Home Blog Page 4304

Виц: Калуѓерки на исповед

Дошле неколку калуѓерки на исповед. Првата вика:
Оче, грешев. Го допрев со прст.
Одма оди и стави го прстот во светата вода!
Доаѓа втората:
Оче, грешев. Го фатив со рака.
Ајде и ти, одма стави ја раката во света вода!
Одеднаш една калуѓерка од крајот на редот довикува:
А може јас да ја измијам устата со светата вода, пред оваа пред мене да го измие газот?

„Пронајди ја Хајди“: Импресивна маска на Клум и другарките за „Ноќта на вештерките“

Германскиот супермодел, Хајди Клум, секоја година го има најимпресивниот костум за Ноќта на вештерките. Сепак, оваа година реши да не се маскира, туку да се „клонира“.

1-11-klum1

Клум се појави на својата забава заедно со уште 5 други девојки кои освен тоа што беа облечени идентично како неа, носеа и соодветни маски. Тимот на Клум секогаш се грижи за деталите, па Хајди и нејзините клонови имаа и исти нокти, перики и накит.

1-11-klum2 1-11-klum3 1-11-klum4 1-11-klum5

Овој „г(л)ас“ оди на контото од Хилари Клинтон

Џенифер Лопез со сигурност ќе гласа на претстојните избори за претседател на Америка, а нејзиниот избор се разбира е Хилари Клинтон.

1-11-lopez-klinton-mark1
-Време е да се обединиме, да ја подржиме и да гласаме за единствениот логичен избор не само за жените и Латино американците, туку за сите Американци, рече Лопез, која заедно со поранешниот сопруг Марк Ентони ја даде својата поддршка за Клинтон за време на концертот во Мајами.

1-11-lopez-klinton-mark2

Но, Џеј Ло даде и многу повеќе од тоа. Таа се фрли на подот и тресеше со задникот во сите можни пози.

1-11-lopez-klinton-mark3

Ако провокативното танцување носи гласови, тогаш перформансот на Џенифер дефинитивно ќе и донесе поени на Клинтон.

1-11-lopez-klinton-mark4

Избегал од затвор и ја грабнал вонбрачната жена

Полицијата трага по 32 годишниот Б.А. од Струмица откако избегал од затворот во Гевгелија.

Вчера попладнето тој од радовишкото село Ораовица насилно ја грабнал С. З. (35), која му била вонбрачна жена и со која имал вонбрачно дете и пеш ја однел во правец на Струмица.

Од полицијата информираат дека случајот во полиција го пријавила нејзината мајка Н.З. (67).

Борците на ИСИС се обиделе да киднапираат 25.000 мирни житеи од Хамам ал Алил

Броците на ИД убиле 40 поранешни членови на ирачките сили за безбедност во близина на градот Мосул и ги фрлиле нивните тела во реката Тигар, изјави денеска претставникот на УНХЦР, Равина Шамдасани.

Таа посочи дека информациите се добиени од сведоци.

Како што наведе Шамдасани, екстремисттие од ИД исто така се обиделе да превезат околу 25.000 мирни жители од градот Хамам ал Алил, кој се наоѓа јужно од Мосул, со десетици камиони и минибуси во текот на ноќта во понеделникот, веројатно за да ги искористат како човекови штитови при одбраната на нивните позиции.

Повеќето камиони, кои тргнале кон Тал Афар, се вратиле под присила на военовоздушните патроли, но неколку автобуси успеале да стигнат до Абу Саиф, кој се наоѓа на 15 километри северно од Хамам ал Алил.

Како што наведе претставникот на УНХЦР, борците на ИД ги пренесуваат луѓето се поблиску до Мосул и ги распоредуваат на нивните објекти, кои можат да претставуваат воени цели.

Споре неа, иако има „искушенија за одмазда“ врз заробените борци на ИД, ОН не документирала слични злоупотреби од страна на ирачките сили.

Таа го поздрави ветувањето на ирачката Влада за заштита на мирните жители во сржта на нивната стратегија.

Шамдаси наведе дека нема информации за коалициони воздушни удари, при кои загинале цивили, вклучително и лица, користени како човекови штитови.

Таа исто така изјави, дека сите завојувани страни во сирискиот град Алепо можеби вршат воени злосторства, бидејќи неселективно напаѓаат реони населени со мирни жители.

Според податоците на ОН, во Алепо за време на викендот загинале над 30 цивили, вклучително и 10 деца.

За прв пат Трамп во предност пред Хилари во анкетите

Републиканците сега водат со еден поен на изборните анкети, во мртва трка, според големата анкета на Еј-би-си.

