „ситуации“, треба да се забрза производството на опрема за брзо распределување по азбучен ред.

Издавачка куќа „Рандом Хаус“ (Random House Publishing)

И додека денес во нивната издавачка понуда можете да најдете сè, од „Марсовци“ до Даниела Стил, компанијата Бертелсман А.Г., во чија сопственост била и RHP, за време на Втората светска војна објавувала пропаганден материјал за Хитлер или книги од типот на „Стерилизација и евтаназија: Придонес кон христијанската етика“.

Иако во сопственост на Бертелсмен биле и други компании, Рандом Хаус е интересна поради контроверзиите со кои беше поврзана во 1997 година, кога во речникот на Вебстер одлучија да ја прошират дефиницијата за зборот „нацист“ врз основи кои се „фанатично посветени на контролирање на одредени активности, пракси и слично“.

Многумина овој потег го осудија како тривијализација на погубните намери и потези на нацистите.

Кодак

Германскиот огранок на Кодак, за време на Втората светска војна, ги користел логорашите од концентрационите логори, а и многу други европски ограноци соработувале со нацистичката влада. Вилхелм Кеплер, еден од водечките економски советници на Хитлер, бил поврзан со Кодак, а и пред почетокот на војната ги соведувал Кодак и многу други американски компании дека е паметно да ги отпуштат своите вработени со еврејско потекло.

Хуго Бос

Уште во периодот од триесеттите години на минатиот век компанијата почнала со производство на униформи за нацистите, а причината за тој потег е едноставна – самиот Хуго Бос се придружил на Национал-социјалистичката партија и склопил доходовен бизнис за изработка на униформи за младината на Хитлер, пешадијата и СС силите. Сето тоа ја подигнало компанијата на повисоко ниво и тоа само осум години откако била основана.

Работата им одела толку добро што морале да увезат робовска работна сила од Полска и Франција. Во 1997 година, синот на Хуго, Зигфрид Бос, за едно австриско списание, изјави: „Секако дека татко ми бил со нацистите. Но, кој во тоа време не бил со нив?“

Фолксваген

Фердинанд Порше, човекот кој стои зад Фолксваген и Порше, со Хитлер се запознал во 1934 година и со него разговарале за идејата да се создаде „автомобил за народот“. Фирерот му сугерирал да создаде возило во форма на бубачка. На тој начин настанала легендарната Буба, иако многумина тврдат дека Хитлер идејата за истата ја украл од еврејскиот дизајнер Јозеф Ганц, кој слично возило претставил една година порано.

Се верува дека за време на Втората светска војна, четири од пет вработени во фабриката од Фолксваген биле таму принудно, а Порше, кој лично се познавал со Хајнрих Химлер, робовите директно ги доведувал од Аушвиц.

Бајер

За време на војната, компанијата IG Farben го произведувала озлогласениот “zyklon B” кој нацистите го користеле во гасните комори. Финансиски ги помагале и „експериментите“ на Јозеф Менгеле, а откако завршила војната, иако далеку побогата отколку на почетокот, компанијата се распаѓа. Бајер, како еден од нејзините делови, станува самостојна компанија.

Инаку, познатиот аспирин го создал вработен во Бајер, Артур Ајхенгрун, но имајќи во предвид дека бил евреин, компанијата не сакала да признае дека лекот го иновирал евреин, па заслугите му ги припишале на Феликс Хофман.

Хелга Вехмајер, прв човек на компанијата во 1995 година јавно се извини на Ели Вајсел за соучество на компанијата во холокаустот.

Сименс

Како и многу други компании, така и Сименс, за време на војната, ја искористил робовската работна сила, но оваа компанија нив ги ангажирала за време на изработката на гасните комори во кои нацистите подоцна ќе ги убиваат.

После завршувањето на војната, компанијата го имаше еден од најлошите моменти во историјата на било која компанија. Имено, во 2001 година тие се обидоа да го заштитат зборот zyklon, бидејќи планираа со тоа име да ја наречат новата линија производи, меѓу кои е линијата плински печки.

Неколку здруженија реагираа поради очигледната поврзаност со zyklon B, кој се користел во гасните комори од страна на нацистите.

