Home Blog Page 4305

Виц: Маска за Ноќта на вештерките

Брат, секоја чест на девојка ти, како беше маскирана синоќа за Ноќта на вештерките, права вештерка беше, да не можеш да ја познаеш.

Ама не, таа воопшто не беше маскирана.

Добро брат, ти си знаеш.

Тренинг со „живата машина“: Запознајте го специјалецот Тони Сентманат

Вака изгледа пресек на еден комплетен тренинг од „специјалецот“ од редот на американските специјални сили, Тони Сентманат.

На автомати во казино ќари 43 милиони долари, но нема да добие ни „скршен“ долар

Катрина Букман, жената која на крајот на август во едно њујоршко казино освои 42,9 милиони долари на слот апарат, изгледа дека на крајот ќе го добие само својот влог: два долари и 25 центи. Имено, сопствениците на казиното, среќната добитничка речиси истиот миг сосема ја разочарале со тврдењето дека апаратот се расипал, па наместо наведената баснословна сума како утеха ѝ понудиле ситница.

 

На нејзина жалост, во меѓувреме на страната на казиното застанала и Комисијата за игри на среќа на сојузната држава Њујорк, па прашањето е сега, каква корист ќе има Катрина од најавеното одење на суд.

– Нечесноста не е во ред. Во ред е кога апаратите на играчите им ги земаат парите, но кога треба да им ги исплатат, тогаш се прават проблеми – изјавил нејзиниот адвокат, Алан Рипка, кој со сопствениците на казиното се обидел да се спогоди. Од нив побарал на Катрина да ѝ го исплатат барем максималниот добиток на апаратот, 6.500 долари, но и тоа го одбиле правдајќи се дека тоа не им го дозволува законот.

Што ќе каже судот, ако Катрина во меѓувреме не се откаже од тужбата, останува да се види, но многумина веруваат дека на несудената богаташка на крајот ќе ѝ остане само фотографијата како спомен на големиот џекпот. Впрочем, веќе и на самите апарати е истакнато дека казиното нема да ги исплати играчите доколку дојде до некаква грешка, а во овој случај и државната комисија заклучила дека софтверот на апаратот се расипал.

СПОДЕЛИ МУЗИКА: Ема Попивода – ноктурно за пијано базирано на „Зајди, зајди“

Од компилацијата ноктурна базирани на македонски народни песни компонирани од Димитрие Бужаровски, во изведба на Емилија Потевска Попивода.

Режисер на спотот е Зоран Стојановски Зонде, а аудио форматот е во издание на Liber Legis Musica Universalis. Слушајте, уживајте и споделувајте. Оти е наше и оти е убаво.

Видео: Магија на Луис Суарез!

Луис Суарез уште еднаш покажа дека е голем фудбалски мајстор и дека прави „чуда“ со топката!

Имено, Уругваецот без никаков проблем ја смири топката која беше фрлена од кран од 35 метри висина и патуваше со брзина поголема од 100км/ч.

Маѓичниот допир на Суарез ги воодушеви сите, па дури и Меси!

Сребрениот сурфер кој го крена Њујорк на нозе – најјаката маска за Halloween Day

За да привлечеш масовно внимание и да бидеш атракција во Њујорк, треба својски сериозно да се потрудиш, но тоа воопшто не беше проблем за Џеси Веленс од PrankvsPrank, кој со помош на уметникот Алексис Флеминг, се трансформираше себеси во Марвеловиот лик Silver Surfer и возејќи се по улиците од Њујорк со својот модифициран електричен скејтборд ги импресионираше њујорчани.

Проституција, оргии и геј сауни: Двојниот живот на бисексуалниот свештеник ја шокираше црквата

Британскиот свештеник со американско потекло, Џејмс Мередит Деј, кој учествувал во оргии, посетувал геј сауни и собирал „перверзни порнографски материјали“ е исфрлен од црквата откако детали од неговиот двоен живот неговата сопруга ги раскажа пред црковниот суд.

„Свештеникот се однесувал разуздано и девијантно, а со тоа го нарушил угледот на црквата. Поради тоа, доживотно му е забрането да се занимава со свештеничката служба“, се наведува во известувањето од англиската црква, пренесува Daily Mail.

Неговата сопруга Бирт Деј (од која е разделе), пред црковниот суд во Лондон сведочела за валканите тајни на Џејмс, а доказите за неговиот двоен живот ги собирала со години. „Џејмс користеше лажен идентитет за да запознава мажи и жени со кои подоцна стапуваше во сексуални односи. Исто така, во својот компјутер чуваше обемна порнографска содржина, поточно порно филмови преполни со настрани сцени: оргии, мачење, садо мазо, мачење на млади момчиња и слично“, изјави Бирт.

Во животот на нејзиниот сопруг биле важни само две работ – Бог и секс. „И мене ме малтретираше, ме давеше, ме гризеше и плукаш кога ќе носев некое пократко здолниште пред градежните работници“, открива таа пред црковниот суд. Судот донесе пресуда дека однесувањето на свештеникот не е криминален чин, но заклучено е дека со тоа тој нанел голема штета на угледот од црквата, поради што беше експресно расчинет.

Перез носи огромно засилување од „Сан Сиро“

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез би можел да направи уште еден одличен потег и да го донесе еден од најдобрите спортски директори во Европа.

Станува збор за легендарниот директор на Милан, Адриано Галиани, кој наскоро и официјално ќе ги напушти „росонерите“ после цели 30 години.

Според наводите на италијанските и шпанските медиуми Перез веќе контактирал со Галиани и му понудил место спортски директор и негов советник на „Сантиаго Бернабеу“.

Познато е дека двајцата се одлични пријатели, па доколку Галиани ја прифати понудата тоа сигурно ќе биде големо „засилување“ за „крласкиот“ клуб.

Галиани важи за еден од најдобрите спортски работници во светот и човек кој го создаде големиот Милан. Иако во последните неколку години работеше со лимитиран буџет, сепак важи за еден од најпочитуваните луѓе во фудбалот и човек кој „прави чуда“.

Разголена водителка ја запали земјата: Конзервативците гневни, но сите ја гледаат

Презентерката на временската прогноза на романската телевизија, Даниела Круду, се прослави кога за време на еден танц пред камерите едната од нејзините гради „ненамерно излета на видливо место“.

Даниела стекна голем број обожаватели, а сега продолжува понатаму со провокациите во телевизиската програма.

Освен што има армија обожаватели на Инстаграм, на телевизија секое утро ги пречекува гледачите во секси издание. Иако многумина тврдат дека нејзиниот стил е претерано сексуално нападен, статистиката покажува дека гледаноста на утринската програма е драстично зголемена, поради што шефовите ја поддржуваат Даниела во тоа што го прави.

Ѕвездата на Ливерпул сака во Барса!?

Шпанските медиуми тврдат дека ѕвездата на Ливерпул, Филипе Кутињо сака да се пресели во Барселона и може да тргне по стапките на Луис Суарез.

Барселона веќе подолго време е заинтерсирана за бразилскиот репрезентативец, а медиумите тврдат дека Кутињо сака по секоја цена да се пресели на „Камп Ноу“.

Кутињо и оваа сезона игра извонредно во дресот на Ливерпул и е еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, но неговата најголема желба е еден ден да заигра за Барселона.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека раководството на каталонскиот клуб следното лето ќе направи се за да го донесе Бразилецот во своите редови.

Кутињо неодамна го продолжи договорот со Ливерпул и „црвените“ не сакаат да слушнат за негова продажба, но слично беше и со Луис Суарез кој потпише нов договор со декември, а потоа во јули се пресели во Барса.