Home Blog Page 4324

До Русија, со љубов: Вака Србите од Рашка му честитаа роденден на Путин

Се почувствувале повикани да му честитаат роденден на Путин.

Незадоволна сопруга за малку ќе го компромитирала „Денот Д“ во Втората светска војна

Документи на британската разузнавачка агенција МИ5 откриваат дека малку фалело да се откаже истоварот на сојузниците на Нормандија во 1944 година и тоа поради бизарна причина – незадоволна жена!

Имено, една од главните улоги во „Денот Д” имал шпанскиот двоен агент Хуан Пујол Гарсија, чија задача била да ги измами германските шпиони дека сојузниците ќе се истоварат во Кале, а не во Нормандија.

Гарсија ги убедил своите германски колеги дека во Велика Британија раководи со цела мрежа шпиони, но никој во Берлин немал поим дека човекот всушност работи за МИ5 под кодно име Гарбо, пишува „Гардијан“.

Меѓутоа, документи чувани во Националниот Архив на Обединетото Кралство откриваат дека Гарбо имал всушност многу поголеми проблеми од лажењето на нацистите. Го мачела сопругата. Додека Гарсија ја планирал тајната операција, неговата сопруга се грижела за нивниот син во безбедна куќа на МИ5 и умирала од досада.

Била осамена, носталгична и на раб на нервен слом поради ужасното англиско време. Се гадела и од британската храна. – Премногу тестенини и компири, а риба нема воопшто, плачела очајната Арачели Гонзалес де Пујол.

Набрзо и Британците увиделе дека нервозната Арачели може да претставува проблем и морале брзо нешто да смислат да ја замолчат. И планот бил одличен. – Госпоѓо, поради вашите закани дека ќе се вратите во Шпанија моравме да го уапсиме вашиот сопруг. Едноставно, постои преголем ризик дека ќе се открие и целата операција ќе пропадне, и рекле агентите на МУ5 на шокираната жена.

Секако, апсењето на Хуан било чиста лага, но жената толку се преплашила што експресно напишала документ во кој стои дека ќе престане да бара да се врати во Шпанија. И планот успеал – Арачели конечно замолчела!

Пујол пред војната работел на фарма за кокошки во Шпанија, но во 1941 година се пријавил во тренинг камп на германската шпионска агенција. Првата задача ја добил во Лисабон од каде во Берлин праќал многу извештаи. Меѓутоа, кога го откриле Британците, Гарсија престанал да работи како двоен агент. Семејството му се преселило во Лондон, а тој со помош на Томас Харис создал лажна мрежа на шпиони која оперирала во Англија. Германците верувале дека дури 27 агенти работат за него.

На крај Гарсија добил клучна задача, да ги убеди Германците дека десантот ќе се случи во Кале. Соработникот на Гарсија, менторот Томас Харис во својот извештај потенцирал дека Хуан работата ја работи одлично, но дека неговата сопруга претставува се поголем проблем. – Носталгична е, никогаш не успеа да се навикне на животот во Англија, напишал тој.

Дури не се потруди ни јазикот да го научи, пишува Харис и додава дека Гарсија и забранил да се дружи со Шпанци за да не ја разоткрие неговата улога.

– Желбата за враќање во Шпанија ја претвори во нестабилна жена. Со месеци ме молеше да и средам да си оди дома, а во еден момент отиде толку далеку што се закануваше дека ќе го остави сопругот. Кога ни тоа не и успеа, ни се закануваше дека на сите ќе открие кој е Хуан и со што се бави… Состојбата стана уште полоша откако се закани дека ќе се убие. Пушти гас во кујната и се обиде да се задуши, наведува Харис.

MИ5 дури тогаш нејзините закани ги сфатила сериозно. Но, знаеле што треба да направат и ја затвориле устата на Арачели и се погрижиле да остане на Островот. Британците поставиле војници пред безбедната куќа кои 24 часа дневно ја чувале нестабилната жена да не направи некоја глупост. И кога Арачели конечно се смирила, Гарсија можел да ја врши својата работа. И ја завршил одлично, Германците никогаш не откриле дека работи како двоен агент.

Дури го одликувале поради брилијантни разузнавачки извештаи. По војната добил и бројни одликувања и од Обединетото Кралство. По војната ја лажирал својата смрт во Ангола (маларија) и се преселил во Венецуела каде работел во библиотека.

