Home Blog Page 4330

Виц: Новата русокоса комшивка

Се вселува некоја секси плавуша во нов стан, па ѕвони кај комшиите, да се запознае, да ги поздрави, да заживее.

Добар ден, комшија, јас сум вашата нова комшивка, му вели на соседот кој ја отвора вратата.

Од горе или од долу?, ја прашува тој.

Ехеееј! Чекај малку бе, ти многу брз…уште не сме се запознале како што треба.

Виц: Џандарска логика

Шефот изнервиран дека неговите полицајци се глупави им вика:
“Сакам утре сите да ми кажете што е тоа логика!”
И иде еден цајкан дома, мисли мисли, па ја прашува жена му.
“Абе жено, што е тоа логика?”
“Епа вака сега… ти имаш аквариум така?”
“Да.”
“Епа тоа значи дека сакаш риби, така?”
“Да, да.”
“Сакаш риби значи сакаш женски. Сакаш женски значи не си педер! Тоа е логика свати?”
И иде следниот ден цајканот кај шефот и му вика
“Шефе знам што е логика!”
“Е ај кажи.”
“Ти имаш аквариум дома?”
“Не.”
“Епа педер си!”

Виц: Денови за запивање

Двајца другари си прават муабет.

“Намалив со пиењето, брат, само во викенд навечер по некоја чашка за друштво и расположение правам, ништо фазла…”

“Ја брат пијам само во денови кои почнуват на буквата П…понеделни, Па вторник, Па среда, Па четврток, Петок, Па сабота…Па и во недела.”

Виц: Марка од женска

Се среќаваат двајца пријатели и едниот го прашува другиот:

“Брат, како рибата што ја ќари синоќа?”

“Остај брат, боли глава типка. Марка женска од глава до пети!”

“Аман бе! Кажувај!”

“Очила Gucci, Armani палто, Yves Saint Laurent ташна, Dolce and Gabbana здолниште, Prada чевли…а во фацата Lacoste.

Вонземската и надреална убавина на островот Сокотра

Островот Сокотра изгледа како да доаѓа од некој научно-фантастичен филм, а всушност еволуирал толку многу што изгледа како да не припаѓа на оваа планета. Од африканскиот континент е одделен уште од пред седум милиони години и природата овде успеала целосно да ја прикаже својата креативност и раскош.

26-9-socotra-island1

26-9-socotra-island2

Слично како и Галапагос, кој е познат по неверојатните диви животни, Сокотра е дом за околу 800 ретки видови на флора и фауна – а околу 1/3 од истите се наоѓаат само на овој остров.

26-9-socotra-island4

Островот се наоѓа на околу 250км оддалеченост од Сомалија и 340км од Јемен. Се состои од песочни плажи, варовни пештери и високи планини. Поголемиот дел од годината има големи горештини и пустинска клима, што довело до препознатлив изглед на билките.

26-9-socotra-island5 26-9-socotra-island6

Стеблата и билките се развиле на тој начин што може да поднесат високи температури, а некои од тие растенија се стари неверојатни 20 милиони години! Само Хаваи, Нова Каледонија и Галапагос имаат повеќе ендемски видови отколку што има на островот Сокотра.

26-9-socotra-island7 Isla de Socotra, Yemen

Од Центарот за блиско-источни билки, кој е дел од Кралските ботанички градини во Единбург, направиле истражување преку кое заклучиле дека дури 307 од 825 билки може да се најдат само овде и на ниедно друго место.

26-9-socotra-island10

Виц: Секс по телефон

Дечко се јавува на жешка линија за секс по телефон и оттаму типката почнува да стенка со провокативен глас:

„Се галам по градите…слегувам надолу…под папокот…уште надолу…па почнувам да го соблекувам едниот чорап…бавно го соблекувам и вториот…уште побавно третиот…“

И типот: „Чекај ма, ти некоја жена-мутант да не си, колку нозе имаш да му се сневиди?!“

Типката: „Не бе, глупчо. Од Берово сум, знаеш колку е ладно тука во зима…“

Виц: Ќерки и зетови

Прават муабет двајца пријатели:

„Што си така замислен бе, побратиме?“

„Како што бе, побратиме, имам пет ќерки, а ниту еден зет!“

„Не се секирај, може и полошо верувај….пример, јас имам само една ќерка, а веќе петти зет ми донесе“…

Виц: Список за во градинка

Му се ѕвони мобилниот на еден човек и од другата страна се слуша женски глас:

„Добар ден господине, се јавуваме од детската градинка Цветови. Сакаме да ве информираме дека вашето дете дојде на ред на списокот за прием на деца во градинка. Треба да дојдете од понеделник да донесете потребни документи за прием на малечката“.

„Ооо, фала фала, госпоѓо. Мило ми е што се јавивте. Само, нема да има потреба да доаѓаме. Таа, малечката, како што ја велите вие, се омажи пред една недела.

Виц: Докторе, мебелот ми зборува дома

Оди маж на лекар и му вели на лекарот:

„Докторе, почнувам да полудувам. Мебелот дома почна да ми зборува!“

„Како бре мебелот почнал да ти зборува?!“

„Така. Си спијам јас ноќеска дома во спалната, со жена ми и го слушам ноќта, во полусон, шифоњерот како прашува: Заспа ли? Заспа. вели жена ми. Тогаш ќе си одам јас, вели шифоњерот. Рипам од сон како попарен сиот: Како бе ќе си одиш?! Уште три рати имам да те доисплатам!!!“

Виц: Перо и Трпе пијат без да платат

На Трпе и на Перо многу им се пиело а имале само 20 денари па решила на измама да дојдат до пијачка. Трпе купил колбас и му рекол на Перо:
-Ќе влеземе во кафеаната ќе нарачаме пијачка и кога ќе ја испиеме ти ќе застанеш на коленици и ќе ми го откопчаш патентот а јас ќе ја ставам кобасицата во гаќи и ти ќе ја земеш неа во уста а конобарот ќе мисли дека ми го пушиш и ќе не избрка без да платиме.
Речено сторено . Влегле тие во една, во друга, во трета кафеана и секде им успеал трикот. По некаде петтата кафеана Перо се лути:
„Трпе брат, неможам веќе ме болат коленициве!“
„А јас бе брат, што да кажам како ми е мене, во втората кафеана го изгубив колбасот“.