Home Blog Page 4301

Партиите уште тактизираат со пратеничките листи

Политичките партии сѐ уште тактизираат и не откриваат кој сѐ ќе се најде на пратеничките листи за предвремените парламентарни избори.

Според неофицијалните информации, повеќето партии ќе го чекаат крајниот рок за доставување на листите со кандидати за пратеници, 11 ноември на полноќ.

СДСМ само најави дека кандидатските листи ќе се објават в недела на партиски конгрес, а од ВМРО-ДПМНЕ велат дека „сѐ уште се работи на тоа“.

„Има уште време, сѐ уште се разгледуваат опциите врз основа на интерните анкети во партијата, се разговара. Но секако, ќе го испочитуваме законскиот рок за доставување на листите“, велат од владејачката партија.

Потоа, во зависност од ситуацијата, ќе се организира некој настан на кој ќе бидат објавени имињата на кандидатите за пратеници.

Во СДСМ, иако се шпекулира со имињата на Стево Пендаровски, Никола Димитров, Оливер Спасовски, Хари Локвенец, Радмила Шекеринска и Зоран Заев, самиот заев рече дека се водат целодневни разговори со коалициските партнери и со граѓаните.

„Ние нашите кандидатски листи ќе ги соопштиме на 6 ноември, в недела, за кога е закажан конгресот на партијата. Во тек се целодневни разговори со коалициските  партнери, но, пред сè, најголемо внимание посветуваме на средбите со граѓаните, кои ќе бидат дел од заедничките листи. Дотогаш не би сакал да изнесувам други детали“, изјави вчера Заев.

Во ВМРО-ДПМНЕ, пак сѐ уште се во игра „старите“ носители кои беа објавени за изборите во јуни, Никола Груевски, Никола Попоски, Илија Димовски, Никола Тодоров, Антонио Милошоски и Влатко Ѓорчев, отаму ја оставаат отворена можноста за рокади.

Од ДУИ, пак, само кусо коментираат дека има време до крајниот рок, но извесно е дека лидерот Али Ахмети ќе ги одмери силите во шестата изборна единица, каде што противкандидат ќе му биде претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

ДПА е единствената партија која ги објави носителите на листи. Во првата изборна единица е Идриз Орана, во втората Орхан Ибраими, Сами Рушиди е во тројката, Адриан Хусеини во петтата и Мендух Тачи во шестата.

Лудило и разврат во Њукасл: Вака го одбележаа „Денот на вештерките“

Нема што многу да додаваме и опишуваме, фотографиите најубаво го опишуваат начинот и ја пренесуваат атмосферата во која бесните и разуздани жители на Њукасл го одбележаа празникот Halloween Night.

2-11-newcastle-halloween1 2-11-newcastle-halloween2 2-11-newcastle-halloween3 2-11-newcastle-halloween4 2-11-newcastle-halloween5 2-11-newcastle-halloween6 2-11-newcastle-halloween7 2-11-newcastle-halloween8 2-11-newcastle-halloween9 2-11-newcastle-halloween10 2-11-newcastle-halloween11 2-11-newcastle-halloween12

Џена Кеј – опасен сексапил од Инстаграм сферата

Иако на Инстаграм се појави неодамна, Џена Кеј веќе има над 360.000 следбеници и верни обожаватели кои уживаат во резултатите од нејзните секси и провокативни фотосесии.

Комбинацијата од европски и азиски гени, по којзнае кој пат, се покажува како опасна во поглед на сексапилот со кој располага во случајов Џена. Сака храна, фитнес и својата кариера како промо модел, а нејзината работна дисциплина се базира на константно мотивирање и љубов кон работата.

Роналдињо кон соиграчите: Одете на центар, ќе дадам гол!

Фудбалот е игра која ја играле многу генијалци и само еден волшебник – Роналдињо!

Бразилецот најубавите денови од својата кариера ги помина во Барселона, а за неговите магии и вонсериски потези во каталонскиот дрес уште долго ќе се прераскажува. Ние ќе се осврнеме на еден негов потег.

Беше тоа во сезоната 2006/07 каде екипата на Барселона мораше да го победи Вердер во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, а мечот ќе се памти по мајсторијата на Роналдињо од слободен удар.

Еден од соиграчите на Бразилецот, Деко откри интересен детал, кој е поврзан со овој прекрасен гол.

