Home Blog Page 4313

Виц: За ѓулето во ѕид, ракијата и цигарите

Во училиште учителката поставува прашање:
Деца, што ќе се случи ако едно ѓуле се удри во еден нов ѕид?
Зоки Поки одговара:
Ќе поскапат ракијата и цигарите.
Професорката:
Е како така? Каде е логиката?
Не знам каде е логиката, но тато вели дека во оваа држава каква и глупост да се случи, единствениот резултат е што поскапуваат ракијата и цигарите.

Кај што гази Лада Нива ни трактор не може да помине

Докази има многу. Еве еден од нив.

Виц: Таа не е жена ми

Маж патува со такси, и ја гледа својата жена како влегува во еден хотел.
Му вели на таксистот:
Сакаш да заработиш 100 евра?
Сакам. Што треба да направам?
Да ја извлечеш жена ми од хотелот за коса, и да ми ја доведеш мене, еве ти слика.
Таксистот тргнува и по кратко време излегува од хотелот влечејќи една жена за коса, а згора на тоа и ја клоца:
Еееееј! Тоа не е мојата жена!
Не е, не е твојата, оваа е мојата, придржи ја малку, сега се враќам по твојата.

Атентати врз политичари кои се фатени на камера во живо

Низ историјата снимени се и на тој начин забележани неколку страшни атентати во кои важни луѓе ги загубиле животите пред очите на јавноста.

Некои од нив ги преживеале овие напади, но тие им оставиле последици за цел живот.

Во Вашингтон на 30 март 1981 година е пукано на Роналд Реган и неговото обезбедување.

Атентаторот Џон Хинкли имал политички мотиви за убиство. Тој е прогласен за психички нестабилна личност и по долго психијатриско лечење е пуштен.

Хамид Карзаи, афганистански претседател. Тој бил на мета на атентатори 10 пати. Еден од обидите за атентат кој е забележан со камера се случил во 2008 година.

Џон Кенеди американски претседател. Ова е најпознатиот  атентат на претседател. Тој е убиен додека поминува со возилото заедно со неговата сопруга Џеки Кенеди. Во него пукал Ли Харви Освалд.

Ињеро Асанума. Ова е прво убиство кое се случило во живо на ТВ пренос. Ињеро е јапонски политичар и убиен е со нож за време на политичка дебата, од страна на 17 годишник.

Ахмед Доган е бугарски политичар кој избегна атентат додека држеше говор.

Виц: Македонец на јапонски гробишта

Македонец добил награда да оди во Јапонија заедно со својата жена. При посетата ја одвеле групата на јапонски гробишта. Разгледуваат и мажот забележува дека на надгробните плочи пишува Мао Суно, родена 1936, умрела 1975, таа живееше 10 години. На друг роден 1905, умрел 1973, живееше 3 години, и така натаму.

Смета нашиот, смета, нешто не му излегува пресметката и го прашува водичот во што е работата? Тој одговара дека во Јапонија е прифатено да се пишува само бројот на годините, во кои човекот бил среќен.
Се замислил нашиот човек и ѝ рекол на жена си:
Жено, кога ќе умрам на гробот да ми напишат ТОЈ СЕ РОДИ МРТОВ!

Драми во Романија: Вршење егзорцизам врз моштите од Света Петка

Света Петка во Романија се прославува од 10-ти па се до 27-ми октомври, денот на кој во 1641 година нераспаднатите мошти на Света Петка (Параскева) биле положени во Соборната црква „Св.Три Ерарси” во градот Јаши.

Ќе се изненадите кои услуги проститутките ги наплаќаат најскапо (видео)

Што го сметате за поинтимно – сексуалниот чин или разговорот со некој во кој си ги кажувате личните работи за себе и своите искуства? Сексуалните работници и работнички за поинтимен момент го сметаат ова второво, што во материјална смисла значи и поскапа услуга која ја нудат од самиот секс, тврди Кристина Переира, бивша сексуална работничка, која денес се занимава со проучување на  интимноста.

