Home Blog Page 4335

Виц: Што не го баталиш пушењето

Дечко ја прашува една девојка:

– Што се труеш со цигари, што не го баталиш пушењето цигари кога има електронски?

Таа му одговара:

– А бе, има и вибратори, ама со вистински маж е поубаво…

Виц: Ајде станувај за на школо

На први септември:

– Ајде, станувај, време е за прв школски ден, не треба да задоцниш.

– Остави ме, не ми се оди, ме мразат сите деца, ме мразат и сите наставници.

– Станувај бре, говедо едно, имаш 53 години, директор си на училиштето, не смееш да задоцниш!

Виц: Женска беља

Си прават муабет Трпе и Перо, па Трпе му вели:

– Разбра ли бе, Ристо го снашла ептен страшна женска беља. Голема несреќа.

– Што зборуваш, бе! Што му се случило?!

– Избегале заедно со жена ми во странство.

Виц: Ај биди како пастувот

Маж и жена се шетаат во природа. Гледаат на една ливада довеле еден коњ да ги оплодува кобилите. Стопанот го гали по главата, потоа го чешка зад увото и коњот скока на кобилата. Со следната кобила пак така – галење по главата, чепкање зад увото и коњот отскокнува. Така седум пати.

Вечерта си легнуваат да спијат, мажот се врти и веднаш почнува да ‘рчи. А жената место не ја фаќа. Се врти кон мажот и почнува да го гали по главата и да го чешка зад увото. На мажот му текнува што сака жена му и ја „опслужува“. Добро, ама таа пак почнува да го гали и чешка. Постапката се повторува. Кога по трет пат жената почнува да го чешка и гали, шепотејќи му „Ај биди како пастувот“, мажот ѝ вели:
– Жено, остави ме на мира! Коњот го чешкаа зад увото, ама му менуваа кобили…

Виц: Швалер на дело

Успеал некако швалерот од една жена да издржи во плакарот додека да заспие мажот кој ненадејно се вратил порано дома вечерта.

Кога заспал сопругот, овој зел една од неговите јакни за да не му студи гол кога ќе си оди, па полека излегол од плакарот.

Но, во тој момент се разбудил сопругот, па сиот сонлив, го гледа швалеров фатен на дело и го прашува:

– Кој си бе ти?!

Швалеров фатен во тесно, му вели:

– Јас сум молец!

– Па што правиш со мојата јакна?

– Дома ќе си ја јадам, бе брат, дома на раат ќе си ја јадам…

Со нула проценти емисија на СО2 – ова е најеколошката држава на светот

Мала земја со вкупен број на население од 750.000 жители, хималајската земја Бутан е горда на нејзините жители кои сакаат да ја зачуваат природата во нејзината оригинална форма и убавина. Земјата со години наназад се обидува да биде еколошка и да ја намали емисијата на штетни стакленички гасови.

31.8.butan1Иако нивната крајна цел беше емисијата на јаглерод диоксид да ја сведат на нула, сега тие постигнаа дури и негативно ниво, што значи дека шумите во земјата апсорбираат повеќе јаглерод диоксид отколку што емитуваат жителите.

31.8.butan2Населението на Бутан верува дека нивната среќа е поврзана за природата и доколку нема сооднос меѓу нив нема да има ни рамнотежа. Земјата не го мери својот успех според бруто домашниот производ како што прават сите други нации со пресметување на монетарната вредност на тоа што го произведуваат, туку ја мери бруто националната среќа.

31.8.butan3Заштитата на околината е вклучена во Уставот на Бутан и ги обврзува граѓаните барем 60% од површината на државата во секој момент да се покриени со шума. Моментално тој процент изнесува 72%, поради што и жителите се среќни.

31.8.butan4 31.8.butan5Зачувувањето на шумите и природната средина е во суштината на борбата со климатските промени, нешто што повеќето земји го игнорираат. Не само што Бутан ги штити шумите од сечење, туку постојано ја зголемува пошумената површина.