„Му пријдов на Роналдињо за да се договориме како ќе го изведеме овој слободен удар, а тој ми порача да ги соберам соиграчите и заедно сите да го чекаме на центарот, ова ќе биде погодок“, открива португалскиот фудбалер.

Роџер Вотер од Пинк Флојд загуби милионска сума поради поддршката на Палестинците

Роџер Вотерс, член на култните Пинк Флојд, наводно се најде во големи финансиски проблеми поради повикување на бојкот на Израел.

Вотерс ја планира најголемата и најскапа турнеа досега, но поради своите политички ставови во последен момент ја загуби поддршката од American Express, која одлучи да му скрати 4 милиони долари.

AmEx го спонзорираше фестивалот Oldchella, каде Вотерс настапи заедно со многу други рок легенди. За време на концертот тој пушти неколку фотографии со натписи од типот „Кој го ебе Трамп“ и „Арогантен лажго, сексист и расист“, повикувајќи на солидарност со студентите кои се борат за правата на Палестинците.

Тој ги повика луѓето да го поддржат движењето BDS кое се залага за бојкот и санкции против Израел, додека не се реши палестинското прашање. Извор од American Express за порталот Page Six изјави: „Вотерс работи на голема турнеа за која од American Express побара да го поддржат финансиски со 4 милиони долари. Но, потоа таа поддршка ја повлекоа бидејќи не сакаа да бидат дел од аниизраелска реторика“.

Портпаролот на AmEx, пак, изјави дека тие никогаш и не планирале да го поддржат Вотерс, како и дека го одбиле за поддршка штом ја добиле понудата за тоа. „Ние работиме со Аријана Гранде, Бијонсе, Канје Вест и други, бидејќи во наш интерес е да работиме со музичари кои ги обожаваат нашите корисници, во рамки на буџетот кој го имаме“.

„Последните десет години ме обвинуваат дека сум нацист и антисемит. Во музичката индустрија малкумина се тие кои го креваат гласот против Израел. Разговарав со колегите за тоа и велат дека им е страв да го изразат таквиот нивни став. Ако речат било што, ќе им пропаднат кариерите“, вели Вотер во интервју кое го даде оваа година.

Червар го избра тимот за дуелот со Украина!

Македонската ракометна репрезентација во среда го започнува квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2018 година, кое ќе се одржува во Хрватска.

Овој циклус на квалификации е првиот кој Македонија ќе биде без Филип Миркуловски и Наумче Мојсовски, играчи кои повеќе од една деценија со успех го носеа дресот со државниот грб.

Македонија во квалификациите, како што вели селекторот Лино Червар, ќе комбинација „на играчи кои повеќе години играат за Македонија и неколкумина помлади играчи, но играњето за Македонија е нешто што е над сите клупски интереси, тоа е обврска и чест.“

Инаку, селекторот го одбра тимот кој ќе им се спротивстави на Украинците. Червар одреди 16 ракометари од кои најголемиот дел имаат завидно репрезентативни искуство, а поголем дел од нив играа на последното ЕП и на олимписките квалификации.

Составот за натпреварот со Украина:
Ристовски (Барселона), Даскаловски (Тимисоара), Ојлески (Ородехи), Манасков (Рајн Некар), Георгиевски (Букурешт), Кузмановски, Талевски , Нелоски, (Металург), Стоилов (Вардар), Кирил Лазаров (Барселона), Филип Лазаров (Тимисоара), Никола Маркоски (Орошази), Велко Маркоски (Загреб), Ацо Јоноски (Бергишер),Митков (Кремс), Прибак (Бешикташ).

Објавен нов трејлер за третото продолжение на “xXx: Return of Xander Cage”

На новиот трејлер за третото продолжение на познатата франшиза со наслов “xXx: Return of Xander Cage”, Вин Дизел покажува одлична физичка форма и мускулатура, како и храброст и неодоливост, поради што, како и во сите други филмови во кои глумел, е шармер кој ги освојува најубавите девојки.

Тој ја игра улогата на тајниот агент и екстремен спортист кој се враќа од пензија за да го спречи активирањето на уредот кој може сателитите да ги претвори во оружје за масовно уништување. Семјуел Л. Џексон повторно ќе биде во улогата на агентот Август Јуџин Гибсон, а покрај нив ќе ги гледаме и Депику Падуконе, Нина Добрев, Руби Роуз, како и UFC фајтерот Конор МекГрегор кој се појавува како посебен гостин во филмот.

