Home Blog Page 4315

Природните убавини на Црна Гора видени од птичја перспектива

И да, авторите не се Балканци. Американци се. Камерата е на Џон Бродли, а видеото е едитирано од Адам Неш.

Виц: Незгоден пилот

За време на лет пилотот објавува:
Дами и господа, достигнавме висина од десет илјади метри, температурата надвор е минус 50 степени, за сега летот е нормален. Што? У пичку матер! Лелеее, да му ја ебам мајката, да му ја ебам. Лелеееееее!
Тишина. Авионот си лета.
Пилотот повторно:
Почитувани патници, извинете ве молам, но стјуардесата случајно ми истури жешко кафе. Да можете да видите какви ми се панталоните од напред.
Машки глас од задните седишта:
А сакате ли да видите какви се моите од позади?!

Оваа секси руска докторка ги запали социјалните мрежи – но, вистината е малку поинаква

Нејзините фотографии почнаа да се шират на интернет, а не беа ретки и завидливите коментари од типот „Ова не е професионално. Ниту во една клиника во светот не дозволуваат докторките да работат во толку високи потпетици“. Сепак, зад оваа секси убавица се крие малку поинаква вистина.

19-10-lada

Девојката всушност е манекенката Лада Кузнецова, која клиниката ја ангажирала за да си направи реклама. Сепак, маркетиншкиот трик запали, бидејќи интернет популацијата масовно трагаше по идентитетот на сексапилната докторка (можеби ќе ја бараа и за матичен лекар некои руски фанови).

19-10-lada1 19-10-lada3 19-10-lada2

 

Виц: Земи што сакаш

Се враќа мажот дома со правосмукалка во раце.
Жена му:
Еј, какво чудо, конечно ти текна правосмукалка да ми купиш!
Нее, не сум ја купил. Денес ја сретнав твојата најдобра пријателка, Лилето. Ме покани кај неа дома на кафе. Потоа таа почна да си се соблекува и ми рече насмеана Земи што сакаш!
И ти?
Па, јас ја зедов правосмукалка, нели ни се расипа старата.

Типов е толку опасен коцкар што му забранија влез во сите казина – еве ја неговата тајна

Доминик „Дајс Доминатор“ ЛоРиџи за едни е најдобриот коцкар на светот, додека други го сметаат за апсолутен измамник, пренесува Vice.

63-годишниот коцкар тврди дека неговиот метод „контрола на коцките“ му има донесено толку пари, што во повеќето казина во Лас Вегас и Мисисипи му е забранет влезот, а оние на кои им го покажал својот метод тврдат дека со истиот заработуваат десетици илјади долари во казината.

Доминик вели дека од обичното фрлање коцки има направено вештина, а тврди дека секој може да се научи на таквата „уметност“ на фрлањето зарови.

„Фрлањето коцки е работа на физиката, тоа е проектил во движење, во воздух…“, вели ЛоРиџи за новинарот од Vice кога се сретнаа за интервју во Лас Вегас. „Сум научил еден куп луѓе на овој метод и сега играат професионално, победуваат со фрлање коцки со помош на техниката која јас ја развив и на која ги научив“, додава.

Неговата компанија, Golden Touch Craps, неодамна во еден хотел одржа дводневен семинар на кој неговата екипа инструктори ги подучуваа коцкарите ентузијасти, а секој од нив за таа привилегија плати по 1.595 долари.

Совладувањето на неговото „златно фрлање“ е процес од осум чекори, а вклучува целење на одреден дел од масата, држење на коцките на одреден начин, фрлање на коцките така што ќе се елиминира дополнително ротирање, намалување на шансите за отскокнување и синхронизација на вртењето на коцките за да не паднат во комбинација 4-3, 5-2 или 6-1, кои го носат губитничкиот број седум.

„Јас не сум Ајнштајн и не ги преправам законите на физиката“

Целта на умешноста на контрола на коцките, како што објаснува овој експерт за таа вештина, е да ја минимизираш шансата коцките да паднат на збирна комбинација седум, комбинирајќи ги бројките од еден до шест, на еднаш од 6,23 фрлања, со што фрлачот добива предност еквивалентна на онаа која крупието на карти ја има на масата каде што се картаат коцкарите.

