Home Blog Page 4328

Виц: Болен петел

Учителката ги прашува учениците кој како си поминал за викендот, доаѓа ред да каже и малиот Трпе, па вели:

Јас бев кај баба ми на село минатиов викенд.

И? Што виде таму Трпе?

Па видов повеќе работи, наставничке…видов гуски, патки, крави, овци, кози, кокошки и еден многу болен петел.

А од кај знаеш дека беше болен петелот, Трпе?, прашува наставничката.

Па, наставничке, цело време некоја од кокошките го носеше на грб.

„Женскиот Бетмен“ во акција: Згодна Русинка сурфа на возови за да избегне гужва

Млада Русинка, позната под прекарот Кобжаро, се прослави со своето несекојдневно и, во најмала рака опасно хоби – сурфање на воз и тоа облечена во „Бетмен“ костим.

Кобжаро (20) тоа го прави секој ден. Избира некоја железничка станица во рускиот главен град, застанува врз воз и така го минува патот до другата станица. Таа тоа свое хоби го открила на интернет, кога имала 15 години и, како што самата вели, за овие неколку години се стекнала со солидно искуство и знаење.

– Не ме привлекуваат оние работи што ги привлекуваат моите врсници. Моето најголемо задоволство е „да летам со возовите“, дури и при ниски темпратури, изјави во една прилика московјанката пред репортери, додавајќи дека е свесна за опасностите кои нејзиното хоби ги содржи.

– Доста научив за возовите, кои модели каква опрема имаат… Знам што смеам да допирам, и како да не ме убие струја. За мене тоа сурфање е посебно доживување. Кога возот ќе тргне тоа како да ме полни со енергија, и како да ми се проширува свеста. Секогаш ми доаѓаат интересни мисли. Покрај тоа, во прашање е и алтернативен начин на патувања, дополни младата авантуристка.

Викторијански цртежи од 1906 профетски предвидуваат како технологијата ги отуѓува луѓето

Во модерното општество често можете да чуете и прочитате критики дека технологијата ги отуѓува луѓето кои сè повеќе време поминуваат на своите смартфони и други гаџети и компјутери, отколку во лични средби и контакти со пријателите и останатите познаници. А дека овој страв не е нов покажуваат и цртежи од викторијанскиот период, поточно од 1906 година, кои ги објави сатиричниот британски магазин Punch.

Списанието на својата веб страна објави голема количина на викторијански цртежи кои покажуваат колку човештвото е поврзано, без оглед на изминатите години. Списанието беше објавувано од 1841 година до 2002 година, а некои цртежи објавени пред 110 години, со мали додавања и корекции, можат да бидат актуелни како да се денес цртани. Таков е цртежот кој сликовито го опишува влијанието на развојот на новата технологија врз меѓусебните човечки односи, насловен како „Прогнози за 1907“.

3-10-crtez-punch1

На него се прикажани две фигури, женска и машка, како седат близу еден  до друг, но не комуницираат. Наместо тоа, тие се концентрирани на своите телеграфи. Жената прима „љубовна порака“, додека мажот се занимава со „резултатите од трките“.

Кога телеграфот ќе се замени со паметните телефони, а сцената наместо во Хајд Парк да биде во некое кафуле или бар, се добива доста релевантна и веродостојна слика на современите меѓучовечки односи и дистанци кои модерната технологија ги создаде меѓу луѓето.

Виц: Двајца на една жена

А бе, Трпе, брат, што било тоа фрки синоќа кај тебе?, го прашува Перо.

Остај брат, драми. Ми влезе провалник во станот.

И?

Што и, брат? Баш таа вечер се погоди тештата да биде на гости кај нас. И говедото право во нејзината соба влегол.

Што направи таа?

Почна да пишти, да вреска, а овој ја грабнал и ја скршил од ќотек. Ја отепал во мавање.

Па што не влезе ти да се замешаш бе, брат?

Нема смисла брат двајца мажи на една жена…не е фер.

Виц: Полицаец и незгоден возач

Сообраќаен полицаец запира еден автомобил и му вели на возачот:

Поминавте на црвено.

Овој без збор вади 10 евра и му ги дава на цајканот. Цајканот продолжува:

И возевте малку пребрзо.

Возачот ги зема десетте евра и му подава 50 евра. Цајканот:

И изгледате како да сте пивнале малку повеќе.

