Home Blog Page 4314

Футуристички патики со интернет, екран и полнач за мобилен (видео)

Американската бренд агенција „Илевен инк“ дизајнираше патики кои изгледаат како да припаѓаат на некој научнофантастичен филм. Патиките се опремени со безжичен интернет, полнач за телефон, видео-екран и батерија која трае полни три часа. Патиките „Virgin America First Class Shoe“ имаат копче дизајнирано како заштитен појас, а за сега е направен само еден пар, кој е понуден на една добротворна аукција.

Парите добиени од продажбата ќе отидат на сметка на непрофитната организација „Soles4Souls“, која сиромашните лица ги снабдува со чевли и облека. Цената на патиката изнесува 4.950 долари, а останале уште осум дена до затворањето на аукцијата.

И положбата на спиење е битна за подобро здравје

Едно неодамнешно истражување покажало дека за здрав живот, освен должината на сонот, многу битна е и положбата во која спиете, а спиењето на левата страна се покажала како најздрава положба.

Па така, прва причина е срцето. Со спиењето на левата страна, лимфните садови кои пумпаат кон срцето имаат помош од гравитацијата, при што овој орган многу помалку се оптоварува.

Слезената е најголемиот орган во лимфниот систем и е сместен на левата страна. Кога спиеме на оваа страна, слезината работи многу поефикасно. Основната причина за ова е гравитацијата заради која има поголем проток на крв во самата слезина и заради која подобро се филтрираат нечистотиите од организмот.

Исто така, доколку страдате од желудочни киселини, добро е да спиете на левата страна, бидејќи на тој начин спречувате киселините од желудникот да преминат во хранопроводот.

Познато е и дека спиењето на грб може да го попречи и отежни вашето дишење, а спиењето на десната страна може да биде опасно за вашиот дигестивен систем. Па затоа, уште вечерва потрудете се спиењето на левата страна да ви стане навика.

Виц: Вклучи го миксерот

Жената:
Каде си?
Мажот:
Дома, мила.
Сигурно?
Секако.
Ај вклучи го миксерот!
Ррррррррр!
Добро, драги.
Следниот ден.
Каде си?
Дома, мила.
Сигурно?
Секако.
Вклучи го миксерот!
Ррррррррр!
Добро, драги.
Следниот ден жената решила да се врати порано дома без предупредување. Дома го наоѓа синот сам.
Каде е татко ти?
Не знам, мамо. Го зеде миксерот и замина некаде

Виц: Напалената баба и зетот

Бабата му упатува еден заводнички поглед на мускулестиот зет и со нежен глас го прашува:
А бе, зетко, јас според тебе убава жена ли сум?
Да, секако бабо, прекрасна си.
А вака како ме гледаш, би водел ли љубов со мене?
Паааа, би водел, ама не е згодно. Сепак си мајка на жена ми.
Арно де, а ако сега во собата влезат 10 Турци со јатагани и ти речат: Или ќе водиш љубов со неа или ќе ти ја сечеме главата, ти што ќе правиш?
Ееее, тоа е веќе друго!
Па, треба ли да чекаме да дојдат Турците, бе зетко?

Реклама која се гледа на „рипит“ – неколку пати по ред

Бугарските реклами се јак момент (а и нивните “модели“ нели).. па еве благодарение на брендот за спортска опрема FLAIR и нивното промо-видео правиме повторно редефинирање на зборовите “слобода“ и “секси“ употребени во контекст на промоција.

Брендот е веќе присутен и во Македонија.

Опасно јак шамар кој го онесвести противникот – шамарењето заврши со нокаут

Одмерувањето на силите во „врзување“ шамари во Тексас веќе е кренато на едно повисоко ниво со дуелите во кои момците се шамараат еден со друг додека еден од нив не се откаже или не падне.

Ink Masters Slap-Off Contest се одржа уште на почетокот од годината, но откако неколку медиуми го пренесоа ова видео, тоа повторно масовно се актуелизираше на социјалните мрежи. Со еден удар типот буквално го онесвести противникот.

Еве и компилација од најдобрите шамарења од овогодинешниот натпревар.

Виц: Швалерот на тераса

Се враќа мажот од службено патување и затекнува непознат маж на терасата сосема гол:
Кој е овој гол маж на терасата? ја прашува мажот жената.
Ааа, овој ли. Тоа е љубовникот на сосетката. Нејзиниот маж се вратил и сега се крие кај нас.
Излегувај веднаш, и наредува мажот на својата жена.
Жената излегува и кога мажот останува сам со швалерот налутено му вели:
А ти, да спиеше со жена ми ќе ти простев некако, но штом спиеш со мојата љубовница сега ќе ти удрам здрав ќотек.

