Home Blog Page 4329

Виц: Личиш на татко ти

Мажот ја фали жената колку му била убава.

Срце, многу си убава, а имаш и некои црти на татко ти…море не, цела си на татко ти, дури и во цицките си на него.

А бе, глуп еден, татко ми нема цицки!

Па тоа ти велам и јас де…

Виц: Нозете од Шерон Стоун

Се враќа мажот од чаршија, малку цврцнат, пивнал три-четири ракии. Го гледа жената и му вели:

Мажу, ти текнува како Шерон Стоун ги прекрстуваше нозете во оној филмот…како се викаше…а, да, Основен инстинк?

Како не, жено, како не! Јака сцена, нема што.

Ти текнува, а?! А не ти текнува да купиш леб на враќање дома, говедо пијано!

Виц со поука: Коњушарот и кралицата со бујните гради

Во едно далечно кралство живеела една кралица со големи, бујни гради, која била најубавата жена во целото кралство. Во шталите на кралицата имало едно коњушарче кое имало еден единствен сон – да ги бакнува сочните гради на кралицата. Тоа му било во паметот кога ја гледал, за тоа сонувал кога спиел. Еден ден го споделил својот сон со кралскиот лекар. Овој го ислушал, се почешал по брадата и рекол:
– Знаеш ли дека може да биде! Имам една идеја, но ќе треба да ми платиш.
– Добро – се согласило коњушарчето.
Истата вечер лекарот ставил иритирачки прав во градникот на кралицата, додека таа се капела. Излегува кралицата, го става градникот и по 5 минути почнува пеколен јадеж. Му се пожалила кралицата на кралот, а тој веднаш го викнал кралскиот лекар. По неколку минути тој веќе ја прегледал кралицата.
– Дааа, дааа! Ова е многу ретка болест која се лекува само и единствено на еден начин! Ни треба некој со многу ретка крвна група ‘ЏМ’, четири часа да ги лиже градите на нашата преубава кралица.
– Ах! -извикал кралот. Познаваш ли некој со таква крвна група?
– Пааа, кој, кој… коњушарчето е со таква крвна група.
Го повикале коњушарчето и кралот му рекол дека ако спомене некому за ова, ќе го набие на кол.
– Молчам како гроб! – рекло коњушарчето.
Во следните 4 часа си го направило најголемиот ќеф во животот.
Следното утро лекарот оди кај коњушарчето.
– Јас го исполнив мојот дел од договорот! Време е да ми платиш!
– Бегај оттука бе абдал! Ако се разбере за ова и двајцата ќе не набијат на кол! Ништо нема да ти дадам, па ти оди жали се некаде ако смееш!
И му ја треснал вратата.
Следниот ден пак некој чука на вратата на коњушарчето. Отвора и гледа лекарот со двајца стражари.
– Здраво, пријателе! Има наредба веднаш да се јавиш во кралскиот дворец! Погоди кого го чеша „Стојко“…

Поука: Не забивајте му нож во грб на оној кој ви помогнал да си го остварите сонот.

Виц: Батка, што вака искршен?

Се среќаваат двајца пријатели, едниот со рака, нога и врат во гипс, па другиот го прашува:

А бе, батка, што вака искршен? Вчера те видов вечерта на журката од работа со таа плавушата, арен си беше?

Ме виде, а? Кажи брат, нели беше јака типката?

Да бе, гром женска, јаки гради, јак задник, топ беше, те видов со неа.

Си ме видел…ама и жена ми ме видела, па еве…

„Јас и Лин, отпосле“ од Ана Стојаноска – необична промоција која ги подигнува стандардите

Културната установа „Блесок“ и авторката Ана Стојаноска, ве информираат а воедно и ве покануваат на промоцијата на романот „Јас и Лин, отпосле“, во петок, 30.09.2016г. во 20.00 на сцената на Факултетот за драмски уметности – Скопје.

Откако романот беше пуштен во продажба во јуни 2016 година до денес, неговата промоција е водена на несекојдневен начин за македонската книжевна и издавачка практика. Првата објава е на социјалните мрежи и авторката побара од секој што ќе ја прочита да даде мислење, импресија, впечатоци во пишана или снимена форма. На тој начин, романот сам си ја диктираше својата промоција. Од собраните материјали е направен краток промотивен филм, што публиката ќе има можност да го види на самата промоција.

За разлика од некои промоции каде се говори за делото што се промовира, на оваа самиот роман, преку филмот и читањето, ќе говори за себе. За своја претходница, промоцијата го имаше и промотивното читање на романот во џез клубот Take Five во Прилеп, во јули оваа година, каде што со помош на музиката од романот, актерите што читаа и гостите во клубот се направи една вечер полна уметности.