Режијата е на Роб Коен, а сценариото на Џон Бранкато и Мајкл Ферис. Премиерата е закажана за 20 јануари, 2017.

Меган Маркл е новата девојка на принцот Хари: „Јас сум најсреќната личност на светот“

Меган Маркл, новата девојка на принцот Хари, за себе вели дека е најсреќната девојка на светот и се нарекува дрска Американка која сака нештата да бидат по нејзин ќеф.

35-годишната актерка е во врска со три години помладиот принц уште од минатото лето, а извори блиски до парот тврдат дека врската станала сериозна минатиот август. Популарноста на Меган, откако се дозна за нивната врска, го достигна својот врв, а тоа очигледно оди во нејзина полза бидејќи денес се промовира и нејзината нова линија на дизајнерска облека.

Тоа значи дека Меган, наместо да биде фотографирана како носи дизајнерска облека од други дизајнери, како во случајот со војвотката Мидлтон, да биде фотографирана во облека со нејзин личен дизајнерски потпис.

2-11-megan1

И додека циниците ја испитуваат случајноста и се сомневаат во легитимитетот на „протекување“ на инфомрациите за нивната врска токму пред промоцијата на нејзината модна линија која таа ја дизајнираше за канадрскиот бренд Reitmans, модната колекција со нејзин потпис сепак се нашла во продажба неколку дена претходно.

Меган е најпозната по нејзината улога во серијата Suits, чие снимање сè уште трае. После тоа, таа ќе помине некое време со семјеството, а првиот месец од 2017 ќе го помине во Индија, во рамки на активностите за хуманитарната организација World Vision.

„Судбината ми се сврте во сосема позитивен правец и јас сум едноставно најсреќната личност на светот“, вели таа за Toronto Star.

Симеоне со оваа изјава уште еднаш покажа колку е голем!

Атлетико синоќа го победи Ростов во ЛШ со голот на Гризман во 94-та минута, а по натпреварот Диего Симеоне покажа големина и призна дека донесол погрешни одлучи за време на мечот.

„Носев погрешни одлуки, но играчите сепак успеаја да го решат овој меч. И покрај победата, јас сум вознемирен поради своите лоши одлуки пред и за време на дуелот“, изјави Симеоне и со ваквата изјава ги привлече симатиите на многу љубители на фудбалот.

„Знаевме дека Ростов ќе биде тежок противник, тие постигнаа гол во единствениот контранапад. Гризман не погаѓаше во претходните дуели, но сега покажа дека секогаш е дел од нашата успешна напаѓачка приказна. Тој ќе биде среќен бидејќи постигна два гола, а сите ние ќе бидеме среќни поради него, бидејќи повторно постигнува голови“, додаде тренерот на Атлетико.

Мараја Кери: Скиентологијата ми ги уништи веридбата и љубовниот живот

Популарната поп дива Мараја Кери открива дека скиентологијата е виновна за раскинувањето на бракот со милијардерот Џејмс Пакер. Тврди дека нејзината врска со богаташот ја „затрул“ менаџерот Томи Дејвис, кој некогаш беше портпарол на скиентолошката црква.

Мараја и Џејмс бараа куќа на Беверли Хилс во август и сè беше во ред помеѓу нив. Тој велеше дека таа е неговата сродна душа и едвај чека да се венчаат. Одеднаш нештата се променија. Во септември Пакер стана друг човек. Мараја се сомнева во Томи, кој ги управуваше финансиите на Џејмс и мисли дека токму тој го контролира милијардерот“, вели извор близок на бившиот пар за порталот Page Six.

Парот ја раскина свршувачката и врската после една бурна кавга на јахтата од милијардерот во Грција минатиот септември. Некои извори тврдат дека Пакер не го поодржувал нејзиното реално шоу, додека други тврдат дека таа според него премногу трошела пари. Како една од причниите за разделбата се наведува и пријателството на Мараја со танчерот Брајан Танака, поради што тајкунот бил љубоморен. Кери негира дека била неверна и дека премногу трошела.

Пакер наводно бил следбеник на скиентологијата до 2006 година.