Home Blog Page 4312

Зимско искачување на Кабаш – видео кое ќе ве импресионира

Врвот Кабаш 2391 мнв е сместен во срцето на Корабскиот масив издигнувајќи се над недопрената природа на долината на Длабока река. Со својата височина не се вбројува помеѓу највисоките врвови во Македонија, но сепак претставува еден од најатрактивните и највпечатливи врвови за искачување. Посебно во зимски услови, кога претставува посебен предизвик да се застане на неговата врвичност.

А видеото снимено со Александар Кирковски, кој во придружба на Благој Миленков – и двајцата одлични качувачи, посветени планинари и љубители на планинските висови, е прекрасен непосреден увид како изгледа да се искачи Кабаш во зимски услови, кога времето ќе те почести со прекрасна сончевина.

Лондон виден одозгора: Импозантна снимка на метрополата во 4К резолуција

Со најстара подземна железничка станица во светот, со втора црква по големина, со повеќе од 11.000 ресторани и кафулиња – Лондон е една од најголемите светски метрополи.

Лондон за почеток најлесно ќе го запознаете ако седнете во некои од специјализираните црвени автобуси, кои нудат организирано разгледување и им се препуштите на туристичките рути да ви ги откријат убавините на англискиот град.

Тоа што Лондон го прави препознатлив во целиот свет е неговииот Парламент и најпознатиот часовник Биг Бен.

Во градот ќе се сретнете со голем број стадиони, како „Вембли“, „Емиратс“ и „Стамфорд Бриџ“, но и со голем број паркови и градини, почнувајќи од Хајд парк и Регент парк, па до оние помалку познатите, кои најчесто се нарекуват „клуч градини“, затоа што се во сопственост жителите на околните згради, кои плаќаат посебен данок за нив и единствено тие можат да ги отклучат и уживаат во нивната убавина.

Сепак пред да одлучите да го посетите Лондон, погледнете ги овие фасцинантни видео снимки снимени во 4К резолуција со дрон од воздух.

Еве како изгледа капење во 270 килограми Nutella (видео)

Кемре Кандал откако се прослави со видеото во кое се капи во када полна со лут сос, се одлучи за уште еден луд чекор.

Тој сега се капи во када наполнета со 270 килограми „Нутела“.

Кандал верува дека на тој начин ќе ја надмине славата од минатата видео-снимка, која беше гледана над девет милиони пати.

Ореви – вкусно јаткасто овошје и лек за многу болести

Оревите се вистински есенски плодови, исто како и костените. Оваа природно крцкава грицка е богата со масти и поради тоа се препорачува да се консумира по 30гр дневно, ако сакате да ја намалете вашата телесна тежина.

Она што многу малку луѓе го знаат е тоа дека обвивката на оревите, како и зелената обвивка на младите ореви и листот на дрвото, може да се користат во здравствени цели. Оревот е полн со антиоксиданси и хранливи состојки. Антиоксиданси во оревите се југлонот, телимаграндинот и моринот, кои се наоѓаат во многу малку други намирници. Југлонот има антибиотичко дејство и делува против габични инфекции, а најмногу го има во лисјата на дрвото. Поради неговата токсичност, се советува да се користи од младите листови на оревот. Исто така, многу е важно да се запомни дека оревите се богат извор на омега 3 масни киселини и поради тоа се препорачува за оние кои се држат до веганската прехрана, бидејќи ќе им ги овозможи оние состојки кои другите ги внесуваат преку месото и рибата.

Оревот содржи и серотонин, познат и како хормон на среќата, а освен тоа што ќе ве расположи, исто така и ќе ве засити. Една шака ореви е многу подобра за потиснување на желбата за грицкање, а така и ќе ги прескокнете многубројните калорични алтернативи.

Зелени ореви

Оревите во турската традиционална медицина се користат како лек за проблемите со жлездите, дури и со тироидната жлезда. Причината за тоа е што оревите го зголемуваат количеството на тироксин, хормон кој го лачи тироидната жлезда. Во Турција се користи сок од готвени зелени ореви, но за оваа намена може да се користи и масло од ореви, како ароматичен додаток на прелив за салати. Некои истражувања покажале како всушност зелените лушпи содржат најмногу тироксин, иако не се многу вкусни.

