Home Blog Page 4318

Банџи вежби: Одличен спој на забава и вежби за стегнато тело (видео)

Банџи вежбањето е можеби најинтересниот начин на кој освен што ќе го затегнете телото и одлично ќе се забавувате.

Вежбите се лесни и практични, а движењето е дополнително олеснето со оглед на тоа дека сте врзани со јаже за плафонот.

Ефектот кога ќе фрлите во еден миг 1.000 Bic запалки во оган

Одете директно на 19-та минута и 28-ма секунда, да не се досадувате со она што го снимале овие претходните 19 и пол минути.

Против несоница, анксиозност, депресија, стрес, тахикардија – пасифлората е сестран еким

Пасифлората е нежен природен седатив и најдобар пријател на квалитетниот сон

Неговите балансирани лековити моќи доаѓаат од алкалоиди и биофлавоноиди на растението, единствени соединенија кои се во позитивна интеракција со сопствените методи на организмот за одржување на менталното и физичкото здравје и рамнотежа.Пасифлората ги релаксира грчевите и напнатоста на мускулите без да влијае на дишењето или психолошка функција на начинот на кој повеќето седативи тоа го прават, што го прави моќен, а сепак лесен и пријатен за употреба.

Еве ги најмоќните здравствени придобивки од пасифлора.

Против несоница
Ја ублажува анксиозноста
Против депресија
Природен третман против стрес
Природен третман за смирување на тахикардии
Ја подобрува концентрација
Против симптоми на менопауза
Против Паркинсонова болест
Ги намалува грчевите и болките во стомакот

Против несоница

Најчестите медицински употреби на пасифлората е помогне во ублажување на несоница, што е константна спреченост да се заспие или да се остане заспан во текот на целата вечер. Поконкретно, последните истражувачи открија дека нивните откритија се однесуваат на употреба на мали дози пасифлора кои придонесуваат за квалитте и мирен сон кај возрасни лица и тоа без чувство на поспаност во текот на целиот ден.

Ја намалува болката

Поради антиспазмолитични и седативни ефекти, физичката болка, исто така, се намалува со пасифлора на безброј начини. Пасифлората е најдобриот избор за предменструални грчеви или за намалување на слната мигренска главоболка. Исто така, може да ги ублажите мускулните болки и грчиви па дури и силните забоболки.

Помага при стрес и анкциозност

Нервоза, анкциозност секојдневен стрес и притисок предизвикан од модерното и брзо живеење ќе бидат драстично намалени и ублажени благодарение на редовното користење на Пасифлора. Дополнително на тоа, пасифлората не предизвикува поспаност или влошување на работните перформанси следниот ден што е специфика на седативите.

Анти-депресант и олеснувач при менопауза

Совршен двоен избор во перидот на менопауза кој покрај тоа што го олеснува овој период на промени во телото на жената во таа фаза дополнително делува и како антидепресив кој ги отклонува „топлите бранови“ и непријатните периоди типични за периодот на менопауза. Испитаници во една студија земале додатоци со пасифлора секој ден во текот на шест месеци. Значителни симптоми на подобрувања се појавиле по третата недела. Истражувачите открија дека цветот од пасифлора може да обезбеди предност кај жените со менопауза кои не можат или ќе одлучат да не користат било какви видови хормонски замени.

Пасифлората е растение кое за првпат е откриено од шпанските освојувачи во Перу во 1569 година, и има долга историја на примена во олеснувањето и ублажувањето на мноштво состојби, како што се несоница, анксиозност, епилепсија, висок крвен притисок, проблеми со варењето и многу други.

