Home Blog Page 4323

Знаете ли за што служи овој, денес неупотребли, додаток на задниот дел од кошулите?

Речиси секоја кошула на грбот, малку под јаката, има мала платнена „кукачка“ во тон и боја на самата кошула, кој денес е целосно бескорисна. Никој не ја користи за закачување бидејќи сите кошули денес ги чуваме на закачалки или во „најлош“ случај, на иста таква „кукачка“, но од внатрешната страна на кошулата.

Станува збор за „остаток“ кој без никаква потребна и цел се задржал до денешен ден на голем број од модели на кошули, но во времето кога бил додаден на кошулите имал важна улога. Поточно, три важни улоги: логично, служел за закачување на кошулите уште кога на луѓето закачалките не им биле вообичаена појава во ормарите. Особено им бил важен на морнарите, но и на сите други, а се вели дека кошулата помалку се гужва и се оштетува ако ја обесувате на таа „кукачка“ отколку на внатрешната. Секако, денес и двата начини се речиси исфрлени од употреба, а ги заминуваат веќе неодминливите закачалки.

Според некои извори, овој додаток на грбот служел во времето кога се носеле околувратници кои можеле да се симнуваат од вратот, а додатокот се користел за прицврстување на марами, кравати и слични украси.

Третата, и веројатно најромантична улога на оваа „кукачка“, е поврзана со љубовниот живот. Пред појавата на социјалните мрежи, преку овој додаток на кошулата, студентите во САД на сите можеле да им дадат до знаење дали се во врска или се слободни. Оние кои се во врска намерно го отсекувале овој додаток од кошулите, а понекогаш тоа го правеле и девојките на кошулите од момците, со цел да им покажат дека им се допаѓаат и сакаат врска со нив. Оваа пракса била особено популарна во ’70-те години од минатиот век.

300 евра за ноќ во градот на духовите: Во Чернобил „пука“ туризмот

Зоната на самракот од пред 30 години денеска претставува туристичка атракција. 

Во април 1986 година експлодира реактор четири во чернобилската нуклеарна електрана, испуштајќи големи количества радиоактивни хемикалии во воздухот, кои загадија милиони квадратни километри.

Околу 50.000 жители од блискиот град Припјат, кои советските власти го изградиле за работниците во електраната, мораше да се исели во рок од два дена.

На местото на експлозијата загинаа 30 лица, а уште неколку илјади од последица на зрачењето.

Припјат денеска е безбеден град, но Градот на духовите го посетуваат само туристите. Во областа, меѓутоа, не е можно да се влезе туку така, па за претстој Ви е потребна дозвола од владата.

Во Киев веќе неколку години „цутат“ туристичките аранжмани во кои се нудат еднодневни посети на Чернобил и Припјат, а по желба таму може и да се преноќи.

Цените се „лути“, па најевтината тура од Киев чини околу 67 евра, а поскапите и за повеќе од 306 евра.

Поскапи се секако, соло турите и оние на англиски, а попуст се добива на групни, како и тури на руски.

Истотака, не мора да се грижите дали ќе си змаинете озрачени, бидејќи на крајот од секоја посета се спроведува скрининг.

Тоа остаре и си замина, кралицата не се дава: Кралското куче успиено поради болест

 Кралицата Елизабета Втора донесе тешка одлука нејзиното омилено куче од расата корги да се успие, бидејќи Холи беше стара и болна, пишува денеска „Дејли мејл.

Верниот придружник на кралицата, кој беше главен меѓу благородничките кучиња, ќе биде погребано на местото, кое кралицата може да го види од прозорецот на нејзината соба за сликање, а на гробното место ќе биде поставен и камен споменик, пишува „Дејли мејл“.

Извор близок до кралското семејство вели дека кралицата била мошне вознемирена, но и дека не можела да го гледа кучето како се мачи и оти знаела дека ја донела вистинската одлука.

Тринаесет годишната Холи се појави во познатиот скеч за Џемс Бонд на отворањето на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, заедно со кралицата.

Повеќе од седум децении кралицата беше опкружена со кучиња од оваа раса, а сега и остана само едно од нив, со име Волов, кој исто така има 13 години.

Сето над оваа старост е исклучок: Максималниот животен век на човекот е…

Најновите научни истражувања покажаа дека максимална природна должина на животниот век е 125 години.

Истражувачкиот тим од Медицинскиот факултет „Алберт Ајнштајн“ во Њујорк спроведе истражување за да открие зошто луѓето не можат да живеат подолго од 125 години. Официјално, најстарата личност на светот е Французинката Жане Калме која почина во 1997 година на 123 години.

Експертите тврдат дека луѓето едноставно не можат да живеат подолго со оглед на тоа дека телото достигнува одредена граница на пропаѓање, после која не е можно враќање во претходната состојба.

Иако е затемелено мислењето дека животниот век во просек се продолжува, научниците дошле до заклучок дека таа појава е делумно предизвикана поради помалата стапка на смртност на новороденчиња и деца, што автоматски ја поместува горната граница на просечниот животен век.

Истражувачите се согласни дека луѓето од деценија во деценија навистина живеат подолго, но само до одредена граница, која е 125 години.

Краток тест со кој лесно можете да си ја проверите здравствената состојба

Потребно е многу малку време за да откриете во каква здравствена состојба сте. Со помош на овие шест кратки тестови ќе може да ги воочите пораките кои ви ги праќа вашето тело и на време да се консултирате со доктор, со цел да го решите проблемот.

Белките на очите

Застанете пред огледало и погледнете ги добро вашите очи. Ако наеднаш имаат некоја жолтеникава боја, можно е да сте биле предолго изложени на сонце без очила за сонце. Ако жолтилото не помине само од себе, посетете доктор со цел да ја исклучете можноста за проблеми со црниот дроб.

