Home Blog Page 4319

Под анестезија почна да му се „пушта“ на медицинскиот брат и го побара за маж

A не го ни знае, нормално.Типот добро се носеше со нејзините муабети. Всушност, му беше и доста забавно. А типката…сигурно добро се има смеено откако ја видела снимката. Или можеби очајно сака да се мажи, па така потсвесно тоа излегува од неа кога ќе се најде во пијана или анестезирана состојба.

Елементарни грешки кои се прават при вежбањето

Правењето мускули и зајакнувањето на телото се чувствува веднаш штом почнете да вежбате. Но, мускулите може да се навикнат на одредени вежби и повеќе да не покажуваат резултати.

– Вашите мускули поминуваат низ тренинг, па сè што правите го зајакнува телото. Но, мускулите мора да се адаптираат, па мора да тренирате паметно за да имате резултати, советува тренерот Мајк Бојл, кој има своја фитнес сала.

Многумина од нас искусиле период на тренирање, во кој нема никакви резултати. Ако сакате да имате успех, мора да ги предизвикувате вашите мускули на нови и иновативни начини. Започнете со избегнување на овие грешки.

Грешка број 1: Не ги тренирате нозете

Многу луѓе се повеќе ги вежбаат горните мускули, односно градите и рацете, но најјаките мускули не се во горниот дел, туку во долниот. Преку тренирање на нозете и задникот, се ослободуваат хормони кои што го зајакнуваат целото тело. За почеток, почнете да правите клекнувања и исчекори, а потоа преминете на вежби за нозе.

Грешка број 2: Трчате многу и долго

– Трчањето долги километри не е губење време, но е приближно на тоа, вели Мајк.

Ова е вака затоа што вашето тело се адаптира брзо на повторувачкото движење и преку трчањето не се активираат потребните влакна за слабеење и за зајакнување на мускулите. Нареден пат трчајте 30 секунди, а потоа одмарајте една минута. Постапката повторете ја 10 пати, со што ќе ги зголемите вашите аеробни способности кои се одлично кардио.

Грешка број 3: Кревате многу бавно

Со брзи дигања се доаѓа до брзи резултати. Зошто?

– Побрзо се активираат влакната кои ги зголемуваат вашите мускули. Нареден пат кревајте побрзо, а со тоа и ќе ви се зголеми срцебиењето и ќе почнете полека да ги намалувате килограмите.

Грешка број 4: Долго време останувате во вашата комфорна зона

Не треба да го вежбате само она што знаете да го вежбате. Вистинските спортисти не го практикуваат тоа, туку работат на своите слабости.

-Почесто практикувајте сложени вежби, како што е кревањето шипка и кревањето на вашето тело на шипка. Ова се едни од најтешките вежби кои што мора да ги практикувате, ако сакате да имате резултати, додава Мајк.

Најјаката механизација на светот: Какви сè не машини постојат – да се чуди човек

Во светот на технологијата и механизацијата сè е измислено за да се минимизира човечката работна сила и мака. Посебно во инфраструктурниот и земјоделскиот сектор. Прашање е на пари, посветеност и организација што, кому и колку му е достапно.

Виц: Ја топлам раката

Дечко пушта рака меѓу нозете на непозната девојка со која се сами во купето.
Што правиш?,  го прашува таа.
Паааа…хммм…си ја топлам раката да не настинам, збунето одговорил тој.
Од ушите се настинува, од ушите!

Пратеничка од Исланд го доеше бебето на говорницата од парламентот (видео)

Унур Бра Конрадсдотир, пратеничка од исландската Независна партија, ја доеше својата ќерка додека држеше говор во Алтинги (исландскиот парламент).

Ова досега не се случило во островската држава, а веројатно ни било каде во светот. Ставовите во однос на доењето во јавност се доста либерални во Исланд, како што демонстрира и овој настан.

Политичарката објаснила зошто го донела своето бебе на подиумот за време на говорот во однос на новиот закон за имиграција.

„Беше гладна и не очекував да одам на говорницата. Потоа, друг пратеник зборуваше за закон кој јас го предложив, на што морав да одговорам. Така што, или требаше да го тргнам девојчето од мене и да ја оставам да плаче со пратеникот кој седеше до мене, или само да ја земам со мене, што мислев дека ќе причини помалку вознемирување“, вели Бра Конрадсдотир.

Додава и дека ќерка ѝ доаѓа со неа на седниците откога е родена и колегите пратеници се навикнати на неа.

„Има доаѓано на голем број средби на комитети со мене, во текот на последните денови пред распуштањето на парламентот. Вообичаено е многу мирна, а кога гласаме цврсто спие. Така што, имало многу малку незгоди претходно“, вели пратеничката.

