Home Blog Page 4343

Некогаш кралски културен центар, денес оставен на забот на времето

Гратчето Ани во турската провинција Карс на границата со Ерменија сведочи за едно кралство и за едно царство од Византија до Османлиската Империја. Порано овој град беше место за живеење на илјадници луѓе, културен центар и регионална сила под средновековната ерменска династија.

24.6.ani1

Ани првпат се спомнува во петтиот век, а престолнина на Ерменија стана во 961. До 18 век беше целосно напуштен. Денес е напуштен „град на духови“, кој „стои сам“ на платото во оддалечените висорамнини во североисточниот дел на Турција, 45 километри од турскиот град Карс.

24.6.ani2

24.6.ani3

Посетителите, кои поминуваат низ Ани веднаш ги дочекуваат градските ѕидини со панорамски поглед на урнатините, кои опфаќаат три века и пет царства вклучувајќи ги и Ерменците, Византијците, турските Селџуци, Грузијците и Османлиите.

24.6.ani4

Градот Ани и е отстапен на Русија, кога Отоманското царство беше поразено за време на руско-турската војна. По избувнувањето на Првата светска војна, Турците се бореле да се вратат на североисточниот дел на Анадолија. Иако е вратен градот Ани и околината, во регионот беше формирна Република Ерменија.

24.6.ani5

Урнатините на древниот мост преку реката Акхуриан која тече на дното на клисурата и создава природна граница, никој не ги чепка со оглед на спорната состојба на турко-ерменските односи. Овие две земји веќе долго време не се согласуваат околу масовните убиства на Ермениците кои се случиле во рамките на Османлиското царство во текот на Првата светска војна. Турција службено ја затвори својата копнена граница со Ерменија во 1993 година како одговор на територијалниот конфликт меѓу Ерменија и турскиот сојузник Азарбејџан.

24.6.ani6

24.6.ani7

Историчарите долго време тврделе дека Ани е заборавен средновековен Нексус и како резултат на тоа, градот сега е на пробната листа за признавање како Светско културно наследство на УНЕСКО. Со малку среќа и внимателните реставратоски работи кои почнаа во 2011 година, градот може да оживее.

Научниците проценуваат дека во 11. век популацијата во Ани достигнала дури 100.000 луѓе.

24.6.ani8

Познат како „град со 1.001 црква“ во Ани ерменските владетели и градските трговци финансирале голем број верски објекти. Археолозите до денес откриле докази за постоење на најмалку 40 цркви, капели и мавзолеи.

24.6.ani9

На точак во чест на 100-годишнината од тунелот и патот кај Демир Капија

На 3 јули во Демир Капија ќе се обележи 100 годишнината од изградбата на тунелот и патот низ Демир Капијската клисура со велосипедско дружење.

„Првата светска војна има оставено бројни културни обележја на територијата на Македонија. Но овој претставува обележје кое ден денес се употребува и создал можност за развој на Демир Капија. Па дури и нас, велосипедистите не привлекува како прекрасна велосипедска рута.“ вели Бојан Ранташа од Велосипедскиот кружок „Милтон Манаки“.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Велосипедската дружба по патот низ Демир Капијската клисура ќе започне од 9:30 часот наутро, токму пред тунелот низ Клисурата кој се наоѓа по стариот пат кој поминува низ градот Демир Капија. Оттаму учесниците ќе се придвижат кон југ по 100 години стариот пат, се до село Миравци и локалитетот Бел Рај. Попатно ќе се ужива во пејсажите на Демир Капијската клисура а на крајот кој сака ќе може да се избања во вировите на Стара Река. Рутата е долга 28 километри и промовира бавен велосипедизам во кој учесниците уживаат и се запознаваат со секој поглед и со секое нешто по патот.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Пред 100 години, поточно на 1 мај 1916 година, инженерскиот кор на 11 Армија на Германската војска започнала со изградбата на патот, по наредба на Вилхелм II – Цар на Германија, Крал на Прусија. По само два месеци и осум дена, на 8 јули 1916 година патот е отворен за сообраќај и со тоа се пробил патот покрај Вардар кон Гевгелија.

