Home Blog Page 4326

Посетителите на Гугенхајм можат да искусат како е да се олесниш на златен тоалет

Во њујоршкиот музеј Гугенхајм отворен е тоалет направен од 18-каратно злато и веднаш пред него се формираа редици љубопитни минувачи.

Овој тоалет, кој може да се користи, е дело на италијанскиот уметник Маурицио Кателано, пренесува Хина.  Овој уметник пред неколку години соопшти дека ја напушта културната сцена, но се врати со дизајни на луксузни предмети за бањи.

5-10-muzej-wc-zlato1

Туристите мораат да платат влез во музејот пред да застанат во ред за златниот тоалет.
Според претставниците на музејот, тоалетот наречен Америка „пружа искуство на единствена интимност со уметничкото дело“.

Виц: Селски мерак во шталата

Во некое селонекој комшија многу и досаѓал на комшиката,се сакал со неа да секса.Скиснало и на комшиката и земе па каже на жената на комшијата:
— Стојно,извини,ама више твој Ставре неможам да го трпам.Се ми сака.
Стојна прво се намрштила,подзамислила се малку и и рекла:
— Слушај ме сега.Ќе се согласеш,ама со овие услови: Да ти донесе нова шамија,нови влечки и да те оноде ТРИ ПАТИ,ама у шталата и од позади на сламнико за говедата.
Сретнат се комшијата и комшиката и овај одма почне да и дофрла.Она му рекла:
— Прифаќам,утре вечер со овие услови,и му ги кажала условите.
Се му било у ред,ама не бил сигурен дека ќе може ТРИ ПАТИ па повика некој пријател,за вторио пат да го одмене.
Дојде и тај ден,се се заврше убаво,после први пат сменат се пријателите,па после па се сменат и…
Утре дента Стојна на Ставре мете двор,песни пое идеја по кутиште,нова шамија на шија,нови влечки.Кога виде Ставре дека со пријатело онодиле ја жена му,а не комшиката,побрза кај пријатело и му вика:
— Слушај пријателе ние ичера смо згрешиле.Мојта жена сме ја онодиле.
— А бе Ставре,ја мисли оште сикоќе да ти речам дека овј гс од негде ми е познат,ама стра ме беше да не ми се наљутеш.

Виц: Наивниот Трајче на исповед

Трпе го сретнува Трајче и го прашуе:
– Трајчо, ти од кога се немаш исповедано?
– Ами има три години.
– Ќе сакаш ли да ми направиш услуга, оди кај попот и задржи го шо подолго, сакам да одам кај попадијата, да си правиме еден мерак во креветот, па да не се врате поскоро.
Оди Трајче, и расправа нашироко за сите гревови, и на крајот го кажува и последниот грев, зошто дошол кај попот.
Попот му вика:
– А бе будала, попадијата е умрена една година, брзо трчај дома, кај тебе е гревот.

102-годишна старица уапсена за тотално луда причина

102-годишната Еди Симс ги стави рацете во лисици на нејзина сопствена иницијатива, откако изрази желба да биде уапсена.

Таа никогаш во животот немала проблеми со полицијата, па апсењето од полициска патрола го ставила на нејзината “To Do” листа, сакајќи да види и почувствува како е да се биде уапсен. Полицијата немаше проблем да  ја исполни оваа нејзина желба.

Ги ставија нејзините раце во лисици, ја пикнаа на задното седиште од полицискиот автомобил, а таква во лисици ја приведоа и во полициската станица.

„Баш уживав со рацете во лисици и останатите работи од апсењето“, вели старицата со воодушевување.

Можела барем да направи некој ситен прекршок колку да има и причина да ја апсат, без да ја теретат со казна затвор или некоја парична казна. Пуста желба во животот да се проба сè, па и ова. 😀

Само за милионери: Луксузна јахта за чалам меѓу богатите пријатели

Британскиот дизајнер Енди Ваг осмислил концепт на јахта за милионери, кои сакаат да се истакнуваат меѓу своите богати пријатели. Луксузната јахта Nouveau е вистински рај со драматичен изглед.

5-10-jahta1

Јахтата има раскошна кабина за сопственикот, со свои балкони со џакузи, тобоган и голем базен.

– Целта на тобоганот е да се чувствувате поврзани со природата и со океанот кој ве опкружува, изјавил дизајнерот.

5-10-jahta2 5-10-jahta3

На јахтата има и ВИП кабини за гости, како и канцеларија и просторија за дружење.

5-10-jahta4

– Nouveau цели кон млади и модерни клиенти кои не ја избираат големината туку само сакаат да се истакнат, објаснува Ваг и додава дека при дизајнирањето не му билa приоритет функционалноста на просторот, туку радикалниот изглед.

5-10-jahta5

Карате мајстор „левел 500“: 100 удари во една секунда – забавена снимка

Ако не верувате дека го удри 100 пати, пребројте ги ударите на забавената снимка која следува после „реалната“.

Еве како изгледа човек откако ќе го нападне и изгризе гризли мечка (видео)

Човекот кој преживеа напад од мечка на Фејсбук детално опишува како изгледала неговата блиска средба со дивото животно. Тод Ор од Монтана во саботата утрото излегол на прошетка во шумата.

„На половина минута се вртев и внимавав да не намета некоја мечка“, вели Ор, кој е добар познавач на шумите, а кого опасното гризли успеало да го начека во момент на невнимание.

5-10-napad-grizli

„Беше женка, која си ги брани младенчињата, но за жал се реши да нападне.“

Ор имал солзавец за одбрана, но не помогнал многу.

