Home Blog Page 4342

Хотел со нула ѕвезди: Соба без ѕидови и со најубавиот поглед на светот!

Овој хотел нема ни ѕидови, ни водам ни купатило, ни плахари, а луѓето сепак плаќаат 250 евра за ноќевање и чекаат во ред за да го букираат.

Имено, „The Null Stern Hotel“ се наоѓа на швајцарските Алпи на висина од скоро 2000 метри и уреден е скромно, што не може поскромно.

21.07soba2

Станува збор за отворена соба, кои ја осмислија концептуалните уметници Франк и Патрик Риклин за еден уметнички фестивал, на кој го воодушевија посетителите и добија идеја за добар бизнис.

„Собата“ поставена високо во планината ви овозможува да ја доживеете природата на досега невиден начин – со удобност и мек кревет. Притоа, ова што го нема во материјалот, оваа соба го компензира во услугата.

21.07soba3

Имено, за 250 евра ќе добиете и пијалок за добредојде, приватен батлер и доручек.

Дали би се решиле на една ваква авантура?

21.07soba4

Луксуз, луксуз и уште луксуз: Ѕирнете во „пентхаусот“ од Доналд Трамп

Толку многу злато и луксуз ретко се гледаат на едно место. Единствено можеби уште само кај арапските шеици. Дури и играчките од синот на Трамп се приказна за себе.

15.7.tramp-penthaus

Ентериерот во домот на Трамп го осмислил архитектот Анџело Доњија на почетокот на 80-те. Апартманот е дел од Кулата Трамп во Њујорк Сити, на Петтата авенија.

15.7.tramp-penthaus1

15.7.tramp-penthaus2

Топли неутрални бои преовладуваат во апартманот што е дизајниран во рококо стил од 18-от век. Има многу раскошни детали и премногу злато.

15.7.tramp-penthaus3

15.7.tramp-penthaus4

И играчките на синот на Трамп демонстрираат љубов кон луксузот. Како и таткото, така и синот има персонализирани играчки.

15.7.tramp-penthaus5

15.7.tramp-penthaus6

15.7.tramp-penthaus7

15.7.tramp-penthaus8

Луксуз од 12.000 долари за ден: Нихивату – најдобро одморалиште за 2016

Travel+Leisure го истакнаа луксузното одморалиште Nihiwatu на врвот од најдобрите хотели и одморалишта на светот за тековната 2016 година.

12.7.nihiwatu 12.7.nihiwatu0

Сместен на островот Сумба, Индонезија, одморалиштето има 28 вили, секоја со приватен базен и изглед на колиба. Гостите имаат целодневен пристап до спа, центар за јавање коњи, сурфање и ресторан на плажа што служи здрава храна подготвена на традиционален начин.

12.7.nihiwatu1 MARANGGA VIEW LAMBA ESTATE ENTRANCE

Цената за еднодневен престој во вилите е 12.000 долари.

Marangga Cliffside Bale - Private dining with view Lamba 1 – interior bedroom 6 Marangga - Cliff side Bale, evening Marangga - Private Pool 2 12.7.nihiwatu8 12.7.nihiwatu9 12.7.nihiwatu10

Вака изгледа да живееш на работ од провалија

Германскиот архитект Матијас Арндт смислил импресивен и инспиративен проект за пирамидална куќа со идеја нејзиното позиционирање да биде на работ од карпата.

5.7.Matthias-Arndt-Triangle-Cliff-House1

Станува збор за пирамидален архитектонски објект, опкружен со стаклени ѕидови, кој перфектно би се вклопил во секаков планински амбиент како експресивен впечаток за сите годишни времиња.

5.7.Matthias-Arndt-Triangle-Cliff-House2

И покрај тоа што овој проект е засега само идејно решение насловен како “Triangle Cliff House”, ни малку не би не изненадило ако наскоро биде реализиран.

5.7.Matthias-Arndt-Triangle-Cliff-House3

Идејата е овој мини пирамидален објект да се вклопи во затскриен планински врв, така што бајковитата убавината од пејзажот ќе може да се почувствува на вистински начин во секое време од годината.