„За значењето на патот за Демир Капија важно е да се каже дека денеска тој е една од главните европски, велосипедски, туристички артерии. Имено рутата Еуро Вело број 11 поминува токму по овој пат и Демир Капија ја поврзува се до Нордкап, Норвешка на север и Атина, Грција на југ.“ вели Васил Тодоров, директор на Центарот за едукација и вмрежување во туризмот ЦЕНЕТ од Демир Капија. Еуро Вело 11 рутата од Европските велосипедисти е прогласена за „Најдоброто од Истокот“ со оглед на должината и земјите кои ги поврзува, а по рутата се движат бројни велосипедски туристи кои патуваат од Западна и Северна Европа кон Грција, па и Азија.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Интересни се приказните околу тунелот, така Славко Колев од Спорткиот клуб „Клисура“ од Демир Капија ни споделува дека „Под посветата за Царот Вилхелм II, имало пишано дека тунелот го изградил Генералот Август фон Мекензен, така и се викал тунелот – Мекензен Тунел. Во 1918 година Французите пак по пробивањето на фронтот ставиле свој натпис кој пак е избришан во Втората Светска Војна од Германците.“
Настанот е во организација на Велосипедскиот кружок „Милтон Манаки“ како дел од Центарот за одржливи иницијативи, во соработка со Центарот за едукација и вмрежување во туризмот на Демир Капија и Спортски клуб „Клисура“ – Демир Капија, а со поддршка на Општина Демир Капија и Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје. Учеството на секој велосипедист е добредојдено.

Оваа година и токму овој настен одбележува уште еден значаен момент. А тоа се 200 години од појавата на првата идеја за создавање на велосипед од страна на германскиот измумител Карл Драјс. Тој во обид да се справи со недостатокот на коњи летото 1816 година доаѓа до првата идеја за нешто што е наречено „одечка машина“ – велосипед без педали. Тој оваа машина за прв пат ја пробува на 12 јуни 1817 година и создава цела култура на страствени вљубеници на велосипедите која ден денес постои.

За понатамошни информации, Ве молиме контактирајте ги:
Вања Ичкова [email protected], 070 724797
или
Бојан Ранташа [email protected], 070 876353

За Велосипедскиот кружок „Милтон Манаки“:
Велосипедскиот кружок е формиран во 2014 година како секција при Центарот за одржливи иницијативи – Скопје.
Тоа е Велосипедски кружок за бавно возење велосипед со цел да го промовира велосипедизмот како секојдневно, нормално, превозно средство.
Велосипедскиот кружок има 42 члена и секој месец организира велосипедски дружби за своите членови.

За ЦОИ:
Центарот за одржливи иницијативи основан е во 2008 година.
Неговата мисија е да овозможи одржлив развој на заедницата во Македонија обезбедувајќи стручност и поддржувајќи граѓански иницијативи.

Проект „Одење по вода“, буквално – вака изгледа тоа

Во следните 15 дена посетителите на италијанското езеро Iseo ќе можат по прв пат да дојдат до питорескниот остров Монте Изола и тоа пешки.

21.6.odenje-po-voda1

Оваа пловечка пешачка патека наречена The Floating Piers, направена е од модуларни платформи од етилен, кои се прекриени со 100.000 квадратни метри светликава жолта ткаенина.

21.6.odenje-po-voda2

Автори на овој проект се уметникот со бугарски потекло Кристо Јавашев заедно со неговата партнерка Жан – Клод, кои идејата за овој проект ја добиле уште во далечната 1970 година, а која сега конечно се реализира.

21.6.odenje-po-voda3

Шеталиштето кое е долго 3 километри го сочинуваат модули околу 16 метри, со дебелина околу 35 сантиметри.

21.6.odenje-po-voda4

Конструкцијата е поврзана со бетонски кубуси, кои налик на сидра на дното на езерото, ја држат фиксирана конструкцијата на патеките за шетање.

