Home Blog Page 4338

Виц: Македонските фудбалери на светско првенство

Македонска фудбалска репрезентација еднаш некако успеала да се пласира на светско првенство. Загрижени отишле кај гатачка за да им го предвиди исходот од првенството. Гатачката фрлила гравчиња во тавата, гледа во нив и им вели:
– Ќе освоите четири први места.
– Како тоа?
– Први ќе отидете, први ќе играте, први ќе изгубите, први ќе се вратите.

Излезе електронската збирка поезија „Поплава“

Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, преку глобалното движење „100 Илјади поети за промена“ Македонија во соработка со Scuola di poesia – Школа за поезија – Делегација Македонија, ги повика сите поети од Македонија и пошироко да споделат своја поезија на тема „#ПОПЛАВА“.

20.08korica-poplavaОваа е-збирка неповторливо наречена „Поплава“ по самата природна стихија која зафати голем дел од Скопје, опфаќа 60-на автори – поети кои освен што се вклучија во сите хуманитарни акции решија да ја поддржат и оваа иницијатива и да споделат дел од нивните стихови кои се создале како резултат на неколкудневната меланхолија, тага и жал кои се наметнаа како аманет од тоа што се случи.

Социјално ангажираната поезија како современа алатка е од исклучителна важност за подигањето на свеста кај граѓаните за сите (не)природни несреќи кои ни се случуваат. Со споделувањето стихови докажуваме дека можеме да си помогнеме меѓусебно, на едно повисоко и попродлабочено духовно и ментално ниво, но и да се потсетиме на тоа колку е животот важен и непредвидлив.

Многумина оваа природна катастрофа ја споредуваат со онаа која го удри Скопје 1963 година, односно земјотресот кој сруши(л) сѐ пред себе. Но како и земјотресот и оваа несреќа ќе биде врежана во меморијата на македонскиот народ како една од најголемите природни катастрофи кои го погодиле нашето подрачје.

Секојдневно сме сведоци на природни катастрофи кои погодуваат делови од светот. Секојдневно гледаме енормни листи на жртви од разноразни (не)природни сценарија кои нѐ окупираат, кои вродуваат страв во нас, несигурност, потреба да бидеме побслиску до најсаканите, да се обединиме и да си помогнеме.

Таква е и целта на оваа е-збирка „Поплава“. Обединување на поетите кои зборот го имаат како најсилна алатка за зближување, меѓусебната размена на мисли исполнети со сочувство, емоции силни како сонце по овој пороен дожд и љубов и разбирање.

Е-збирката поезија „Поплава“ е своевиден директен посматрач, антологиски одговор на пулсирањето на народот, документаристички приказ на (не)виденото и (не)слушнатото, поетска молитва за животите на настраданите, и во одредени граници утопистички вознес природата да не се однесува така кон човекот.  

Оваа е-стихозбирка насловена #ПОПЛАВА ќе послужи како сеќавање и/ или лузна за едно време – невреме!

Виц: Влажен сон

Се будат утрото Трпе и Трпана, па таа му вели:

– Ноќеска плачеше во сонот…

– Да? А бе, те сонував дека си ме напуштила, си избегала од мене.

– И за тоа плачеше?

– Не бе, срцка, брзо се врати назад, затоа.

Виц: Младите невести и бабата

Си прават на кафе муабет две млади невести, па едната се жали:

– Маче, многу сум депресивна. Ме отепа депресија.

Го потслушнала од другата страна на собата тоа бабата, па им вели:

– Ееее, невесто, во наше време тоа се викаше МРЗА.

Виц: Внучко, стани јас да седнам

Влегува една уморена баба во градски автобус, сите седишта зафатени, па му вели на едно момче кое седи:

– Внучко, ај стани и направи ми место да седнам јас, стара сум и уморена, ме болат нозете.

– Бабо, ти кога беше млада им стануваше ли на постари за да седнат? – прашува дечкото.

– Да, секогаш им правев место на постари.

– Е па, затоа сега те болат нозете бабо.

Овој рудник во Русија вреди 15 милијарди евра – дознајте што ископуваат во него

Рудникот за дијаманти „Мир“ во Сибир е толку голем што со право го носи името „најскапа дупка во светот”. Длабочината на кратерот изнесува 525 метри, а обемот 1.600 метри.

18.8.rudnik-mir1

Поради длабочината над него е воведена строга забрана за летање, бидејќи вртлогот може да ги повлече хеликоптерите и другите летала.

18.8.rudnik-mir2

Вредност на „Мир“ се проценува на 15 милијарди евра. Во овој рудник, кој се наоѓа на 8.000 километри источно од Москва, во текот на 2014 година биле ископани дури шест милиони карати дијаманти.

18.8.rudnik-mir3 18.8.rudnik-mir4

Рудникот е сопственост на руската компанија „Алроса”, која пласира една четвртина од вкупното светско годишно производство на дијаманти.

Рудникот го опкружува град со 35.000 жители. Една од нив е Ајталина, која е родена и пораснала во Јакутск. Таа со сопругот и двете деца таму се доселила пред осум години.