Од друга страна, приказната со носталгичната Арачели не добила среќен крај. Тие се развеле, Хуан се оженил со друга и среќно живеел со неа до својата смрт во 1988 година.

Футуристичка работна маса од Altwork – со ќеф да работиш на ова чудо

Калифорниската компанија Altwork дизнајнираше совршена работна маса, која го достигна врвното ниво на удобност за време на работата пред компјутер.

7-10-altwork2

Дизајнерите на компанијата, по цели пет години работа ја осмислија работната маса која на корисниците им овозможува не само да лежат додека работат,  тука и да го постават телото во бројни положби меѓу седење и лежење.

7-10-altwork1

Оваа маса потсетува на футуристичките седишта во авионите и им овозможува на корисниците да одберат една од четирите позиции.

7-10-altwork5

7-10-altwork3

Доколку ја одберете најудобната опција и се одлучите да легнете, мониторот ќе се стационира над вашата глава, а глувчето и тастатурата нема да паѓаат за време на работата бидејќи се прицврстени со магнети на работната површина, исто така масата има и држачи за рацете со што ќе ви овозможи максимнална удобност.

7-10-altwork4 7-10-altwork6

Кинезите сакаат да летаат во вселената со најголем туристички вселенски авион

Вселенскиот туризам привлече голем број компании во развивањето летала, со кои богатите луѓе ќе отпатуваат на работ на вселената, а меѓу нив сега се вклучија и Кинезите.

Компанијата China Academy of Launch Vehicle Technology (CALT) со поддршка на Владата работи на големо вселенско летало, кое само би полетувало и слетувало и притоа би превезувало до 20 патници.

Проектот е презентиран на конгресот во Мексико минатата недела, со напомена дека дизајнот може да се прилагоди за прифаќање на повеќе патници.

Хан Пенгсин за „New Scientist“ изјави дека пробните летови компанијата би можела да ги спроведе за две години, а лансирањето би можело да се случи во 2020 година, доколку леталото се шокаже дека е безбедно.  Билетот за овој лет ќе чини меѓу 200.000 и 250.000 долари.

Кинеската компанија дизајнираше и две верзии од леталото. Едната од десет тони би можела на височина од сто километри да пренесе пет патници, додека поголемата, од сто тони, би можела да пренесе 20 патници. Леталото потсетува на спејсшатл, а двете верзии би се користеле за повеќе летови. Поголемата би имала и комерцијална цел, односно со неа би се лансирале и сателити.

Роџер Лаунијус од Смитсониан за „New Scientist“ изјави дека дизајнот е интересен, но дека во работата која е претставена во Мексико недостигаат премногу технички детали, односно не е објаснето како компанијата планира сето тоа да го реализира во две години. Лаунијус истакнува дека е многу полесно да се дизајнира летало и се зборува за можностите, отколку навистина да се реализира целета работа.

Зошто некои луѓе стареат побрзо, а кај други тој процес е побавен?

Честопати заслугите за нечиј младолик изглед се припишуваат на разни здравствени фактори, како исхраната, вежбите и здравите животни навики.

Меѓутоа, научници од Калифорнискиот Универзитет во Лос Анџелес (УКЛА), сега открија дека некои луѓе едноставно се биолошки предодредени за побрзо стареење.

Научниците нашле досега најјасен доказ дека пет отсто од луѓето се предодредени да стареат побрзо и да починат порано од останатите. Авторите на студијата, објавена во научниот магазин „Ејџинг”, анализирале ДНК примероци од крв на над 13.000 луѓе во Европа и САД.

Брзината на стареењето е мерена со епигенетски часовник кој го изумил водечкиот автор на студијата. Часовникот го пресметува стареењето на ткивата и крвта мерејќи ја метилацијата, процес во кој ДНК-та се распаѓа со текот на времето.

Потоа ја земале предвид биолошката возраст на секое лице и ја споредиле со нивната вистинска возраст, за да го пресметаат нивниот очекуван животен век. Научниците биле изненадени кога виделе дека некои од здравите луѓе биле биолошки предодредени да умрат порано од нивните врсници.

