Home Blog Page 4340

Виц: Доага директорот од сабајле на работа

Доага директорот од сабајле на работа и ја гледа секретарката како се прозева и се протегнува целата и ја прашува..
– Што ти е вака од сабајле?
А она срамежливо:
– Ееееее директоре, па ништо не ми е…
Тој упорно:
– Штом вака толку се тегнеш и се прозеваш, или ти се спие, или ти се ебе.
Она пак:
– Не, не ништо не ми е.
И директорот си заминал.Д ругиот ден повторно истата ситуација. Влегува директорот и секретарката се прозева и вели:
– Леле, ама ич не ми се спие…

Виц: Мара оде на суд

Мара оде на суд и судијата а прашуе да каже како се случило силувањето:
– Прво ме фрли на земја, потоа ми ја раскина облеката… ми ја врза устата, па ми ги врза рацете, а да не ги раширев нозете и тие ќе ми ги врзеше.

Виц: Студентка болна од „круг и пол“

Девојка оди на испит на факултет. Ѝ се паднале тешки прашања, кои се разбира не ги знаела. Професорот ѝ вели:
– Ќе треба да ви пишам 5-ка, но ако се најдеме вечерва, може и да положите…
– Добро професоре, но сум должна да ве предупредам дека сум болна од една болест, која се вика „круг и пол“.
Професорот не слушнал за таква болест, па решил да ризикува. Се сретнал вечерта со студентката и преспал со неа. Наредниот ден професорот оди низ Факултетот и се сретнува со својот колега што предава математика.
– Колега, не знаеш случајно што болест е таа „круг и пол“?
– Се разбира дека знам. Еден круг е два Пи Ер / 2πR /, а круг и пол е три Пи Ер / 3πR /.

Виц: Гола плавуша во казино

Згодна надарена плавуша влегува во казино, вади 10.000 евра и им вели на мажите околу масата:
– Се надевам дека нема да ви смета ако се соблечам гола, така имам повеќе среќа.
Мажите, како во некој транс, сите хипнотизирани од глетката, формално се согласиле откако таа веќе се соблекла, па убавицата ги фрлила коцките и вели:
– Ајде коцкички, ајде, ми требаат нови алишта.
Коцките паднале, плавушата почнала да скока од среќа и да ги гушка мажите околу неа:
– Погодок, погодок!! Ви благодарам многу !!
Плавушата ги зела сите пари од масата, се облекла и си заминала.
Мажите гледаат и не им се верува што се случило.
По некое време некој од нив прашал:
– А бе виде некој што број и падна на оваа?

Виц: Како настанал земјотресот?

Како настанал земјотресот?

Еден Црногорец зел мотика во рака и решил да копа, да поработи малку. Тогаш Земјата, кога го видела тоа, отворила уста да се смее, па почнала и да се тресе од смеење.

Виц: Најјако на одмор во Трст

Внукот му се доверил на својот дедо дека му се оди на одмор, некаде нагоре, Хрватска, Италија…. Дедото ја слушнал желбата и му рекол:
– Јас никогаш подобро не сум си поминал отколку во Трст. Тоа беше незаборавно! Еднаш влеговме во кафана, испивме се што имаше, ги свртевме сите жени и на крај од бес ги извадивме и се измочавме на шанк. И никој ништо не ни кажа!
Внукот се попалил, отишол во Трст и за 15 дена се враќа дома, помодрен од ќотек.
– Ама што се случило?
– Море да ти ебам и Трст и сè. Направивме исто како и ти. Некако не толерираа со пијачката, со жените не ни одеше баш најдобро ама кога ги извадивме да се измочаме на шанк ни рипнаа и не сoкапаа од тепање.
– Внучко, а со кого беше?
– Па, со еден другар. А ти со кого беше во Трст?
– Па и јас бев со другарите, со Мирко, со Славко, со партизаните…

Виц: Чии се гаќичкиве?

Сопругата ја собира јакната од сопругот за перење и наоѓа женски гаќички во џебот.

– Ѓурбре курварско, одма кажувај чии се гаќиве во џебот од твојава јакна?! – урла жената.

– Ми ги даде комшијата од трети, ми рече дека си ги заборавила кај него – твои се.

Заборавени олимписки спортови кои нема да ги гледаме во Рио

Со текот на годините и изданијата на летните Олимписки игри, некои спортови кои своевремено беа дел од олимписките натпревари, во меѓувреме исчезнаа и беа заменети со други. Затоа, во галеријата подолу, ве потсетуваме на низа олимписки спортови кои веќе се дел од олимписката историја и нема да ги гледаме во Рио.

4.8.olimpiski-vlecenje-jaze

Влечење јаже

4.8.olimpiski-kacuvanje-jaze

Качување на јаже

4.8.olimpiski-krevanie-tovar-edna-raka

Кревање товар со една рака

4.8.olimpiski-let-so-balon

Летање со балон

4.8.olimpiski-gagjanje-glineni-gulabi

Гаѓање глинени гулаби

4.8.olimpiski-velosipedizam-tandem

Велосипедски тандем

4.8.olimpiski-solo_sinhornizirano_plivanje

Соло синхронизирано пливање

4.8.olimpiski-roller_hokej

Ролер хокеј

Виц: Сообраќајна полиција на ладното во зима

Лута зима, снег до колена. На една раскрсница мрзнат двајца полицајци. Толку им дошло преку глава што ги запираат сите коли. Запираат една кола и му велат на возачот:
– Воопшто не ни е гајле дали имаш документи , дали си пиел, дали колата ти е исправна. Излегувај од колата и почнувај да мочаш на снегот. Ако успееш да напишеш „Сообраќајна полиција“ ќе те пуштиме, ако не успееш вади илјадарка и да те нема.
Излегува возачот, почнува да моча и да пишува. Доаѓа до „Сообраќ“ и не може повеќе. Ја плаќа казната од 1000 ден. и си оди.
Запираат следен автомобил. Возачот доаѓа до „Сообраќајна по“ и застанува. И тој вади илјадарка, си плаќа и си оди.
По некое време кон полицајците наближува раскршен 101. Го запираат. Зад воланот седи Рамче. Му ги објаснуваат условите а тој им вели:
– Нема проблем. Ако сакате и „Сообраќајна полиција на Република Македонија“ ќе ви напишам на снегот со мочање, материјал имам колку сакаш. Ама ќе треба некој да ми го држи „пенкалото“ и да пишува, оти јас сум неписмен.

Виц: Дијазепам или лоразепам?

Оди една госпоѓа во аптека и ја прашува аптекарката:

– Што ми препорачувате дека е подобро да му земам на сопругот – лоразепам или дијазепам?

– А извинете, која е дијагнозата? – ја прашува аптекарката.

– Штикли од 150 евра, ташна од 200 евра и капут од 200 евра.