Доналд Трамп ја претекна Хилари Клинтон со еден процентуален поен во анкетата на Еј-би-си, првпат од мај годинава.

Иако резултатот останува во рамките на маргината на грешка на Еј-би-си, радиодифузерот вели дека тоа што лидерите си ги замениле местата е значаен момент на само една недела пред денот на изборите.

Во анкетата на Еј-би-си двајцата кандидати во изминатата недела си дишеа во врат, со збирни резултати што укажуваа дека Клинтон има предност од само 0,4 процентни поени.

Но ентузијазмот кон демократската кандидатка спласна откако ФБИ откри дека ќе отвори нова истрага за мејловите испратени додека Клинтон била државен секретар.

Ова ги прави изборите мртва трка, според анкетата на Еј-би-си. На оваа мрежа, која ја анкетирала целата земја, Трамп не бил во водство уште од 23 мај, кога имаше предност од 2 поени во хипотетичката трка со Клинтон. Потоа Трамп ја доби номинацијата на Републиканската партија, додека Клинтон сè уште се бореше за своето место со Берни Сандерс.

Повеќето анкети покажуваат скок во поддршката за Трамп и кон крајот на јули.

Треба да се напомене дека дури и олку блиску до изборите анкетите на гласачите не се нужен показател за конечниот резултат.

Еј-би-си истакнува дека Мит Ромни беше еден поен пред Барак Обама во истите анкети во 2012 година, додека Џон Кери исто така беше еден поен пред Џорџ Буш една недела пред изборите во 2004 година.

Видете како ќе изгледа табелата по завршувањето на Премиер лигата!

Оваа сезона во Премиер лигата е исклучително инетресна, а доказ за тоа е тебелата на чии врв се наоѓаат три екипи со ист број на бодови, а веднаш зад нив е Челзи со само еден бод помалку.

До крајот на сезона ќе гледаме голема битка за шампионската титула, како и за излез во Европа и се разбира за останување во лигата.

Поради тоа Англичаните со помош на супер компјутер, кој во предвид во предвид зема голем број на фактори кои влијаат на резултатите се обидоа да ја предвидат табелата после последното коло.

Според компјутерот табелата во Премир лигата на крајот ќе изгледа вака:

Хал, Барнли и Сандерленд ќе испаднат од лигата,

17-то место – Свонси
16. ВБА
15. Бурнмаут
14. Кристал Палас
13 Мидлзборо
12. Вест Хем
11. Ватфорд
10. Стоук
9. Лестер
8. Саутемптон
7. Манчестер Јунајтед
6. Евертон
5. Тотенхем
4. Челзи
3. Арсенал
2. Ливерпул
1 Манчестер Сити

Виц: Надгробен споменик

Забележала некоја баба дека и се ближи крајот, па решила да појде кај каменоделецот за да си порача надгробен споменик од мермер. Се поздравува со него и му вели:
Сакам на споменикот да ми напишеш: Се роди невина, живееше невина, си умре невина.
Споменикарот ја гледа и вели:
Бабо, многу поевтино ќе те фати ако напишам: Вратена неотпакувана.

Нестороски незапирлив во нападот, Палермо никако да победи

На синоќешниот меч против Каљари, Палермо повторно доживеа пораз, но Илија Нестороски не ја пропушти можноста уште еднаш да се запише во листата на стрелци за својот клуб. Досега има постигнато пет гола за Палермо од вкупно осум колку што има постигнато клубот. Еве го погодокот со кој намали на 2:1 против Каљари на гости.

Големиот Мирослав Клосе кажа КРАЈ!

Најдобриот стрелец во историјата на светските првенства, Мирослав Клосе реши да стави крај на својата професионална кариера.

Легендарниот германски напаѓач, кој е најдобар стрелец на мундијалите со 16 погодоци, реши да стави крај на кариерата и да заплива во тренерските води.

38-годишниот Клосе сега ќе се фокусира на добивање на потребните лиценци и ќе биде дел од персоналот на селекторот на „панцирите“, Јоаким Лев.

„Со репрезентацијата ги постигнав најголемите успеси. Тоа време беше прекрасно и останува незаборавно. Затоа со задоволство се враќам во репрезентацијата. Во последниве месеци донесов одлука да погледнам кон една нова перспектива, да станам тренер“, изјави Клосе.

Клосе е без ангажман откако му истече договорот со Лацио каде беше од 2011 до 2016 година, а претходно играше за Баерн Минхен, Вердер Бремен, Кајзерслаутерн, како и нисколигашот Хомбург.