Home Blog Page 4306

„Рајанер“ со специјална понуда за Де Бур: Ќе го враќа во Холандија за само 12 евра!

Франк де Бур е веќе бивши тренер на Интер и се чека само официјално соопштение за неговиот отказ кое треба да пристигне во текот на денот.

Де Бур пристигна во Милано на 10-ти август како замена за Манчини, но не издржа многу па после само три месеци доби отказ од кормилото на Интер.

Ваквата ситуација ја искористи авионската компанија „Рајанер“ за да ја изрекламира специјалната понуда од Милано до Ајндховен за само 12,74 евра.

Компанијата на својот официјален Твитер профил објави слика со Де Бур и напуша: „Време е да се каже чао“ – патувај од Милано до Ајндховен за само 12,74 евра.

ОЈО и МВР ќе поднесуваат кривични против обвинители и истражители од СЈО

Од Oсновното јавно обвинителство се жалат дека Специјалното јавно обвинителство не ги дава бараните документи за постапките против обвинители и истражители на СЈО за малтретирање во вршење на службата.

Овие постапки се почнати во февруари годинава кога ОЈО поднесе кривични пријави за малтретирање во вршење на службата поради изнуда на невистинити изјави во врска со предмети на СЈО. Една од пријавите се однесува и на вработен од МВР, кој се товари дека им се заканувал на сведоци и нудел поткуп за лажен исказ, а другите пријави се против обвинители и истражители на СЈО.

Од МВР минатата недела најавија дека ќе поднесат две кривични пријави против истражителот на СЈО и приватниот детектив за „незаконско следење и снимање лице осомничено во нивен предмет“.

Денес ново задолжување и раздолжување на Владата

Денеска Владата бара заем од домашните кредитори во вредност од 61 милион евра. 
Според проспектите на Министерството за финансии, најголемата сум од скоро 40 милиони евра, ќе биде со рок на доспевање од една година, а ќе се продаваат и двегодишни и петнаесет годишни обврзници.
Во следните денови најавени се раздолжувања по основ на доспеани обврски, така утре државата треба да врати скоро 50 милиони евра, а за четири дена уште 12,2 милион евра.
Според најновите објавени податоци, јавниот долг достигна скоро 4,7 милијарди евра или 50,6% од  БДП, што претставува рекордно измерено ниво на јавен долг.

Капело: Бензема е стартер бидејќи е миленик на Перез!

Легендарниот италијански тренер, Фабио Капело вели дека Карим Бензема е милениче на претседателот Флорентино Перез и тоа е главната причина зошто Французинот е во стартниот состав на „кралевите“.

Французинот никако да влезе во голгетерска форма оваа сезона, но и покрај тоа ужива поголема доверба во однос на Алваро Мората, кој импресионира секогаш кога ќе добие шанса од клупата за резерви.

Во разговор со „Фокс Спортс Италија“, Фабио Капело вели дека причина за ваквата ситуација е добриот однос на Карим Бензема со Флорентино Перез.

„Секој тренер би сакал да ја има дилемата да одбира помеѓу Бензема и Мората. Мислам дека Зидан одлично ја менаџира ситуацијата. Бензема е стартер, најмногу поради тоа што е миленик на претседателот, и потоа од клупата го пушта Мората за да ги реши натпреварите. Тактиката на Зизу е најдобра, резултати го покажуваат тоа”, истакна Капело.

Серија пилатес вежби за идеален задник и стегнати нозе

Дали и вие имате проблем со испуштените нозе и сплесканиот или незатегнат задник? Тренерот Кеси Хо осмислила одличен пилатес тренинг со помош на кој ќе го зацврстите и ќе го обликувате долниот дел од телото на брз и забавен начин.

За овој тренинг ви е потребна само пилатес топка. Иако се чинат мошне лесни овие вежби добро ќе ве испотат, а резултатите ќе бидат видливи по неколку повторувања. Овој тренинг треба да го практикувате неколку пати неделно, а можете и едноставно да го додадете во вашата вообичаена фитнес рутина.

Рочиштето за „Пуч“ повторно одложено

Повторно е одложено денешното рочиште за случајот „Пуч“. Двајца новоназначени поротници немале безбедносни сертификати. Лидерот на СДСМ Зоран Заев и специјалната обвинителка Катица Јанева претходно пристигнаа во Основниот суд Скопје 1 каде што требаше да се одржи главната расправа за случајот.

На одложувањето реагираше специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која ја обвини судијката за злоупотреба на службена должност, бидејќи неоправдано година и половина се одложува рочиштето. Јанева обвини и за манипулација и неколку пати ја праша судијката како не и е срам, бидејќи,како што рече, не може да си игра со животот на обвинетите.