Пасифлората помага во олеснувањето на симптомите на анксиозност и несоница. Смирувачкото дејство што го поседува, доаѓа од присуството на флавоноиди, а највеќе од флавоноидот наречен кризин, којшто е главната супстанца на пасифлората. Тој дејствува на начин што се врзува со ГАБА-бензодијазепинските рецептори во мозокот (ГАБА-рецепторите се класа на рецептори кои реагираат на ГАБА – гама аминобутиринската киселина, главниот инхибиторен невротрансмитер на централниот нервен систем, и имаат улога во остварувањето на когнитивните функции), го засилува дејството на гама аминобутиринската киселина, што резултира сосмирувачко и благотворно дејство во организмот, притоа помагајќи при состојби на вознемиреност и несоница.

Благодарение на ваквото дејство пасифлората помага во олеснувањето на анксиозноста, бессоницата, чувството на паника, раздразливоста, а е делотворна и во ублажувањето на мускулниспазми. Во споредба со конвенционалните лекови за третирање на овие состојби, кои често имаат несакани ефекти и создаваат зависност, како што се дијазепамот и оксазепамот, истражувањата покажуваат дека екстрактот од пасифлора е подеднакво ефикасен, но без споменатите штетни ефекти*.

*Не се забележани посериозни несакани дејства од користење на екстракт од пасифлора, но треба се почитува препорачаниот дневен внес, бидејќи пречекорувањето на препорачаната доза може да доведе до поспаност, конфузија, вртоглавица и забрзано срцебиење.

**Бремени жени и доилки – Не е безбеден за употреба од страна на бремени жени, бидејќи содржи материи коишто можат да поттикнат утерини контракции. Не е познато дали има несакани ефекти кај доилки.

Би можела да го објасни фундаменталниот проблем на универзумот – дали знаете што е неутруна?

Зошто Универзумот се состои од материја наместо од антиматерија? Ова навидум просто просто прашање ги одржува голем број од научниците зафатени.

Според стандардниот модел на честичната физика, односно теоријата на фундаменталната физика, материјата и антиматеријата се во совршен баланс, па на тој начин мора да постои некој „механизам“ кој на материјата ѝ дава предност.

Јапонски научници можеби дошле до пронаоѓање на еден од овие механизми. Според прелиминарни резултати од „Tokai to Kamioka (T2K) експериментот со неутрина“, осцилации на неутрина се случуваат почесто отколку осцилации на анти-неутрина, коешто можело да има пресудна улога во доминацијата на материјата врз антиматеријата по Големиот Прскот.

Неутрината се минијатурни фундаментални честички без полнеж кои се создаваат при нуклеарни реакции. Секоја секунда, константно низ нашите тела поминуваат трилиони неутрина кои доаѓаат од Сонцето. Има три типа на неутрина (електрон, муон и тау), и неутрината осцилираат (се менуваат) од тип до тип.

Т2К експериментот ги детектирал овие осцилации испукувајќи зрак од неутрина од научиот центар во Токаи до Супер-Камиоканде детекторот на неутрина оддалечен 295 километри.

Хирохиса Танака од Универзитетот во Торонто, Канада, ги соопштил последните резултати од Т2К на 27та Меѓународна конференција  за физика на неутрина и астрофизика (Неутрино 2016). Експериментот детектирал 32 муон неутрина претворајќи се во електрон неутрина и само 4 муон анти-неутрина претоворајќи се во електрон анти-неутрина.

Ова откритие е доста интересно, но сè уште е рано да ги „фрлиме учебниците по Физика низ прозор“. Оваа детекција има ниво на доверливост од две сигми, што значи дека таква разлика помеѓу неутрина и анти-неутрина се забележува еднаш на 20 поворувања на експериментот.

Златниот стандард за научни откритија во Физиката се пет сигми.

Ако ова откритие се потврди, тоа може да претставува интересно нарушување на фундаменталната симетрија на Физиката наречена ПП (Полнеж и Парност). Симетријата на полнежи значи дека кога би ги замениле сите честички со нивните анти-честички, и кога би ја задржале поставеноста на Вселената, и физиката би требало да ги задржи своите закони. Неодамна уште едно нарушување на ПП е забележано со откривањето на новиот крушовиден атом.