Истражувањата покажале дека и оревите имаат својства кои може да го забават растењето на туморот, како и да ги намали шансите за развој на рак. Студиите биле спроведени на глувци кои биле на „диета со ореви“ па покажале дека по диетата бил намален развојот на ракот до 30%.

Лушпата на оревите

Имено, лушпата на оревот е можно да се користи и за отстранување на забен камен. Згответе ги лушпите во вода до момент кога ќе омекнат, околу 10 минути. Потоа ставете ја четката неколку минути да се натопи во таа вода и потоа пет минути мијте ги забите со течноста, допирајќи до секој дел од вашите заби. По миењето на забите, добро измијте ја и четката и устата.

Исто така, листовите може да ги искористите за благо воспаление на кожата. Две лажички иситнети листови додајте ги во една шолја зовриена вода, оставете ја водата да олади и нанесете ја на кожата. За лечење на егземата се препорачува и додавање на една шака иситнети листови од орев во водата со која се бањате.

Тест: Што ве мачи – мигрена или главоболка? И како природно да ја смирите болката

Постои разлика помеѓу обичните главоболки и мигрената. За да дознаете дали имате мигрена одговорете на следните 3 прашања.

-Дали главоболката во последните три месеци ви ги има ограничено активностите?
-Дали за време на истата чувствувате мачнина и чувство на гадење?
-Ви пречи ли светлината кога имате главоболка?

Доколку на сите три прашања дадовте потврден одговор, тоа е знак дека патите од мигрена. Затоа е мошне важно да пратите кога се појавува и што ја предизвикува.

Во меѓувреме обидете се да ја смирите болката на природен начин:

-Направете чај од лаванда или хмељ и додадете го во водата за капење. Одмарајте во оваа вода околу 20-тина минути.
-Помешајте 5 лажици од жалфија со бел слез, во тоа додадете маслиново масло и замотајте ги состојките во ленена крпа. Затоплете ја крпата и потоа ставете ја облогата на челото.
-Тилот и слепоочниците масирајте ги со масло од камилица, нане или смрека. По масажата лежете и одморете околу половина час.

Тројца против сите – навивачка тепачка во втора холандска лига

Тројцата момци немаа страв од далеку побројните противници. Инаку да, треба да се потенцира дека тројцата се полицајци во цивилка.

Со своето бујно и жешко деколте сè друго фрли во втор план

Џабе и прослава и торта и сè, кога убавица со вакво бујно и секси деколте сè друго ќе засени и ќе фрли во втор план.

Сопругот се врати ненадејно и ја начека сопругата со водоводџијата

Жешка скриена камера.

Со куферот во рака прашуваше згодни девојки дали може да преспие кај нив

Добро, ги прашуваше и некои од момците, кои испаднаа погостопримливи од девојките. Еве какви сè одговори доби.

Во Босна и Херцеговина никна првиот град во кој живеат само Арапи

Првата населба од затворен тип во БиХ е оградена со висока ограда, има приватно обезбедување, а сите сопственици на куќите се Арапи. Моментално има околу 160 куќи и голем број пропратни содржини со големо езеро во средината, а во тек е изградба на нови куќи.

Овој вистински мал град кој е сместен во Тарчин, сега е уште празен, па на сите кои ќе дојдат во точно одреден термин им е дозволен влез и обиколка на истиот. Но, во текот на летото, кога градот е полн со Арапи, на Босанците не им е дозволен влез во него, освен на оние кои работат како келнери, собарки, обезбедување и слично. Така ќе биде и наредното лето.

„Сопствениците на куќите се Арапи и тие не сакаат да се мешаат со локалното население. Имаат свои обичаи кога станува збор за облекување, однесување, молење и слично, па сакаат никој да не им пречи и да не им се меша во тоа, посматрајќи ги чудно“; вели анонимен извор од Босна.

Токму поради тоа овој град е идеален за нив, бидејќи тука се чувствуваат како дома, само што насекаде ги опкружува зеленило и вода. Овде ќе ги поминуваат летните месеци, во пријатна клима, а потоа се враќаат во татковината.

Соговорникот вели дека куќите се продаваат по цена од 150.000 до 160.000 евра, но дека не се нудат на босанскиот пазар за недвижности, но во Кувајт, од каде е сопственикот на градот, тие не се тргаат од ТВ каналите.