Home Blog Page 4339

Виц: Секс во тројка

– Ајде бе, драги, што се лутиш?!

– Мрш, мори! Уште прашуваш зошто сум се лутел…

– Па, нели твоја беше идејата за секс во тројка…

– Моја беше, да. Ама мислев дека и јас ќе учествувам!

Виц: Пушач и непушач

Двајца другар, едниот пушач другиот не сака ни да помириса цигара, си прават муабет и овој вториов го вразумува првиот:

– Брат, по колку цигари дневно пушиш?

– По три кутии брат.

– Колку чини една кутија?

– Евро и пол.

– А колку години имаш?

– 30.

– Од колку години пушиш?

– Од 15.

– Ти брат за 15 години си спискал на цигари околу 25.000 евра. Да не си пушел, сега ќе возеше нов џип.

– А да те прашам јас тебе брат – ти пушиш?

– Не.

– Па, КАЈ ТИ Е ЏИПОТ БЕ, БРАТ?!?!

Виц: Годишен одмор

Го вика шефот Трпе во својата канцеларија и го прашува:

– Трпе, брат, сакаш ли бе ти испотени жени?

– Не бе, шеф, кој сака испотени жени!?

– А топло пиво пиеш ли бе, Трпе?

– Скраја било, шеф, кој сака да пие тополо пиво, дај не ме зезај.

– Тогаш Трпе, брат, верувам нема да ти е фрка годишниот одмор да го искористиш в зима.

24 години го градат својот островски рај – пловечки остров од бајките

За двајца уметници, брачен пар кој живее во канадските шуми, најдобар начин за бегање од секојдневието не е луксузен одмор на некое „мејнстрим“ егзотично место, туку нивниот пловечки островски рај кој самите го градеа во изминатите 24 години.

16.8.ostrov1

Кетрин Кинг и Вејн Адамс изминативе две и пол децении ги минаа во конструирање на нивниот приватен пловечки остров кој го нарекуваат Freedom Cove (или во превод „Заливот на слободата“). За реализација на оваа нивна монументална визија тие го осмислија секој детал и структура од нивниот островски рај, а изработката ја направија рачно, само со рачна пила и чекан, како што вели Адамс.

16.8.ostrov2

„Се надевав дека преку уметноста ќе заработам повеќе пари, но испадна дека егзистенцијата да ни биде најголем предизвик. Никогаш немаше да можеме да си дозволиме да поседуваме сопствен имот, па мораше да си направиме еден таков“, објаснува Адамс.

16.8.ostrov3

Еве ја и видео приказната за нивната островска идила. Погледнет и уживајте, сигурно ќе научите нешто, а може и ќе се инспирирате за сличен потфат.

Во близина на штипско Криви Дол откриена базилика стара 1.500 години

На петнаесетина километри југозападно од штипското село Криви Дол, во тешко пристапен и пуст предел деновиве беше откриена рановизантиска базилика стара околу 15 века.

Иако е во близина на магистралниот пат Штип – Велес и до новиот автопат во изградба Штип – Скопје, до новото археолошко наоѓалиште Аргачи се стигнува само пеш, со теренско возило или трактор. Археолозите велат дека базиликата долга 16, а широка 10,4 метри изгледа импозантно во предел со голи ридишта во кој сега нема луѓе, па дури ни сигнал за мобилен телефон, но стариот сакрален објект покажал дека тука некогаш имало шуми, поле полно со живот. Проектот е на Институтот за историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и се реализира во соработка со стручна екипа од штипскиот Завод и музеј. Дел е од капиталните проекти на Управата за заштита на културното наследство и Министерството за култура.

„Станува збор за трикорабна базилика, која, најверојатно, потекнува од 5 или од 6 век од новата ера. Градена е многу солидно со материјал од овој терен, главно доброобработен камен, со столбови, а најдобро сочуван е апсидалниот дел. Таа е со фасцинантни димензии, ја градело локалното население за кое не можеме да констатираме каде точно живеело. Веројатно било овде, во близина, на некој сè уште непознат археолошки локалитет“, истакнува раководителот на проектот, Марјан Јованов од Институтот. На локалитетот каде што пред две децении се регистрирани диви копачи, од кои тогаш бил одземен и археолошки материјал, истражувањата почнаа пред дваесетина дена, ќе траат уште толку, а најавено е нивно продолжување и в година.

„Овој крај, во чија близина секогаш се вкрстувале важни патишта, а блиску е и реката Брегалница, е многу богат со археолошки локалитети. Околу Криви Дол се и наоѓаат и локалитетот Грамади од римскиот период, потоа бронзенодопската Бежанија, па Старо Село со некропола и црква од средниот век, а во близина е и таканаречениот Ѓаволски ѕид, кој е на светиниколска територија. Не случајно и оваа, новооткриена базилика е на овие простори, кои заслужуваат почести истражувања и анализи“, вели Митко Штерјов од штипскиот Завод и музеј.

Топ 10 генијални идеи како да ги искористите старите палети

Палетите лесно се наоѓаат, евтини се, а можат да послужат како фантастичен материјал или декорација. Важно е да бидите креативни, а во продолжение можете да видите 10 генијални идеи како да ги искористите старите палети.