5.7.Matthias-Arndt-Triangle-Cliff-House4

5.7.Matthias-Arndt-Triangle-Cliff-House5

Честа навика на успешните луѓе

Саботно попладне е во Сан Франциско, а Тим Ферис е во својот дом подготвуваќи ја опремата. Ова е веќе 116-та епизода од неговото радиско шоу, а на другата страна на линијата го очекува Кејси Неистат.

Кејси е ЈуТјуб сензација. Тој, како и сите досегашни гости, е човек со огромно следбеништво и успеси зад себе. Интересот на Тим Ферис? Да ги разобличи митовите зад успехот, и да види одблизу кои се навиките врз кои овие џинови го изградиле својот живот.

4.7.slavko-tekst

Приказните се често слични и наративот е оној на губитникот кој навидум преку ноќ станува победник.
Тим Ферис ја дели истата приказна. Откако ја разработува својата компанија за фармација следуваат 3 книги на врвот на Њу Јорк Тајмс листата, неверојатно популарен блог, успешни инвестиции во огромни компании како Твитер.

Но она во кое Тим Ферис цврсто верува, а неговите гости само го потврдуваат, е дека успехот е неизбежен резултат на секојдневните навики и ставови кои еден човек ги гради.

Тој никогаш не се случува преку ноќ туку е огледало на секојдневието. Порано или подоцна, ако вистинските навики и ставови се присутни, епилогот е скоро секогаш сличен.

Навиките на Тим Ферис

Тим е мој виртуелен ментор. Веќе со години. Внимателно ги следам неговите текстови и совети, обидувајќи се, колку што можам да присвојам некои од неговите навики. Па така, ако би морал да издвојам едно нешто кое Тим постојано го практикува, тоа би бил утринскиот ритуал.

Накратко, секое утро пред да го започне денот, Тим прави утрински ритуал кој се состои од 5 навики. Совршен старт на денот, би рекол тој, е кога ќе успее да ги заврши сите пет.

Неговите гости говорејќи за своите добри навики, често знаат да ги набројат истите 5 во идентична или пак слична форма.

Утринската рутина

Иако звучи наивно за оние кои се повеќе скептични, позадината на утринскиот ритуал е навистина слоевита.

Најпрвин, идентична рутина секое утро дава чувство на контрола врз денот. Без разлика што се случува и што денот носи, утрото е потполно во ваши раце. Па така, не е воопшто чудно што воената традиција високо цени одредени тривијалности на почетокот на секој ден.

Најпрвин Тим Ферис го мести својот кревет. Полека, и совршено.

Идејата е дека една мала одлично завршена задача наутро полека создава моментум и елан за продуктивен ден, прераснувајќи во низа одлично завршени задачи.

4.7.slavko-tekst3

Потоа тој прави утринска гимнастика. Неговите гости практикуваат разни форми на утринска активност, па така додека едни прават јога други започнуваат со вежби за отпор. Тим практикува висење на вратило и мали движења кои ќе му овозможат да биде повеќе присутен и подобро да го чувствува своето тело.

Трето на листата е подготовката на чај. Вистински фанатик за чаеви Тим има развиено низа рецепти. Подготовката му носи смиреност и ја отргнува вештачки создадената итност која секојдневието ја носи.

Чајот, исто така, пријатно делува и на организмот особено доколку е бленд на неколку планински источни тревки. Како алтернатива, доста од неговите гости го посочуваат Fit Tea.

4.7.slavko-tekst2

Додека чајот се лади, Тим медитира. Петнаесеттина до дваесет минути, едноставни вежби за медитација. Она што тој го препорачува е Headspace. Од лично искуство, можам да потврдам дека апликацијава е одлична можност за подобрување на свесноста.

Најпосле, Тим го пие својот чај додека пишува страна или две во својот дневник. Нафрла се што доаѓа на ум… Како се чувствува, што сака да постигне со денот, рандом мисли кои навираат.

Ова, вели тој, му помага да исфрли се од него, да ја подобри свесноста, и да го започне денот навистина слободен и искрен со себе. Со време, оваа пракса ве прави поискрен со себеси, а тоа носи низа придобивки во секојдневието.