На неговиот семинар се појавија дваесетина учесници, сите од различни делови на земјата, а некои доаѓаа по втор или трет пат на оваа „обука“. Се вежба на вистински маси, опремени со електроника и камери кои на инструкторите им помагаат по пат на успорени снимки да ги научат практикантите на „златното фрлање“.

Менторите се „сертифицирани“ така што од неговата компанија докажуваат дека секој пат можат да го изведат истото фрлање, а поради тоа добиваат и прекари како Златна рака, Господин Фајнс и слично.

Сопственикот на профитабилната компанија ЛоРиџи за Vice открива дека кога патувал по земјата со екипа „ритмични фрлачи“ (како што самите фрлачи на коцки се нарекуваат себеси), му било забрането да влезат во повеќето казина со големи влогови, вклучително и во најпознатите на светот, па затоа својата техника почнал да ја покажува јавно. Почнал да продава и книги и да прави кратки филмови за контролирање на коцките.

„Кога веќе не можам да играм, сакам моите ученици да им ги соберат парите“, говори Доминик. Заслугите за својата рафинирана вештина ги припишува на флексибилните рачни зглобови и добрата координација на раката и очите која ја стекнал како дете свирејќи пијано.

ЛоРиџи не е првиот коцкар кој тврди дека може да ги контролира коцките доволно добро за да победува, но откако постои тоа, постои и скепсата за тоа. Речиси е невозможно дефинитивно да се докаже дека контролирањето на коцките не функционира, но повеќето експерти за коцкање велат дека тоа е губење време со образложение дека едноставно има премногу варијабли, односно, ако коцката се мрдне макар и милиметар, се менува целиот пад и ротација на истата.

19-10-dominic-kocki1

ЛоРиџи вели дека никогаш никого не одбил за да му ја демонстрира својата вештина, а тврди дека истата може ефикасно да ја докаже со помош на софтвер за надзор. „Да не беше вистина, мене немаше да ми биде забранет влез во Bellagio, ниту во било кое друго големо казино“.

Еден од неговите ученици вели дека смета оти GTC на некој начин е измама, бидејќи цените се пренабиени, но додава дека контролирањето на коцките е реалност.

„Работата оди одлично“, вели ЛоРиџи, додавајќи дека сите семинари во текот на 2016 му биле полни со учесници, а дека и првиот закажан за 2017 во Атлантик Сити е веќе распродаден.

Овие пет дестинации се совршен избор за есенско патување

Ако сте во потрага за есенско патување кое ќе ви понуди малку одмор, мир и авантуризам тогаш сте на вистинското место. Постојат многу места кои се совршени да се посетат во текот на есента.

Без разлика дали сакате да си дозволите продолжен викенд или кратко патување овој месец следните пет дестинации нудат одличен вид на релаксација.

Vineyard Landscape in autumn, Provence, France

1. Прованса

Со просечна температура од 15 степени, есента е најдобро време за посета на Прованса. Во тој период нема да наидете на гужва бидејќи туристите веќе го напуштиле градот, а воедно ова е сезона на берба на грозје и маслинки. Што се однесува до сместувањето, во Прованса може да го посетите фантастичниот хотел со пет ѕвезди Domaine de Manville. Тој нуди интересна тура на винарии и ќе имате можност со велосипед да поминете девет околни лозја.

Во месец ноември хотелот организира собирање на тартуфи и часови по готвење кои ги води нивниот главен готвач.

2. Нантукет

Нантукет е една од најпопуларни летни дестинации во Америка, а во текот на есента претставува рај за одмарање и уживање. Покрај природните убавини кои ги нуди ова место можете да се шетате по локалните бутици и ресторани кои се отворени и во текот на месец декември.

Исто така ова место нуди можност за едрење, велосипедизам и голф.