„Легнав на земја и се завртев со лицето кон земјата. Гризлито беше врз мене, ме гризеше за рацете, рамената, грбот. Ќе гризе неколку секунди, па ќе запре, па повторно ќе продолжи. Траеше кратко, но мене ми изгледаше како цела вечност“.

За 15 секунди дневно до појак имунитет – еве го рецептот

Професорот Сергеј Бубновски, познат руски стручњак за кинезитерапија, тврди дека постои многу едноставна метода за зајакнување на имунитетот.

Според него, ладната вода може да направи огромна разлика. Како?

Секој ден во кадата пуштете ладна вода, дури и ледена и во неа потопете ги стапалата 10-15 секунди. Потоа избришете ги со крпа и облечете дебели волнени чорапи. Повторувајте ја постапката секоја вечер пред спиење.

Ако имате некој вирус, настинка или ве мачи кашлица, тогаш практикувајте ја оваа метода почесто, на секои четири часа. Вели дека од ладната вода нема да ви се загрози здравјето туку баш напротив, ќе ви биде сè подобро.

Последниот лет на Roseta: Сондата изврши „самоубиство“ врз кометата Чурјумов-Герасименко

Изминативе 2 години, сондата Rosetta ја вршеше својата мисија околу кометата 67P/ Churyumov-Gerasimenko , која заврши на 30 септември со намерен „самоубиствен“ лет врз површината на кометата.

Кометите се примитивни космички тела, остатоци од времето кога нашиот Сончев систем се оформувал пред 4.6 милијарди години. Истражувањето на нивната структура, состав и активност може да ни открие многу за еволуцијата на нашиот систем и да им помогне на научниците подобро да се запознаат со историјата како елементите потребни за создавање на живот.

Претходните роботски експедиции на NASA имале блиски средби со комети, но Rosetta е првото летало кое орбитирало околу комета, ја следело околу Сонцето и испратила сонда на нејзината површина.

Завршувањето на мисијата е крај на амбициозниот проект од 1.3 милијарди евра кој траеше повеќе од една декада – леталото Rosetta беше лансирано во март 2004-та, а со кометата имаше рандеву во август 2014, по изминат пат долг 6.5 милијарди километри. Три месеци по тоа, Rosetta на површината на 67P/ Churyumov-Gerasimenko ја испрати сондата Philae, која наместо да се укотви како што било планирано, отскокна од површината двапати, пред да се заглави на карпа во регионот Abydos.

Инаку, оваа комета за првпат била опсервирана во 1969год. – таа е широка 4km и околу сонцето кружи секои 6.5 години, помеѓу орбитите на Земјата и Јупитер. Таа е исклучително порозна и со ниска гравитација, па така колизијата на Rosetta со неа изгледала повеќе како забавена снимка отколку како насилен судар, бидејќи брзината при тоа изнесува околу 3.2км/ч (како просечно човечко чекорење)

5-10-rosetta-game-over1

Тоа било и шанса инструментите на Rosetta да вршат разни мерења како таа поминувала низ слоевите помеѓу гасовите и ледот на кометата. Нејзиното „вечно почивалиште“ е рамниот регион наречен Ma’at, кој се наоѓа на „главата„ на оваа комета со форма на пластично пајче.

Мисијата продуцираше неколку изненадувачки откритија, како на пример тоа дека 67P имала големи парчиња замрзната вода на површината, молекуларен кислород во нејзината кома (облакот кој се создава кога поминува покрај Сонцето), како и пенесто јадро.

Но и по „смртта“, нејзината работа не е завршена, бидејќи научниците имаат за преглед околу 80 000 слики, фотографирани за време на нејзиниот последен лет, за кои ќе требаат години додека се анализираат.

Летање со Боинг 747 во ’70-те: Еве зошто тогаш беше поудобно да се патува со авион

Комерцијалните авиокомпании за прв пат почнаа да стануваат „мејнстрим“ во ’50-те години од минатиот век. Но, ’60-те и ’70-те го донесоа вистинскиот комфорт, удобност и сместување на патниците кое стана вистинска револуција во авионскиот сообраќај.
4-10-flying-in-the-1970s-2
Повеќе простор, стилски ентериер и привлечен дизајн – тоа беа условите кои ја наметнаа револуцијата во патувањето со авион. А во сите овие фактори и услови и тоа како предничеше Боинг 747 од ’70-те години.
4-10-flying-in-the-1970s-2
Идејата за Боинг 747 се роди во ’60-те години од минатиот век, кога Pan Am побара од компанијата Boeing авион со 400 седишта. Првиот човек на Pan Am, Хуан Трип, имаше револуционерна идеја во својата глава. Но, тоа не се совпадна со дизајнерскиот тим на Boeing, бидејќи тие преферираа дизајн со широк простор. Еве како испадна сета таа реализација. А од фотките се гледа дека во тој период патувањето со авион било многу поудобно отколку денес.
4-10-flying-in-the-1970s-4 4-10-flying-in-the-1970s-5 4-10-flying-in-the-1970s-6 4-10-flying-in-the-1970s-7 4-10-flying-in-the-1970s-8 4-10-flying-in-the-1970s-10 4-10-flying-in-the-1970s-11 4-10-flying-in-the-1970s-12 4-10-flying-in-the-1970s-13 4-10-flying-in-the-1970s-14 4-10-flying-in-the-1970s-15 4-10-flying-in-the-1970s-16 4-10-flying-in-the-1970s-17