4.7.slavko-tekst4

Оваа рутина, како што вели Тим, служи за поставување креативни загради врз себеси. Дава структура на утрото а со тоа и денот, ве доближува до себеси, зголемувајќи ја свесноста. Прави да сте повеќе присутен сега и овде, и неизбежно го подобрува фокусот и продуктивноста.

Штом забележам смирен, балансиран и свесен човек, веднаш знам што да барам- вели Ферис. Веднаш ме интересира како го започнува денот. И додека се случува да научам нешто ново, најчесто ќе препознаам одредена варијација на тоа како јас го започнувам своето утро.

Автор: Славко Дешиќ

Започна Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

Со дефиле на учесниците и нивна изведба на изворни народни песни во центарот на Прилеп вечерва започна 42-риот Меѓународен фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.

Од преку 500 пријавени, годинава учествуваат околу 350 поединци и групи од цела Македонија и од Србија, Бугарија, Русија и од Австралија.

02.07dolneni2

Според уметничкиот директор Родна Величковска од Институтот за фолклор од Скопје, Фестивалот успешно ја негува и ја зачувува изворната фолклорна традиција во Македонија, а таа се пренесува на младите поколенија.

„Доказ за тоа се големиот број нови млади учесници на Фестивалот кои се заинтересирани да ги изучуваат народните инструменти и песни“, посочи Величковска во својата изјава.

02.07dolneni3

Утре напладне во киното „Мис Стон“ ќе се одржи реконструкција на стар градски обичај „Тајане Бојане“ по повод празникот Иванден, обичај со длабоки корени во традицијата на прилепскиот крај. Утревечер од 18 часот на Рудина кај Долнени ќе се одржи втората фестивалска вечер.

02.07dolneni4
Во меѓувреме на Фестивалот трета година по ред се одржува Семинарот за изучување на народни инструменти и изворен мелос на кој 30 учесници од Македонија, Русија и Србија теоретски и практично ги изучуваат инструментите гајдат, кавал, тапан и зурла.

02.07dolneni5
Фестивалот ќе ги награди најдобрите учесници, ќе додели Гран при награда, а странски гајдаџија ќе ја добие „Гајдата на Пеце Атанасовски“ што ја доделува општината Долнени.

За рајски одмор од соништата: Ова е најубавото место на светот за 2016/17

Со најголемиот корален екосистем во светот, Големиот Корален Гребен е еден од седумте светски чуда и е на листата на светските културни наследства на УНЕСКО. Според извештајот на “US News&World Repor” 2016-2017, оваа локација е одбрана за најдобра дестинација на светот.

????????????????????????????????????

„Тоа е одмор кој ќе го доживеете еднаш во животот, а на вестите се споменува дека коралите избелуваат Патниците тоа треба што е можно поскоро да ги видат, затоа што малку корали се останати” – изјави Ерин Шилдс, уредник на “US News”.

30.6.golem-koralen-greben1

Поради зголемената температура на морето, дојде до масовно избелување на коралите, кажаа австралиски научници. Кога температурата се зголемува, тенките алги, наречени “zooxanthellae” се потиснуваат, поради што коралите стануваат бели.

30.6.golem-koralen-greben2

30.6.golem-koralen-greben3

Гренебот е долг 344.400 километри квадратни и вклучува 600 континентални острви, 3000 корални гребени и 150 природни крајбрежни острви.

Погледнете ја топ 10 листата на најдобри места кои треба да ги посетите:

1. Големиот Корален Гребен, Австралија
2. Париз, Франција
3. Бора Бора, Француска Полинезија
4. Фиренца, Италија
5. Токио, Јапонија
6. Куско, Перу
7. Лондон, Англија
8. Рим, Италија,
9. Њујорк
10. Мауи Хаваи

Потрага по слобода во друштво на најубавите животни – фантастични фотки

Карина Мејвалд е фотографка од Германија, за која некои велат дека има отисок од копита на срцето, бидејќи коњите се суштества кои ја враќаат нејзината вера во животот.

