Home Blog Page 4307

Адел конечно и формално ќе „рипне в тавче“

Адел и нејзиното долгогодишно момче Сајмон се одлучиле на венчавка, пишуваат британските медиуми. Двојката пет години е во врска и имаат четиригодишен син Енџел.

– Тие одлучиле дека сега е вистинското време за правење на тој голем чекор. Нема тоа да го разгласат, тие не се такви. Нема да ја видите Адел како наоколу оди со огромен дијамант на прстот. но вистина е дека се подготвени за следниот голем чекор и двајцата се многу возбудени поради тоа, откри изворот.

– Адел си помина многу убаво на турнејата и уживала настапувајќи пред обожавателите, но сега е време да се посвети на синот и идниот сопруг, додаде изворот.

Адел не ги коментираше инфорациите за венчавката. Симпатичната пејачка, за венчавката зборуваше во една прилика кога изјави дека се уште не се омажила затоа што не добила прстен.

Seataci – луксузна морска убавица која плови во стилот на китовите (видео)

Инженерот Чарлс Бомбардиер изработи концепт на суперјахта, наречена Seataci, која користи свои погони да плива под водата како кит, а чини близу 100 милиони долари.

1-11-seataci-overview1

Јахтата има уникатен погонски систем, а користи движења слични како китовите кога пливаат во водата. Движењата се базираат на ротирање на моторот и два сателита потопени како подморница за создавање движења.

1-11-seataci-overview2

1-11-seataci-overview3

Фолиите во капсулите осцилираат за создавање движења потребни за движење на бродот. Овој метод може да биде поекономичен и подобар за екологијата, затоа што помалку ги нарушува чувствителните екосистеми во водата.

1-11-seataci-overview5

1-11-seataci-overview4

Јахтата при патувања го потопува поголемиот дел од трупот на бродот, при што нуди прекрасен поглед на животот под океанот.

Титаниумските 3D печатени Lab II – најскапите 3D слушалки на светот

S-Next е јапонски бутик на премиум произведувачи на аудио опрема кој ги разви и дизајнираше уникатните Lab II слушалки, модерно стилизирани и 3Д моделизирани со титаниумски екстериер.

Едноставна и преполна со стил, титаниумската надворешност на овие слушалки исто така и дистрибуира високофренкфентен звук кој доаѓа од 15 милиметарскиот голем динамичен драјвер.

1-11-labii

Внатрешноста на куќиштетот на звучниците е посебно дизајнирана со цел со обликот да ја пополни празнината меѓу ушниот канал и изворот на звук, а 3D печатениот титаниу на крајот е обработен со помош на прилагоден хемиски третман за сјај и неверојатно мазна површина.

1-11-labii

Изработени се само 200 парчиња од Lab II слушалките и се во продажба од 22 октомври по цена од 4.300 долари. Оваа цена ги прави Lab II слушалките најскапи 3D печатени слушалки на светскиот пазар.

Хорор филмовите и имунитетот – каква е нивната меѓусебна поврзаност?

Хорор филмовите влијаат позитивно на човековиот организам, затоа што предизвикуваат состојба на катарза и го засилуваат имуниот систем, велат експертите.

– Гледајќи хорор филм, ние искусуваме нешто што во вистинскиот живот едвај некогаш би го доживеале. Тоа води до катарза и не ослободува од емоции и од нашите разочарувања кои се насобрале, објаснува Марк Грифитс, психолог од универзитетот „Нотингам Трент“.

Освен тоа, страшните филмови го зајакнуваат имунитетот и ја зголемуваат отпорноста кон болести.

Професори од Универзитетот во Ковентри ја контролирале крвта на доброволци, додека пред да гледаат хорор и потоа. Резултатите по „филмската сеанса“ покажале дека во крвта на испитаниците бројот на леукоцити се зголемил.

Гледањето хорор филмови предизвикува реакција во организмот, слична на онаа при физичка борба или бегство. Во крвта се ослободува големо количество адреналин, што го активира и интензивира одбранбениот систем, па дури може и да ослабнете.

Сепак, ако се работи за некој со срцеви проблеми, таквото покачување на адреналинот е многу опасно.

Штетните влијанија на солта врз човечкото тело

Солта го менува вкусот на храната, но и влијае на телото на начини кои не можеме ни да ги замислиме Солта е примарен извор на јод, а негов недостиг може да доведе до струма, т.е. гуша. Од друга страна, ако се конзумира прекумерно, може да предизвика здравствени проблеми.

Надуеност
Ако имате проблем со надуеност, намалената конзумација на сол може да помогне. Прекумерната конзумација на сол го зголемува нивото на натриум во телото, поради тоа што ги задржува дополнителните количини на течности.

