Home Blog Page 4300

Љубчо Георгиевски, Бошковски, Ден Дончев и Стојанче Ангелов носители на пратенички листи

Коалицијата меѓу ВМРО НП, Обединети за Македонија и Достоинство ги дефинираше носителите на изборните листи, пренесува Фокус.

Неофицијално, во првата изборна единица носител ќе биде Ден Дончев, кој ќе биде и шеф на Изборниот штаб.

Во втората изборна единица е Љупчо Балковски, а носител на листата на третата изборна единица ќе биде Стојанче Ангелов.  Во четворката ќе биде Љупчо Георгиевски, а шестката ќе ја носи претставник на Достоинство.

Инаку, овој распоред во најголем дел се поклопува со претходните информации на десниот блок пред да се расцепи на два дела, односно на ВМРО НП, Обединети за Македонија и Достоинство од една страна и Коалицијата за промени и правда од друга страна.

Четврток носи облачно време

Утрото овој четврток ќе биде само за нијанса потопло во однос на утрото од среда. Но, минималната вредност на темпераурата воглавноо останува на вредности во дијапазонот помеѓу -2°С и 2°С.

Постепено ќе се наоблачува, но од оваа облачност дожд не се очекува. Исклучок ќе има приквечер, кога во северозападниот крај е можно повремено да врне слаб дожд.
Ноќта кон петок ќе биде поверојатна за врнежи, пред се во северната пловина од земјата.

Температурата која ја очекуваме низ поголем дел од котлините ќе има вредност помеѓу 14°С и 18°С, на југот на повардарие околу 19°С, а на повисоките места околу 11°С.

Скопскиот регион очекува сончево време, со мала облачност претпладне, додека попладне постепено ќе се наоблачува.

Температурата наутро ќе се спушти до -1°С, а преку ден нема да ја надмине вредноста од 17°С.

Згодна и бестрашна: Вака изгледа сурфање во париските морничави катакомби

Алисон Тиал е позната како женскиот Индијана Џонс, а ова нејзино видео ќе ви покаже зошто. Сурвањето крај идилични егзотични плажи е една работа, но подземното сурфање во париските катакомби, каде се погребани над 6 милиони луѓе, е сосема друга дразба. Париз над површината е град на љубовта, но еве каков е под таа урбана идила.

Правните последици и услови кои го следат излегувањето на Велика Британија од ЕУ

Без оглед на тоа кој модел ќе го примени, Велика Британија нема да може да го применува законодавството на ЕУ, а пред се директивите. Исто така, регулативите кои се директно применливи во британското законодавство без потреба од нивна имплементација ќе престанат да се применуваат и да важат од моментот кога Велика Британија официјално ќе ги заврши преговорите со ЕУ и ќе ја напушти Унијата.

На 23 јуни 2016, граѓаните на Велика Британија на референдум изгласаа излегување од Европската Унија. Референдумот, пред се, се базирал на советодавна основа отколку на мандатна (моментална) и нема да има моментални правни последици. Договорите кои се поврзани со функционирањето на ЕУ и кои Велика Британија ги има имплементирано во своето законодавство, сепак, ќе останат во сила се додека не се завршат преговорите за излез од Унијата во наредните две години. Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, на почетокот на октомври изјави дека процесот на преговори за напуштање на ЕУ ќе заврши до летото 2019 година, а ќе почне во текот на март 2017 година со активирање на членот 50 од Лисабонскиот договор.

Во членот 50 од Договорот се вели дека доколку една земја членка на ЕУ има намера да ја напушти Унијата, прво треба да го извести Европскиот совет за своите намери.

Сепак, се уште не е јасно кој модел на понатамошни односи ќе ги применува Велика Британија по напуштањето на ЕУ. Во праксата се познати неколку модели според кои функционираат европските држави кои не се дел од ЕУ.