Виц: Трпе во инвалидска количка

Митре го сретнува Трпе како се движи во инвалидска количка по улица.
Шо направи бе, другар? Што така во количка?
Остај, брат…сообраќајка со колата.
И толку ли се повреди што не можеш да одиш?
Не знам бе другар, стварно не знам…докторот ми вика дека можам, ама адвокатот вика не можам!

Виц: Награда за капетанот

Прават муабет двајца морнари:

А бе капетанот нешто тажен е, што мака има?

Добил награда на лотарија и тоа го уништи…

Аман бе?! Како може награда да го растажи?

Така. Добил наградно крстарење околу светот со брод.

За ваква секси учителка сите би се вратиле во школските клупи

Белоруската учителка по математика Оксана Невеселаја неодамна се прослави на социјалните мрежи кога беше објавена нејзина снимка како држи час во кратко фустанче.

А има и Инстаграм профил, што е дополнително задоволство за нејзините веќе бројни фанови. Да не спомнуваме дека објавува провокативни фотографии, тоа некако веќе се подразбира кога станува збор за Инстаграм.13-10-oksana-neveselaya-02 13-10-oksana-neveselaya-03 13-10-oksana-neveselaya-04 13-10-oksana-neveselaya-0513-10-oksana-neveselaya-01

13-10-oksana-neveselaya-06 13-10-oksana-neveselaya-07 13-10-oksana-neveselaya-08 13-10-oksana-neveselaya-09 13-10-oksana-neveselaya-10 13-10-oksana-neveselaya-11  13-10-oksana-neveselaya-13 13-10-oksana-neveselaya-14 13-10-oksana-neveselaya-15

Некогаш беше четврто најсолено езеро на светот – денес нема ниту капка вода

На 100 километри од некогаш едно од најсолените езера, во автономната земја Каракалпакстан која се наоѓа во Узбекистан, рибарски бродови се закотвени како во сцена од филм – во жежок пустински песок.

Областа Мојнак, некогаш била најголемиот извор за рибарскиот занает, на доковите на Аралското Езеро. Сега, водата речиси ја нема воопшто а местото изгледа како да е отсечено од светот.

Аралското Езеро своевремено важеше за четвртото најсолено езеро во светот кое се простирало на 34.000 квадратни километри – од северниот дел на Казахстан до јужниот дел на Узбекистан.

Но во 60-тите години поделен е протокот на двете реки кои го полнеле езерото за производство на памук, а тогаш паралелно се намалувало нивото на водата, додека нивото на сол се зголемувало, убивајќи го живиот свет кој останал во водите. Но езерото денеска е само 10 отсто од првичната своја форма.

Според проценките, 18.000 луѓе се останати да живеат во Мојнак, додека над 100.000 заминале во Русија или Казахстан.

13-10-aralsko-ezero1

„Нема што да се прави овде. Ако сте млад мора да заминете. Иронично, повеќето од луѓето кои се уште живеат овде работат многу за мали плати во индустријата со памук, истата која го уптопасти ова место“, вели младиот Мирбек во приказната која ја објави BBC.

Денес ова место е населено главно од постари луѓе кои ги чуваат своите внуци додека нивните родители заминале на печалба, како и работници во фабриките за памук.

Здравствените проблеми исто така се во пораст поради токсичните пестициди кои се користат за обранотка на памукот, а кои го загадуваат воздухот, предизвикувајќи рак, респираторни проблеми и неправилности во имунитетот. Стапката на рак на хранопроводот овде е 25 пати поголема од просечната во светот.

По сушата на езерото и климатските промени се особено дисторзирани. Жителите на Мојнак живеат на екстермно високи температури за време на летото, кои достигнуваат и до 50 степени Целзиусови, и на екстремно ниски за време на зима, до -40 степени.

„Валканите“ тајни на стјуардесата: Го нашол дневникот од сопругата – содржината го шокирала

Сопругот од една од стјуардесите од компанијата Transavia го пронашол нејзиниот таен дневни во кој ги запишувала „валканите“ авантури од работните патувања и останал шокиран од содржината која ја прочитал на неговите страници. Толку се шокирал што истата решил да ја објави во јавност.

Според записите од дневникот, неговата сопруга имала сексуални односи со неколку вработени од компанијата, а авантурите се случувале во авионите и во хотелите во кои спиеле помеѓу летовите. Таа сето тоа детално го опишала во својот таен дневник, а откако се дозна дека нејзиниот сопруг го открил дневникот и сака да ја објави во целост неговата содржина во медиумите, авиокомпанијата и самата сопруга се обидуваат да го спречат во таа намера. Со целиот случај ќе се занимава и судот во Хаг.

Адвокатите од авиокомпанијата тврдат дека ќе поднесат тужба против сопругот од стјуардесата поради објавување на нејзините приватни е-мејлови кои ги разменувала со трети лица.

„Целиот случај го третираме доста сериозно, а интерната истрага покажа дека безбедноста на патниците не била загрозена во ниту еден момент“, истакнуваат од канцеларијата за односи со јавност за Mail Online.