Home Blog Page 4317

Тажната приказна за Кизаи – единствната кафеава панда на светот

Колку и да звучи симпатично тоа што е поразлична, приказната на Кизаи, единствената кафеава панда во светот, започнува тажно.

18-10-brown-panda-qizai

18-10-brown-panda-qizai1

Кизаи бил напуштен од неговата мајка 2 месеци по раѓањето, а неколку години бил напаѓан од страна на другите панди бидејќи е поразличен. Дури и му ги краделе бамбусите и го оставале без храна.

18-10-brown-panda-qizai4 18-10-brown-panda-qizai3

Кизаи бил најден слаб и напуштен, по што бил згрижен во еден центар за панди во Кина.

18-10-brown-panda-qizai5

Иако преживеал тешко детство, денес тој тежи 100 килограми и секојдневно јаде по околу 20 килограми бамбус.

18-10-brown-panda-qizai6

„Малку е побавен од останатите панди, но е и посладок,“ велат од здружението кое сега се грижи за него.

Изгор цена за една ноќ: Ова е најлуксузното сместување во Њујорк

Доколку сакате во Њујорк да добиете најлусузно сместување за него ќе треба да издвоите 75.000 долари. Толку ќе ве чини сместувањето во пентхаус на врвот на „Марк Хотел“ во Њујорк. Апартманот е дизајниран од Жак Франс и вклучува пет соби, четири камини, шест бањи, големо пијано и два бара.

17-10-image2penthouse1

Како сето тоа да не е доволно, па во него има и библиотека, трпезарија, конзерваторииум и тераса на покривот, што нуди поглед врз Централ парк.

17-10-image2penthouse2 17-10-image2penthouse3 17-10-image2penthouse4 17-10-image2penthouse5 17-10-image2penthouse6 17-10-image2penthouse7

Виц: Постојано ми бара

Перо му се жали на Трпе:

А бе оваа мојава, Трпана, секој ден ми бара пари, дај илјада, дај две илјади, дај три илјади денари.

Аман бе, брат! Што прави со толку пари секој ден?

Не знам, брат, досега и немам дадено денар.

Импресивно летање со „џетпек“ – вака се забавуаат во Монако

За нас, обичните смртници, сè уште научна фантастика, а за богатите по светот само уште една играчка за забава.

Вака е во руската трета лига: Летаа боксови и клоци на полувреме

Неделниот натпревар од Професионалната фудбалска лига во Русија, што му припаѓа на третиот ранг од фудбалските натпреварувања во оваа земја, го одбележаа немири и тепачки.

На полувремето од натпреварот помеѓу Торпедо од Владимир и Текстилци од Иваново дојде до жестока тепачка на теренот, но не помеѓу фудбалерите, туку помеѓу навивачите. Тепчката ја прекина полицијата, а ионака слабиот натпревар заврши со блед резултат од 0:0.

По 6 години конечно го отворија сефот од нивната баба

17-10-baba-sef1

После шест долги години, едно семејство конечно можеше да го отвори големиот сеф кој го наследи од нивната баба.

17-10-baba-sef2

Во него тие најдоа колекција од 800 сребрени монети од 25 центи до 1 долар. Вредноста на ова мало богатство денес изнесува околу 15.000 долари, но монетите не беа единственото нешто кое го најдоа во сефот.

17-10-baba-sef3 17-10-baba-sef4 17-10-baba-sef5 17-10-baba-sef6 17-10-baba-sef7

Виц: Баби на базен

Одат три баби на базен, и за секој случај спасувачот застанал до нив.
Влегува првата баба и 5 пати го плива базенот.
Спасувачот зачудено:
Браво бе, бабо!
Не се чуди, јас бев државен првак на времето.
Влегува втората и 10 пати го препливува базенот.
Ееееј! Како имаш олку кондиција за пливање? прашува спасувачот.
Не се чуди, јас бев европски првак.
Влегува третата и 30 пати го плива, а спасувачот се држи за глава и вика:
Аман, бе! Ти да не беше светски првак?
Не, јас бе проститутка на повик во Венеција.