Норвешки модел

Овој модел претставува придружување на Велика Британија единствено кон економската заедница на ЕУ со цел да остане дел од европскиот пазар и од економските односи со ЕУ. Така, Велика Британија ќе има пристап до целокупниот пазар и ќе може да остварува економски релации со другите земји членки на ЕУ. Како дополнување, Велика Британија ќе има обврска да дава финансиски придонес кон ЕУ и ќе има дозвола да остварува слободен проток на лица во ЕУ. За да го усвои овој норвешки модел, Велика Британија ќе мора да добие дозвола од сите 27 членки на ЕУ, вклучувајќи ги и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка.

Модел на билатерални преговори

Исто како и Швајцарија, и Велика Британија би можела да го примени овој модел на билатерални договори со ЕУ со цел да добие целосен пристап до внатрешниот пазар и во специфични области од економијата на ЕУ. Овој модел налага Велика Британија да прифати дел од правилата на ЕУ на слободен проток на луѓе и стоки со примена на законите на ЕУ со тоа што таа нема да може да учествува во креирањето на законите што ги уредуваат овие полиња.

Царинска унија

Царинската унија моментално постои помеѓу ЕУ и Турција, при што Турција може да разменува добра, но не и услуги. Со овој модел Турција може да извезува производи во ЕУ без притоа да има царински пречки за извршување на тие активности.

Договор за слободна трговија

Велика Британија исто така може да се одлучи да го примени овој модел на преговори со ЕУ, кој предвидува слободна трговија која ги покрива и добрата и услугите, со што ќе биде сличен со договорот кој го имаат потпишано ЕУ и Канада пред 7 години. Со овој модел се тргаат бариерите на трговијата, со исклучок на тоа што Велика Британија нема да може да придонесе во буџетот на ЕУ.

Импликација на законодавството

Без оглед на тоа кој модел ќе го примени, Велика Британија нема да може да го применува законодавството на ЕУ, а пред се директивите. Исто така, регулативите кои се директно применливи во британското законодавство без потреба од нивна имплементација ќе престанат да се применуваат и да важат од моментот кога Велика Британија официјално ќе ги заврши преговорите со ЕУ и ќе ја напушти Унијата.

Исто така, голем број на области поврзани со бизнисот и со правото се поврзани со излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Трудовото, деловното, даночното право, правото на интелектуална сопственост, корпоративното право, финансиските услуги, се само дел од областите кои се поврзани со правото и правните последици од референдумот во Британија.

Аспектите и влијанието на излезот од ЕУ врз корпорациите, според Нил Блундел и Дејвид Гент, партнери во Адвокатското друштво „Бирд и Бирд“, кое се занимава со право на интелектуална сопственост, вклучува:

влијание на финансиските трансакции;

импликации врз прекуокеанските бизниси и

широко влијание на англиското корпоративно право.

Со напуштањето на ЕУ, компаниите што имаат седиште во Велика Британија веќе нема да бидат изедначени со компаниите од ЕУ и со поволностите што ги имаат тие според европското законодавство. За британските компании нема да важат пазарните услови што важеле досега, сметаат од Бирд и Бирд.

Што се однесува до интерконтиненталните, прекуокеански бизнис-односи, проблем би настанал со фирмите кои имаат европски претставништва во Велика Британија, а изворно немаат седиште во Европската Унија. Тука постои опасност од преселување на капиталот, односно иселување на тие компании од Велика Британија во некои други земји членки на ЕУ.

Кога Велика Британија официјално ќе ја напушти ЕУ, доколку не се договори да остане член на EEA (Европската економска област) и на EФТА (Европската асоцијација за слободна трговија), тоа ќе значи и помало важење на европското законодавство за британските компании, но сепак ова прашање се уште не е приоритет во почетокот на преговорите на Велика Британија и ЕУ и барем засега не треба да има промени во примената на законодавството кон компаниите. Поголем дел од англиското корпоративно право, на пример, не зависи од регулативата на ЕУ. Законот за компаниите од 2006 година е главниот закон според кој се водат трговските друштва и само мал дел од него има прифатено правила од ЕУ. Тие ги вклучуваат одредбите кои се однесуваат на наплатата, објавувањето на информации и правата на акционерите во акционерските друштва.

