Home Blog Page 4302

Платен е колку провизијата за Погба, а веќе е ѕвезда на „Етихад“

Илкај Гундоган не пристигна како спектакуларно засилување во Сити, а многумина беа скептични после тешката повреда која ја имаше во Борусија Дортмунд.

Сепак, германскиот репрезентативец во целост ја оправда довербата на Пеп Гвардиола, па во последно време му се оддолжува со фантастични партии.

Така беше и синоќа кога Гундоган со своите два гола ја сруши големата Барселона и стана херој на навивачите од „Етихад“.

Гундоган од почетокот на сезоната има постигнато 5 погодоци, а интересно е дека во Германија за пет години постигна само 10 гола, што значи Гвардиола го унапредил тој сегмент во неговата игра.

Сега станува интересна ситуацијата во самиот град Манчестер, каде Пол Погба се врати на голема врата како најскапо засилување во историјата на фудбалот, но до сега не ги оправда очекувањата.

Интересно е дека Гундоган го чинеше Сити колку што беше платена провизијата за Погба. Имено, менаџерот на Погба само како провизија зеде 27 милиони евра, а исто толку „граѓаните“ платија за Германецот.

Пристигнува првиот паметен асистент за резервации на автобуски билети

Многумина од нас губат многу време во пребарување и купување на автобуски карти за одредени дестинации. Наскоро на македонската стартап сцена ќе се појави стартап кој ќе го реши токму овој проблем.

Се работи за bus.mk, паметна платформа преку која лесно и едноставно ќе можете да ја најдете најсоодветната релација за вас и истата да ја резервирате. Сето ова ќе го правите со помош на вашиот личен интелигентен асистент за патување, чие име е Ејми.

Ејми ќе може за многу кратко време да прави резервации за вас и со тоа да ви ги олесни секојдневните проблеми и губењето време на пребарување. Ејми исто така патува на повеќе локации и ви дава препораки од прва рака за местата што треба да ги посетите, каква храна да пробате и слично, кога сте на одредено патување. Досега, Ејми патувала во Истанбул, Виена и Берлин, па на веб страната можете да ги најдете нејзините приказни.

На веб сајтот на bus.mk исто така можете и да се зачлените за најновите информации и први да дознавате за ексклузивните објави на платформата. Фејсбук страницата на платформата можете да ја најдете тука, а преку нивната веб страна можете да ги следите и на останатите социјални медиуми.
Bus.mk за прв пат беше најавен во рамки на Техноинвент 2016 минатата сабота, а стартапот е дел од Codequbate.ME програмата на Стартап Зона.

Мурињо прави пеколен стоперски тандем!

Ерик Баи се покажа како големо засилување за тимот на Жозе Мурињо, но Португалецот веќе е во потрага по уште еден стопер кој ќе може да биде негов партнер.

Крис Смолиг е далеку од својата најдобра форма, Блинд не брилјира на таа позиција, па поради тоа Мурињо да го одврзе кесето и да донесе врвен стопер, а тоа би можел да биде Хосе Марија Хименез.

Младиот Уругваец испадна од првиот тим во Атлетико Мадрид, бидејќи Симеоне е задоволен од тандемот Годин-Савиќ, па веќе почна да се шпекулира дека Хименез би можел да ја промени средината.

Неговата откупна клаузула изнесува 62 милиони евра, а Мурињо е спремен да ги плати тие пари и да направи тандем на иднината Хименез-Баи.

Македонски уметници на Интернационалниот саем на современа уметност Паратисима во Италија

Единаесетте учесници кои беа селектирани од жири комисијата  на овогодинешниот Интернационален саем на современа уметност Паратисима Скопје кој се оддржа по третпат оваа година од 10 -12 јуни во Младинскиот културен центар ќе учетствуваат на дванаесеттото издание на Паратисима во Торино, Италија во периодот од  2-6 ноември, 2016 година.

Паратисима Скопје оваа година додели вкупно 16 награди од кои на 13 учесници и оваа година им овозможи да ги изложат своите дела на саемот за уметност Паратисима во Торино, Италија.

2-11-paratissima_skopje_1

Викторија Попоска, Асја Муча, Ханис Багашов, Моника Лозаноска, Александар Милев,  Ања Илиева, Христина Секулоска, Ирена Милојеска , Андријана Андреева, Лука Гроси, Ерика Витале, Соџин Хонг и Том Хјус,  чии дела заедно со останатиот дел од ликовната поставка беа курирани од страна на Јованка Попова, се авторите кои беа селектирани од тричленото жири на Паратисима Скопје, составено од Сафет Ахмети – истражувач во областа на историјата на уметноста и визуелната култура, Иван Блажев – фотограф и режисер и Мартин Гулески – архитект, добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ – 2015 година.