Ѕирнете во „Мериот“ – луксузниот хотел на скопскиот плоштад (галерија)

Мериот Хотели, брендот со потпис на MarriottInternational, го отвори својот прв хотел во Македонија, SkopjeMarriottHotel.

11.5.meriot1

Еве што се нуди од страна на услуги во луксузниот хотел:

СМЕСТУВАЊЕ
164 убаво опремени гостински соби, кои вклучуваат 108 Deluxe соби, 35 Executive соби, 6 Junior апартмани, 5 Executive апартмани, 8 Premier апартмани, 1 апартман за заменик-претседател и 1 претседателски апартман.

????????????????????????????????????

11.5.meriot8

Сите соби се опремени со пристап до брз интернет, луксузна постелнина со јоргани и памучни чаршави и перници, индивидуална контрола на системот за климатизација, ТВ со рамен екран 48”, канали со филмови со доплата, просторна работна маса и удобна бања. Политика на хотелот е дека пушењето е забрането.

РЕСТОРАНИ & ЛАУНЏ БАР

Нашиот главен ресторан „DistriktBar&Kitchen“, со дизајн на отворена кујна, ќе ви понуди невообичаено искуство со вкусно мени и пријателска услуга. Ресторанот е со пристап од улица • „DistriktBar“ е местото каде се спојуваат работата и задоволството, во кој се нуди прекрасен избор на локални вина и премиум коктели. • Лаунџ бар – поинтимно место, во кое се нуди избор од премиум алкохолни пијалаци.

11.5.meriot4

11.5.meriot3

ПРОСТОРИИ ЗА РЕКРЕАЦИЈА

Покриен базен со машина за пливање во место • Џакузи • Голем број простории за релаксација • Теретана& Фитнес центар • Спа центар со голем избор на професионални третмани • 4 типа на сауна • Третмани за убавина и третмани за коса.

11.5.meriot2

11.5.meriot5

УСЛУГИ ЗА ГОСТИТЕ

Брз безжичен интернет во јавните простории • Бизнис центар отворен 24 часа • Ексклузивен лаунџ бар • Услуги за перење и хемиско чистење во истиот ден • Сефови • Опрема за пеглање • Уреди за бесплатен чај и кафе.

СОСТАНОЦИ И КОНФЕРЕНЦИИ

8 места за одржување настани со вкупна површина од 800 m2 флексибилен простор за состаноци и конференции • Голема сала со простор за одржување состаноци со површина од 565 m2 (6000 ft2) со капацитет до 600 лица.

(Извор: еМагазин)

Како дошло на 9 мај да се слави победата над фашизмот?

На 7 мај германските трупи се веќе распаднати и генералот Алфред Јодл, овластен од в.д претседателот на рајхот, Карл Дениц, ноќта спроти 8 мај потпиша капитулација во Реимс, Франција и тоа утредента осамна по сите медиуми во западна Европа и САД.

Меѓутоа на Сталин тоа не му се допаднало, па потпишувањето на капитулација морало да оди на поправен испит. На 8 мај се чекала делегацијата на сојузниците да стигнат до Берлин до 22ч. Капитулацијата овој пат ја потпишал генералот Кајтел, пред делегации од сите сојузници во 23ч по средноевропско време, но бидејќи било 1ч по полноќ во Москва, советската власт почна да си го слави овој ден како ден на победата над фашизмот, додека Западна Европа продолжи да го одбележува 8 мај. Сепак по Шумановата декларација дадена на 9 мај 1950, некако компромисно датумот 9 мај почна да се одбележува секаде во Европа, дали како Ден на Европа или како Ден на победата над фашизмот.

Советскиот сојуз дефинитивно даде најмногу жртви во 2 светска војна и е една од најзаслужните држави за победата над фашизмот. Сепак, остануваат два белези кои во источноевропската историографија (а и кај нас) се занемаруваа до падот на Берлинскиот ѕид. Првиот дека во периодот од потпишувањето на договорот Рибентроп-Молотов па се до 22.06.1941, Хитлер и Сталин практично беa сојузници во поделбата на Европа. Додека едниот ја освојуваше западна, другиот хараше во источна Европа, а Полска практично си ја поделија како торта. Вториот белег е железната завеса и огромните злосторства кои ги нанесоа комунистите врз жителите на источноевропските држави, вклучително и на граѓаните од поранешниот СССР.

Пишува: Костадин Стојаноски