Home Blog Page 4310

Верувања vs. факти – колку од овие фактички вистини ви се познати

Постојат широко распространети митови во кои сите веруваат и многу „факти“, кои всушност не се вистина, или барем се далеку од реалноста за нив каква што сме ја прифатиле.

1. Наполеон бил низок

Тој не бил многу висок, но со 170 см висина бил просечен Француз во тоа време.

2. Кинескиот ѕид од вселената

Не, не е можно да се види од вселената.

3. Биковите мразат црвена боја

Биковите се всушност далтонисти кои ги нервира ако некој им мафта со крпа над глава и тоа го сметаат за закана.

4. Бананите растат на дрво

Тие растат на растенија кои потсетуват на дрвја.

5. Ако при варењето тестенини додадете масло, тие нема да се залепат

Единственото нешто што ќе се случи е водата нема да се запени и нема да истече од тенџерето.

6. Лилјаците се слепи

Не само што добро гледаат, туку користат ехолокација за да се движат. Исто така, ни кртовите не се слепи, но полошо гледаат.

7. Имаме пет сетила

Имаме уште најмалку дваесет сетила покрај мирис, допир, вкус, слух и вид, а меѓу другите се и рамнотежа, движење, глад и жед.

8. Кафето го дехидрира организмот

Кафето не не тера толку често во тоалет како што некои мислат, бидејќи диуретскиот ефект на коефеинот е намален за количеството вода што се наоѓа во пијалокот.

9. Алкохолот убива мозочни клетки

Многу алкохол не е добро за никого, но не постојат докази дека повременото опивање ќе го оштети капацитетот на вашиот мозок.

10 Правилот од пет секунди

Ако мислите дека ако можете да изедете нешто што паднало на под само затоа што сте го зеле за покусо време за пет секунди, треба да се знае дека бактериите ќе  се најдат на храната без оглед на тоа колку кусо била таа на подот.

11. Монт Еверест е највисокиот врв на светот

Во суштина, тоа не е точно. Највисок е Мауна Кеа на Хаваите, ако се мери од основата до врвот. Еверест е највисок во споредба со нивото на морето, а Мауна Кеа е висок над 10.000 метри мерен од неговата основа, но повеќе од половина тој се наоѓа под површината на морето.

12. Ако фрлите монета од Емпаер стејт билдинг можете да убиете случаен минувач

Кованата пара не може да постигне толкаво забрзување за да стане смртоносна, иако многу ќе ја заболи личноста која ќе биде погодена.

13. Кикириките припаѓаат на јаткастите плодови

Не, кикириките припаѓаат на друга фамилија билки Leguminosa.

14. „Ѕвончиња“ е божикна песна

Оваа песна всушност е посветена е на зимата и Денот на благодарноста

15. Пушењето предизвика никодимски дамки

Никотинот е безбоен, а дамките се појавуват поради катранот.

Во прво лице: Вака изгледа кога ве вози автопилотот со нов хардвер од Тесла

Компанијата Тесла Моторс објави воведување на нов хардвер кој ќе овозможи уште подобри перформанси во случај кога возачот целосната контрола ја препушта на автомобилот.

Како што потенцира компанијата, хардверот ќе биде присутен на сите идни возила од фабриката на Тесла, вклучувајќи ги Модел S, Модел X и идниот Модел 3. Се работи за т.н. по автономно петто ниво, кое на автомобилот ќе овозможи возење во сите временски услови.

Возилата на Тесла сега ќе бидат опремени со 12 нови ултразвучни сензори, осум камери кои ја следат околината под агол од 360 степени, а круна на новиот хардвер ќе биде и до 40 пати помоќен компјутер со чија помош системот ќе биде процесуиран.

И покрај лошото реноме на автономното возење, чија употреба се нарекува дури и забранета во Германија, Тесла одлучно оди кон усовршување, а директорот на компанијата Елон Муск додава дека новиот хардвер е подобар и од човековите способности.

На сето тоа „кумуваше“ и видео кое прикажува навигација преку комплексно урбано подрачје. Потсетуваме дека автономната опција во автомобилите на Тесла до сега е користена само на отворен автопат.

Бучавата и загадениот воздух едни од главните причинители на покачен крвен притисок

Постојаното изложување на загадената животна средина значително го зголемува ризикот од покачен крвен притисок кај луѓето, се наведува во испитувањето спроведено врз 41.072 лица од Норвешка, Шведска, Данска, Германија и Шпанија, а чиишто резултати се објавени во специјализираното списние „Јуропиан Харт Џурнал“.