21.6.odenje-po-voda5

21.6.odenje-po-voda6

21.6.odenje-po-voda7

25 креативни идеи за оригинално уредување на вашиот двор

Куќните дворови се одлично место за опуштање, одмор, релаксирање, забава на отворено, седеник за кафе, па и со по некое пивце. А кога таквите просторни површини се и стилски убаво уредени, се уште поинспиративни за поминување на што повеќе време на нив.

16.6.dvorovi-ureduvanje1

Кога во декорацијата ќе ги вклучите декоративните камчиња, шареноликоста и разиграноста на уредувањето стануваат уште поатрактивни. Еве 25 примери за такво стилско уредување и дизајн на вашите дворови.

16.6.dvorovi-ureduvanje2

16.6.dvorovi-ureduvanje3

16.6.dvorovi-ureduvanje4

16.6.dvorovi-ureduvanje5

16.6.dvorovi-ureduvanje6

16.6.dvorovi-ureduvanje7

16.6.dvorovi-ureduvanje8

16.6.dvorovi-ureduvanje9

16.6.dvorovi-ureduvanje10

16.6.dvorovi-ureduvanje11

16.6.dvorovi-ureduvanje12

16.6.dvorovi-ureduvanje13

16.6.dvorovi-ureduvanje14

16.6.dvorovi-ureduvanje15

16.6.dvorovi-ureduvanje16

16.6.dvorovi-ureduvanje17

16.6.dvorovi-ureduvanje18

16.6.dvorovi-ureduvanje19

16.6.dvorovi-ureduvanje20

16.6.dvorovi-ureduvanje21

16.6.dvorovi-ureduvanje22

16.6.dvorovi-ureduvanje23

16.6.dvorovi-ureduvanje24

16.6.dvorovi-ureduvanje25

Одличен поклон за малите: Необичен велосипед кој ќе го посака секое дете

Brum Brum велосипедот е дизајниран од страна на Krisjanis Jermaks и е наменет за малите возачи на возраст од 2 до 6 години, со можност за манипулирање на висината од 35 до 40 см во предниот и во задниот дел.

15.6.Brum-Brum1

15.6.Brum-Brum2

Направен е од иверка од бреза и даб и алуминиумски дел кај тркалцата што го прави лесен и удобен за возење. Поради ваквата конструкција и максимален агол на управување од 45 °, Брум БРум има одлична амортизација и овозможува лесно возење по дупки.

15.6.Brum-Brum

15.6.Brum-Brum3

15.6.Brum-Brum4

15.6.Brum-Brum5

15.6.Brum-Brum6

15.6.Brum-Brum7

73 години од Лопушник: Во сеќавање на великанот Коста Рацин

Рацин беше човек полн со оптимизам, дури и во тие опскурни 30-ти години на 20-от век, кога народот, и Европа генерално, преживуваше тешки денови.

Неговите другари добро го паметат неговото „Ќе победиме“, со кое ги поздравуваше и храбреше во многу прилики. Дури и неговите последни зборови кога беше застрелан на Лопушник беа: „Кажете ѝ на мајка ми нека не жали оти, сепак, ние ќе победиме.“

ПРОШТАВАЊЕ

На печалбарите

Не ли ти кажав, не ли ти кажав,
не ли ти реков на проштавање?
Ич не ме чекај, ич не ме пекај
Белград е ламња, во Белград ја роб,
снага по туѓи палати оставам,
снага во усти несити клавам,
и дома – дома не ќе се вратам,
не ќе ги пијам очите твои
не ќе ја галам снагата твоја –
далеку негде сувата рака
по тебе, Вело, пустата мака
пуста ќе остане…

Знам оти ѓердан веќе не нижеш,
знам оти чеиз и ти не везеш,
знам, Вело, пусто остана сичко –
не ли си и ти аргатка клета?
Тутуни садиш, тутуни нижеш,
тутун таговно у монопол редиш,
ме споменуваш и ем си жалиш
денови – крепи тешки си редиш —
Величко, мори, другачко златна!