Taratur.com_Paleti_Extra

На Кокино ќе се одржи мултимедијалниот фестивал „Тврдина на Сонцето”!

На локацијата на мегалитската опсерваторија Кокино, на 21-ви август (недела) ќе се одржи целодневниот културен хепенинг КОКИНО – Тврдина на сонцето. Овој несекојдневен настан е организиран за едно поинакво афирмирање на мегалитската опсерваторија, која според НАСА се наоѓа на четврто место на најстарите опсерватории во светот.

Со грижливо селектирана програма, мултимедијалниот фестивал „Тврдина на сонцето” има цел да ѝ даде поинаква живост и промоција на самата мегалитска опсерваторија, без да се нарушат атмосферата и духот на самиот локалитет. Во рамки на програмските активности, на Кокино ќе се одржат повеќе работилници, предавања, поетско читање и филмски проекции, а вечерта е резервирана за музичката програма и настапите на КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, ФОЛТИН и МУХАМЕД ИБРАИМИ.

Во недела, во подножјето на Кокино, долж обележаната рута и во просторот на самата опсерваторија нѐ очекуваат мноштво културни активности. Програмските активности на настанот почнуваат во попладневните часови со организирани, едукативни тури до опсерваторијата, но и организираните работилници за филигран, керамика, компостирање, оригами, а паралелно со нив ќе се одвиваат и предавања од областа на астрономијата.

Перформативните активности на настанот пак стартуваат со поетско читање, со кое се отвора главната сцена. По читањето, во вечерните часови продолжува музичка програма и перформансите во живо во чии рамки ќе настапат МУХАМЕД ИБРАИМИ, ФОЛТИН и КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ.

Посебно уживање е предвидено и со затворањето на настанот, кога ќе се одвива набљудување на ѕвездите и кино под отворено небо. Во опуштена атмосфера на магичната локација и со избор на краткометражни филмски продукции околу полноќ ја затвораме целодневната дружба.

Влезот за настанот е бесплатен, а за истиот е организиран и автобуски превоз од Скопје.

Билетите за организираниот автобуски превоз на релација Скопје – Кокино – Скопје чинат 200 денари.

За време на настанот ќе биде регулиран и пристапот до локацијата со автомобили, за што пак е обезбеден посебен паркинг простор, кој посетителите ќе ги чини 100 денари од возило.

Бидејќи специфичноста на локацијата наметнува посебни услови пред сѐ од безбедносен и еколошки аспект, апелираме до посетителите во што поголем број да го користат организираниот автобуски превоз. Доколку сепак се одлучите на настанот да дојдете со сопствено возило, поради строго ограничениот капацитет ве советуваме што поскоро да го осигурате билетот за пристап до паркингот на настанот. На овој начин, покрај тоа што посетителите придонесуваат во еколошкиот аспект на настанот, тие воедно и донираат за помош на настраданото население од поплавата во Скопје.

Имено, сите средства од продажбата на овие билети целосно ќе бидат донирани за помош на загрозеното население од поплавените подрачја, а со цел да се соберат што повеќе средства, на локацијата каде што ќе се одржува фестивалот ќе има и пунктови за донации.

Билетите за возилата и за организираниот превоз се достапни во претпродажба преку продажната мрежа на МКтикетс, како и онлајн на овој линк. Наскоро ќе бидат објавени повеќе детали за настанот, програмата и организираниот превоз, а сите новости можете да ги следите и на официјалната „Фејсбук” страница за настанот.

Виц: Црногорец на плажа

Стои Црногорец на плажа во Будва и гледа како се дави еден турист.
Доаѓа друг Црногорец и го прашува:
– Што правиш бре пријателе?
– Еве го гледам оној јадниот што се дави.
– А ние овде си стоиме?
– Си стоиме.
– Па ајде да си седнеме.

Виц: Блажо и Нацо живееле стан до стан

Блажо и Нацо живееле стан до стан, ама Mара ногу била гласна у сексот и една Вечер Нацо му рекол на Блажо:
—Значи Блажо, не се издржуе даа, твоа Мара е ногу гласна и не се спие…
—Е шо да праам бе Нацо, ај кажи…..
—Ами залепи и селотејп……
Вечерта Блажо и залепил селотејп, и почнл да а работе….
После некое време викнал:
—Нацо, убаво ли се осеќаш сеа….
—Супер Блажо, терај…….
Втор’та вечер:
—Нацо, како сеа…..
—Супер Блашка…..
И трет’та вечер, Нацо му вика на Блажо:
—Одма да и го извадиш селотејпот…
—-Е шо е сеа даа, ами тиха е она……
—Арно шо она е тиха, ама сеа цела зграда мисле дека мене ме ебиш…..

Свечена академија по повод 1100-годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски

Во древниот Охрид синоќа со Свечена научна академија се чествуваше 1.100-годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски, великиот сесловенски учител, простветител, мисионер, духовник, прв епископ меѓу јужните Словени и основоположник на прочуената Охридска книжевна школа.