Типот ја зема педесетката и му дава 100 евра. Цајканот не запира:

А автомобилов ми изгледа како да не е ваш, како да е украден.

Возачот ја зема стотката и од прозорецот се подава цевка од Магнум 44. Цајканот:

Да се вратиме на моментот дека сте пиеле?

Професии кои му наштетуваат на здравјето

Неодамна е спроведено едно истражување кое покажува кои професии може да наштетат на човечкото здравје. Во истражувањето учествувале околу 1600 Американци, кои проценувале какво влијание има нивната кариера врз здравјето.

Само 16% од испитаниците изјавиле дека нивната професија влијае негативно. Според податоците, најштетни професии се: работник во малопродажба – 26%, градежници – 23%, работници во производство – 21% и медицински работници – 19%.

Најголеми здравствени проблеми предизвикани од работата имале личностите кои се занимавале со хемикалии и загаденост, но и оние се изложени на нечист воздух и чести повреди за време на работа.

Меѓу работниците кои повеќето од работното време го поминувале седејќи, 24 посто изразиле загриженост за здраствените последици кои може да настанат поради тоа. Стручњаците препорачуваат да се земаат подолги одмори и паузи со цел да се намали стресот.

Земјата остана без Ecnomiohyla rabborum: Исчезна уште еден животински вид

Во Зоолошката градина во Атланта почина единствениот преостанат примерок од реткиот вид на жаби (Ecnomiohyla rabborum), со што светот остана сиромашен за уште еден животински вид.

Во последните неколку децении починаа повеќе стотици водоземци, а истата судбина поради загадување на околината и уништување на нивните природни живеалишта им се заканува и на многу други видови..

Жабата Тофи живееше во Панама, од каде пред неколку години е преселен во ботаничката градина која се наоѓа во рамки на Зоолошката градина во Атланта, заедно со уште неколку прпадници на неговиот вид, кој е откриен дури во 2005 година.

За преселувањето е одлучено кога биолозите, кои го откриле тој вид жаби, многу брзо откриле и дека поради смртоносната болест која го погодило нивното живеалиште уште тогаш се наоѓале на работ на изумирање.

Експертите се надевале дека проучувајќи го Тофи и неговите роднини, ќе пронајдат начин да се спречи изумирањето и дека со одгледување во заробеништво ќе се обнови видот.

За жал, откако во 2009 година изумре и последната женка, а три години подоцна и претпоследниот мажјак, на сите им стана јасно дека со смртта на Тофи (кој четири години живееше сам), светот ќе стане посиромашен за еден животински вид.

Малку оперирал, малку танцувал – скандалозно однесување на хирург за време на операција (видео)

Колумбискиот естетски хирург Давид Махана го навлече гневот на јавноста во неговата земја, откако на социјалните мрежи се појави видео на кое тој танцува за време на операција, при тоа држајќи во раката ткиво на пациентот.

Многумина го обвинија лекарот за непочитување на пацинетот и професијата, но тој тврди дека без потреба се кренала толкава врева и уште се обиде да се прикаже како жртва.

Тој имено тврди дека снимката е направена додека ја оперирал неговата тетка на која и ја затегнувал кожата на стомакот и дека всушност таа барала да се направи тој видео запис „за да има спомен од операцијата“.

„Во ниту еден момент не го загрозив нејзиниот живот. Ова видео кружеше само меѓу членовите на моето семејство, но некој очигледно сака да му наштети на мојот углед и на мојата кариера“, изјави Махана, додавајќи дека се сомнева во неговата поранешна девојка со која се разделиле пред неколку месеци.

Виц: Фаќање женски по светот и кај нас

Американецот:
Јас и купувам кола, таа е шокирана и наредната вечер е моја!
Италијанецот:
Јас и купувам скап парфем, таа е шокирана и наредната вечер е моја!
Французинот:
Јас и пеам нежна шансона, таа е шокирана и наредната вечер е моја!
Македонецот:
Вечерта и давам 1000 денари, таа е моја. Наутро си ги барам назад и таа е шокирана…

Виц: Пак си пиел

Се прибира синот касно ноќеска, а татково го чека буден, па му вели:

Еееее…пак си скитал по женски до доцна, си пиел, си пушел…

Тате, оди легни си, зависта е лоша навика. Доста завидуваш.