Виц: Казино дрес код

Оди човек во ексклузивно казино и на врата обезбедувањето му вели:

Извинете, господине, не смеам да ве пуштам да влезете. Не носите вратоврска.

Ама како? Па, видете го овој само по гаќи е.

Да, ама тој излегува од казиното.

Заврши првиот „Macedonian trophy“, најуспершни учесниците од Бугарија и Србија

На полигонот кај прилепско Старо Лагово, викендов се одржа вториот и завршен ден на првото македонско рели со џипови насловено „Macedonian trophy“ што го организираше прилепскиот клуб „Off road“ во соработка со прилепската локална самоуправа. Околу 120 учесници од Бугарија, Србија, Холандија и од Македонија возеа на патеката на полигонот. Попладнево беа прогласени најдобрите и им беа доделени наградите и пехарите.

Панчо Чупаркоски од клубот „Off road“, истакна дека како организатори на првото македонско рели со џипови се задоволни од текот на натпреварувањата и од интересот на учесниците.

17-10-extreme-prilep0

– Поминавме два одлични натпреварувачки дена. Првпат во Македонија организираме вакви меѓународни натпреварувања со џипови и навистина сме задоволни. Настаните поминаа во добар ред, немаше некои инциденти, а имавме одличен одѕив и на учесници и на публика. Се надеваме дека ќе воспоставиме традицијата и ќе се вброиме во европските натпреварувања, рече Чупаркоски.
Стручно жири ги прогласи најдфобрите учесници. Првите три места ги освоија натпреварувачите од Бугарија и од Србија.

17-10-extreme-prilep1 17-10-extreme-prilep2

– Првото место му припадна на Љубен Динев, а второто на Кристин Заимов, и двајцата од Бугарија. Третото место го освои Братислав Илиќ од Србија. Тие се искусни возачи и заслужено беа најдобри. Се надевам в година освојувачи на медалите ќе бидат и македонските натпреварувачи, рече Чупаркоски.
Бугарските натпреварувачи Динев и Заимов, како и искусниот возач Илиќ од Србија со пофалби за организацијата на првиот македонски меѓународен натпревар со џипови. Очекуваат покана и в година.

– Одлично си поминавме. Вчера возевме во околината на градот по тешка планинска патека, денеска, пак, на патеката на полигонот. Ова е големо искуство и одличен натпревар, истакна првопласираниот Динев.

17-10-extreme-prilep3

Второпласираниот Заимов посочи дека атмосферата била прекрасна и сите добро се забавувале.

– Возам 20 години, сум бил на доста натпревари и овој беше добро организиран. Знам првпат им е на македонските колеги и во суштина се протече безбедно и многу добро. Очекуваме в година да се најдеме пак на овој натпревар, изјави Илиќ од србија кој го освои третото место.

17-10-extreme-prilep4

Натпреварувачите и учесници на првото меѓународно македонско рели со џипови возеа вкупно 30 километри од месноста „Заполшки мост“ на излезот од Прилеп, преку месноста „Шаторов камен“, па се до прилепското село Селце.

Спој на стил и луксуз: Маски за мобилни на Луи Витон

На модната недела во Париз, модната куќа Louis Vuitton претстави нови маски за мобилен телефон, кои со формата потсетуваат на популарниот модел на чанти Le Petite Malle.

17-10-vuitton-cellphone-cases2

Не е тајна дека модните куќи најмногу заработуваат од модните додатоци, кои ги следат нивните колекции, а токму маската е еден од поновите аксесоари.

17-10-vuitton-cellphone-cases3 17-10-vuitton-cellphone-cases1

Во новата колекција Louis Vuitton претстави неколку верзии на маски од тврда и компактна кожа украсена со монограм и ситни детали, со што самата маска изгледа мошне моќно и неодоливо.

17-10-vuitton-cellphone-cases4 17-10-vuitton-cellphone-cases5

Освен оваа модна куќа и Stella McCartney, Moschino и Jeremy Scott веќе дизајнираа свои маски, кои станаа мошне популарни меѓу познатите.

17-10-vuitton-cellphone-cases6 17-10-vuitton-cellphone-cases7

A photo posted by ? (@nicolasghesquiere) on