Меѓу загадувачките фактори се вбројува и преголемата бучава, предизвикана од сообраќајот, а којашто често претставува ризик од хипертонија, тврдат авторите на истражувањето.

Според нив, луѓето кои живеат во области со позагаден воздух, се поизложени отколку оние кои живеат во почисти средини.

Хипертонијата пак, е фактор на ризик за срцево-артериски заболувања. Никој од испитаниците првично немал висок крвен притисок, но како што истражувањето течело, бројките покажувале дека 6.207 лица, односно 15 отсто посочиле дека им се појавила хипертонија, што им налага да земаат лекарства за снижување на притисокот.

Куќен луксуз на дрво од 150.000 фунти

Во шумата на Дорсет, неколку часа возење од Лондон, столарот Гај Малисон изгради луксузно одморалиште над земја, заштитено од дабово дрво.

25-10-kukja-drvo1 25-10-kukja-drvo2

Куќата на дрво чини 150.000 фунти и беа потребни пет месеци за нејзино компетирање, додека нејзиниот дизајн еволираше во текот на градењето.

25-10-kukja-drvo3 25-10-kukja-drvo4

Куќата на дрво е изградена од локални материјали и при изградбата се тежнеело да се зачува природниот екосистем. Куќата на дрво за две лица е преполна со современ луксуз и комфор.

25-10-kukja-drvo5 25-10-kukja-drvo6

Спалната соба има таванско отворање кое пружа совршен поглед на крошната. Секој прозор на куќата е поставен за да му обезбеди на човекот единство со природата, дури и кога се наоѓа во затворен простор.

25-10-kukja-drvo7 25-10-kukja-drvo8 25-10-kukja-drvo9 25-10-kukja-drvo10

*** EXCLUSIVE - VIDEO AVAILABLE *** SEPTEMBER 2016, DORSET, UK: Outside on the main deck their is a pizza oven, tree shower, hammock, spa deck with hot tub and also a sauna, September, 2016, Dorset, UK. This luxurious treehouse complete with its own slide and open air tree shower is worldís away from your wooden childhood den. Hidden in a forest in West Dorset, the modern treehouse was built by London designer Guy Mallinson for the ultimate retreat for holidaymakers wanting to get away from the hustle and bustle of the city. The Woodsmanís Treehouse is a combination of sustainable craftsmanship and 5 star interiors including a sauna and hot tub on the upper deck, a revolving wood burner and even has something for those who want to really be at one with nature - an open air tree-shower. The treehouse has only been open to guests since the beginning of August 2016 but is already fully booked for the next few months, encouraging the designer to think about building a second tree house. PHOTOGRAPH BY Nick Stubbs / Barcroft Images London-T:+44 207 033 1031 E:hello@barcroftmedia.com New York-T:+1 212 796 2458 E:hello@barcroftusa.com New Delhi-T:+91 11 4053 2429 E:hello@barcroftindia.com www.barcroftimages.com

25-10-kukja-drvo11

Виц: Понеделнички на работа

Понеделнички, на работа, доаѓа вработениот, со вцрвенети очи.

Шефот: Батка, што ти се така црвени очите? Си пиел?

Работникот: Е не, цел викенд плачев, ми фалеше работата.

Виц: Цајканот и плавушата

Полицаец запира плавуша за прекршок.

Полицаецот: И сега што правиме?

Плавушата: 500 денари или да ги соблекувам гаќите?

Полицаецот: Дај 500 денари, зошто гаќите може и да не ми се точни.

„Сатана“ – најмоќниот руски проектил: Еден може да го сруши Њујорк, а ги имаат 55

Тензиите меѓу САД и Русија се на највисоко ниво по Студената војна, па експертите предупредуваат на застрашувачкиот руски нуклеарен арсенал. Само пет SS-18 ракети би можеле да го уништат целиот источен брег на САД, а Русија поседува дури 55 такви проектили.

Ова е најмоќниот проектил во рускиот нуклеарен арсенал, што воедно е најголемиот нуклеарен арсенал во светот.

SS-18 може да носи боева глава од 20.000 килотони, што е илјада пати посилно од бомбата што е фрлена на Нагасаки. Само еден ваков проектил може да уништи три четвртини од Њујорк, а последиците можат да траат илјадници години, вели експертот Пол Крег Робертс.