31.8.butan6 31.8.butan9Земјата се надева да придонесе за зачувувањето на средината и на други начини, како, на пример, со нула емисија на стакленички гасови и нула отпад до 2030 година, а до 2020 година сака целосно да се префрли на органско производство. Исто така, има склучено договор со Nissan за снабдување на земјата илјадници електрични возила.

31.8.butan7Gодинава Бутан засади неверојатни 108.000 дрвја во честа на раѓањето на првото дете на кралот Кесар и кралицата Џетсон. Минатата година, пак, екипа од 100 волонтери поставија светски рекорд засадувајќи 49.672 дрвја за само еден час.

Филмот „Роденден“ од Косара Митиќ со интернационална премиера во Унгарија

Краткометражниот игран филм „Роденден“ на младата филмска режисерка Косара Митиќ ќе учествува во официјалната конкуренција на 12. издание на Интернационалниот филмски фестивал за краток филм во Будимпешта, Унгарија. Македонската премиера на филмот ќе се одржи на 37. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.

Фестивалот за краток филм во Будимпешта се одвива во периодот од 30 август до 4 септември, а краткометражниот филм „Роденден“ на Косара Митиќ премиерно ќе биде прикажан на 31 август, што воедно ќе биде негова интернационална премиера. Една од главните цели на фестивалот е да го развијат, презентираат и промовираат културниот идентитет на Источно-европскиот аудио-визуелен сектор, овозможувајќи му да претстави повеќе експерти на пазарот.

Веднаш по интернационалната премиера, ќе следува и македонската премира на филмот во рамките на претстојниот 37. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, во програмата Мак Поинт.

Филмот „Роденден“ е филм за група тинејџери кои на еден бизарен начин го прославуваат полнолетството на нивниот другар, нудејќи му предлог кој нема да може да го одбие. Актерската екипа ја сочинуваат Никола Колев, Дениз Абдула, Александар Михајловски, Силвија Стојановска, Милица Стојанова, Ана Костовска, Сара Климовска и Емил Костовски.

Покрај режијата на филмот, Косара Митиќ се потпишува и како сценаристка на ова остварување. Директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер е Владимир Павловски, дизајнот на звук е дело на Игор Поповски, композитор е Игор Василев – Новоградска, сценограф е Кирил Спасески, костимограф е Емилија И. Атанасовска, шминкер е Симона Ристевска. Продукцијата на филмот е на „Сектор Филм“.

Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, известија од „Сектор Филм“.

Виц: Мажот со скршена глава

Маж на лекар. Лекарот:

– Господине, раната на главата ви е премногу длабока. Дали сте сигурни дека некој ве нападнал вака жестоко за само 500 денари?

– Да, апсолутно.

– А дали би го препознале напаѓачот ако го видите?

– Секако. Кој не би си ја препознал сопствената сопруга!

Виц: Плавуши на час по историја

Учителка држи час по историја на 20 плавуши. Часот го започнува со едноставно прашање:

– Каде се наоѓа Америка?

Дијана, една од плавушите, крева рака, станува од клупата, оди на карта и ја покажува Америка.

– Браво, седи Дијана. А дали знаете кој ја открил Америка?

Сите останати 19 плавуши во хор:

– Дијана!

Виц: Плавуши во бар

Влегуваат две згодни плавуши во еден бар, порачуваат по една пијачка, се чукаат со чашите, наздравуваат и викаат: „Две години! Две години!“.

По некое време порачуваат уште по една, повторно креваат чаши да наздрават и урлаат со смеење: „Две години!! Две години!!“

По некое време пак така, трета пијачка и пак муабетот со двете години.

Еден фраер кој пие сам до нив, ги гледа и слуша, па им вели: „Вие девојки како да славите нешто….некоја годишнина, роденден или друг јубилеј“.

Тие му викаат: „Не, туку купивме една сложувалка на која пишуваше од 3 до 5 години, а ние ја наредивме за две, па тоа го славиме“.