Но почуј, Вело, што ќе ти кажам!
Не ми се, Вело, жали и клети!
Подигни очи – очи засвети
онија очи, што душа горат!
Тој што ни, Вело, однесе сичко —
тој ни остави од темно темен
веков за мака – но и за борба.
Има на вој свет како нас многу!

Има ги, има – мачат се, копат,
копачи копат по темнината,
копачи копат и тунел дупат.

И има, има – радост голема
радост длабока во темнината:
да светиш, Вело, жар да се стопиш
во борба гроб ти душа не зема!

Започна тетарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“

Со претставата „Име“ во режија на Ненни Демлестре на театар „Комедија“ и со традиционалното врачување на наградите за животно дело, во петокот вечерта во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп започна 51-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

„Фестивалот го помина првото петдецениско постоење и годинава зачекоривме во второто петдецениско живеење на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Направив селекција од 12 претстави во официјалната конкуренција за награди и се раководев само од квалитетот што го нудат македонските професионални театри. А македонскиот театар постојано бележи нагорна линија и според квалитет и квантитет, зашто сите ансамбли се обновени со млади актери и творци, истакна претседателот на Собранието на фестивалот и селектор Петар Темелковски.

13.06vojdan2
Сите осум фестивалски дена ќе биде понудена богата програма. Освен 12 претстави во официјална конкуренција има и 10-тина претстави во придружната програма. Ќе бидат организирани и изложби и промоции на драмски текстови што се наградени од Министерството за култура, како и полноќни претстави за сите генерации.

Според градоначалникот Марјан Ристески: Фестивалот „Војдан Чернодрински“ претставува голема потврда дека трајните вредности и нивното негување се од особен интерес за градот Прилеп, за Министерството за култура, за Република Македонија. Токму затоа градот Прилеп претставува епицентар во кој се случуваат културни збиднувања и настани носејќи го космополитскиот дух на уметноста, а за тоа најмногу придонесува овој фестивал на театарот“.

13.06vojdan3
Годинашни добитници за животно дело се: театарскиот критичар Лилјана Мазова, како и актерите Илијаме Билјали од Албанскиот театар и Сабина Ајрула од Драмскиот театар од Скопје. Идниот петок, Македонската опера и балет за првпат на фестивалот ќе ја изведе операта „Кармина Бурана“ во чест на наградените.

Покровители на фестивалот се Министерството за култура и градот Прилеп.

Пред почетокот на фестивалот љубителите на ликовната уметност имаа можност да присуствувват на отварање на изложбите на Владимир Темков и Атанас Ботев.

Вртоглава цена од 14.000 евра – во продажба пуштен најскапиот авионск билет

Милионерите сега ќе можат да патуваат од Лондон до Мелбурн и назад, затоа што во продажба е најскапиот авионски билет на светот кој го нуди компанијата „Etihad Airways“, а чини 14.000 евра.

6.6.najskap-avio-bilet1

Тие што ќе купат ваква карта на располагање ќе имаат трособен апартман со личен батлер и кувар. Цената на билетот од Лондон до Мелбурн, го надмина до сега најскапиот билет за авион кој се плаќаше за релацијата Њујорк – Мумбаи, и чинеше околу 12.000 евра. Во авионот Airbus A380 на компанијата „Etihad Airways“, на летот патниците ќе имаат на располагање дневна соба, спална соба и купатило со туш кабина.

6.6.najskap-avio-bilet2

Апартманот „The Residence“ е првиот трособен апартман на еден комерцијален лет и и помогна на компанијата да освои бројни награди за патувања од прва класа. Апартманот е со површина од 125 квадратни метри, се наоѓа на горната страна на авионот A380 и е достапен за едно или две лица. Дневната соба е опремена со 32-инчен LCD TV, кауч прекриен со кожа, две трпезариски маси, а обучени батлери служат јадења приготвени од готвачите на авионот. Од ходникот се влегува во спалната соба каде има голем брачен кревет прекриен со дизајнирана италијанска постелнина. На ѕидот е фиксиран 27-инчен LCD TV.

