Home Blog Page 4309

Полицијата во Портланд уапси зимзелено дрво (видео)

„Ве молиме, господине Дрво, поместете се и не го блокирајте сообраќајот“, биле зборовите од полицајците кои му ги упатиле на типот кој, маскиран како дрво, го попречувал сообраќајот во центарот на американскиот град Портланд.

Откако „дрвото“ не ја послушало молбата од полицијата, тие биле принудени да го приведат „истото“. Против „дрвото“ е поднесена прекршочна пријава за попречување на сообраќајот, а не е јасно која му била целта на типот така преправен во дрво да прави проблеми во текот на сообраќајот.

Негов пријател изјави дека наводно на тој начин сакал да го анализира однесувањето на луѓето во сообраќајот.

Донирал половина црн дроб за непозната жена – денес се среќен брачен пар

Кога Кристофер Демпси одлучил да донира половина од својот црн дроб за непозната жена, не можел ниту да замисли дека таа одлука ќе му го промени животот и во каков правец ќе го одведе.

Бившиот американски маринец, во моментот кога се одлучил да го спаси животот на непозната личност, не можел ни да сонува дека токму таа личност еден ден ќе му стане сопруга.

27-10-dempsi-kruger1

Нивната љубовна приказна започнува кога Демпси случајно го наслушнал разговорот на Хедер Кругер за време на една пауза на работа во едно место јужно од Чикаго.

Хедер била во четврт стадиум од болест на црниот дроб. Со болеста се борела две години, а лекарите ја известиле дека има мали шанси да ги преживее наредните два месеци доколку не најде донор, пренесува ВВС.

27-10-dempsi-kruger

Нејзиното семејство се борело и тркало со времето за да најде донор, што е исклучително тешко во САД бидејќи таму речиси 120.000 годишно чекаат за донор на црн дроб. Демпси го чул разговорот од Хедер и одлучил да се запознаат и да ја понуди својата помош.

Откако прегледите и тестовите покажаа дека нивните крвни компоненти се совпаѓаат, операцијата била закажана за февруари, 2015 година, а тие двајца до операцијата поминале доста време дружејќи се заедно. И двајцата биле нервозни и преплашени, но во исто време почнале да си се допаѓаат еден на друг.

27-10-dempsi-kruger2

Осум месеци после успешната трансплантација, Демпси ја побарал за сопруга Хедер, се венчаа и денес имаат среќен и здрав брачен живот.

„Ниту во најлудите соништа не би помислил дека ќе се венчам со целосно непозната личност на која одлучив да ѝ го спасам животот“, изјави Демпси.

Култниот лик од иконичната фотографија на National Geographic уапсена во Пакистан

Авганистанката со продорен поглед и зелени очи која светот ја запозна преку фотографијата од Стив МекКари која тој ја направи за National Geographic, Шарбат Гула, беше уапсена од полициските сили во Пакистан со обвинение дека го фалсификувала својот идентитет.

Федералната Истражна Агенција (FIA) во Пешавар ја уапси Гула во средата, после двегодишна истрага за неа и нејзиниот сопруг, со обвинение за поседување на лажна лична карта.

Шарбат Гула аплицирала за пакистанска лична карта во април, 2014, користејќи го името Шарбат Биби. Многу Авганистанци користат лажни имиња за да добијат пакистански лични карти, што е ригорозно казниво со закон. Ако биде осудена, Гула се соочува со казна од седум до четиринаесет години затвор и парична казна од 3.000 до 5.000 долари.

Ликот на Гула стана масовно препознатлив преку списанието National Geographic, каде беше објавена иконичната фотографија од Стив МекКари која тој ја фотографираше во 1984 година. Во тој период Гула беше 12-годишно девојче кое живееше во камп за бегалци во Пешавар, после инвазијата на СССР врз Авганистан.

МекКари подоцна се обиде да ја пронајде неа и успеа во тоа. По 17-годишна долга потрага, ја најде во едно авганистанско село и ја посети во 2002 година, каде таа живееше со нејзиниот сопруг пекар и трите ќерки.

Едноставни и практични вежби за одмор на очите од компјутерот

По цел ден седиме пред компјутер, и кога ќе се задлабочиме во некоја задача или текст, забораваме да трепкаме. Очите ни се сушат, а видот се расипува… Сепак, постојат вежби што може секојдневно да ги правите за да го подобрите видот.