Сексуалните установи како Moonlight Bunny ранчот во Невада на мажите им пружаат таканаречени The Girlfriend Experience понуди, поточно односи кои би можеле да се сметаат за состанок со проститука. Како што открива една проститутка во документарецот направен на оваа тематика, многу од нејзините клиенти се повозрасни мажи.

„Го сметам за комплимент кога на крајот од вечерата ќе се заблагодарат за искуството кое ги потсетило на моментите кои ги имале со своите сопруги во младоста“, вели проститутката.

Иако „Искуството со девојка“ всушност е работа на сексуалните работнички како и секоја друга услуга која ја нудат, за некои проститутки оваа услуга има многу подлабоко значење, пишува Esquire.

Саудиски принц на лице место ја купил јахтата од руски олигарх и го одма го избркал од бродот

Саудиски принц ја купил луксузната јахта од руски олигарх за 550 милиони долари и во истиот миг го избркал веќе бишвиот газда од бродот.

Името на саудискиот принц не е официјално објавено, но Daily Mail пренесува дека станува збор за принцот Мухамед бин Салман. Принцот се одморал во Франција кога за око му запнала луксузната јахта Serene долга околу 134 метри.

На Русинот Јуриј Шефлер на лице место му понудил 550 милиони долари за неа и веднаш после купопродажбата го натерал да ја напушти јахтата. Своевремено оваа јахта беше една од најскапите на светот, а пред две години на неа се одмораше Бил Гејтс со семејството.

Има 15 спални соби, ноќен клуб, кино, вештачка карпа за качување, базен, библиотека, велнес центар, теретана, џакузи и просторија од каде патниците можат да го набљудуваат морскиот свет под нив. На јахтата може да слета и хеликоптер, а со неа следува и посебен хангар за летало како и хангар за подморница.

Дали Хитлер сам си ја напишал биографијата во која е споредуван со Исус?

Првата биографија за германскиот нацистички лидер Адолф Хитлер од 1923 година, во која тој е претставен како „спасител на Германија“ и споредуван со Исус Христос, изгледа е напишана од самиот диктатор, тврди шкотскиот историчар Томас Вебер.

Станува збор за книгата „Адолф Хитлер – живот и зборови“, првата позначајна биографија на Хитлер, чиј автор е означен со името Виктор фон Корбер.

Вебер од Универзитетот во Абердин објави документи, чувани во јужноафрикански архиви, кои покажуваат дека книгата „речиси со сигурност е напишана од самиот Хитлер како бесрамна, но итра самореклама“.

21-10-hitler-biografija

Тој додава дека во книгата влегувањето на Хитлер во политиката се споредува со Христовото воскресение и содржи термини како светец и спасение.

Вебер изјави дека ги открил архивите, додека ги проучувал оние на Виктор фон Корбер, официјален автор на биографијата во универзитет во Јоханесбург, пишувајќи нова книга за Хитлер.

Тие содржеле писмено признание дадено под заклетва на сопругата на издавачот дека Фон Корбер не ја напишал книгата и оти Хитлер му дал задача на свој близок генерал да пронајде конзервативен писател, кој нема да биде поврзан со нацизмот и под чие име таа ќе излезе.

Вино со марихуана – хит атракција во Калифорнија

Во Калифорнија, каде докторите можат да препишуваат марихуана на рецепт за медицински цели, компаниите постојано се во потрага по нови начини за искоритување на оваа веќе легална супстанца, секако, заради поголем профит.

Новиот производ кој периодов се пробива на калифорнискиот пазар е вино што во себе содржи марихуана. Виното има зеленкаста боја.

Сепак, тоа не е новитет во светот. Историјата вели дека ваков напиток се конзумирал и во древна Кина.

Цената на овој пијалак, зависно од произведувачот, се движи од 120 до 150 долари за шише, па потрошувачите најверојатно не би можеле целосно да се опуштат и да уживаат во него.