Home Blog Page 4316

Сè околу нас, вклучително и ние самите технички сме 99,9999999% празен простор

Човекот знае да се чувствува исполнето кога има добра работа, многу пријатели, партнер, нов автомобил, стан и сл. Но, приземјувачки е фактот дека сето тоа, вклучувајќи не и самите себеси, технички е составено од 99.9999999% празен простор.

Како? Големината на атомот е регулирана од просечната локација на неговите електрони, т.е колку простор има помеѓу јадрото и надворешната аморфна обвивка на атомот. Јадрото, инаку, е 100 000 пати помало отколку атомот во чие средиште се наоѓа – тоа значи дека ако е со големина на кикиритка, атомот би бил со големина на фудбалски стадион.

Доколку би го изгубиле празниот простор внатре во нашите атоми, секој од нас би можел да собере на една честичка прашина, а човечкиот род во целост би имала волумен колку една коцка шеќер.

Но ако сите атоми во Универзумот се скоро целосно составени од празен простор, тогаш како било што има цврстина? Зошто не можеме да поминуваме еден низ друг, како духови? Зошто автомобилите не пропаѓаат во патиштата, низ јадрото на земјата, и да излезат од другата страна на Земјината топка?

Тоа е така бидејќи празниот простор всушност никогаш не е празен, туку е исполнет со разни бранови и невидливи квантни полиња.

Празниот простор во атомите може да го замислите како вентилатор со ротирачки перки. Кога тој не работи, можете да гледате во неговиот празен простор и да ја протнете раката помеѓу перките. Меѓутоа, кога работи, доколку раката ја протнете во истиот тој празен простор, ќе ги допрете перките во движење. Во овој пример, перките се исти како електроните кои се движат низ атомот, окупирајќи го просторот со нивните бранови.

А бидејќи скоро целата маса на нашите атоми е складирана во јадрата, кога допираме нешто (или некого), ние всушност не ги чувствуваме нивните атоми, туку електромагнетна сила на нашите електрони кои ги оттурнуваат нивните.

На многу, многу, многу техничко ниво, вие моментално воопшто и не седите на столче, туку лебдите врз него.

Дали конечно се откриени тајните одаи во пирамидата од Гиза?

Големата пирамида во Гиза можеби содржи дополнителни мистериозни простории. Експертите го потврдиле постоењето на две празнини откако го скенирале милениумскиот споменик со радиографска опрема. Ова следи по објавата на египетското Министерско за антиквитети дека биле најдени аномалии во пирамидата изградена пред 4500 години во времето на фараонот Куфу. Се извршуваат понатамошни тестови за да ја определат фуннкцијата, природата и големината на овие простории.

18-10-great-pyramid1

18-10-great-pyramid2

Со височина од 146 метри, Големата пирамида во Гиза, исто така именувана и како Пирамидата на Куфу, според синот на фараонот Снефру, се смета за една од седумте чуда во древниот свет. Таа има три познати комори, и како и останатите египетски пирамиди, била наменета како гробница за владетелот.

18-10-great-pyramid3 18-10-great-pyramid4

„Сега можеме да потврдиме за постоењето на празнина скриена зад северниот ѕид, која би можела да претставува најмалку еден коридор во Големата Пирамида“, велат научниците. Другата празнина била откриена на североисточното крило, велат научниците, кои употребуваат радиографија и 3D реконструкција за нивната студија.

18-10-great-pyramid5

Смртта и животот

Правеле муабет смртта и животот за нивната улога и репутација кај луѓето, па животот како демек позитивен лик, ја прашува смртта:

Зошто сите се плашат од тебе?

А смртта подготвено му одговара:

Затоа што ти си пријатна лага, јас сум сурова вистина.

Живее со сопругата, љубовницата и двете деца – за нив е ова семејна идила

Деана (27) и Мени Ривас (28) се решиле да си го разубават семејниот живот на еден необичен И во најголем дел од светот контроверзен начин.

18-10-semejstvo2

Тие ја примиле 20-годишната Мелиса Џејмс да живее со нив, да им помага околу децата и да им го направи сексуалниот живот повозбудлив. Еве како изгледа нивниот секојдневен живот низ фотографиите кои ги споделуваат.

18-10-semejstvo3 18-10-semejstvo4 18-10-semejstvo5 18-10-semejstvo6 18-10-semejstvo7 18-10-semejstvo8 18-10-semejstvo9

Дали нашата реалност фактички е „матрикс“ состојба?

Некои од најбогатите и најмоќни луѓе во светот (како Елон Маск) шпекулираат дека можеби живееме во компјутерска симулација, како онаа од филмот Матрикс – тој вели дека шансите дека НЕ живееме во симулација се „еден према билиони“, а дури и аналитичарите на Bank of America имаат изјавено дека шансата дека живееме во свет како од Матрикс изнесува дури 50%.

Сега, уште најмалку два милјардеру од Силиконската Долина вложуваат пари во напорите луѓето да се „извадат“ од симулацијата во која што тие веруваат дека живееме, тајно најмувајќи научници кои работат на тоа. Ова доаѓа од устата т.е тастатурата на Tad Friend, новинар од The New Yorker, кој зборувал со Сем Алтман, сопственик на компанијата Y Combinator која помага на технолошките компании да се развиваат.

Елона Маск во еден од неговите говори годинава изјави дека до неговиот заклучок дека живееме во симулација дошол по некој разговор каде што му било посочено дека компјутерската технологија толку бргу напреднала, да во иднината нема да бидеме способни да ја разликуваме од вистинскиот живот, и дека не постои причина да мисли дека тоа веќе не се случило и ние живееме во симулација. Доколку пак навистина не живееме во симулација, Маск мисли дека во тој случај цивилизација еден ден ќе престане да напредува и на човештвото ќе му дојде крајот.