-Трепкајте две минути. Оваа вежба помага за да ја регулирате циркулацијата на крвта во очите.
-Кружете со главата додека гледате напред. Прво од десно на лево, а потоа од нагоре надолу. Ова исто така ја зголемува крвната циркулација во очите.
-Погледнете надесно, а потоа полека налево. Потоа истото направете го во спротивен правец.
-Затворете ги очите и опуштете се. За мракот се верува дека ги зајакнува фоторецептивните ќелии во очите што помага да се одржи добриот вид.
-Поместувајте го вашиот поглед во различни правци. Погледнете десно, па лево, горе, па долу, кружете со погледот и правете осмица.
-Затворете ги очите цврсо на 5 секунди, а потоа отворете ги. Направете го тоа седум пати. Оваа вежба помага да одморите очните мускули и да ја подобрите циркулацијата на крвта во очите.
-Полека притискајте ги слепоочниците со прстите на две секунди. Повторете го ова четири или пет пати. -Оваа вежба го подобрува протокот на интраокуларните флуиди.
-Држете ги очите отворени и со погледот цртајте едноставни геометриски фигури. Потоа преминете на покомплицирани геометриски облици.
-Затворете ги очите и полека поместувајте ги очните јаболка горе и долу. Повторувајте го ова до десет пати.
-Застанете блиску до прозорецот и фокусирајте го погледот на нешто што е мошне блиску до вашето лице. -А потоа на нешто што е најоддалечено од прозорецот. Повторете ја вежбата 10 пати.

Разлики помеѓу женската атрактивност и женската убавина

Секоја жена располага со своја убавина, а постојат бројни епитети со кои жената може да биде опишана.

Таа може да биде „добра“, „секси“, „жешка“, „убава“, „згодна“ и многу, многу повеќе.

Арсеналот на лажна убавина, како што се лажни трепки и тен директно влијае на мажите кои веќе не знаат како да направат разлика меѓу она што е атрактивно, и она што не е.

Ова се основните разлики помеѓу атрактивни и убави жени:

– На атрактивноста и се восхитуваат од далеку, додека убавината е нешто што е трајно.

– Атрактивноста е прашање на перцепција, а убавина е она што навистина чини.

– Атрактивност се тешко нашминкани очи, а убавината на лицето е без трага од шминка.

– Атрактивноста е првиот впечаток, а убавината се „пика“ под кожа.

– Атрактивноста е привремена, а убавината е вечна.

– Атрактивноста е секојдневна, а убавината е уникатна.

– Атрактивност е секс за една ноќ, но убавината предизвикува непроспиени ноќи.

– Атрактивноста се нејзините облини. а убавина се нејзините живци.

– Атрактивноста е SMS порака, а убавина е љубовно писмо.

– Атрактивноста е фасадата, а вистинската убавината е жената.

Виц: Две од матичната

Трпе оди на контролен преглед кај кардиологот:

Трпе, колку ракии пиеш дневно?

По четири докторе.

Како бре по четири, нели ти дозволив по две!

Две од тебе, две од матичната.

Велосипедски лудории на МекАскил во раскошната селска идила – фантастично видео

Дени МекАскил е веќе докажан акробат со велосипедот кој прави такви вратоломни потези и потфати од кои буквално ќе ви се сврти во главата. Овој пат се опушти со бајкерски лудоори уживајќи во селската идила.

Inspirations: Краток филм кој ја слави математичката уметност на М.С. Ешер

Инспириран од холандскиот уметник М.С. Ешер кој математичките идеи ги комбинираше со разни уметнички изрази и форми (1898-1972), шпанскиот филмски уметник Кристобал Вила направи краток филм кој е своевидна пофалба на делото од овој Ешер.

Мајтап: Еден во милион

Кина има над милијарда жители. Милијарда! Тоа значи дека таму ако некој ти рече дека си „еден во милион“, сакајќи да ти каже колку си посебен, знај дека постојат барем илјада такви „посебни“ како тебе.

Виц: Мечката и планинарите

Двајца планинари шетаат по шумата, кога ги догледува мечка на оддалеченост од 50 метри. Мечката тргнува по нив.

Еден од планинарите брзо од ранецот извадил патики и почнал да ги облекува, додека другиот му вели: Што правиш? Патиките нема да ти помогнат да си побрз од мечката?

Важно е да сум побрз од тебе, одговорил тој.