19-10-esenski-destinacii2

3. Малага

Овој шпански град е познат по врелите лета и прекрасните плажи, но во периодот на есента има умерени температури и е совршено време за негова посета.

Можеби нема да сакате да седите на плажа, но градот ви нуди импресивни културни институции кои можете да ги истражите вклучувајќи го тука и познатиот музеј Carmen Thyssen.

19-10-esenski-destinacii3

4. Брегот Амалфи

Кога овој романтичен брег почнува да се смирува, односно кога ќе заврши сезоната е идеално време за негова посета. Посетителите можат да го посетат популарниот хотел Le Sirenuse по намалени цени, а патувањето со брод до местата Соренто и Капри исто така е многу попривлечно во текот на есента.

19-10-esenski-destinacii4

5. Кејп Код

За сите авантуристички души Кејп Код е вистинскиот избор за оваа есен. Сместување можете да пронајдете во Wequassett Resort and Golf Club, со што ќе си обезбедите низа на водени активности како што е фаќање на јастог со локалните рибари или возење со чамец.

Во месец октомври се берат боровниците, а може да учествувате и на многуте фестивали кои ги има во овој период.

Виц: Рецепт за долговечност

Прашува новинар еден старец од 113 години: Која е тајната за вашата долговечност?

Ами, кога ќе стана наутро пијам една мастика. Пред да ручам мавам една ракија, по ручекот и со вечерата по една чаша вино.

А извинете, кој е оној старец што ги води козите на пасење?

А бе, батали го него, тој е татко ми, пијаница е.

Фантазија од глетка: На ова место небото ја бакнува земјата

Салар де Ујуни е најголемото солено езеро во светот, а воедно и местото каде се спојуваат небото и земјата.

19-10-salar-de-ujuni

19-10-salar-de-ujuni1

Се наоѓа во близина на Андите и е покриено со неколку метри покривка од сол. Секоја година тенок слој вода ја залива и така Салар де Ујони се претвора во најголемо огледало на Земјата.

19-10-salar-de-ujuni4 19-10-salar-de-ujuni5 19-10-salar-de-ujuni6

19-10-salar-de-ujuni2 19-10-salar-de-ujuni3

Потребна е храброст за да се носат вакви: Опасно жешки гаќички од Victoria’s Secret

Најпознатиот бренд на долна облека Victoria’s Secret дизајнираше нов модел на гаќи, кои би се осмелиле да ги носат само најхрабрите девојки.

Тие секоја година изненадуваат со нови модели, но овие гаќички, кои во голема мера го разголуваат дел од задникот, никој не го очекуваше. Се работи за мешавина од обични гаќи и танга, а со оглед дека се правени токму од оваа модна куќа, не изгледаат воопшто вулгарно, туку сексапилно и провоцирачки.

Здрави пробиотици за појак имунитет и подобро здравје во есен

Благодарение на микроорганизмите што ги содржат, пробиотиците се многу важни за зачувување на здравјето. Го зајакнуваат имунитетот, позитивно делуваат врз варењето, а важни се и за убавината затоа што со нив вашата кожа и коса ќе блескаат. Обидете се да консумирате барем еден пробиотик дневно, а ние ви откриваме неколку кои се најдобри за вас.

Јогурт

Нискокалоричниот јогурт без конзерванси и адитиви е одличен избор. Јогуртот содржи бактерии што му помагаат на организмот добро да функционира, ја регулира цревната флора и го подобрува варењето.

Кефир

Богат е со витамини и пробиотици. Вкусен е и одличен извор на здравје, па секако би требало да го вклучите во исхраната.

Темно чоколадо

Чоколадото содржи пробиотици, антиоксиданси, го стимулира системот за варење. Освен тоа, докажано е дека не прави посреќни. Ви треба ли уште некоја причина за да уживате во дневната доза чоколадо?

Маслинки

Овој пробиотик е сигурно еден од највкусните. Има бројни користи за телото, а можете да го јадете на безброј начини.

Кисели краставици

Одлично оди со речиси секое јадење. Бидејжи се добри за здравјето и за варењето, секако би требало да ги јадете што почесто.