Влијанието на Брегзит на работните односи

Повеќе аспекти од трудовото право во Велика Британија не се директно пренесени од ЕУ, но сепак некои правила се однесуваат и на Британија, вклучувајќи го износот на минимална плата, правото на годишен одмор, правото на породилно отсуство и  уредувањето на отказот од работното место. Партнерите во Бирд и Бирд, Ијан Хантер, Џејмс Фрауд и Елизабет Ланг, сметаат дека, сепак, со Брегзит и во трудовото законодавство на Британија ќе бидат нужни некои промени и регулирања. Така, пред сè, тука ќе стане збор за регулирањето на годишниот одмор бидејќи постојат голем број работници од сите индустрии кои работат надвор од Велика Британија, т.е. во ЕУ.

Заштитата на работничките права, стандард кој е донесен во 1981 година, треба да претрпи измени за работниците да можат непречено да прават трансфери на работните места и надвор од Велика Британија. Важен сегмент од заштита на работничките права е Актот за еднаквост од 2010 кој се однесува на заштита од дискриминација врз основа на пол, раса, националност и физичка попреченост.

Извор: Академик

МВР: Случајот со Диме Спасов е чист, ќе следи пријава за заменик министерот

Од Министерството за внатрешни работи велат дека истрагата за инцидентот со заменик министерот за труд и социјала Диме Спасов, кој предизвика две сообраќајни несреќи, е завршена.

Случајот е чист како солза кратко велат од МВР и додаваат дека најдоцна до утре ќе бидат поднесени соодветни пријави против учесниците во инцидентот.

Министерот Оливер Спавоски не откри кој ќе се гони прекршочно, а кој ќе добие кривична пријава. Тој само рече дека Законот ќе важи поддеднакво за сите, без разлика дали е министер или обичен граѓанин.

Министерката за труд и социјала пак, Фросина Ременски веќе најави кривична пријава против Спасов за неовластено користење на „туарегот”, кој како што тврди е во сопственост на директорот на Агенцијата за вработување.

Инаку, инцидентот со Спасов се случи во петокот вечерта, кога дополнителниот министер со службеното возило удрил два автомобили и избегал.

Него го запрела полиција, а додека го утврдувале идентитетот на неговата сопатничка Т.К, Спасов со трчање избегал. Потоа, по два часа в полиција дошло лице вработено во министерството на Спасов кое рекло дека тоа управувал со автомобилот, но не знаел да ги каже деталите од приказната.

Другиот ден пак, Спасов пријави в полиција дека го бркале тројца албанци, како што рече од криминалното подземје.

Ноќеска Југохром ги гаси печките поради рокот за филтрите

Ќе се гасат печките во Југохром. Од ноќеска на полноќ компанијата ќе престане со работа. По вчерашното барање за затворање на инспекторатот за животна средина заради истекувањето на рокот за поставување филтри, ќе се одлучува што ќе се случува со 700 вработени, истакна генералниот директор на Југохром Васко Скендеровски.

Министерот за животна средина Башким Амети вчера оствари средба и со градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи кои се согласија дека оваа одлука е во прилог на сите граѓани на Полошко, иако е тешко донесена заради големиот број на вработени.

Од Југохром велат дека причина за пролонгирањето на постапката за поставување филтри е административната работа. Скендеровски рече дека дури во јули годинава ја добиле градежната дозвола, но ќе бараат уште едно одложување на рокот за 18 месеци, за конечно да бидат поставени филтрите.

Ова е најголемо промашување во историјата на Арсенал!

Кристиано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери на светот, но малку е познато дека лесно можел да заврши во редовите на Арсенал.

Никој не знае по кој пат ќе тргнеше неговата кариера доколку наместо во Манчестер Јунајтед завршеше во Арсенал, каде и тренираше.

