Home Blog Page 4332

Sport Plaza Mercator: Архитектура, природна убавина и рекреација – „три во едно“

Спортскиот центар “SportPlaza Mercator” во Амстердам е така проектиран да изгледа како тврдина прекриена со растенија.

19-9-venhoevencs_sportplaza_mercator

“SportPlaza Mercator” е ултра модерен спортски центар каде се наоѓаат неколку базени, теретана, солариум, сауна, сала за фитнес и угостителски објекти.

19-9-venhoevencs_sportplaza_mercator2

Центарот е сместен на влез од парк во мултикултурниот регион De Baarsjes во Амстердам. Со желба подобро да го вклопат во околината, а и да го зачуваат природниот изглед на средината, архитектите ја камуфлираа неговата фасада со помош на растенија и цвеќиња.

19-9-venhoevencs_sportplaza_mercator1

Зад зелениот ѕид се наоѓа трокатна зграда со базени, сауна, фитнес центар како и банкет сали, ресторан за брза храна, кафетерии и детска игротека. Тука, се разбира е и отворениот базен.

19-9-venhoevencs_sportplaza_mercator3

Прозорите на покривот од друга страна се поставени стратешки за да се овозможи продор на природна светлина.

19-9-venhoevencs_sportplaza_mercator4

“SportPlaza Mercator” е отворен во 2006 година, но после неколку години ја доби наградата на холандскиот магазин “Dak & Gevel Groen”.

19-9-venhoevencs_sportplaza_mercator5 19-9-venhoevencs_sportplaza_mercator6 19-9-venhoevencs_sportplaza_mercator7 19-9-venhoevencs_sportplaza_mercator8 19-9-venhoevencs_sportplaza_mercator10 19-9-venhoevencs_sportplaza_mercator11

Комичната опера „РИТА“ во МОБ

Во сабота, 17 септември, 2016 г. со почеток во 20 часот, на Малата сцена во Македонската oпера и балет ќе биде изведена камерната комична оперска претстава, „Рита” од Гаетано Доницети.

„Рита” е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите, на брачните недоразбирања, со комичен, но среќен завршеток.

Настапува млада солистичка екипа, која ја сочинуваат: Полина Тасева, како Рита, Јане Дунимаглоски, Невен Силјановски и Борко Биџовски

Режисер е Трајко Јордановски, а диригент: Ѓурѓица Дашиќ.

Виц: Дечко и девојка на Водно

Ја качува дечкото својата девојка во кола и вози накај Водно. Стигнуваат таму на „местото“, се паркира, па седат во кола и ги гледаат ѕвездите на ведрото вечерно небо.

Девојката воздивнува и коментира: „Ах, колку е убаво тука, каква природа, каков чист воздух. Прекрасно ѕвездено небо, слушни ги само штурците како…“

Типот ја прекинува: „Не се штурци, патентите се“.

Виц: Женска работа

Ги осудуваат две жени на по 15 години затвор и како за „среќа“ ги ставаат во иста ќелија да бидат цимерки.

Врви време, тера, ја одлежуваат цела казна овие типкиве, па иди ден да ги пуштат да си одат од затвор.

На излегување, едната и’ вели на другата: „Еј, почекај, заборавив уште ова да ти го кажам…“

Виц: Семејна математика

Таткото го гледа синот како решава задачи по математика, па одлучува да му помогне малку со собирањето.

– Лесно е, сине. Ајде вака, ако јас имам 1.200 денари, а мајка ти има 300 денари…

– Знам, знам тато, лесно е – мама има вкупно 1.500 денари.

Виц: Продавачот и жената

Оди жена на пазар и меѓу другото, сака да купи и моркови, па му вели на продавачот:

– Дајте ми и еден килорам моркови.

Овој бил мајтапџија по табиет, па решил да се шегува со жената:

– А каква сорта да бидат – обични или „женска радост“?

Оваа поербап:

– Нека бидат „МАШКА ЗАВИСТ“.

Виц: Не сакајќи, тато

Ја слупал синот колата, и тоа јако, па се враќа дома и таму го пречекува татко му.

– Што направи со колата бе, синко?!

– Извини, тато, не сакајќи беше…

– Па и ти бидна на „не сакајќи“ бе сине, па сепак, добро и убаво те чувавме со мајка ти.

Виц: Во теретана заради женска

Оди батка прв пат во теретана и го прашува дежурниот инструктор:

– Друже, од која справа да почнам бе, сакам да ја импресионирам една јака женска.

Овој му одговара:

– Батка, банкомат имаш откарши, на другата страна од улицата, од таа „справа“ почни.

Виц: Секс или ручек

Се враќа Трпе дома после работа, гладен и сиот попален за секс, па ја прашува Трпана:

– Трпано, златна, првин ќе ручаме, па ќе се сексаме, или првин ќе се сексаме, па ќе ручаме?

Трпана: – Трпе, златен, како сакаш ти, па да ручаме.

Виц: Хасо оди во вечерно училиште

Разговараат Мујо и Хасо:
– Знаеш ли ти Мујо кој бил Александар Велики?
– Не знам.
– Тоа ти бил еден голем војсководител кој го освоил пола свет во негово време.
– Откај сега ти стана толку паметен бе Хасо?
– Види Мујо, тоа го научив на вечерно училиште, сега одам таму секоја среда од 8 до 11 саат.
После една недела еве ти го пак Хасо:
– Мујо, знаеш ли ти кој бил Наполеон?
– Неам поим.
– Сега ќе ти кажам, тоа бил голем војсководител кој ја освоил пола Европа, а бил поразен во битката кај Ватерло.
– Добро Хасо, а ја тебе нешто да те прашам:
– Знаеш ли ти кој е Суљо Хаџиасаносмановиќ?
– Првпат слушам.
– Епа Хасо, тоа ти е еден тип кој секоја среда ти ја секса Фата додека ти си на вечерно училиште.