Во обраќањето пред присутните на Академијата претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов укажа на солидарноста и хуманоста што деновиве македонските граѓани ја покажуваат кон настраданите од катастрофалните поплави во Скопје, нагласувајќи дека тие се токму дел од наследството што ни го остави светиот Климент Охридски.

Изразувајќи уште еднаш сочуство до настраданите и до семејствата на загинатите во невремето што се случи во саботата, Иванов нагласи дека неговите мисли се со неговите сограѓани во поплавените подрачја на Скопје, со семејствата кои ги загубија своите најблиски, со луѓето кои ги изгубија своите домови…

Порача дека треба да се следи примерот на Свети Климент и дека независно од етничката, јазичната, културната, политичката, социјалната или родова припадност, „треба меѓусебно да си помагаме особено во време на неволји и потреби, какви што сега имаме во Македонија“.

– Тоа ќе го направиме ако се вратиме на неговиот повик. А тоа е повик да си помагаме еден на друг… да стекнеме братољубие, љубов кон бедните, гостопримство, кроткост, воздржување, и во сè што правиме да се престигнуваме во добрина. А во време на неволји и предизвици со кои се соочуваме по катастрофалните поплави, почитувањето на светиклиментовиот повик ни е повеќе од неопходно. Само така ќе ги обновиме навиките на срцето што ни се неопходни за да можеме сите заедно да бидеме достојни наследници на нашиот голем учител Климент Охридски, истакна во говорот шефот на државата.

Претседателот Иванов уште ја истакна потребата од зачувување на богатото јазично, просветно, духовно и морално наследство на Св. Климент Охридски, како и неопходноста од пренесување на неговото наследство на младите.

– Сите ние кои сме дел од Словенството како јазична заедница сме рамноправни Климентови наследници. И како наследници, имаме споделени права, но и должности. Должности да се грижиме за она што ни е оставено, меѓусебно да го споделуваме и да го пренесуваме на идните поколенија, порача македонскиот претседател.

Претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, укажа на заслугата што му припаѓа на Свети Климент Охридски во отелотворувањето на промовираната идеја словенскиот род да го слави и велича Бог на свој јазик, која прерасна во величенствена хуманистичка вертикала – да се толкува христијанското учење на свој јазик и да се воздигнуваат човечките доблести преку своја оригинална литература.

– Можеме да речеме дека исчезнале народите кои немале свое писмо и своја книга, а со тоа, како што се велело во тоа време, од Бога дар за јазици, особено за нивниот придружник Словото, дар за создавање и разговор со книги, дар за скриените тајни во формите на зборовите. Тој дар нам на Македонците и на сите словенски народи, ни го осуштестви Свети Климент, а неговите ученици го пренесуваа од колена на колено низ сите следни векови, како што ние денес им го пренесуваме на генерациите како залог за иднината, рече академик Фити.

Токму таа мисла на Светиот Климент изговорена пред повеќе од 11 века ја сублимира суштината на модерната идеја за рамноправност меѓу народите, за рамноправност на јазиците, за природните човекови права и слободи, како еден од столбовите на вредносниот систем на европскиот хуманизам, врв кој опстојува модерна Европа и на современата светска цивилизација во целина.

Во име на охриѓани, почит кон нивниот духовен заштитник и патрон на градот Охрид, искажа и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.

– Охрид со Свети Климент и со неговиот духовен брат Св. Наум пред 1.100 години не беше само „обична европска провинција“ туку значајна образовна, културна и духовна европска престолнина од којашто и тогаш, а и сега се шират писменоста и цивилизациските вредности. Нивната посветеност и продуховеност и денес го потсетуваат светот за големите дела коишто доаѓаат од еден мал народ. Токму затоа делото на Свети Климент е нашата духовна, културна и национална инспирација, рече Бакрачески.

Пред грандиозното дело на сесловенскиот духовен отец Свети Климент Охридски преку свои излагања на Академијата се поклонија и претседателот на Бугарската академија на науки, академик Стефан Воденичаров, академик Владимир Костиќ, претседател на Српската академија на науки и уметности, Момир Ѓуровиќ, претседател на Академијата на науки на Црна Гора, Милош Трифковиќ, претседател на Академијата на науките и уметностите на БиХ, академик Тадеј Бајд претседател на Словенечката академија на науки и уметности и професор Сузана Миљан во име на Хрватската академија на науки и уметности. Сите говорници искажаа сочувство за семејствата на трагично загинатите во невремето што го зафати скопскиот регион и во духот на учењето на Свети Климент изразија солидарност со македонскиот народ.

Илјада и стогодишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски, како значаен јубилеј за Република Македонија, се одбележува со многубројни активности и културни настани посветени на животот и делото на овој голем македонски просветител.

Во црквата Света Софија во Охрид вчера беше отворена и изложбата „Портретите на Свети Климент Охридски во ликовната уметност во Македонија и во соседните земји“ и беше приреден молебен и положено цвеќе пред гробот на Свети Климент што се наоѓа во храмот што тој го изгради на Плаошник.