Home Blog Page 4311

Kodak Ektra: Смартфон од Kodak со супермоќна камера

Компанијата Kodak, која долги години беше позната по фотоапаратите, го претстави Kodak Ektra, првиот паметен телефон со професионална камера.

Последното технолошко достигнување на компанијата, која постои од далечната 1888 година, оригиналната Kodak Ektra камера ја претстави во 1941 година, а нејзиното последно достигнување им ја отвора креативната можност на сите оние на кои им е важен квалитетот на фотографијата“, рече Џеф Кларк, извршен директор во Kodak.

25-10-kodak-smarphone1jpg

Тој додаде дека камерата ќе биде посебно ефикасна во послабо осветлени простории.

„Ќе ви помогне со различни видови на фотографии“, рече Кларк, при тоа нагласувајќи дека станува збор за Андроид телефон што го краси главна камера од 21 мегапиксел, додека предната камера има 13 мегапиксели. Со паметниот телефон доаѓа и посебна апликација за обработка на фотографиите.

Што се однесува до техничките карактеристики, тука е пет инчниот 1080п дисплеј, 3ГБ рам, 32ГБ внатрешна меморија, можност за 4К видео и микроСД конектор.

Цената изнесува 550 долари, околу 30.000 денари, а како ќе помине на пренатрупаниот пазар со паметни телефони, останува да се види.

Нема надеж за Скјапарели – „лендерот“ се распадна на површината од Марс

Секоја надеж дека европско-рускиот лендер Скјапарели (Schiaparelli) сепак го преживеал слетувањето на Марс исчезна во саботата наутро.

На снимките со планираното место на слетување на лендерот кои ги направи американскиот орбитер MRO јасно се гледа отфрлениот падобран и горниот дел од лендерот, а подолу се гледа и големиот кратер (15х40м) настанат со удар и експлозија на лендерот Скјапарели на површината на Марс.

Во наредните денови камерите на американскиот MRO ќе направи снимки со камера со висока резолуција и тогаш подобро ќе се види сликата која претставува „ноќна мора“ за проектантите, во смисла на тоа „што тргна наопаку во текот на последната минута од слетувањето“.

На инженерите ќе им биде потребно уште неколку денови да ги обработат телеметриските податоци кои Скјапарели ги испраќаше сè до ударот на површината, за да можат да имаат увид што навистина се случило, односно да ја пронајдат причината за настанатиот проблем. Тоа се многу важни информации со оглед на тоа дека дел од применетата технологија е планирано да се искористи и во 2020-та година, кога на Марс ќе слета голем европско – руски лендер и ровер.

Главен дел од мисијата ЕгзоМарс 2016 (ExoMars), големото летало кое со години ќе го истражува Марс од орбитата (TGO), е во одлична состојба и е на планираните параметри од траекторијата. Реално гледано оваа европско-руска мисија можеме да ја сметаме за над 90% успешна, со исклучок на неуспехот со слетувањето на Скјапарели.

„Заразна“ храна: Наместо да ве најадат, ве прават погладни

Нема шанси да не сте пробале барем неколку од овие работи, ако не и сите, така што голема е веројатноста и вие да сте го почувствувале овој факт. Тие наместо да ве заситат, ве прават уште погладни, без оглед на количината која сте ја внеле.

25-10-zarazna-hrana1

Овошни каши и сокови

Сите каши и смутија кои се на течна база имаат малку протеини и влакна, заради што повторно сте гладни по 1 час. И покрај здравствените придобивки и витамини, инсулинскиот скок подоцна резултира со глад.

25-10-zarazna-hrana3

„Здрави“ слатки со ниско ниво на шеќер и јаглехидрати

Овие слатки често се означени како здрави и многу луѓе се залетуваат по оваа ознака, без да знаат дека многу од нив содржат сукралоза, вештачки засладувач направен од шеќер. Истражувањата покажуваат дека токму овој засладувач го покачува нивото на шеќер во крвта и само ве прави погладни.

25-10-zarazna-hrana2

Солени грицки

Солените грицки содржат многу хемикалии и многу сол. А, солта е позната по тоа што го зголемува апетитот.

25-10-zarazna-hrana4

Вегански чоколатца

Тоа што ќе изедете чоколатце означено како здраво, веганско или со ниско ниво на шеќер не значи дека сте завршиле добра работа. Напротив, истражувањата велат дека неколку коцки црно чоколадо со високо ниво на какао му помага на варењето.

Овесни плочки

Шеќерот кој го содржат, независно дали е од сируп, мед или чиста сахароза, ви го поткрева апетитот.

25-10-zarazna-hrana5

Печива

Рафинираните јаглехидрати, кои ги има во печивата и кроасаните, исто така дополнително ве огладнуваат. Иако во моментот се чувствувате сити, очекувајте глад најмногу 1-2 часа по нивното консумирање.

