Home Blog Page 4325

Баталете апстиненција: Сексот пред спортување може да биде само од помош

Многу од спортските тренери со децении го негуваат и практикуваат принципот на забрана за секс за спортистите неколку дена пред важни спортски натпреварувања, но ако можеме да се потпреме на најновите научни истражувања поврзани со овој феномен, испаѓа дека тоа е целосна бесмислица.

Многу од спортистите тврдат дека никогаш немаат секс ноќта пред големо натпреварување, бидејќи поради акцијата под чаршафите ќе бидат преуморни во клучните моменти на натпреварувањето. Сепак, научниците го докажуваат токму спротивното, дека сексот всушност помага при постигнување на подобри резултати.

Во рамки на истражувањето кое го извршија научниците од факултет во Фиренца, на чело со д-р Лаура Стефани, беа прегледани стотици различни студии за да утврдат како сексот влијае врз спортистите. Не беше пронајден ниту еден доказ кој ја поткрепува теоријата за негативно влијание на сексуалната активност пред спортувањето. Од друга страна, пак, беа пронајдени повеќе податоци кои укажуваат на тоа дека сексот една вечер пред натпреварувањето влијае во постигнување на подобри резултати кај маратонците.

„Испаѓа дека сексот, всушност, е многу користен и може да ги подобри можностите на спортистите, доколку се практикува два или повеќе часа пред натпреварувањето“, вели д-р Стефани, додавајќи дека, сепак, за ова се потребни дополнителни понатамошни истражувања, со цел да се утврди дали влијанието на сексот врз резултатите зависи и од старосната возраст, од видот на спортот, полот и други фактори.

Уред кој засекогаш ја промени забавата: Дали знаете што чудо е ова?

Станува збор за конзола за играње која влезе во сериско производство.

Конзолата Magnavox Odyssey ја разви американската компанија Magnavox уште на почетокот од ’70-те години на минатиот век, а на пазарот пристигна во мај, 1972 година.

Иако веројатно постои некое универзално мислење дека „гејмерската“ индустрија ја иницираше Atari со својата култна игра Pong, тоа не е целосно точно. Pong, имено, се појави истата година, но неколку месеци подоцна.

Magnavox Odyssey користи аналогна технологија, а игрите беа едноставни и без звук. Имаше вкупно 12 видео игри во форма на електронски касети (дискети), се бележеа со пенкало и хартија. За популарната конзола беше развиен и посебен додаток во форма на ласерски пиштол.

Дизајнерот на играта Ралф Баер уште во 1968 година ја произведе и Brown Box, прототип на првата играчка конзола воопшто, поради што го нарекуваат и „таткото на видео игрите“.

Студентка тврди: Спиев со професорот за највисока оценка, а тој ме турна на испит

Џудит Џуала, студентка на електротехничкиот факултет во Најроби, тврди дека професорот д-р Киогора, наместо да ѝ пише највисока оценка која ѝ ја ветил, а која таа си ја „заслужила“ во кревет, ја турнал на испитот по неговиот предмет.

„Некои професори заслужуваат да умрат. Те ебат и ти ветуваат А (највисока оценка). Стигнаа резултатите и гледма дека сум паднала на испитот. Му се јавив и го прашав зошто сум падната, ми рече дека ме турнал бидејќи не сум му дозволила да сврши во мене. Стварно? Тоа е многу нефер. Наскоро овде ќе откријам за кого станува збор, па ќе мора да објасни дали Е (најниска оценка) е поради ејакулацијата или поради нешто друго? Се чувствувам исцрпено“, напиша студентката и објави за кој професор станува збор.

Слушање музика додека трчате – еве неколку совети за тоа

Се повеќе љубители на трчањето не можат да ја замислат оваа активност без слушалки и омилената музика која често им служи како мотивација, но почетниците во тоа често грешат.

Многу од нив ги преценуваат своите способности, се преоптоваруваат и се исцрпуваат, а за сето тоа е виновна гласната музика.

Гласната музика не смее да го одредува темпото на трчање. Треба да се слуша телото, објаснува професорот Инго Фробоесе за агенцијата дпа.