Лицата со биолошки фактори на ризик имаат 50 отсто поголеми шанси за предвремена смрт, без оглед на тоа дали пушат, што јадат или пијат.

Темистоклес Асимес, еден од авторите на студијата, вели дека потребни се уште истражувања за целосно да се сфати врската меѓу епигенетските промени и предвремената смрт.

Истражувачите рекле дека овие резултати би можеле да им помогнат да најдат начини за продолжување на здравиот живот кај лица со поголем ризик.

Херпесот на усните е непријатна и болна појава – еве како да го спречите

Херпесот на усните е многу непријатна појава. Освен тоа што ни создава естетски проблем и тешко може да се сокрие, тој долго трае, пецка и чеша.

Вирусот на херпесот е карактристичен по тоа што кога еднаш ќе навлезе во нашиот организам тешко можеме да го излекуваме во потполност. Со одредена терапија, крема и други медицински препарати само го доведуваме во состојба на мирување и во зависност од нашиот имунолошки систем неговата повторна појава е неизбежна.

Најчести причинители на херпесот се стресот, исцрпеноста на организмот, грипот, како и други вирусни инфекции кои го погодуваат нашиот организам за време на ладните зимски денови. Не треба да се заборави дека појавата на херпес за време на летото не е ретка појава, бидејќи високите температури и силното сонце можат да доведат до побуна на вирусот на херпесот и негова појава на кожата.

Појавата на херпес е проследена со мали пликчиња исполнети со течност кои можат да чешаат, пецкаат или болат. Пликовите по некое време пукаат, преминуваат во краста, а кога таа созрева отпаѓа и не остава лузна.

Основно правило за заштита од сите вирусни инфекции е обидот да се избегнува изворот без разлика дали се работи за пиење од иста чаша од која пиела и личноста која има херпес, бакнеж или користење на ист пешкир по туширање.

Херпесот не може да исчезне за два дена доколку веќе се појавил на кожата. Важно е на време да се препознаат симптомите. Постојат разни препарати за лекување на херпесот, но ви советуваме да пробате со коцка мраз. Доколку почуствувате чешање, пецкање или црвенило, земете коцка мраз и ставете ја во таа регија. Со тоа ќе ја спречите појавата на херпес.

Виц: На прв состанок

Излегува ќерката на прв љубовен состенок со некој дечко, па мајката ја советува пред излегување:

Ќерко, маме, те моли мама да не му дозволуваш на типот да ти се качи уште на првиот состанок, оти мама многу ќе плаче.

Излегува ќерката, поминува време и се враќа вечерта доцна. Ја пречекува мајката и ја прашува:

Како си помина?

Одлично мамо. Те послушав и не му дадов да ми се качи. Му се качив јас, нека плаче неговата мајка, зошто да плачеш ти.

Митови од филмовите и вистини од реалноста кои ги побиваат – за да бидете „на чисто“

Филм си е филм и филмските гиганти ќе направат сè за подраматичен ефект на филмската содржина. Но, во стварноста нештата стојат малку поинаку за некои работи.

6-10-mitovi-i-vistini1 6-10-mitovi-i-vistini2 6-10-mitovi-i-vistini3 6-10-mitovi-i-vistini4 6-10-mitovi-i-vistini5 6-10-mitovi-i-vistini6 6-10-mitovi-i-vistini7 6-10-mitovi-i-vistini8 6-10-mitovi-i-vistini9 6-10-mitovi-i-vistini10 6-10-mitovi-i-vistini11 6-10-mitovi-i-vistini12

Виц: Безбедност во затвор

Во затвор пристигнал нов затвореник, па го сместуваат во ќелија со уште двајца цимери. По две недели откако пристигнал еден од цимерите го прашува:

А бе, брат, да те прашам, зошто секогаш спиеш со газот свртен накај ѕидот.

Заради безбедност, друже.

Џабе ти е брат, спиеш со отворена уста.

Виц: Даночен инспектор во војска

Оди некој тип на задолжително отслужување на воениот рок, па капетанот го прашува:

Војнику, што си ти во цивилниот живот по професија?

Даночен инспектор, капетане.

Добро, ти ќе бидеш задолжен за будење на војниците рано наутро.

Зошто баш тоа?

Па, секако си веќе навикнат сите да те мразат и да те пцујат.