2-11-paratissima_skopje_3

Здружението за поддршка на макеоднската култура во Италија „Понте ди пјетра“ од Канели, ѝ додели награда на уметницата Викторија Попоска за учество на македонски автор на Паратисима во Торино.

Во соработка со Паратисима Скопје, Галерија Флукс (Flux Gallery)  и Концепт 37 (Concept 37) доделија дополнителни четири независни изложби на: Елизабета Линднер Костадиновска, Христина Секулоска и Ирена Милојеска, Тамара Забазноска, Марија Конеска.

2-11-paratissima_skopje_4

Третото издание на Паратисима Скопје 2016, броеше учество на 107 независни автори со потекло од 21 земја и беше домаќин и организатор на  8 специјални проекти и 13 работилници.

Минатата година на Паратисима во Торино се изложија 427 независни учесници кои беа посетени од 47.568 посетители, а 11 од нив беа авторите наградени и селектирани од второто издание на Паратисима Скопје.  Вклучително со оваа година, Паратисима Скопје има наградено и претставено вкупно 33 (македонски) автори на Паратисима во Торино.

Милан започна преговори за „новиот Виеира“

Милан веќе размислува за засилувања за следната сезона, а прв на листата е ѕвездата на Ајакс, 20-годишниот играч за врска, Рајхедли Бзур.

Како што пренесуваат холандските медиуми двете страни се во поодминати преговори, а трансферот би требало да изнесува 22 милиони евра.

„Во постојан контакт сме со директорите на Милан и можам да кажам дека преговорите се веќе од поодамна започнати“, изјави за „Телеграф“ агентот на Базур.

Овој фудбалер во Холандија го споредуваат со Патрик Виеира, бидејќи по стилот на игра премногу наликува на славниот Французин, кој своевремено беше член и на Милан.

За Базур инетрес покажуваат многу европски гиганти како Барселона, Манчестер Сити, Арсенал и Борусија Дортмунд, но Милан е најконкретен.

Базур игра одлично во дресот на Ајакс, а минатата година дебитираше и за холандската репрезентација.

Видео: Гол на годината во Лига на шампиони!

ПСЖ во последните минути од натпреварот успеа да го победи Базел и тоа со тоа со фантастичниот погодок што го постигна десниот бек Томас Муние.

Муние од работ на шеснаесетникот упати фантастичен волеј удар и постигна гол кој уште долго ќе се врти по најавните шпици. Погледнете!


% ///@%$ by golgolgol1

Видео: Ја видовте ли маѓијата на Озил!?

Арсенал се намачи во Софија против Лудогорец и на крајот победи со 3:2, а херој на „топџиите“ и овој пат беше Месут Озил.

Германецот со неверојатна минијатура легна на земја тројца противнички фудбалери во 88-та минута и му донесе победа на Арсенал од 3:2. Погледнете!

Меси нервозен сакал да се тепа со играч на Сити!

Медиумите од Шпанија и Англија пренесуваат дека Лео Меси и еден играч на Манчестер Сити си поделиле навредливи зборови во тунелот кон соблекувалните.

Фрустриран од првиот пораз во дуелите со „граѓаните“, Лео Меси имал мала конфротација со играч на Манчестер Сити.

Во тунелот кон соблекувалните некој од таборот на домаќините му дофрлил нешто на Аргентинецот, кој одговорил со збровите „Идиот, дојди и покажи го лицето“.

Како што пишува „Мундо Депортиво“ Меси дури сакал да се пробие до соблекувалната на Манчестер Сити и физички да се пресмета со играчот, но го смирил неговиот пријател Кун Агуеро.

Аргентинецот ретко на ваков начин ја искажува нервозата, што е сигнал дека поразот навистина тешко му паднал.

Во подметнат пожар рано утрово во Скопје изгореа џип на газдата од „Вили“

Рано утрово, триесетина минути по полноќ, опожарени биле две возила на паркинг-простор на улицата „Видое Смилевски Бато“ во скопската населба Аеродром.

Запалено било возило „гранд чироки“ со скопски регистарски таблички, сопственост на Г.Д. (39). Запалено било уште едно возило, најверојатно како последица на пожарот на џипот, „фиат уно“ со скопски регистарски таблички, сопственост на А.М. (33).

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Неофицијално, се работи за џип на познат скопски угостител, сопственикот на синџир ресторани за брза храна „Вили“. Според сведоци, сопственикот се сомнева на лица што веќе подолго време му се заканувале и барале рекет од него.

Том Хенкс е горд на своите „машини“ – Фиќото и „пеглата“

Том Хенкс на Фејсбук се пофали со своите два автомобили на кои е посебно горд, нам добро познатите Фиќо и „пегла“.

Актерот обожава антиквитети, а е познат колектор на машини за пишување. Во филмот Dragnet Хенкс со својот колега Ден Ајкројд ја испробаа и „вожњата“ во познатото Југо.