Црвените очи може да бидат симптом на многу други проблеми, од алергии до инфекции. Потребно е да го разликувате краткотрајното црвенило кое се појавува на пример при иритација поради паднати трепки или поради повеќечасовно седење пред компјутер и долготрајното црвенило кое не престанува со денови. Тоа може да биде симптом на алергија или инфекција и во тој случај треба да посетите офталмолог.

Издржливост

Недостатокот на физичка активност му штети на нашето тело и долгорочно може да биде причина за разни хронични болести. Својата сила и издржливост може да ја тестирате на едноставен начин. Качувајте се по скалилата на вториот кат од зграда или куќа. Ако многу сте се умориле, испотиле дури и здивот сте го изгубиле, тоа значи дека имате многу слаба кондиција, а можеби и проблеми со хормоните на тироидната жлезда, кои мора да ги проверите.

Половина

Познато е дека дебелината на специфични делови од телото може да биде опасна. Луѓето кои вишок килограмите им се на половината, а не на задникот, бутовите и другите места на телото, имаат поголеми шанси за развој на болести на срцето, дијабетес и висок крвен притисок. Измерете ја големината на вашата половина и ако е поголема од 90см, тоа значи дека е време за вежбање и диета.

Кожа

Сувата кожа, особено по туширањето е непријатен проблем, но и предупредување дека на вашето тело нешто му фали. Тестирајте ја кожата на тој начин што ќе ја изгребете со нокот на подлактницата. Ако под нокотот ви останат остатоци од кожата или ако имате многу видлив траг на гребење, тоа значи дека на вашата кожа и треба хидратација однадвор, но и однатре.

Бемки

Задолжително следете ја состојбата на своите бемки, особено оние поголемите и поизразените. За скенирање на целото тело не ви треба многу време, само застанете пред огледало и погледнете ги. Промените на бемките, црвенило, чешање, крвавење и нагло растење се често симптоми на бениген тумор кои завршуваат само со отстранување на бемката, но може да се и предупредување за посериозни проблеми, при што ќе треба да се обратите на дерматолог.

Урина и столица

Кога ќе извршите нужда, немојте да се срамите да погледнете во WC шолјата, бидејќи така може многу да дознаете за своето здравје. Здравата урина е бистра и со светло жолта боја. Темната и матна урина пред сè е знак дека не пиете доволно течности. Ако забележите крв, тоа е знак за уринарна инфекција или воспаление на бубрезите. Во тој случај веднаш посетете доктор.

Ако јадете храна богата со железо (цвекло, спанаќ, боровница, капини) вашата столица може да биде со потемна боја. Сепак, ако не сте консумирале таква храна, а сте забележале дека ви е темна дури и црна, посетете доктор и тестирајте ја вашата столица. Можеби имате внатрешни хемороиди или полипи, кои треба да ги излекувате.

Стар скоро 4.000 години: Овој е најстариот виц на светот

Најстариот запишан виц во историјата на човештвото датира од 1900 година пред нашата ера, а го запишале Сумерите кои живееле на областа од денешен северен Ирак.

„Што никогаш не се случило од настанокот на светот? Млада жена никогаш не прднала во скутот на својот маж“, гласи најстариот познат запишан виц.

Десетте најстари вицови на светот ги објави Универзитетот од Вулверхемптон, Велика Британија. Меѓу нив се најде и оној за египетскиот фараон од 1600 година пред наша ера: „Како да забавуваш фараон кому му е досадно? Наполни брод со млади жени облечени само во рибарски мрежи, пушти го да плови по Нил и викни го фараонот на риболов“.

Низ годините и вековите вицовите се појавувале во форма на прашање и одговор, пословици и загатки.

„Човек би сакал да се пари повеќе и од магарињата – неговиот паричник не му го дозволува тоа“, стори запишано со хиероглифи на едно место во Египет.

Старите Римјани, пак, сакале да ги исмеваат моќниците, а најстариот римски виц датира од 1 век од новата ера, зборува за царот Август кој го обиколувал своето царство, па сретнал еден човек кој многу личел на него. Љубопитен, го прашал човекот: „Дали твојата мајка некогаш служела на царскиот двор? Не, ваша висост“, му одговорил човекот, „но мојот татко има служено таму“.

Најстарата британска шега датира од 10 век: „Што виси од бедрата на мажот и цели кон влегување во дупката во која влегувало и порано? Одговорот е – клуч.“

Виц: Водоводџија на врата

Во стан ѕвони водоводџија, му отвара Трпе.
– Добар ден, сте имале проблем со водоводот?
– Не бе, исправен е.
– Нели е ова станот на Цветко?
– Не јас сум Трпе, Цветко се исели пред два месеци.
– Де бе што му е на овој народ! Прво вика мајстор, а после се сели.

Дронот не требаше да се „чепка“ со оваа незгодна голферка

Што му требаше да ја ремети? 😀

Виц: Снаата и свекрвата

Ѕвони снаата кај свекрвата и ја прашува:

Како сте, што правите?

Добри еве, дома со свекор ти.

Да те прашам, кога ќе се посере детето, кој треба да го преслече – мајката, таткото или некој друг?

Исклучиво само мајката!

Е па, тогаш ајде помини до кај нас, син ти се направи камен пијан и се посра, некој треба да го среди.

Виц: Попот и магарето

Се вози попот со кола и наидува на мртво магаре на патот.Се јавува во полиција:
— Се јавува попот Мите.Има едно мртво магаре на патот па се јавувам да го одстраните некој да не се истумба.
Полицаецот,сакајки да се нашали,му вели:
— Попе,молитва дали го отпеавте на магарето?
Попот на тоа одговара:
— Не сум,сега ќе го отпејам,туку прво сакав на роднините да им јавам.