Home Blog Page 4333

Виц: Лудакот и жената што се давела

Еден лудак трчал околу лудница и наеднаш здоглеал некоја жена kај што се дави. Чекај рекол,а да скокнам и да ја спасам можи ќе ме пуштат после да си одам дома.
Така и направил и после тоа оди кај дежурниот лекар и му вика:
– Докторе, додека трчав здогледав една жена кај што се дави…
– И ти што направи?
– Па скокнав и ја спасив.
Ааа, браво, значи си направил добро дело…И каде е сега жената?
– Ене ја онде, ја обесив да се суши.

Виц: Наставничката и дедото

Наставничката му вели на малиот Петре:

– Петре, кажи му на дедо ти утре да дојде на училиште кај мене.

– Наставничке, мислите да му кажам на татко ми да дојде?

– Не, не. Дедо ти да дојде, да му кажам какви грешки прави син му кога пишува домашна.

Виц: Како ќе го крстиме детето?

Се сексаат маж и жена, мажот целиот внесен да покаже сé што умее, а жената гледа во таванот и прашува:
– Како ќе го крстиме детето?
Мажот молчи и продолжува. Едно време жената пак прашува:
– Како ќе го крстиме детето?
Мажот повторно молчи и занесен продолжува да секса, а жената пак прашува:
– А како ќе го крстиме детето?
Мажот свршува, во темницата го вади кондомот, го врзува во чвор и го обесува на лустерот:
– Крсти го како сакаш, ама ако излезе од тука, дефинитивно ќе биде магионичар.

Виц: Разведен маж

Му вели едниот пријател на другиот:

– А бе, чув си се развел од жената?

– Да, децата останаа со мене.

– А куќата?

– На жената.

– А парите?

– Е, парите ги лапнаа адвокатите.

Виц: Пасворд од Wi-Fi на работа

Нов вработен во една фирма го прашува шефот:

– Шефе, има ли Wi-Fi во фирмава?

– Има, како не.

– Ќе може пасвордот?

– Може, пиши: nemaplatanaprvi…сето заедно и со мали.

Виц: Честито вработување

– Комши, ајде честито, слушам синот се вработил.

– Да, да, фала комши, да се враќа за арно и кај вас.

– А што работи?

– Комесар.

– Опа, во државно, браво, браво.

– Не, бе, какво државно, во приватно е, во една месара, помошник месар.

Виц: Волшебен збор за нов ајфон

Синот го ремети таткото да му купи нов ајфон:

– Тате, тате, ќе ми купиш нов ајфон?

– Кажи го волшебинот збор.

– Роска.

– Каква Роска бе, сине?!?

– Љубовницата твоја, тате, таа Роска.

– А кој модел ајфон сакаш?

Виц: Ајше родила дете за три месеци

Рамче и Ајша се венчале. По три месеци Ајша раѓа.
Рамче:
– Ајше, тоа дете не е од мене. Нема девет месеци, ма.
Ајша:
– Рамче, ти одеше ли три месеци со мене?
– Одев.
– Јас одев ли со тебе три месеци?
– Одеше…
– Значи станаа 6. И 3 од кога се оженивме?
– Точно 9, мори Ајше.

Виц: Изневерена плавуша

Си разговараат на кафе две плавуши, па едната вели:

– Бејби, мислам дека оној мојон ме изневерува со некоја…

– Како бе, маче, така? Од кај заклучи? Да не го фати на дело?

– Не бе, бејби, не го фатив, ама ниту едно од децана дома не личи на него.

Виц: Што си така скисната?

Сопругот ја прашува сопругата:

– Злато, што си така скисната отсабајле?

– Сигурно пак ми паднал притисокот.

– Сакаш апче или кафе…или сакаш да те изнервирам за да ти се крене?