30.6.konji2

Во потрага по слобода, Карина тврди дека истата ја пронашла во очите на коњите. Сега, кога е опкружена со овие благородни животни, се чувствува како да го пронашла своот мир и слобода. Тие кај неа ги вратија љубовта, смиреноста , енергијата, но и можноста преку фотографии да ги изрази своите чувства.

30.6.konji3

30.6.konji4

30.6.konji5

30.6.konji6

30.6.konji7

30.6.konji8

30.6.konji9

30.6.konji10

30.6.konji11

30.6.konji12

30.6.konji13

30.6.konji14

30.6.konji15

30.6.konji16

„Јас и Лин, отпосле“ во Тејк Фајв во Прилеп

Ана Стојаноска, издавачката куќа „Блесок“ и Jazz club „Take Five“ од Прилеп, ве покануваат на една поинаква литературна дружба. В петок на 01.07.2016г., во 20.00ч. во Jazz Club „Take Five“ Прилеп ќе имате можност да присуствувате на читањето на делови од романот ЈАС И ЛИН, ОТПОСЛЕ, ќе слушате зборови придружени од музиката во романот и ќе гледате актери кои ќе ги оживеат ликовите.

L1025203Романот ЈАС И ЛИН, ОТПОСЛЕ е напишан пред 12 години. Оваа година доживеа да биде објавен. До официјалната промоција на романот, авторката реши да понуди поинаков начин на презентирање. Романот е пуштен во продажба и оставен на читателите да го изберат низ редиците многу книги во книжарниците.

Овој петок, во Прилеп (не само затоа што авторката е од Прилеп), во џез клубот Take Five, прв пат гласно ќе слушнеме како звучат зборовите напишани во овој роман. Интимно читање на романот во еден здив, заедно со музиката од романот.

Ова читање, заедно со впечатоците на читателите (напишани или снимени), ќе бидат дел од промотивниот филм за романот што е дел од официјалната промоција која ќе следува во септември.

Се работи за еден колажен роман, што се базира на две приказни: љубовната приказна на една млада писателка, од една, и дел од романот што самата го пишува, од друга страна. Клучна одредница на романот е цитатноста, односно, воспоставените интертекстуални и интермедијални релации со многубројни песни од современата музика, како и со реплики од познати драмски остварувања. Во прилог на хибридноста на жанрот се и писмата и неколкуте дневнички записи суптилно интерполирани во структурата на романот.
***
Романот прикажува класичен љубовен триаголник, но мора да се нагласи дека воопшто нема патетика во третманот на љубовта, на против! Љубовта е грчевита, драматична, впрочем, како и во животот. Интровертниот свет на главната хероина се темели на сеќавања и реминисценции, на реални и фиктивни доживувања, на емоции и музика…

Радио драма: „Хамлетмашина“ од Милер во режија на Зоја Бузалковска

„Хамлетмашина“, можеби најконтроверзниот драмски експеримент на Хајнер Милер, е краток постмодернистички драмски текст напишан во 1977 година, до денес неверојатно актуелен по силината со која ја отсликува положбата на интелектуалецот во современиот свет низ призмата на добро познатите хамлетовски дилеми.

Во својот катаклизмичен текст, Хајнер Милер ги испитува механизмите за борба. Актерот-Носител на хамлетовиот лик му се спротивставува на Хамлет-ликот. Хамлетовските интелектуални дилеми на немоќ на насилството да се одговори со насилство, во кое единствената автентична желба е да се биде машина без мозок, се претвораат во Офелиина/Електрина потреба од експлозивна насилничка побуна на работ на издржливоста и самоконтролата.

Радио-драмата „Хамлетмашина“ во видувањето на Бузалковска е аларм, црвено светло кое преку мрачните визии на Милер потсетува дека долгогодишното потиснување на желбата за слобода, еднаквост и правда произведува агресија која може да води кон ослободување или кон потполно уништување, разорување, одмазда. А таму, на крајот од Милеровата потрага по излез од крвавото колење, е тишината. Ледено доба.

Настапуваат:

Хамлет: Александар Степанулески
Офелија: Нина Максимова
Наратор: Зоја Бузалковска

Монтажа: Николај Митревски