18.8.rudnik-mir5 18.8.rudnik-mir6

– Кога се омажив со Генадиј, често се селевме поради неговата работа. Мислев дека ќе пливам во дијаманти. Тој тогаш ми објасни дека сите дијаманти што ги пронаоѓа ѝ припаѓаат на државата и дека целиот процес е строго контролиран. Џебовите не ни се полни со дијаманти, но живееме подобро отколку во Јакутск – вели таа.

18.8.rudnik-mir7

Најголемите пронајдени дијаманти во овој рудник биле со големина на топчиња за голф.

18.8.rudnik-mir8 18.8.rudnik-mir9

Баталете трендови – женските презимиња според правопис треба да завршуваат на „А“

Новото дополнето и подновено издание на Правописот на македонскиот јазик ќе биде готово и веројатно достапно за употреба наредната година.

Тоа ќе биде со поголем обем од досегашните изданија, ќе содржи две нови поглавја и шест нови теми, препораки и нови примери од современата македонска белетристика, од преводната литература, од стручната литература, од публицистиката и по потреба, од другите функционални стилови, пренесува Дневник.

Главниот координатор Елка Јачева-Улчар од Институтот за македонски јазик „Kрсте Мисирков“ вели дека до крајот на годинава треба да се реализираат уште најмалку четири стручни расправи за поглавјата: географски имиња, скратеници и за пообемното транскрипција на туѓите имиња. По ова, редакцијата, во која членуваат и Снежана Веновска-Антевска и Симона Груевска-Маџоска од Институтот за македонски јазик, и Симон Саздов и Живко Цветковски од Филолошкиот факултет во Скопје, ќе го дооформи ракописот. Потоа ќе биде ставен на јавна расправа.

Осовременувањето на правописот е еден од главните приоритети во Националната стратегија за култура 2013-2017. Од иницијативата во 2012 година на Министерството за култура до денес работата значително е напредната. Во работата на Правописот покрај двајцата живи автори од претходниот правопис (Kирил Kонески и Радмила Угринова-Скаловска) учествува тим од околу 60 научни работници-македонисти. Новото издание ќе изобилува со современи примери, а ќе има место и за најновите зборови од туѓо потекло, кои се и најпроблематични од аспект на пишувањето.

– Правописот ќе биде надополнет со две нови поглавја, а секое од поглавјата ќе содржи измени во смисла на надополнување со примери што ги налага современиот јазичен писмен израз, вели Јачева-Улчар за Дневник.

Таа објаснува дека дополнување и измени ќе претрпат, речиси, сите предвидени поглавја во Правописот: пишување на гласовите, правила за правоговор, употребата на големата и на малата буква, слеано и разделено пишување на зборовите, делење на зборот на крајот од редот, скратеници и скратување на зборовите, транскрипција и транслитерација на туѓите имиња, предавање на македонското писмо со латиница, интерпункција, правописни знаци, географски и други имиња.

На пример, придавките северен, јужен, источен и западен пред имиња ќе се пишуваат со голема буква без разлика на значењето (Јужна Европа, Јужна Kореја).

Јачева-Улчар додава и дека ќе бидат дадени и препораки што се однесуваат на женскиот облик на македонското презиме, за избегнување хипокористични форми на имињата за официјални, како и имиња од туѓо потекло кои отскокнуваат од македонскиот антропонимиски репертоар.

На пример, во препораката за женските презимиња ќе стои дека според нашата традиција истите имаат женски облик и завршуваат на -ева/-ова и -е(в)ска/-о(в)ска. Употребата на машката форма на презимето за лица од женски пол не е ниту во духот ниту во традицијата на македонскиот антропонимиски систем, што во крајна линија значи и кршење на македонската јазична норма.

Концерт на прилепски солисти

Во рамки на Прилепско културно лето 2016 година, во четврток 18.08.2016 прилепчани ќе имаат несекојдневна можност да слушнат и да уживаат во композиции од класичната музика, изведени од професионални музичари, уметници од Прилеп.

Така, во изложбениот салон при ЦК Марко Цепенков ќе настапат Гоце Секулоски (труба), Ана Митоска – Стојаноска (вокал), Катерина Попоска (вокал), Андријана Дукоска (виолончело), Ангелка Поповска (флејта) и Денис Најдоски (пијано). На програмата ќе се најдат дела од: Giovanni Legrenzi, Antonio Vivaldi, Jean Hubeau, Paul Hindemith, Isaac Albeniz, Camille Saint-Saens.

Виц: Ти мене не ме сакаш!

Двајца другари си прават муабет:

– Брат, се скарав со девојката.

– Аман бе!? Само два месеци бевте во врска, што се случи?

– А бе, цело време, без престан, ми велеше „ти мене не ме сакаш…ти мене не ме сакаш“.

– И?

– И ништо, на крај ме убеди дека не ја сакам…

Виц: Не може да ме задоволи

На судска бракоразводна парница.

Судијата ја прашува жената: – Зошто сакате да се разведете од вашиот сопруг?

Таа: – Не може да ме задоволи! Затоа сакам развод.

Женски глас од судницата: – Да бе, тој секоја жена може да ја задоволи, само тебе не!

Машки глас од присутните: – Баталија брат! Неа никој не може да ја задоволи.