Романот „Јас и Лин, отпосле“, како што напиша во рецензијата Оливера Ќорверзировска, е еден „неодоливо, несовршен роман“, кој може да се дефинира како љубовен роман. Меѓутоа, вели рецензентката, „оваа едноставна констатација колку што го опишува, исто толку и го навредува впечатливото и помамно прозно писмо зад насловот. Оти му е малку на текстот да биде љубовен, оти ѝ е малку на Стојаноска да биде само романсиер“. Романот има и роман во роман, за семејството Веронови и една детективска приказна, а истовремено е полн со музика, поезија, фотографии, разни парчиња други текстови, кои на еден хибриден начин ја создаваат комплексната и комплетна приказна за младата писателка Саша, нејзиниот љубовник, актерот Лин, неговата сопруга Маја, како и романот за семејството Веронови, чиј најстар член умира во неразјаснети околности.

Романот „Јас и Лин, отпосле“, како што е редок примерок во македонската книжевна практика, истовремено нуди една ретка, поинаква, несекојдневна своја промоција.

д-р Ана Стојаноска (1977), театролог, вонредна професорка на Факултетот за драмски уметности – Скопје. Дипломирала на Филолошки факултет во Скопје, на отсекот за општа и компаративна книжевност (2001). Постдипломските студии по театрологија ги завршила на ФДУ, каде што магистрирала (2003) и докторирала (2007).

Работела како истражувач – координатор во Институтот за театрологија при Факултетот за драмски уметности – Скопје од 2002 г. Учествува на многу симпозиуми и работилници од областа на театрологијата, компаративната книжевност и културологијата.

Автор е на книгите: Димитар Ќостаров – Реалистичката поетика и естетика на еден режисер (ФДУ, 2014) и Македонски постмодерен театар (ФДУ, 2006). Приредувач на книгите Драми од Дејан Дуковски (Проартс, 2002) и Современа македонска драма (Микена, 2008). Автор на повеќе студии и есеи објавувани во македонската и странската периодика, како и коавтор на неколку театарски монографии. Исто така, еден е од авторите/составувачи на Поимникот на книжевната теорија (МАНУ, 2007).

Пишува поезија и проза. Автор е на монодрамата Стаклен лампион, праизведена како радиодрама, во продукција на Театра – Скопје, 2013 г.

Виц: Македонско здравство преку фонд и на приватно

Голема болница. Комисија од Министерството за здравство е во инспекција, заедно со раководството на болницата. Сакаат да видат како напредуваат реформите во здравството и дали се почитуваат сите одредби на министерството.
Влегуваат во првата соба, а таму некаков тип мастурбира со пoрно списание. Овие од комисијата се зачудиле.
Што се случува овде?!
Го лекуваме човекот од предвремена ејакулација, одговориле докторите од болницата.
Хм! Браво! Интересен пристап!, рекле од комисијата.
Влегуваат во втората соба, а таму друг маж го прави истото но гледајќи пoрно канал на ТВ.
Од комисијата повторно зачудени:
А тука? Што е ова? Овој пак зошто?
Па и овој страда од предвремена ејакулација.
Аха, интересен пристап кон лекувањето. Со одобрување климаат глави од комисијата.
Влегуваат во трета соба, а таму пак еден маж фатил една сестра и ја растура од секс. Овој пат комисијата изреагирала поостро:
Абе, што правите вие во оваа болница?!?!
Па, човекот го лекуваме од предвремена ејакулација.
Добро де, но зошто претходните двајца поинаку, а овој со сестрата? Револтирани прашале од министерството.
Затоа што првите двајца се преку фондот, а овој си плаќа на приватно!

 

Виц: Трпе под хипноза

Трпе имал некои проблеми, па отишол на психолог да поразговара со експерт, да се посоветува. Психологот решил да го хипнотизира за полесно да сфати како размислува.
– Дедо ти умре.
– Бог да го прости. Имам јас и друг дедо.
– Доцниш на погребот.
– Влегувам во кола и полна гас!
– Не! Страв ти е да возиш.
– Пијам шише ракија за храброст.
– Возиш пијан и те сопира полиција.
– Ќе се договорам и полицаецот бил пијан некогаш, ќе разбере.
– Не може, жена е.
– Ќе се запознаам.
– Да, ама грда е.
– Е добро де, јас сум веќе пијан.

Виц: Мажу, турај ракија

Работи мажот низ дома, мете, чисти, брише прашина, средува по собите, а жената разговара на телефон, оптегната на троседот, кога одеднаш:

Леле, мажу, брзо седнувај до мене. Турај си ракија, земи си салата одма!

Што е мори жено, што ти се случи?

Мајка ти ни доаѓа на гости, брзој насади се овде.

Виц: На лекарски преглед

Се враќа мажот дома од лекарски преглед.

Жено, бев на детален преглед кај докторот.

И? Ти најде нешто?

А бе, имав 4.000 денари во мене и ѓубрето до денар сите ми ги најде и ми ги зеде.

Виц: Зетот и мајката од невестата

Се враќа мажот доцна навечер од службено патување. Влегува дома, сите легнати, оди право во спалната каде што спие жена му.
Влегува во собата, легнува во постелата, ја завршува набрзина онаа работа, станува и оди во бањата за да се истушира. Кога гледа, таму неговата сопруга се тушира.
Се враќа во спалната и кога глева, во креветот лежи баба му, мајка на неговата сопруга. Оти мори не се кажа дека си ти?!
Ами, зете, нели сме скарани и не правиме муабет…