Сендвичи

Колку и да мислите дека сендвичот е пристоен оброк, реалноста е дека состојките во него често се лошо избалансирани, па затоа останувате гладни. Белиот леб содржи додаван сол и шеќер, а веќе знаете што предизвикуваат  тие – глад.

Исто така, комбинирањето на туна, пилешко или сирења и кашкавали, со малку салата, не ве остава сити долго време затоа што квалитетот на оброкот е низок.

Атракција во езерските води: Црните лебеди вратени во Охридското езеро

На иницијатива на Лајонс клубот „Лихнидос” црните лебеди се враќаат во Охридското Езеро. Женскиот лебед Лилит веќе заплива во езерото, а деновиве треба да и се се приклучи и Адам, пренесува порталот Охридњуз.

Во седумдесетите години во Охридското Езеро имало црни лебеди кои заедно со белите претставувале вистинска атракција во градот. Најголемиот непријател на лебедите е човечкиот фактор и во минатото тие страдале од несовесните граѓани.

Црните лебеди се донесени од зоолошката градина од Белград, а потекнуваат од Нов Зеланд и Австралија.

„Најголемиот проблем кај лебедите е човечкиот фактор. Лошиот човек, необрзован, оној кој сака да наштети, е опасен за сите лебеди, особено за црниот. Враќањето на црниот лебед во езерото ќе биде голем тест за охриѓани. Негувате ги лебедите, тие се вистински украс на нашиот град и на езерото. Кога можете хранете ги, дајте им шанса да успее и црниот и давајте идеи како да направиме животинскиот свет на езерото да биде уште побогат,  уште поразноврстен. На крајот на краиштата ова е добра акција за привлкување повеќе туристи“, изјави Зоран Тунтев од „Лихнидос” Лајонс клубот.

На иницијатива на „Лихнидос“ беа донесени и два бели пауни кои сега се вистинска атракција во манастирскиот комплекс Свети Наум.

Таткото си фатил ВИП место на приредбата во градинката од своето дете

Tаткото како секој добар родител отишол во градинката на своето дете да ја сними приредбата. Се гледа дека имал намера да снима, но аголот е таков што е, па тоа е тоа, снима што му влегува во кадар.

Виц: И јас за тоа пијам

Кавга меѓу сопруг и сопруга:

Говедо, сите пари ги трошиш во кафана. Едно одење те кошта сто евра.

Па и ти трошиш сто евра на шминки.

Јас ги купувам за тебе да ти бидам убава.

Па и јас за тоа пијам, за да ми бидеш, убава.

Шокантна снимка: Бомбаш самоубиец крева во воздух турски воен пункт

Не е сцена од некој холивудски филм туку вистинска случка во која животите, освен самоубиецот, ги загубија и 10 војници и 7 цивили.

Вознемирувачко видео: Полицијата од Кочани брутална врз битолски Чкембари

Членови на навивачката група „Чкембари” кои го поддржуваат Пелистер брутално се претепани во Штип, а реагираат на непримерна употреба на сила од страна на силите за безбедност.

„По завршувањето на вчерашниот натпревар, Брегалница – Пелистер одигран во Кочани, дојде до физички напад на навивачката група Чкембари од страна на полицијата, при што со сериозни повреди се здобија неколку наши членови. Имено по завршувањето на самиот натпревар по влегувањето во автобусот и тргнувањето спрема Битола, по поминати 50-тина метра, нашиот автобус беше нападнат со камења од страна на домашната публика. Веднаш автобусот застана и неколку Чкембари излегоа од автобусот и реагираа кон тие што не нападнаа. Наместо полицијата да не заштити и безбедно да не спроведи кон Битола,тие брутално не нападнаа и употребија несоодветна сила спрема нас, при што како и веќе спомнавме повредени се неколку наши членови.

Денес во медиумите гледаме пласирање на невистини и напади кон нас, осуди за нашето однесување, а никаде осуди за насилничкото однесување од тие кои треба да спречат насилство. На видеото имаме доказ за непотребно употребена прекумерна сила. Нашите членови имаат извадено и лекарски уверенија“, стои во соопштението на битолските навивачи.

Виц: Неспособен во кревет

Што си расплакана ма, бејби?

Остави, маче. Ми раскина дечкото. Ме шутна за некоја позгодна од мене.

Батали го ма, секако не го биваше, не можеше да издржи ни десет минути.

Еееееј! Од каде знаеш ти ма?

Виц: Стариот швалер

Прават муабет двајца пензионери:

А бе, побратиме, не ми е јасно како кога имаше дваесет години вртеше јаки дваесетгодишни девојки, кога имаше педесет години, пак вртеше јаки дваесетгодишни девојки, и сега, кога имаш седумдесет и пет години, уште врткаш јаки дваесетгодишни девојки.

А бе, и триста години да имам, сто евра си се сто евра, побратиме.