Тврди дека полицаецот непристојно ја допирал при претрес, полицијата го објави видеото како демант

Полицаец од Лејтон, САД, е обвинет дека непристојно допирал и уапсил жена без никаква основа.

Градот Лејтон објавил снимка од службеното возило со цел да достави материјал според кој јавноста би можела самата да пресуди што точно се случило. Аманда Хаутон била да купи лекарства за нејзиниот син, кога една кола удрила во задниот дел на нејзиниот автомобил додека била на семафор. Повикала полиција и оттука сѐ отишло по ѓаволите, како што вели таа.

Полицаецот кој се одзвал на нејзиниот повик ја осомничил дека вози под влијание на дрога или алкохол и ја подложил на тест, по што извел заклучок дека треба да ја уапси. Потоа почнал да ја допира, наводно да ја пребара, на што таа приговорила вербално. Лејтонската полиција наводно има само три полицајки, па немало ништо невообичаено во тоа мажи полицајци да пребаруваат жени.

„Не допирај ме“, извикува жената, на што полицаецот одговара: „Можам да те пребарам, и токму тоа го правам.“

Хаутон вели дека се почувствувала злоставувано со пипкањето. Тестовите на крвта извршени подоцна не покажале никакви траги на дрога или алкохол во нејзиното тело. Таа сега го тужи градот Лејтон. Портпаролот на полициската станица смета дека според видео снимката од службеното возило, нема основа да се тврди дека полицаецот ги пречекорил своите овластувања на било кој начин.

На 62 години роди здраво женско дете

Шеесет и двегодишна Шпанка, Лина Алварез роди здраво девојче, објавија шпанските медиуми медиумите.

Девојчето, кое е родено со царски рез во градот Луго во северозападната шпанска покраина Галиција, веќе доби името по нејзината мајка – Лина.

Малата Линда е зачната преку ин витро во Мадрид, а нејзината мајка, која и самата е лекар, изјави дека е многу среќна поради „чудото кое се случило“.

Инаку, малата Лина има двајца постари браќа на возраст од десет и 27 години.

Ефикасни совети и трикови за борба против хроничниот замор

Многу од нас често чувствуваат замор и исцрпеност, а докторите оваа состојба ја прогласија за најчест здравствен проблем на кој пациентите се жалат. За среќа постојат голем број трикови кои можат да ни се најдат во борбата со хроничниот замор.

1. Заморот победете го со храна

Имајте квалитетен појадок и пет мали оброци во текот на денот, наместо три големи. Обидете се да ја ограничите големината на оброкот на најмногу 300 калории. Тоа ќе го задржи вашето ниво на шеќер во крвта стабилно и енергијата нема нагло да ви падне.

Намалете го внесот на јаглехидрати и масна храна, а јадете повеќе намирници богати со влакна како што се житарици и овошје.

2. Не заборавајте ги додатоците во исхраната

Ако правилната исхрана не успее да ви помогне, тоа може да значи дека не внесувате доволно витамини и минерали, па слободно посегнете по додатоците во исхраната.

3. Вежбајте

Вежбањето е еден од најфункционалните начини за справување со заморот. Ако во текот на денот вежбате барем 30 минути верувајте ќе бидете поодморени. Вежбањето ни дава енергија и полесно ќе спиеме.

4. Спијте доволно

Секогаш легнете да спиете во исто време, дури и за викенд бидејќи така вашето тело ќе стекне рутина и нема да доживува шок кој може да се случи ако неколку пати во неделата спиете помалку.

5. Брзи трикови против замор

Пијте вода во текот на цел ден. Барем осум чаши и не чекајте да ожедните бидејќи тогаш сте веќе дехидрирани. Дури и најмалата дехидрација може да резултира за замор.

Пијалаците кои содржат кофеин сведете ги на минимум. Тие пијалаци ќе ви дадат брза доза на енергија, но потоа таа брзо ќе падне и ќе бидете уште поизморени.

Исто така намалете ја количината на алкохол која ја консумирате бидејќи тој го подигнува шеќерот во крвта и нагло се спушта. Ако следите барем некои од овие трикови, заморот сигурно ќе се намали.