Некогашниот шеф на скаутите на „топџиите“, Дамиен Камоли неодамна откри дека како тинејџер Роналдо бил на чекор од трансфер во Арсенал.

„Прв пат во живо го гледав на турнир во Монтаигу кога имаше 15 години. Спортинг играше со селекцијата на Јапонија, а јас се запрашав: ’Кое е ова момче?’ На полувремето им се јавив на моите контакти во Португалија да им кажам дека открив феномен. Никогаш немав видено ништо слично уште од времето кога за прв пат го видов Тиери Анри. Замислете, малку недостасуваше Анри и Роналдо да ја делат соблекувалната“, изјави Комоли.

Тогаш инетерсот на Арсенал станал сериозен и Роналдо бил повикан на проба, па некое време тренирал во академијата на „топџиите“.

„Неколку пати доаѓаше во тренинг кампот, каде тренираше со врсниците. Никој не знаеше за него. Успеа да го запознае Анри, својот идол, но кога дојде време за трансфер, клубот рече дека нема доволно финансии за тоа. Неколку месеци покасно Јунајтед се договори со Спортинг бидејќи Сер Алекс Фергусон одлучи да го купи“, објасни Комоли.

Виц: Глувци во ноќен бар

Полноќ. Во мал бар има 3 глувчешки дупки.
Од првата излегува француски глушец! Внимателно погледнува дали е тука мачорот, истрчува до барот, пак погледнува, си става чаша вино, ја пие, пак погледнува и се враќа во дупката!
Од втората дупка излегува руски глушец! Погледнува дали е таму мачорот, истрчува до барот, си става една чаша водка, ја пие, повторно погледнува да не доаѓа мачорот и се враќа!
Од третата дупка излегува македонскиот глушец! Погледнува дали е тука мачорот 3 пати, оди до барот, пак погледнува 3 пати, пие 1,2,3,4,5 чаши ракија, погледнува пак и вели:
Ќе го чекам, мамичето негово мачешко!

Виц: Бизнисменот и згодната девојка

Ѕвони бизнисмен на својата секси девојка и вели со тажен глас:

Маче, пропадна бизнисот, банкротирав. Ај, извади мезе и винце, си идам дома, да се напиеме.

Си оди типот дома, таму гледа, станот полупразен, девојката се спакувала и си заминала засекогаш.

Брее, да е страден човек да се пошегува со сопствената девојка, си вели бизнисменот.

Кај три деца констатирано труење со енергетски пијалоци

Труење од енергетски пијалоци било констатирано кај три деца од 11 и 12 години, информираше денес МВР, пренесува Нова ТВ.

На 1 ноември попладне на Детската клиника при Клиничкиот центар Мајка Терезе во Скопје биле донесени тројца малолетеници затруени од енергетски пијалоци.

Соопштението на МВР прецизира дека станува збор за марката ”Симбо”.

Но штетите врз здравјето од консумирање на сите енергетски пијалоци се се повеќе проблем и особено кај децата.

НОВА веќе пишуваше дека продажбата на енергетски пијалоци во Македонија се наоѓа во сива зона.

“Нема никава законска рамка освен означувањето на опаковката за состојките што ги содржат овие пијалоци. Македонските институции за безбедноста на храна и пијалоци немаат проценка за ризиците од употребата на енергетските пијалоци особено ако тие се комбинираат со алкохол или за време на голема физичка активност”, вели за НОВА извор од една македонска институција задолжена за испитување на безбедноста на храната.

Ова е особено значајно ако се знае дека младите лица често ги пијат овие производи. Но во Македонија не постојат статистики за тоа колку се пие и колкава е возраста на лицата кои пијат.

Извор на НОВА сугерира дека треба брзо да се донесе подзаконски акти на постоечкиот Закон за безбедност на храната за да може да има јасни предупредувања до потрошувачите за ризиците од пиењето на овие напивки. И особено предупредувања за малолетните лица поради присуството на повеќе штетни субстанци во овие пијалоци.

За последниот случај била известена Агенцијата за храна и ветеринарство.