Рочиштето кое се одржа во септември и беше прв обид за почеток на процесот по понишувањето на аболициите, беше исто така одложено од страна на Судот поради болест на поротник.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која присуствуваше на последното рочиште изјави дека е подготвена да ги изнесе наводите во обвинителниот акт по неколкумесечното подготвување на предметот кој го презедоа од Обвинителството за организиран криминал.

Покрај тоа, Јанева побара во Судот да биде повикан и сведокот, поранешниот премиер Никола Груевски.

За шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи покрај Заев одговараат и екс разузнавачот Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, службеникот во Општина Струмица Бранко Палифров и Ѓорги Лазаревски од МВР.

Ова е трансфер листата на Милан за јануари!

Милан одлично ја започна сезоната и неочекувано се најде во борба за излез во Лигата на шампиони, па моментално е на третото место со само еден бод помалку од второпласираната Рома.

Новите сопстеници се спремни да вложат значителна сума пари за засилувања во јануари, со цел тимот да остане во трката за место кое води во Лигата на шампиони.

„Кориере дело спорт“ денес ја откри листата на „росонерите“ за зимски засилувања, па сигурно фановите ќе бидат презадоволни доколку се реализираат желбите на раководството.

Првото големо име е Цеск Фабрегас кој не добива минутажа кај Конте во Челзи и е спремен да ја промени средината. Двата клуба веќе започнале преговори околу трансферот па можно е Шпанецот да пристигне на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.

Второто име кое би требало да го засили средниот ред на „росонерите“ е Милан Бадељ од Фиорентина. Тренерот Монтела сака да го има Хрватот по секоја цена во својот тим, особено после повредата на Монтоливо.

Како засилување во одбраната прва мета е Матео Мусакио од Виљареал, кој и во летниот преоден рок беше блиску до трансфер во Милан, па сега конечно би требало да се пресели на „Сан Сиро“.

И на крај како засилување во нападот се споменува ѕвездата на Баер Леверкузен, Карим Белараби кој игра на крилните позиции и чија цена во моментов изнесува 25 милиони евра.

Фергусон: Роналдо нема конкуренција за „Златната топка“

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон истакна дека Кристиано Роналдо најмногу заслужува да ја освои „Златната топка“ оваа година.

„Не можам да се сетам на некој подобар кандидат за оваа награда од Кристиано. Тој е најдобар избор. Неговите достигнувања во сезоната се неверојатни. Нема кој да го победи за Златната топка“, тврди Фергусон.

Роналдо ја освои Лигата на Шампионите со Реал, а освен тоа триумфираше на Европското првенство во Франција. Овие работи во никој случај не треба да се потценуваат. За време на финалето тој мораше да ја напушти играта порано, но сепак продолжи да биде заедно со тимот крај страничната линија. Неговата желба да го освои трофејот беше огромна, беше вистинско задоволство да го гледам“, рече Фергусон.

Де Бур добива отказ преку Скајп, познат наследникот!

Италијанските медиуми пренесуваат дека денес и официјално ќе му биде враќен отказ на тренерот на Интер, Франк де Бур кој на кормилото на „нероаѕурите“ седна на 10-ти август.

Последните информации велат дека поразот од Сампдорија во неделата ја прелил чашата и сопствениците на Интер се подготвени за промена на тренерот.

Медиумите од Италија пренесуваат дека Франк Де Бур денеска ќе добие отказ и тоа преку Скајп, со оглед на тоа дека новите сопственици од Кина не се во Милано.

Медиумите тврдат дека негов наследник ќе биде екс тренерот на Лацио, Стефано Пиоли, а додека тој и официјално не го превземе кормилото „нероаѕурите“ на натпреварот против Саутемптон ќе ги води тренерот на младинците Стефано Веки.

Гвардиола: Против Барса за нас е како финале!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, истакна дека неговиот тим мора да ја совлада Барселона во натпреварот од четвртото коло во Ц групата, во Лигата на шампионите.

Барселона пред две недели го декласира Манчестер Сити 4-0 и речиси го обезбеди првото место во Ц групата, во пресрет на реваншот менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека неговито тим мора да победи.

„Знам што мора да направиме за да ја победиме Барселона. Добро се познаваме, но се надевам дека нашиот квалитет во нападот ќе пресуди. Мораме да го одиграме овој меч како да се работи за финале. За нив не е финале, за нас е. Останаа уште три натпревари до крајот на фазата по групи. Против Селтик во Глазгов испуштивме два бода. Ќе се обидеме да победиме. Мора да одиграме соворшено за да ја совладаме Барселона“, изјави Гвардиола.

Сити по три натпревари во Групата Ц има четири бода и е втор на табелата, Барселона е прва со девет бода, а Борусија Менхенгладбах има три бода.