Сем Алтман, според она што го има изјавено за The New Yorker, има сличен став – дека е загрижен за начинот на кои уредите кои не опкружуваат можат да доведат до истребување на свеста од универзумот. Тој вели дека најдоброто сценарио за борба против ова е спојување на нашите мозоци со компјутерите, и upload-ирање на информациите од нив во cloud-от.

Научниците со нови факти за алкохолот поради кои може дополнително да се „пропиете“

Изгледа дека алкохолот, сепак, може да придонесе и помогне за полесно симнување на вишокот килограми, тврдат некои научници.

Иако долго време се смета дека луѓето се дебелеат поради консумирање алкохолни пијалоци, сепак, научниците тврдат дека постои начин чашката со алкохол да ви биде добар пријател во борбата со здебелувањето.

Умерено консумирање алкохол

Кога станува збор за умерено консумирање алкохол, истражувањето направено во 2010 година и објавено во Archives of Internal Medicine покажува дека жените кои дневно пијат две чаши алкохолен пијалок потешко стекнуваат вишок килограми.

Умереното количество алкохол може да ја зголеми дозата на HDL холестеролот, кој всушност го користи телото.

Исто така, ако редовно пиете црно вино (нормално, во умерени количини), во вашето тело масните клетки ќе се развиваат со помала брзина и интензитет, тврдат истражувачите од научното истражување поврзано со оваа проблематика направено во 2014 година и објавено во Journal of Nutritional Biochemistry. Станува збор за елагинската киселина која го отежнува таложењето на липидите.

Ароматизираните вина содржат полифеноли кои исто така помагаат при намалувањето на килограмите, велат резултатите од истражување направено во 2004 година. Секако, треба да ги избегнувате алкохолните пијалоци кои содржат премногу шеќери, бидејќи тие навистина не можат да придонесат ништо корисно за вашата диета.

Прекумерна консумација на алкохол

Прекумерното консумирање алкохол може да резултира со нагло и штетно слабеење, поради тоа што алкохолот го „залажува“ организмот да мисли дека во себе ги има сите потребни состојки и дека е најаден, па произведува многу повеќе киселина од желудникот.

Тоа може да премине во сериозен здравствен проблем кој доведува до претерано консумирање на алкохол со цел да се надомести храната, и што на крајот резултира со алкохолизам.

Сепак, мора ригорозно да потенцираме дека со алкохолот треба внимателно. Сè што е надвор од умереноста и минуциозно дозволените граници може да има штетни последици, многу посериозни од вишокот килограми.

Виц: Немој драги, буден е

Маж си купил шише шампањ, решил да го испие сам, па го скрил во казанчето на тоалетот. Си легнале вечерта со жената, почекал тој 20-тина минути и полека се обидел да ја прескокне, за да отиде во тоалетот. Таа, разбирајќи го погрешно:
Немој, драги. Детето уште не е заспано.
Почекал тој уште половина час и се обидел повторно да ја премине.
Немој, детето уште е будно!
По еден час жената конечно заспала. Тој тивко отишол во тоалетот, го извадил шишето, го отворил и се слуша Бууум!
Од детската соба излегува детето и трча во спалната со солзи во очи:
Немој, немој! Сега задоволна ли си? Tато се самоуби во тоалетот!

Виц: Тропај со нозете

Ало Ристо, вечер кога ќе дојдиш на гости немој да стискаш на ѕвончето, го исклучив да не ми троши струја. Тропај со нозете.
Зошто со нозете бе Блажо?
Како зошто бе Ристо! Ти да не мислиш со празни раце да ми дојдиш?

Најбесната поучна местенка: Му кажаа дека се разбуди по 10 години поминати во кома

Откако се онесвестил од преголема консумација на алкохол, неговите пријатели решиле да го заплашат и му подготвиле замка која ќе ја памети цел живот.

Реј поради возење во алкохолизирана состојба ја добил петтата казна и затоа пријателите решиле да му одржат лекција.

Кога Реј се онесвестил во алкохолизирана состојба, го внеле во соба која личела на болничка и со помош на актери кои глумеле доктори го излажале дека тукушто се буди од кома во која бил 10 години од 2013  и дека сега е 2023 година.

Погледнете ја неговата реакција:

Рекордер по врнежи уште од 1851 година: Таму врне најмногу дожд на светот

Мавсинрам, кој се наоѓа во Индија, на 16 километри оддалеченост од Черапунџеј е место со најголема количина дождови во светот.

Од далечната 1851 година Светската метеоролошка организација води евиденција за врнежите и од таа година со најмногу врнежи на Земјата е токму Мавсинрам во индискиот регион Мегалаја.

18-10-mawsynram-vrnezi

Просечната годишна количина на врнежи во овој суптропски крај изнесува 11.872 мм, речиси 12 метри.

Тоа место го држи и светскиот рекорд во најголема 12-месечна количина дожд, која изнесува дури 26.470 мм.

Според статистиката најмногу врнежи имало во 1985 година кога врнело неверојатни 23.818 мм дожд, додека за разлика од неа, најсушната била во 1980 година со дури 6.195 мм врнежи. Со Мавсинрам често пати за оваа титула се борат и колумбиските места Љоро и Лопез дел Микеј, но воглавно тој ја извојува победата.

18-10-mawsynram-vrnezi2

Според Светската метеоролошка организација најсушнотоместо во светот е Арика во Чиле, со годишен просек на врнежи од само 0,76 мм.