Home Blog Page 4308

Вака во луксузни ресторани отвораат скапи стари вина затворени со плута

Поради староста на стакленото шише и плутената тапа, постои голема веројатност да дојде до несакани последици кои ќе го оштетат виното, па затоа, за отворањето на вакви стари и скапи вина си има и посебна финта. Едноставна е, ама треба внимание и за неа.

Инаетот е посладок и од медот: Од инает богатството ѝ го препишал на секретарката

Италијанскиот милијардер Бернардо Капроти по смртта, на својата секретарка ѝ оставил 75 милиони евра. Секретарката Германа Чиоди ќе добие и бројни вредни уметнички дела.

Милијардерот на своите внуци им оставил по „само“ 15 милиони евра. На музејот „Лувр“ му ги оставил делата на Мане. Според тестаментот којшто бил прочитан на 5 октомври, сопственоста на милјардерот ќе се подели помеѓу неговите три сина и неговата втора сопруга.

Остатокот ќе го поделат Џузепе Капроти и неговата сестра Виолета кои се деца од првиот брак на Бернардо.

Бернардо Капроти бил тежок 2,2 милијарди долари. Бил сопственик на синџирот супермаркети „Еселунга“ со седиште во Милано. Умрел на крајот од септември, на 90-годишна возраст. „Еселунга“ има вработено 22.000 луѓе.

Во 2011 година Бернардо Капроти дал отказ на местото шеф на „Еселунга“, а во 2013 година дал оставка на сите места во управата.

Нелсон Рокфелер, внук на Џон Д. Рокфелер, дошол во 1956 година во Милано за да го претстави концептот на супермаркети. Тој и Капроти станале партнери. Капроти тогаш водел бизнис со текстил кој го наследил од татко му. Отвориле синџир на продавници.

Синот од првиот брак, Џузепе Капроти со години се спомнувал како наследник на Бернардо. Во компанијата дошол во 1986 година. Направил и линија на органски производи коишто продавниците ги продавале. Вовел и вредносни картички, „кол центар“ во компанијата како и центар за комуникација со медиумите. Но, таткото и синот со години се карале.

Бернардо Капроти во текот на една кавга се заканил дека ќе го повика обезбедувањето да го исфрли неговиот син. Џузепе Капроти дал отказ во 2005 година. Подоцна Џузепе и Виолета го обвиниле татка си Бернардо дека им ги украл акциите. Судскиот спор траел три години.

Mercedes-AMG E63 серија – алуминиумски убавец за 2017 година

Mercedes ги претстави моделите од најновата верзија на неговата AMG E-Class, пред нивното официјално деби на Los Angeles Motor Show наредниот месец.

31-10-mercedes-amg-e63-1

Моделите E63 и E63 S ќе имаат помал 4.0 литарски twin-turbo V8 мотор (во споредба со 5.5 литарскиот кој го имаат сегашните), а како стандардна опција ќе доаѓа и 4MATIC погонот на сите тркала.

Иако со помал капацитет, најновиот мотор на Mercedes-AMG (кој дебитираше во AMG GT спортскиот модел) всушност нуди подобри перформанси и моќност. Новиот E63 ќе има 570 коњски сили (што е за 14 повеќе од сегашниот), додека помоќниот E63 S ќе има 612 коњски сили, за 30 повеќе од сегашниот.

31-10-mercedes-amg-e63-2 31-10-mercedes-amg-e63-3

Моторите ќе нудат вртежен момент од 750Nm и 850Nm, a ќе доаѓаат исклучиво со 9-брзински dual-clutch автоматскиот менувач на Mercedes.

Погонот на сите тркала ќе помага и за акцелерацијата: E63 од 0-100км/ч ќе забрзува за 3.5 секунди, додека E63 S тоа ќе го прави за една десетина побргу, и ќе може да постигне максимална брзина од 300км/ч.

31-10-mercedes-amg-e63-3 31-10-mercedes-amg-e63-4

Дизајнот на екстериерот е по агресивен во споредба со оној на сегашните модели, додека внатрешноста е разубавена со елементи од carbon fibre и со амбиентално сино-виолетово светло.

31-10-mercedes-amg-e63-5

Двата модела ќе почнат да се продаваат од средината на јануари 2017-та, а првите испораки се очекуваат во јуни. Цената на E63 моделот ќе стартува од 84 000 евра, додека на E63 S од 93 000.