Директниот удар на проектилот, што го носи името Satan, може да усмрти 4,5 милиони луѓе во Њујорк, да повреди уште 3,6 милиони и да озрачи област од околу 1.000 километри.

Уште пострашно е што проектилот може да биде опремен со десет помали боеви глави, од кои секоја има сила од 550 килотони, а можат да покријат многу поголем радиус. Таквиот напад е речиси невозможно да се спречи со противракетната одбрана.

Според Робертс, Русија лесно може да го уништи НАТО или да доведе до негов колапс.

Робертс не е единствениот што предупредува на можноста за избивање на трета светска војна. Рускиот член на Граѓанската комора, Сергеј Марков вели дека ескалацијата на судирот во Сирија може да доведе до директен судир на големите светски сили.

Марков смета дека до ескалација би можело да дојде ако Русија, засилена со флотата која плови кон Сирија, стартува нов масивен напад на Алепо за да ги докрајчи антирежимските борци. НАТО предвидува дека руските сили за две недели ќе бидат во близина на Сирија и ќе можат да ги стартуваат своите дејствија против бунтовниците.

Русија го обвинува НАТо за агресивни активности, како што е поставувањето на противракетниот штит во Источна Европа и зголемување на бројот на војници на границата со Русија. Од друга страна, Русија во последниете неколку години изведе големи воени вежби и таа ја зголеми бројноста на своите трупи на границата со ЕУ.

Запознајте ја Теа, најелегантната дама од кучешкиот сој

Лук Каванаг отсекогаш мисле дека неговиот прекрасен авганистански загар Теа е премногу убаво куче за да го чува само дома, па одлучил дека црното долго и елегантно влакно од Теа треба повеќе да го експонира. Но, не очекуваше дека фотографијата од Теа која ја објави на социјалните мрежи ќе биде споделена над еден милион пати.

25-10-tea4

„Претпоставувам дека луѓето фотографијата главно ги привлекла поради свиленкастата боја на влакното од Теа во комбинација со нејзиниот достоинствен изглед, а таа е токму таква“, вели Лук.

25-10-tea3

Нивните викенд прошетки се вистинска мала авантура бидејќи Теа го привлекува и ужива во вниманието од случајните минувачи.

25-10-tea2

„Се преправа дека нема потреба од внимание, но дефинитивно го сака тоа, како и секој друг супермодел. Имам посебен однос со Теа во секој момент кој го поминуваме заедно“, додава гордиот сопственик.

25-10-tea 25-10-tea1

Виц: Книшката од синот

Си оди синот дома на полугодие со книшката, ја зема таткото и чита на глас:

Физика двојка, слушаш жено, физика двојка син ти. Математика двојка. Слушаш, и математика двојка. Македонски двојка. Хемија двојка. Слушаш жено, редум двојки. На крајот, музичко петка. Слушаш жено, ги налупал редум двоји и на крајот до пеење и до музика му е дојдено на детево наше.

Го одбивале на 30 различни работни места, а денес е еден од најбогатите луѓе на светот

Џек Ма денес е еден од најбогатите луѓе на светот, но на почетокот од својата кариера се среќавал со бројни порази и неговиот пат до успехот е трнлив и напорен.

Во училиште не му одело баш најдобро, повеќе пати се пријавувал на неколку факултети, но не го примале. Подоцна се пријавил на триесет различни работни позиции и секогаш бил одбиван. Еднаш, од десетина пријавени, Џек бил единствениот кого не го примиле.

Потоа се обидел со две различни делови вложувања, но и тоа пропаднало. Сепак, таквата низа неуспеси не го поколебала и во 1995 година цврсто се одлучува да ја основа првата eCommerce компанија во Кина.

На 21 февруари, 1999 година собира 17 свои пријатели и пред нив ја одржува својата презентација за неговите планови. Сите тие знаеле за неговите претходни неуспеси, но Џек им ја опишал својата визија и ги замолил да вложат пари во неговата идеја.

На крајот, сите 17 луѓе вложиле вкупно 60.000 долари поради една единствена причина – бидејќи самиот Џек верувал дека ќе успее. И имал право. Неговата компанија Alibaba стана светски гигант во областа на eCommerce компаниите и вреди 108 милијарди долари.