Home Blog Page 4331

ДиКаприо е газда и ја продава: Вила со рајски поглед од 10,6 милиони долари

Леонардо ди Каприо можеби е еден од најуспешните актери, кој е милионер, но тој откако стана популарен по филмот „Titanic“, само една куќа ја нарекува дом. Се работи за неверојатна вила во Малибу која во 1998 година ja купи за  1.6 милиони долари.

21-9-leonardo-dicaprio-vila1

Лео неодамна реши да ја продаде вилата, а сега како Оскаровец, ја продава истата за вртоглави 10.6 милиони долари.

21-9-leonardo-dicaprio-vila2 21-9-leonardo-dicaprio-vila3

Куќата се наоѓа на т.н. Плажа на милијардерите, каде што секоја соба гледа кон синиот океан. Погледнете го неговиот дом и запрашајте се зошто ли ја продава оваа неверојатна убавина.

21-9-leonardo-dicaprio-vila4 21-9-leonardo-dicaprio-vila5 21-9-leonardo-dicaprio-vila6 21-9-leonardo-dicaprio-vila7 21-9-leonardo-dicaprio-vila8 21-9-leonardo-dicaprio-vila9 21-9-leonardo-dicaprio-vila10 21-9-leonardo-dicaprio-vila11 21-9-leonardo-dicaprio-vila12 21-9-leonardo-dicaprio-vila13 21-9-leonardo-dicaprio-vila14

 

Виц: Жено, каде е чајот?!

Влегува мажот во кујна и по пет минути, изнервиран, вика оттаму:

„Жено, каде е чајот?!“

Таа: „Аман бре, доста со тоа твое КАДЕ Е ОВА, КАДЕ Е ОНА!!!! Ништо не знаеш да си најдеш. Чајот е на горната полица, во кутија од белгиско какао, на неа има залепено ливче пишува СОЛ.“

Виц: Математиката на Трпе

Наставничката по математика го прашува малиот Трпе:
„Ако татко ти месечно ти дава по 1000 денари, колку денари ќе имаш за 4 месеци?“
„Скршен денар нема да имам наставничке по четири месеци!“
„Како бре ниту еден денар нема да имаш?! Па ти ич не знаеш математика!„
„Знам математика, ама подобро се знам себеси.“

Виц: Женска финта

Седат дечко и девојка на клупа во парк и типот вели:

„Те сакам“.

Девојката: „Зошто? Онаа зад тебе е многу поубава од мене…“

Типот се врти, гледа нема никој…

„Нема никој зад мене“.

Девојката: „Е нема. Ама да ме сакаше толку многу колку што велиш, немаше да се завртиш да провериш!“

Виц: Кондом на патот

Доаѓа некоја жена од село во град, да се прошета, да си купи нешто. Оди по тротоар и како што оди, стапнува на употребен кондом кој некој безобразник го фрлил на асфалтот.

Станува, го зема кондомот в раце, го гледа, го разгледува и се чуди не знаејќи што е тоа. Поминува покрај неа една градска девојка, ја гледа збунета со кондомот, па ја прашува:

„А бе, вие во село се дупите или не?“

„Се дупиме, како не се дупиме, само кожичката не му ја лупиме“.

Виц: Таблети за смирување

Жена оди на лекар специјалист за психијатрија:

„Госпоѓо, ги погледнав резултатите од сопругот. На вашиот сопруг му е потребен мир, спокој, одморање, релаксација. Затоа ќе ви препишам таблети за смирување.“

„А колку пати на ден треба да му ги давам таблетите, докторе?“

„Не, не. Погрешно ме разбравте. Таблетите се за вас, госпоѓо“.

Виц: 20 години од матура

На дваесетгодишнина од матура оди Трпе на симболичен класен час, да се види со школските и класниот. Го пречекува класниот на врата, го поздравува и му вели:

„О, здраво и добредојде Трпе. Како си?“

„Добар, професоре, добар, како сте вие?“

„Добар и јас. Во животот како, работиш нешто?“

„Да, работам приватно, имам моја мала фирма“.

„А семејство? Имаш деца?“

„Имам, како не, седум деца имам“.

„Еее, Трпе, таков беше и на школо. Никогаш не внимаваше!“

Виц: Дедото, „алатот“ и кофата со вода

Еден 86-годишен дедо оди на доктор и вели:
– Докторе, помагај! Кога бев млад кофата со вода ја ставав на „алатот“ и така ја носев низ целото село, а сега не можам.
– А проба ли со вијагра?
– Абе докторе, тој скока и без апчиња, ама ми попуштија колената.

Виц: Заглавени во лифт

Се заглавил лифтот, а во него останале дечко и една не баш згодна и малку отфазла дебелка девојка.

Типката му се врти на типот и му вели:

– Ако пробаш да ми правиш нешто, да знаеш дека ќе врискам!

Тој вели:

– И јас, сестро…и јас исто.

Виц: Татко, те бара класната

Синот си оди дома и му вели на таткото:

– Тато, класната те бара да појдеш на школо.

– Зошто бре, говедо, што си направил сега?

– Ништо бе, тато, од каде да знам зошто те бара, не  сум ја видел еден месец.