31-10-mercedes-amg-e63-7

31-10-mercedes-amg-e63-6 31-10-mercedes-amg-e63-9 31-10-mercedes-amg-e63-10 31-10-mercedes-amg-e63-11 31-10-mercedes-amg-e63-12

Виц: Секс во кола

Доцна вечерта во темна уличка стои паркирана кола и се ниша. Минуваат сообраќајци, ја гледаат колата и одат да ја проверат. Светнуваат внатре со батериска ламба и гледаат маж и жена се сексаат. Едниот сообраќаец се закашлува, потчукнува по прозорецот на колата и прашува:
Господине, што правите?
Ох, ох, ух, еве, имам секс со жена ми, одговара шоферот.
Полицаецот почнува да се извинува:
Ама јас, знаете, ние си помисливме дека тука сте со некоја проститутка.
Абе и јас така си мислев, пред да светнете со батеријата.

Виц: Новата девојка

Ја носи внукот својата девојка кај дедо му да го запознае со неа:

Добар ден, дедо. Запознај се со Ивана, таа е мојата девојка.

Не е за тебе, заслужуваш подобро.

Аман бе, дедо, биди малку пристоен, срамота е така да зборуваш пред неа.

Не ти велам тебе, говедо, неа и велам!

Ѕирнете во „тајните соби“ од патничките авиони и дознајте што се случува во нив

Веројатно само малкумина патници знаат дека во поголемите патнички авиони постојат „тајни соби“ во кои се „дружат“ членовите на екипажите на леталата.

Иако, патниците имаат впечаток дека стјуардите и стјуардесите се цело време „на нога“, затоа што во текот летот постојано гледаат некои од нив, сепак во поголемите летала се наоѓаат и посеби оддели наменети само за нив.

Овие „тајни соби“ најчесто се сместени во делот од кабината над првата класа, каде членовите на екипажот можат да преспијат. Скалите што водат до нив се скриени веднаш до пилотската кабина и во зависност од големината на авионот во нив има места и за до осум лица.

Во авионите „Боинг 747“ креветите за членовите на екипажот се на кат, а во некои летала, како „Ербас А380“, има и посебна просторија за одмор на пилотите. Во простоијата за пилотите во авионите „Боинг 777“, покрај два кревети, има и тоалет, мијалник и седишта како во бизнис класата.

Дивиот свет на теретаните – лудо и бесно видео

Пародија на сите оние документарки од BBC кои драматично разработуваат теми од дивиот природен свет на Земјата.

Скриено во мистериозниот Амазон: Запознајте го амазонското село Македонија (видео)

Во длабочините на Амазон има едно село по име Македонија, кое ја собрало убавината на целиот свет. Селото се наоѓа на брегот на колумбиски Амазон и има 800 жители, од кои речиси половина се помлади од 18 години. Живеат од риболов, лов и занаетчиство. Училиштето и црквата се единствените јавни места во селото. Автомобилот е непознат поим во густата амазонска џунгла.

Во овој регион на Амазон од крајот на 19 век живеело едно семејство од племето Тичуна, чие презиме било Македо, вели грчкиот сајт Радиоласити.

Членовите на семејството прво станале католици под влијание на мисионери, а потоа преминале во евангелисти, па ги конвертирале и другите Тичуна-семејства што дошле од соседните области во Бразил и Перу и се населиле со нив во истото село.

Тие почнале да ја проучуваат Библијата во групи, а кога стигнале до писмата на апостол Павле до Солуњаните и Филипите во Новиот завет биле импресионирани кога првпат го прочитале зборот Македонија.

Така во 1975 година, сите семејства што живееле заедно во езерското село одлучиле своето село да го наречат Македонија, сметајќи дека се единствените Македонци во светот. Така е создадена амазонската Македонија.

Виц: Храбрите глувци

Разговараат три глувчиња. Првото рекло:
Мене кога ми е досадно и нема што да правам, наоѓам некоја стапица за глувци, влегувам и го јадам сирењето без ништо да ми биде.
Тоа не е ништо, рекло второто. Мене кога ми е досадно, земам едно ќесе отров за глувци, си јадам додека пијам пиво и гледам телевизија и ништо не ми се случува.
Третото глувче рекло со чудење:
Браво другари, навистина сте многу сте храбри, јас не можам да се споредувам со вас. Извинете, сега мора да одам, имам договорено, треба да ја онадам мачката!

Виц: Поздрав до жена ми со песната

Ало, радио?

Да, повелете.

Може еден поздрав до жена ми со песната Низ корија зелена босо моме шета?

Може, како не. Некој посебен повод?

Има, да, некни и ја одзедоа возачката на една година.