Висок крвен притисок
Солта влијае и на крвниот притисок. Колку повеќе сол внесувате, во организмот има повеќе натриум, а високото ниво на натриум го зголемува крвниот притисок. Со намалување на внесот на сол за 4,6 грама се намалува крвниот притисок. Недостигот на сол има спротивен ефект, така што се препорачува следење на внесот на сол, бидејќи на тој начин се контролира нивото на натриум во организмот.

Болести на срцето
Натриумот е многу важен за организмот, но неговиот вишик прави голема штета и може да доведе до кардиоваскуларни болести, болести на срцето, срцеви инсуфиенции и мозочен удар. Претераната конзумација на сол двојно го зголемува ризикот. Пушачите, повозрасните луѓе, дијабетичарите и луѓето со висок крвен притисок се ризична група, така што мора да го контролираат внесот на солта.

Когнитивните способности
Со зголемување на крвниот притисок се јавуваат мозочни проблеми. Луѓето кои внесуваат многу сол и слабо се движат ризикуваат намалување на когнитивните способности. Експертите советуваат намален внес на сол, како и секојдневно вежбање во траење од 30 минути, за човекот да биде ментално и физички здрав.

Бубрезите
Бубрезите имаат важна улога во филтрирањето на отпадните производи од крвта, а нивно затајување може да доведе до дисбаланс на течностите во крвта, абнормални состојби и на крај смрт. Високиот крвен притисок може исто така да доведе до затајување на бубрезите бидејќи врши притисок на артериите. Лицата кои имаат проблеми со бубрезите со намален внес на сол ќе почувствуваат подобрување. Потрошувачката на солта е дефинитивно поврзана со здравјето на бубрезите.

Потреба за сол
Тие што конзумираат многу сол често чувствуваат потреба за се поголеми количини. На тие луѓе им се советува солта да ја заменат со други зачини, како што е пиперот.

Мозочен удар
Големата потрошувачка на сол ја зголемува количината на натриумот во крвта, а тоа доведува до зголемен крвен притисок, кој може да резултира со мозочен удар. За контрола на натриумот во организмот се препорачува намален внес на сол.

Кожа
Претераното внесување на сол во организмот предизвикува ендеми, т.е. отоци на рацете, нозете и глуждовите. Тоа се екстремни случаи, но често се јавуваат и промени на кожата.

Дали „новата Вотергејт“ ја загрозува претседателската фотелја за Хилари Клинтон?

Времето полека истекува – уште седум дена останаа до претседателските избори во САД, а Доналд Трамп и Хилари Клинтон според последните анкети се речиси целосно изедначени во однос на поддршката од гласачкото тело.

Сепак, до пред неколку дена, Хилари имаше комотна предност, но отворањето на новата истрага на ФБИ за нејзините спорни мејлови му даде нов елан на Трамп. Меѓутоа, ќе биде ли тоа доволно контроверзниот републиканец да го направи можеби најголемото изненадување во американската изборна историја?

За разлика од претходната истрага која покажа дека нема доволно докази за да се поднесе обвинение против Клинтонка, за новата истрага не се знае многу, освен дека станува збор за нови мејлови за чие истражување ќе биде потребно некое време, како што тоа го кажа директорот на ФБИ Џејмс Коми.

Тоа значи дека е сосема можно на денот на гласање над главата на едниот од кандидатите да виси сомнежот, што прилично би можело да влијае врз конечниот резултат.

Бидејќи, во ваквите истраги е многу тешко целосно да се разјаснат сите нешта, што најдобро го покажува и претходниот случај, при што и покрај неподнесувањето обвинение 64 отсто од Американците и понатаму не ѝ веруваат на Хилари Клинтон, покажуваат анкетите.

Трамп веќе го спореди најновиот скандал на Хилари со озлогласениот Вотергејт, кога Ричард Никсон мораше да се повлече од претседателската функција поради прислушувањето на политичките противници.

За нештата да бидат уште полоши за поранешната државна секретарка, откриено е дека семејството Клинтон прилично ги „заматило границите“ меѓу сопствените бизниси, добротворната организација и политичките интереси, што на Трамп му ја даде неопходната муниција за да распука по Хилари во последната недела пред изборите.

Додадете ги на тоа и претходните 23 комплети тајни мејлови меѓу поранешната државна секретарка и шефот на нејзината кампања Џон Подеста, кои ги објави Викиликс, и ете го Трамп повторно во игра.

„Кога рефлекторот беше врз Трамп, Хилари лесно победуваше. Меѓутоа, сега цело внимание е насочено кон неа, и ситуацијата е сменета“, вели Френк Лунц, политички консултант кој претходно кажа дека ќе победи оној кандидат кој ќе успее да го задржи фокусот врз својот противник.

When the attention was on Trump, Clinton was winning.

