Home Blog Page 4334

Виц: Маче, пак ќе се мажам

Трпана и најавува на своја пријателка дека ќе се мажи по четврт пат: – Маче, пак ќе се мажам!
– Тоа е прекрасно, но, извини што прашувам, што стана со твоите претходни мажи.
– Првиот изеде отровни печурки и умре!
– Леле, колку трагично. А вториот?
– И вториот изеде отровни печурки и умре.
– Страшно! Страв ми е да прашам што се случи со третиот.
– Тој си го скрши вратот.
– Си го скрши вратот?
– Па, не сакаше да јаде печурки.

Виц: Новинарката и шампионот во риболов

Испратиле млада новинарка на натпревар во риболов. Направила таа неколку заеднички фотографии и отишла да ги интервјуира победниците. Почнала од бронзениот медал.
– Имавте среќа денес?
– Не е само среќа. Јас сум ОРЛ хирург (уво, нос и грло). Еднаш имав страшно многу работа и не ми остана време да купам мамци. Ги собрав остатоците од операционата сала… и го имав најубавиот риболов! Од тогаш ловам само на крајници.
Новинарката, малку под стрес, продолжила со сребрениот медал:
– А Вие?
– И јас како колегата сум хирург, специјалист за абдоминална хирургија. Нема сом или штука што може да му одолее на слепото црево!
Девојката веќе сосема збунета, оди кај победникот на натпреварот:
– И Вие ли сте хирург!?
– Не госпоѓице, јас сум локалниот оџа…

Виц: Попе, да ми го отпееш кучето?

Оди еден верник кај попот и му се жали:

– Попе, кучето ми е многу болно, а многу го сакам, не сакам да ми умре. Бива ли да му отпееш една молитва за здравје, може ќе му помине така?

– Невернику! Ние не пееме на животни во православната црква. Оди кај протестантите, тие за пари прават сè.

– Добро, попе, извини. А кажи ми, ќе ми стигнат ли 100 евра за кај протестантскиот свештеник?

– А бе чедо, што не кажа одма дека кучето ти е крстено!

Виц: Плавуша после операција

После успешно направена операција, другиот ден оди хирургот да го прегледа пациентот, една згодна плавуша, па таа го прашува:

– Докторе, кажете ми искрено, дали после операцијава ќе може да имам секс?

– Хмммм…..

– Знаев! Знаев дека нешто не е во ред!

– Не, не. Сè е во ред, ќе можете да имате секс, само никој досега не ме прашал тоа после операција на крајниците.

Виц: Циција татко

Упаѓа малиот во спалната од родителите и ги фаќа во акција.

– Тато, тато, дај ми бе 100 денари.

– Марш таму, ѓубре едно, како влегуваш така во спалната!!

– Тато, ептен си циција, да знаеш. Комшијата секогаш кога прави „вака“ со мама ми дава по 100 денари.

Виц: Брутално силување

На судско рочиште за случај на силување, судијата ја испрашува жртвата:

– Може да ми кажете што точно се случи?

– Ами, господин судија, ме раслече гола и почна брутално да ме силува.

– Ама објаснете малку попрецизно како…

– Паа…јас одозгора, тој одоздола…и така.

 

Нацистичкиот ресорт од Адолф Хитлер, Прора, ќе се прави луксузно одморалиште

Прора е крајморски ресорт на островот Риген, во Германија, познат по колосалната туристичка градба која ја изградиле таму Хитлер и нацистите.

4.9.prora1 4.9.prora2

Енормно големиот станбен комплекс беше изграден помеѓу 1936 и 1939 година. Осумте згради беа изградени со идентичен изглед, и иако беа планирани како ресорт за одмор, никогаш не беа искористени за таа намена.

4.9.prora3 4.9.prora4

Во тие три години, повеќе од 9.000 работници ги изградија објектите од цигли и бетон, во духот на volksgemeinschaft, создавајќи вистинска бетонска станбена мегаломанија.

4.9.prora5 4.9.prora6

Но, кога Третиот Рајх киниса во уништувачк воен поход низ Европа, работниците се вратија во нивните фабрики и Прора остана напуштен и запоставен. Објектот остана празен, да сведочи за пропаста за сонот на нацистите.

4.9.prora7 4.9.prora8

Тоа беше негова судбина до 2013 година, кога германската компанија Metropole Marketing ги откупи правата за обновување на Прора и изградба на луксузно летно одморалиште со апатрмански комплекси кои ќе работат преку цела година.

4.9.prora9 4.9.prora10

Тие очекуваат нивниот проект комплетно да биде завршен до 2022 година, а во него ќе бидат вклучени неколку од осумте блока на нацистичката градба, меѓу кои ќе има и Prora Solitaire Home и Prora Solitaire Hotel Apartmetnts and Spa сектори.

4.9.prora11 4.9.prora12

Блокот со апартмани во Прора беше пуште на почетокот од ова лето, а нивните цени се движат помеѓу 400.000 и 725.000 долари.

4.9.prora13 4.9.prora14 4.9.prora15 4.9.prora16 4.9.prora17 4.9.prora19

Виц: Што им е заедничко на Фејсбукот и еболата?

Муабетат двајца другари, и двајцата женети, па едниот му вели на другиот:

– Научниците велат дека симптоми на еболата се: потење, слабост, дијареа и болки во стомакот ….

– Па што бе, брат?!

– Знам како им е на тие што заболеле од оваа страшна болест. Исти симптоми добив синоќа, откако видов како жена ми седнува на компјутерот, а Фејсбук профилот сум си го оставил вклучен.

Нема шпици и се склопува како чадор – футуристички велосипед кој се носи во ранец

Италијанскиот продукт дизајнер Џанлука Сада го претстави прототипот на новиот велосипед без шпици, кој може да се преклопи во големина на еден чадор, што го прави совршен за патниците кои одат на многу кратки патувања.

2.9.Sada-Bike1 2.9.Sada-Bike3

„Тркалата немаат шпици, така што целиот систем се склопува со едно движење, а делот за пакување, исто така може да се користи и како ранец“- вели Сада.

2.9.Sada-Bike4 2.9.Sada-Bike5

„Овој велосипед има посебен систем за закотвување на тркалата кој користи помали тркала кои се сместени во мала рамка и специфичен уред за стегање, кој ќе ви овозможи да го склопите велосипедот брзо и лесно, користејќи го специјалниот пакет како трендовски ранец.“

2.9.Sada-Bike6

Виц: Човекот што заспивал на литургија

Еден човек во мало американско гратче секогаш заспивал на неделната литургија и ја срамел својата жена. Свештеникот ја посоветувал да земе една игла и секој пат кога види дека заспал, да го боцне. Следната недела свештеникот решил да провери што запаметиле луѓето од неговите проповеди.
– Кој е нашиот Спасител?
Жената видела дека мажот ѝ заспал и го боцнала.
– Исус Христос (Jesus Christ)! – се штрекнал и викнал тој.
– Многу добро! – Се израдувал свештеникот.
По некое време, мажот пак заспал. Свештеникот продолжил да прашува:
– Како му се обраќаме Нему во нашите молитви?
Жената пак го боцнала.
– Боже мој (My God)! – повторно срипал мажот целиот штрекнат.
– Токму така!
Наскоро мажот пак заспал и тоа длабоко. Свештеникот, пак поставил едно прашање:
– А што му рекла Ева на Адам, кога му го родила 99-тото дете?
Жената го боцнала силно длабоко заспаниот маж.
– Е доста е веќе! Ако уште еднаш ме боцнеш со тоа нешто, ќе го скршам на две и ќе ти го напикам во задникот!