Home Blog Page 4303

Револуција во габаритниот транспорт: Прва комерцијална достава со камион без возач

Првата комерцијална достава со камион без возач е извршена во САД.

2-11-otto-avtonomen-transport1

Камионот целосно автономно, без човечка интервенција, изврши достава на релација долга околу 190 километри, од Форт Колинс до Денвер. Сепак, возачот од просторот за спиење го надгледувал движењето на камионот.

2-11-otto-avtonomen-transport

Компанијата Otto разви технологија на автономно возење, за да им овозможи на возачите одмор за време на долгите заморни релации и сметаат дека со помош на нивниот систем ќе може да се продолжи работното време на возачите, без да се загрозува безбедноста.

2-11-otto-avtonomen-transport3

Виц: Цајкани решаваат крстозбор

Двајца џандари решаваат крстозбор:

Ајде колега, помагај, женски полов орган.

Хоризонтално или вертикално?

Хоризонтално.

Уста.

Најкратката авионска рута ја прослави својата милионита патничка

Најкусата авионска линија на светот, мала рута меѓу два зафрлени британски острова, ја прослави во понеделникот милионитата патничка.

Летот долг 2,7 километри меѓу островите Вестреј и Папа Верстреј Оркниските острови , североисточно од Шкотска, го држи Гинисовиот рекорд како најкусата воздухопловна линија.

Летот со авион од типот „Britten Norman Islander“, кој има осум седишта, трае 96 секунди до две минути, кога нема ветер, што многу ретко се случува, или со поволни ветрови трае само 47 секунди. Дел е од рутата којашто ги поврзува главниот град на Оркниските острова, Кирквол, со другите населби во архипелагот.

Шкотската регионална воздухопловна компанија „Loganair“, која на рутата од 1,7 милји лета од 1967 година, а дел од неа обнови во 2009 година, во понеделникот со букет цвеќе ја награди својата верна патничка Ен Рендал. Оваа службеничка на Шкотската кралска банка летала со оваа компанија повеќе од 10.000 пати, обиколувајќи ги островските населби и решавајќи ги нивните банкарски работи.

„Рутата претставува бисер во нашата мрежа и е позната ширум светот“, изјави директорот на компанија Џонатан Хинклес, истакнувајќи дека таа е од клучна важноста за животот во оваа област.

Кафе и виски за живот до 100-ка – така вели Марио Ротели

Ако сакате да живеете што подолго тогаш малку виски во кафето и не е така лоша идеја, барем ако го слушате советот на Марио Ротели од Џорџија.

-Во последните 100 години секое утро пијам каде со малку виски во него. Сум бил на доктор само три пати во овие 100 години. Тој е мртов, а јас сум уште жив, вели овој 107-годишен старец.

2-11-kafe-viski1

Освен малото количество на виски во кафето, тој препорачува да секој ден да си го направите убав ден и никогаш да не ги оптоварувате своите мисли со грижи. И така ништо не е вечно? Зошто да се грижите кога дури и најлошите нешта кога тогаш мора да завршат?

Тој не е единствениот кој препорачува алкохол за подолг живот. Антонио Докампо Гарсија кој исто така живеел 107 години пиел две шишиња вино за ручек и вечера. Освен тоа консумирал бренди за појадок.

2-11-kafe-viski3

Милдред Боверс (103) цел живот пиел пиво, додека Ненси Ламперт (101) се колне дека доживеала длабока старост благодарение на виното.

Сепак, пред да посегнете по шишето вино или виски имајте предвид дека ваквите тврдење не се научно докажани и она што функционира за еден не значи дека функционира за друг. Истражувањата покажуваат дека генетиката е навистина чудна работа, па кај некого виски во кафето или пак чаша вино со ручекот може да влијаат навистина позитивно врз здравјето.

Политиката е неразделна од шоубизнисот во САД: Чаша на единството од Старбакс

Старбакс претстави нова чаша за кафе наречена – Чаша на единството, на само неколку дена пред претседателските избори во САД.

2-11-starbaks-casa

Чашата е со зелени и бели бои, дело на Шого Ота кој врз неа нацртал мозаик од преплетени силуети на стотина луѓе од различни средини.

Претседателот на Старбакс, Хауард Шулц изјави дека во моментот кога целата држава е разделена, Старбакс сака да создаде симбол на единството што ќе им  укажува на Американците да споделуваат вредности и за неопходност да бидат добронамерни и благонаклонети едни-на-други.

Конечно и тоа бидна: Германската музичка индустрија потпиша договор со YouTube

По седумгодишни преговори, видео платформата Јутјуб потпиша договор со Германската асоцијација за музичка индустрија (ГЕМА) со која се регулираат односите меѓу авторите и видео каналот, по што корисниците на Јутјуб во Германија ќе можат да ги гледаат сите објавени видеа.

Досега голем дел од авторските дела објавени на видео каналот беа блокирани поради нерасчистени авторски права и надоместоци.

ГЕМА, која претставува околу 70 илјади германски композитори, пишувачи на текстови и музички продуценти, со договорот на своите членови им гарантира наплата за слушање на нивната музика а договорот го опфаќа и периодот од 2009 досега.