6.6.najskap-avio-bilet3

6.6.najskap-avio-bilet4

Пред слетувањето патниците ќе можат да се освежат во купатилото каде има туш, огледало за шминка, и фен за коса. Во цената за картата вклучен е и луксузен транспорт до аеродромот, приватен check-in, пристап до приватен салон и лице задолжено за багажот.

Приказната за Борис, Тина и Гаргамел!

– Тато, кој е овој чичково? – покажа Тина на своето пижамче.
– Гаргамел бе татичко.
– Тој бил вештер?
– Да бе тато.
– И бил лош?
– Да.
– А, оти?
– Оти сакал да ги јаде штрумфчињата.

Тина беше слатко мало девојче кое по којзнае кој пат го прашуваше татко и Борис за приказната за штрумфовите, скоро секогаш кога ќе ги облечеше сините пижамчиња со малите штрумфчиња, Гаргамел и Азриел, пред спиење. А, тој обожаваше да и одговара на нејзините илјадници прашања често и сам поттикнувајќи ја да прашува.

617Y1Hox83L._SX940_ – А тие му бегале? – се насмевна.
– Да – одговори Борис.
– И не можел да им го најде селото?
– Да.
– Па ќе му дадеме мевце. Или торта со чоколадо и јагоди… и вишнички.
– За да не биде лош? – праша овојпат татко и и се насмевна.
– Да – одговори Тина.
– Важи бе татичко, ќе му дадеме за да не биде лош.

Борис утредента стана порано и ги остави мама и Тина да поспијат. Не го напушташе идејата ’дека може да се направи Гаргамел добар’. Седна пред компјутер, си свари кафе и отвори Фејсбук…. мораше да напише нешто. Ретко пишуваше статуси во кои кажуваше што треба некој да прави, а што не. Но, овојпат Тина го ’натера’ да пише:

Давајте им љубов на вашите деца. И учете ги на убавите морални норми. Не оставајте државата или општеството да го направи тоа наместо вас. Нема да го направи. Одвојте барем третина од времето што го трошите опуштајќи се пред телевизор или компјутер и бидете колку што можете повеќе со вашите деца. Нив сте им најмногу потребни. Учете ги. Вие сте нивните најголеми учители. Нашето општество е во криза со моралните норми, а за тоа се виновни некои други родители, кои мислеле дека одгледуваат деца во здрава средина. Очигледно не било така… Не посветиле доволно внимание или пак ’здравата средина’ била лажна. Ние можеме да го промениме тоа, ако на нашите деца им помогнеме да создаваат и да даваат љубов.

biq32
Кликна објави и почна да скрола надолу на Фејсбук. Му излегуваа вести за моменталната политичка ситуација во државата, видео во кое познат скопски ’фраер’ се фали на Инстаграм како среде бел ден вози со 210км/ч на Илинденска, статии од портали во кои пишува дека лекот за рак е тука и чини петпари ама го кријат злите сили, слики со сподели од Св. Петка да ти даде среќа и наградни игри во кои лажни профили наводно даваат БМВ само треба да си ја одбереш бојата и да кликнеш лајк. Се исклучи од Фејсбук и појде да купи месо.


Пишува: Костадин Стојаноски

Фиќо „од милион долари“: Тајната се крие во неговата внатрешност – ѕирнете

Interior tuning garage, салон за автомобилска козметика, прави вистински чуда од автомобилскиот ентериер и екстериер. И да, наши луѓе се, од Струмица, така што ви се лесно достапни ако сакате и вашиот омилен автомобил да го средат за мерак – „да ѕвони“. Ѕирнете што направија со внатрешноста на овој Фиат 600.

1.6.fico2

1.6.fico3

1.6.fico4

1.6.fico5

1.6.fico6

1.6.fico7

1.6.fico8

1.6.fico9

1.6.fico10

1.6.fico13

1.6.fico14

1.6.fico12

1.6.fico11

Извор на фотографии: Фејсбук страна на Interior tuning garage