Ние сме свесни дека постои физика надвор од Стандардниот модел, и можеби сме блиску до откривање на тоа што таа претставува.

Виц: Скржавиот и ручекот

Се качува еден скржав човек на од кровот од куќата, да поправа нешто, но од невнимание се лизнува и се задржува со една рака да виси. Пред да падне од високо почнува да вика:
Женоо, женоо!
Кажии!
Направи ли ручек?
Не!
Не прави, во болница ќе ручаме.

Виц: Смртен случај во автобус

Во градски автобус починува еден патник. Доаѓа полиција, влегува во автобусот и со судско лице прават увид.

Еден од полицајците го прашува човекот кој седел до несреќникот што починал.

Добро, вие бевте веднаш до него, не забележавте ли нешто чудно за да му помогнете на човекот?

Ами, чудно…не забележав ништо чудно…тој цело време ми велеше: Тешко ми е, тешко ми е…ама кому не му е тешко на денешницава.

И тоа е мајсторија: Вака се сече огромна пита пармезан

Поточно, вака се крши огромна пита пармезан. 15-минутно видео кое ќе ве застрви, ако ништо друго, барем да си порачате или направите една 4Chees пица. На вакво парче огромна пита пармезан му е потребна една година за да созрее.

Ороводецот ја прави журката: Танцот се вика дабке – жустро либанско оро

За да го водиш треба не само да знаеш да го играш, туку да имаш и кондиција.

Виц: Се јави пастрмката

Помлад брачен пар. Си оди дома мажот, го пречекува сопругата и му вели:

Срцка, ти текнува ли бе сега брзо кога беше на лов на пастрмки со другарите, таму некаде не знам на кое езеро бевте?

Да бе, срце, ми текнува како не. Фативме прилично пастрмки

Е па, се јави една од тие пастрмките што си ги фатил, кажа дека имала кавијар.

„Курво“, се слушна одзади: Сватови се степаа оти невестата го задржа презимето

Додека по белиов свет одамна е веќе нормално младенците да скокаат со падобрани, банџи јажиња и да прават други егзибиции додека се ветуваат на заеднички брачен живот, во Лесковац, соседна Србија, дојде до масовна тепачка меѓу сватовите бидејќи невестата одлучила покрај презимето од сопругот да си го задржи и своето.

Несреќниот инцидент меѓу сватовите се случил пред две недели, во познат градски ресторан, откако невестата на матичарот му соопштила дека го задржува своето презиме и на него го додава тоа од сопругот.

„Курво!“, се слушнало од салата после одлуката на невестата, а тој погрден збор го изговорил никој друг, туку нејзиниот иден свекор. После тоа, како што сведочат музичарите од забавата, на веселбата веќе ништо не било исто.

„Се испокараа и после тоа. Колку што беше непријатно, толку беше и смешно, бидејќи станува збор за угледни градски семејства. И двете фамилии се со ’педигре‘ на успешни лесковачки бизнисмени“, додаваат музичарите за локалните медиуми.

„Кога свекрвата, во екот на кавгата, тештата ја нарече глупава курва, оваа возврати: А зошто сум глупава?“, раскажуваат музичарите, а сведоштвото го потврдуваат и келнерите и некои од сватовите.

За жал, шегата не ги запрела нетрпеливоста и лошиот табиет меѓу сватовите, па неколку часа подоцна тоа кулминирало со масовна тепачка меѓу гостите, со што веселбата на двајцата млади и заљубени заврши со насилен крај.

За да биде уште посмешно и побизарно, српскиот новинар кој ја пишувал оваа сторија пред објавувањето на истата трпел притисок од членовите на семејствата на младенците, сватовите, но и од лични пријатели со изговор, ќе го цитираме, дека „за сето тоа е дегутантно да се пишува бидејќи е на работ на невкусот и здравиот разум“. Тие кои го направиле тоа, се жалаат дека тоа што го направиле е на работ на невкусот.