Home Blog Page 4322

Германија од 2030 ќе забрани продажба на автомобили со дизел и бензиски мотори

Германскиот Бундесрат ја помина првата резолуција со која од 2030-тата година ќе се забрани продажбата на нови возила со класични мотори со внатрешно согорување.

Дали е ова вистинска ноќна мора за автомобилската индустрија? Горниот дом на германскиот парламент ги прави првите чекори кон целосно стопирање на продажбата на автомобили со класични мотори со внатрешно согорување од 2030-тата година.

Секако, автомобилите кои ќе бидат продадени пред тој краен рок ќе можат да продолжат да се возат по германските патишта, но од 2030-тата година само електрични возила ќе можат да се продаваат во германските авто-салони. Според она што е објавено, една од целите на овој чекор е да се запре продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување на ниво на целата Европска Унија, и иако германскиот Bundesrat нема влијание да го направи тоа, сепак влијанието на Германија во ЕУ е навистина големо.

Германската влада сака да испрати порака од Европската Комисија да ги зголеми бенефициите (односно субвенциите) за електрични возила, и истовремено да воведе поголемо оданочување за автомобилите придвижувани од дизел-мотори. Сето ова е со цел да се мотивираат сè повеќе и повеќе луѓе да ги заменат своите стари автомобили со нови, електрични возила. Оваа иницијатива скоро идеално се поклопува со неодамнешниот Саем на Автомобили во Париз, каде главен акцент беше ставен токму на електричните возила – видовме премиери на електрични возила од Volkswagen, Mercedes-Benz, Opel и многу други, а свој влез во играта со електрични возила неодамна најави и Maserati.

Вакви иницијативи за ефективно запирање на продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување веќе се случуваат и во други европски земји – вакви мерки веќе најавија (и започнаа) земји како Холандија и Норвешка. Иако чекорот делува екстремен, пораката од европските земји е јасна – помалку мотори со внатрешно согорување, повеќе електрични возила.

Samsung ја запре продажбата на моделот Galaxy Note7

По серија инциденти со запалување на гаџетите кои требаше да бидат безбедна замена за повлечените модели, Samsung соопшти дека ја запира продажбата на телефонот Galaxy Note7. Компанијата вели дека корисниците со првичните апарати или со замените што ги добија треба да ги исклучат телефоните и да бараат поврат на средствата или да ги заменат за други модели.

Соопштението доаѓа по неколкуте нови инциденти со прегревање минатата недела и претставува уште еден удар за најголемиот производител на паметни телефони во светот. Американската организација за заштита на потрошувачите кажа дека истражува пет инциденти со запалување или прегревање откако компанијата соопшти дека ги повлекува телефоните минатиот месец.

Водечките мобилни оператори веќе најавија дека ќе престанат да ги дистрибуираат новите Galaxy Note7 телефони.

Најдобриот татко на светот: За ќерката изгради Ninja Warrior полигон во дворот

Само затоа што Лајла има пет години не значи дека не може да започне со тренирање за Аmerican Ninja Warrior поради својата возраст.

Нејзиниот татко, Гевин МекКол, за неа го изгради најимпресивниот и најзабавен домашен полигон за оваа дисциплина, за да може Лајла да вежба во нивниот куќен двор. А дополнителна забава се попатните коментари и бодрењето на Лајла додека Гевин ја снима како ги совладува пречките на полигонот.

МекКол, исто така, иницираше и страница на GoFundMe за да и’ помогне на Лајла да собере повеќе опрема за тренинг. Тоа со сигурност го прави најдобриот татко на светот, барем за неговата мала ќеркичка.

Запознајте го Казбек – кавкаска гордост извишена 5.033 метри над морето

Вака изгледаше искачувањето на овој кавкаски горделив стратовулкански врв од страна на неколку члена екипа планинари кои решија да се извишат до врвичноста на оваа грузиска планина.

Виц: Џимрија девојка

Си прават муабет две другарки:

Маче, стварно не те разбирам…навистина не знам што сакаш и бараш од дечковците за да си најдеш некој траен.