Омилената песна не треба не треба да биде совршен партнер за трчање. Јачината на музиката треба да биде во согласност со темпото на трчање.

Па како да ја изберете оптималната музика за тренинг? Најважен е бројот на удирања по минути (БПМ) кој го одредува темпото и би требало да одговара на бројот на чекорите.

За еден човек кој се занимава со овој спорт идеалното темпо е од 140 до 160 БПМ. Тоа е на пример ритамот на песната „Take On Me“ од групата А-ha или „Move in the Right Direction“ од групата Gossip.

На интернет можат да се видат специјализирани плеј листи кои одговараат на БПМ.

Научниците велат дека не е лошо и трчањето во тишина , затоа што овозможува подобра перцепција на телото во текот на вежбањето, контрола на дишењето, а и мускулите поинтензивно работат без гласната музика.

Тркачите можат да слушаат гласна музика кога мотивацијата им е изоставена, инаку се препорачува трчање во тишина, вели Froboese.

Трогна многу родителски срца: My Son – фантастична реклама на IKEA

За процесот на растење во семејството и нивната континуирана верност на брендот, зборува токму ова комерцијално видео наречено „Мојот син“ ( “My Son”), кое разнежна многу родителски срца.

Виц: Пратеник пред антикорупциска

Комисијата за спречување на корупцијата го прашува еден пратеник:
– Сигурни ли сте дека куќата, вилата, 5 коли и 6 апартмани во центарот, ти се купени со чесно заработени пари?
– А, со какви други?
– На нас ни се чини, дека се е тоа купено со парите на народот.
– Да бе, од каде народот има толку пари?

За новата руска машина „Шерп“ не постои непрооден терен

Возилото има 1.5-литарски турбо дизел мотор со 44 коњски сили, а максималната брзина му е 45 км/час. Возилото уште не излегло во продажба, но производителот најави дека ги следи западните еко стандарди, па возилото ќе се понуди и на пазарите во САД и Канада.

Влезе во продавница од Епл и ги искрши сите Ајфони што му дојдоа при рака

Типот влета во салон за продажба од Епл во Дижон, Франција, вооружен со челична топка во рака, и почна да го крши секој Ајфон кој му дојде при рака, изложен на изложбениот простор.

„Епл е компанија која ги прекршува европските потрошувачки права. Тие одбија да ме обештетат. Им реков да ми ги вратат парите и ме одбија. Па, поради тоа, се случува ова што го правам во моментов“, револтирано изјави типот и продолжи со демолирањето.

Еве го и продолжението од деструктивната мисија на младиот Французин.

Одење на работа на руски начин: Бројте колку луѓе излегоа од обичниот автомобил

Башка си носеа и инструменти – спремни за журка и тулумарење. Забегани до даска.

Милионер од Флорида доцна дознал дека невестата со која се оженил му е внука

68-годишен милионер од Флорида доживеал шок кога дознал дека неговата новопечена 24-годишна сопруга, всушност, е негова биолошка внука.

Парот живее во Мајами, а само три месеци откако се венчаа, при едно прегледување на семејните албуми, младата доживеала големо изненадување кога на една од фотографиите го видела својот татко.

Во албумот имало фотографии од семејството на милионерот со првата сопруга, со која тој не бил во контакт со години.

„Бев очајна кога го видов татко ми. Мојот сопруг ми кажа дека тоа е негов син од првата сопруга со кој веќе долго не е во контакт“, објаснува невестата.

Неименуваниот милионер, после неславниот брак со својата втора сопруга во 2009 година, освоил неколку милиони долари на лотарија, а неговата сегашна сопруга си заминала од кај своите родители откако забременила како тинејџерка. Потоа работела како танчерка во ноќен клуб.

Парот се запознал преку интернет, а мажот признал дека го обзело некое чудно чувство кога ја видел нејзината фотографија.

„Ми делуваше чудно. Како да поминував низ некое дежаву. Тогаш не знаев за што станува збор“, признава старецот.

Тие одбиваат да се разведат, велејќи дека ионака би живееле среќни до крајот на животот ако никогаш не дознаеја за нивната роднинска врска, пренесува Independent.