Now, the attention is on Clinton… https://t.co/VRSHKAuh2I
— Frank Luntz (@FrankLuntz) October 29, 2016

Една третина од поддржувачите на Клинтон во анкета по објавувањето на новата истрага кажале дека се двоумат дали на 8 ноември да останат на својата одлука за гласање за поранешната прва дама.

Многу е тешко да се процени дали Трамп ќе ја престигне Хилари поради новиот скандал со мејловите. Првиот фактор во тоа е што сите политички аналитичари во САД се притаени или отворени поддржувачи на едниот или другиот кандидат. Вториот фактор е што истото го прават и медиумите – на страната на Хилари Клинтон се редакциите на големите мејнстрим медиуми како Њујорк тајмс, Вашингтон пост и другите, додека „ударната игла“ е Фокс њуз. Двата табори даваат различни резултати, процени, предвидувања, секогаш во корист на кандидатот што го поддржуваат, нормално.

Она што е сигурно е дека натпреварот во непопуларност, како што ги нарекуваат овие американски претседателски избори, тукушто доби нова димензија, која веќе влијае врз резултатот.

75% од семејствата во Македонија во 2016 имаат пристап до интернет

Во првото тримесечје од 2016 година, 75.3 проценти од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за шест процентни поени повеќе во споредба со истиот период од 2015 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од 2016 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 72 проценти, а 61 процент го користеле секој ден или речиси секој ден.

Од податоците може да се види дека учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број домаќинства е зголемено од 69 во 2015 година на 74.7 проценти во 2016 година. Речиси сите (99.2 проценти) домаќинства со интернет-пристап имале широкопојасно (фиксно или мобилно) поврзување на интернет.

Во првото тримесечје од 2016 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 72 проценти, а 61 процент го користеле секој ден или речиси секој ден.

Мобилниот или паметниот телефон биле најкористени средства за пристап до интернет кај 81 процент од корисниците на интернет во овој период, а најмногу кај лицата на возраст од 15 до 24 години – 92 проценти.

Седумдесет и седум проценти од корисниците на интернет во овој период употребиле мобилен телефон или паметен телефон за пристап на интернет надвор од дома или од работа, а 19.3 отсто од лицата кои кога било употребиле интернет, нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци. Мнозинството или 55 проценти купиле облека или спортска опрема.

Речиси половината или 49 проценти од корисниците на интернет во последните 12 месеци немаат дадено лични информации на интернет, додека најдавани лични информации онлајн се податоците за контакт – 37 проценти и личните податоци како име, дата на раѓање, број на лична карта – 33 проценти.

Јавниот долг се искачи на 50,6% од бруто домашниот производ

Скоро 4 милијарди 760 милиони евра или 50,6% од БДП изнесува јавниот долг заклучно со третиот квартал објави министерството за финасии, што претставува раст за 1,2 %  или за над 486 милиони евра споредбено со претходното тримесечје. 

Инаку ова е рекордно ниво на јавниот долг. Низ годините тој постојано се зголемува.

Од 2007 долгот во процентаулен износ е дуплиран тогаш изнесуваше 25,8 % од БДП за во 2008 да има благо намалување на 23 % и потоа се искачува од година во година осум години по ред без застој и достигнува ниво од 50,6 % од БДП.

ЈАВЕН ДОЛГ КАКО % ОД БДП
Q3-2016  50,6%
Q2-2016  45,4%
Q1-2016  46%
2015     46,7%
>2014    45,8 %
2013     40,3%
2012     38,3%
2011     32%
2010     27,2%
2009     26,2%
2008     23%
2007     25,8%
2006     33,2%
извор: Министерство за финасии

Студено утро и сончев прв ноемвриски ден

Ноември ќе нè пречека со негативна вредност на температурата наутро низ поголем дел од котлините.

Минималната ќе биде границите од -3°С до 0°С, а на повисоките места до -5°С. Гевгелискиот крај ќе биде само малку потопол наутро. Денот ќе биде сончев и умерено топол, барем за ноемвриски услови.

Максималната вредност која очекуваме низ поголем дел од котлините ќе има вредност помеѓу 10°С и 14°С, на југот на повардарие околу 16°С, а на повисоките места околу 8°С.

Скопскиот регион очекува генерално сончево и повремено ветровито време. Температурата наутро ќе се спушти до -2°С, а преку ден нема да ја надмине вредноста од 14°С.

Виц: Секретарката и директорот

Се враќа директорот од неколкудневно патување и го пречекува секретарката.

Директоре, имам неколку лоши вести и една добра.

Кажувај ги прво лошите!

Ненадејно ни дојде инспекција од УЈП, ни пишаа неколку казни и ни ја блокираа сметката. Потоа возачот ја слупа таа најновата службена кола. Вчера ни пропаднаа и двете сигурни зделки со голем профит.

Аман бре! А која е добрата вест.

Злато, ќе имаме бебе.