ГЕМА и Јутјуб се уште немаат заедничка позиција дали авторството на видеата е во рацете на видео каналот или на луѓето што ги поставуваат видеата за што од властите се очекува „создавање на јасна правна рамка“, јавуваат германските медиуми, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Јапонците не учат: Еве зошто почесто да шетате барем по половина час во длабока шума

Сигурно секој од вас барем еднаш во животот имал можност да ужива во пријатна прошетка низ шумски стебла и по шумски патеки и да ги мерачи природните убавини. Поради шумските убавини и чистиот воздух некои се одлучуваат и да се населат во близина на шума, а други патуваат и по илјадници километри за да шетаат низ прашумите на Костарика или Еквадор.

Јапонските научници со своето истражување се надоврзуваат кон човечката наклонетост кон шумите и откриваат дека традицијата која се нарекува Шинри-иоку (во превод „бањање во шума“) и понатаму има силен ефект и е атрактивна, пред сè заради биохемиското влијание на шумата врз човековото здравје.

Научниците дојдоа до заклучок дека престојот и прошетките во шумските предели го подобруваат природниот имунитет кој е важен фактор во спречување на појавата на рак како и други хронични болести кај луѓето.

Како се случува тоа?

Кога научниците ги тестираа луѓето пред и после двочасовна прошетка низ шума, беше откриено дека кај сите, освен кај едно лице, има 50% па и повеќе од Т-зрнцата, Тие исто така имаа понизок крвен притисок, чувствуваа смиреност, како и побистра глава.

Шумските дрва и растенија емитираат „антимикробни органски летливи честички од растителните деривати, кои се нарекуваат фитонциди кои ги чистат габичките и бактериите“. Габичките и бактериите можат да бидат сериозен проблем за нашиот имунитетен систем, а според научното истражување нив не ги „сакаат“ ниту дрвата.

Стотици и илјадници години старите дрва и растенија со текот на годините ја усовршиле заштитата од бактерии и габички, па кога шетате низ шума со секој ваш здив вашиот организам се соединува со овие компоненти чиј ефект во организмот трае во следните два месеци.

Поради тоа овој „ритуал“ се нарекува „бањање во шума“, бидејќи ние буквално се бањаме во нејзиниот природен имунитет, поточно во нејзиниот фитохемиски имунитетен систем.

Хорор од 6,6 степени по Рихтер во Италија: Планина распука на половина како да е од стакло

Ловџии беа заглавени на планината додека сè наоколу се тресеше. Луѓето немоќно гледаа како тлото околу нив почнува да се расцепува под силината на потресот

На половина се расцепи дел од планинскиот масив во централните делови на Италија при ударот на последниот силен земјотрес кој беше со јачина од 6.6 степени според Рихтеровата скала. Тоа се гледа од снимката што ја направија група италијански ловџии кои рано утрото во неделата биле во планинските предели и снимале во мигот кога удрил силниот потрес.

Од снимката се гледа како сè наоколу се тресе, а ловџиите почнуваат и да викаат од страв.

Според италијанските медиуми планината Монте Веторе се расцепила на половина од силниот потрес. Сè уште не се знае колку е длабок процепот, а воедно има и стравувања дека е можно да се појави и лизгање на земјиштето.

Во последните 40 години тоа е најсилен земјотрес на подрачјето на Италија. Тој беше со јачина од 6.6 степени според Рихтеровата скала. Голема среќа е што удри во планински предели кои се малку населени, па и покрај разурнувањата, немаше ниту еден загинат. Регистрирани се само 20 повредени лица.

Претседателската трка ја намалува вредноста на доларот

Светските берзи и американскиот долар бележат пад по сигналите дека претседателската трка станува се потесна меѓу кандидатите на демократите и на републиканците Хилари Клинтон и Доналд Трамп.

Инвеститорите веќе неколку недели сметаа на тоа дека Клинтон уверливо ќе победи со оглед на резултатите од анкетите кои покажуваа неколку проценти предност пред Трамп.

Но, по најновата покрената истрага од страна на ФБИ во врска со приватните мејлови на Клинтон, анкетите покажуваат дека Трамп за прв пат води пред Клинтон. Неизвесноста на трката доведе до пад на вредноста на доларот за еден процент спрема еврото.

Прогноза за првата ноемвриска среда

Повторно ведро време, релативно студено наутро, а умерено топло преку ден се очекува во среда. Мало наоблачување ќе има само во северните делови од земјава. Температурата наутро ќе има минимална вредност околу -1°С низ поголем дел од котлините.

Минимално потопло во однос на вторник, највисоката дневна вредност на температурата која ја очекуваме низ поголем дел од котлините ќе има вредност помеѓу 12°С и 16°С, на југот на повардарие околу 18°С, а на повисоките места околу 10°С.

Скопскиот регион очекува генерално сончево време, со мала облачност. Температурата наутро ќе се спушти до -2°С, а преку ден нема да ја надмине вредноста од 16°С.