Зошто ма?

Како ма зошто?! Да се фатат сите твои бивши на оро, тие последните нема да можат да ја чујат музиката.

Виц: Секс за лек

Си оди Трпана дома од лекарски преглед и му вели на Трпе:

Мажу, лекарот ми рече дека редовниот секс е најдобар лек против стрес. Што ќе кажеш ти на тоа?

Оди, Трпано, барај второ мислење, од друг лекар.

Ѕирнете во „канцелариите“ од вработените во Instagram

По повод шестиот роденден од Инстаграм, компанијата своите работни простории ги пресели во нов, помодерен работен простор.

A photo posted by 彦之 (@yanzhi_w) on

A photo posted by Alyssa Chen (@alyssachen) on

Вработените сега работат во простории кои целосно ја одликуваат работната филозофија на компанијата, а некои делови изгледаат како 3D верзија на нивните апликации. Сè е во знакот на логотипот и боите од Инстаграм, а вработените на располагање имаат и полароид фотоапарати.

A photo posted by Anna Pustułka (@ann_tulka) on

Исто така, располагаат и со модерна кујна, библиотека, а има и компаниско кафуле.

A photo posted by Ashley (@ashleymilardo) on

A photo posted by Elly Deutch (@ellydeutch) on

A photo posted by janeymary (@janeymary) on

A photo posted by alexc9 (@alexc9) on

10-10-instagram-kancelarii1 10-10-instagram-kancelarii2 10-10-instagram-kancelarii3 10-10-instagram-kancelarii4 10-10-instagram-kancelarii5 10-10-instagram-kancelarii6

Виц: Младото зетче и свршеницата

25-годишно момче ја води својата свршеница кај родителите, за да се запознаат.
Мамо, тато, ова е мојата свршеница. Таа има 50 години и има 5 деца…
Молам!?
Нејзиниот поранешен маж, наркоман, го продал нивниот стан и сега тие нема каде да живеат…
Молам!!?
Таа исто така е на хероин и има СИДА…
Молам!!??
Се вика Жаклина…
Комплетен шок.
Хахаха! Само се шегувам, бе, луѓе…
На родителите им олеснува и почнуваат да се смешкаат, а синот додава:
Се вика Марија, не Жаклина…и многу се сакаме.

За регистарска табличка плати вртоглави 8 милиони евра – еве што пишува на неа

Индиски бизнимсен кој живее и работи во Дубаи на едно аукциско наддавање искешира повеќе од 8 милиони евра за ја има во своја сопственост регистарската табличка со бројот 5 и со тоа да си ја задоволи својата колекционерска страст, пренесува Gulf News.

„Обожавам да собирам уникатни регистарски таблички и сум горд на тоа што успеав да ја купам оваа на која пишува D5“, вели индискиот бизнисмен Балвиндер Сахани. Додава дека бил подготвен да плати и „да речеме 50 или 100 милиони долари“, како што вели самиот, бидејќи регистрацијата едноставно „му запнала за око“.

A photo posted by 7DAYSUAE (@7daysuae) on

Сахани е сопственик на меѓународна компанија за трговија со недвижнини, а се пофали дека минатата година ја купил регистарската табличка со број 9 за 6 милиони евра. „Досега имам собрано десет уникатни регистарски таблички и се надевам дека ќе имам уште такви. Оваа со бројот пет ќе оди на еден од моите Ролс Ројс автомобили“, додава тој.

Gulf News пренесуваат дека во саботната аукција, која се организира на секои два месеци, за разни специјални регистарски таблички се наддавале над 300 заинтересирани. На понудата имало 80 уникатни и посебни регистрации. Ваквите аукции станаа хит меѓу милионерите и милијардерите во Обединетите Арапски Емирати.

Ги извадија од памет: Им пуштаа „јагне-самоубиец“ со динамит монтиран на него

Нормално, станува збор за бесна и можеби претерана местенка за скриена камера која според реакциите на луѓето воопшто не им беше ниту смешна, ниту забавна.