Home Blog Page 4299

Еден меч суспензија и парична казна за Мурињо

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, поради недолично однесување, од страна на Фудбалската асоцијација е суспендиран на еден натпревар и парично е казнет со 50.000 фунти.

Фудбалската асоцијација на Англија соопшти дека Португалецот е казнет поради навредите кои ги упати кон судијата Марк Клатенбург за време на мечот Манчестер Јунајтед-Барнли.

Поради суспензијата Мурињо нема да може да го предводи тимот против Свонси во рамките на 11 коло во Премиерлигата.

Паричната казна на Мурињо му е изречена бидејќи го коментираше судењето по натпреварот против Ливерпул одигран на 17 октомври.

Виц: Телешка чорба

Оди човек во кафеана наутро и порачува телешка чорба. Келнерот му носи чорба и прибор и си заминува. Врти човекот со лажицата низ чинијата со чорбата, превртува, ама од телешко месо ни трага.

Го вика келнерот и му вели: А бе, келнер, каква е оваа телешка чорба без месо?

Келнерот му вели: Да те прашам, брат, ти си бил во војска?

Сум бил.

И си јадел војнички грав?

Сум јадел.

Е па, имаше војник во гравот?

Обама ги предупредува Американците: Трамп е закана за демократијата и човековите права

Американскиот претседател во заминување Барак Обама побара од гласачите да ја поддржат Хилари Клинтон предупредувајќи дека на коцка е ставена судсбината на САД, но и на светот.

Судбината на републиката е во ваши раце. Судбната на светот е на нишалка и вие треба да одлучите да оди во вистински правец., рече Обама на собир во Северна Каролина, една од малкуте неодлучни федерални држави за чија поддршка се борат кандидатие последните денови пред изборите.

Како што рече Обама Трамп е закана за иднината на американската демократија и за стечените граѓански права.

Според него на изборите исто така се гласа за чесност, пристојност, правда, напредок и демократија.

Од собирот во Флорида, Трамп возврати дека Обама би требало да престане да лобира за Клинтон и да се фокусира на водење на земјата.

Никој не сака уште 4 години Обама, рече Трамп, додавајќи дека Клинтон овие денови не се чувствува баш добро во својата кожа.

Сè за публицитет: Скандалозно однесување на Мадона на изложба во Лондон

58-годишната пејачка со своето однесување ги шокираше посетителите на престижната изложба на фотографии во Лондон.

3-11-madona1

Со чаша вино во раката таа седна на земја и ја крена едната нога високо, а потоа остана да седи на земја гледајќи во својот мобилен телефон – пишува Daily Mail.

3-11-madona2

Лондонски облакодер со форма на машки полов орган

Облакодер во Лондон, кој ќе биде највисоката зграда во Западна Европа има облик на пенис.

3-11-london-oblakoder1

И не зборуваат сите за височината на зградата, колку што зборуваат за обликот. Сепак, оваа форма се гледа од птичја перспектива, но не и од земја. Ако ја гледате зградата од улица, ќе видите интересна градба.

A Chinese developer has unveiled a new £800 MILLION London skyscraper which will be the tallest residential building in Western Europe. See SWNS story SWTALL. The 235-metre high Spire London will have 861 apartments spread across the 67 storeys. And on the 35th floor will be a huge spa with an infinity pool, gym, jacuzzi and fitness studio. The tower, which is being built by Shanghai-based Greenland Group, has been designed to provide uninterrupted panoramic views over the whole of London. It has the highest and most far-reaching views ever provided by apartments in the capital. Initial work on the Spire began earlier this year with the tower expected to open in 2020.

Изградбата на оваа зграда чини 800 милиони фунти, а истата има 67 ката. Вкупниот број на станови е 861, а истите ќе започнуваат со цена од 595.000 до 3 милиони фунти. Зградата ќе биде готова до 2020 година.

Лудило од кулинарска уметност: Најбизарните торти кои сте ги виделе

Тортите на Натали дури и не личат на торти, но се многу вкусни, а изгледот некогаш им е „да ти е жал да ги јадеш“, друг пат, пак, „да ти е страв да ги гледаш“. Како и да е, сите ќе признаете дека станува збор за вистински уметнички вајарски дела, иако доаѓаат од сферата на кулинарството.

3-11-realistic_cake_02  3-11-realistic_cake_06 3-11-realistic_cake_07 3-11-realistic_cake_08 3-11-realistic_cake_09 3-11-realistic_cake_10 3-11-realistic_cake_12 3-11-realistic_cake_16

3-11-realistic_cake_143-11-realistic_cake_153-11-realistic_cake_04 3-11-realistic_cake_11 3-11-realistic_cake_13

Натпреварувачки предизвик: Вкрсти ги нозете како Шерон Стоун

Вака го правеше тоа Шерон Стоун.

А вака го правеа тоа девојките кои беа дел од предизвикот да го изведат атрактивното вкрстување во стилот на Стоун.

Експертите советуваат: Секој ден јадете барем по едно јајце

И додека многумина ги избегнуваат јајцата, експертите советуваат: Јадете јајца секој ден.

Според многумина јајца е еднакво на холестерол. Тоа е еднаквост што најчесто се поставува кога станува збор за овој производ и додека многумина ги избегнуваат од овие причини, експертите советуваат: Јадете јајца секој ден.

Го креваат расположението

Јајцата содржат корисна комбинација од омега 3 масни киселини, цинк, витамин Б и јодид како и хранливи материи што заедно го спречуваат уморот и лошото расположение.

Ги негуваат мускулите

Јајцата се еден од најдобрите природни извори храна. Изобилуваат со протеини и се нискокалорични. Витаминот Б12 што го има во јајцата, помага против грчењето на мускулите.

Штитат од рак

Жените што во организмот имале повеќе колин (хранлива материја пронајдена во јајцата) имаат 24 отсто помал ризик од заболување на рак на дојката. Ова го покажува едно неодамнешно истражување. Едно јајце дневно ќе осигура дури 30 отсто од дневните потреби за колин, пишува Превеншн.

Го хранат мозокот

Колин е заслужен и за подобро помнење. Помагаат при испуштањето на ацетиколин, невротрансмитерот што му помага на мозокот да ги зачува информациите.

Го чуваат видот

Јајцата се одличен извор за лутеин и зеаксантин, антиоксиданси што ги спречуваат макуларните дегенерации.

Негувателка истури врело кафе врз петгодишно девојче во градинка во Скопје

Девојче заврши со изгореници од прв степен во пределот на очите и левата јаболчница откако една од негувателките случајно истурила кафе врз детето додека поминувала низ креветчињата.

Инцидентот се случил завчера околу пладне, додека децата спиеле во објектот на градинката Чекорче во скопски Аеродром. Детето било однесено на клиниката за детска хирургија каде му била констатирана повредата.

Родителите го пријавиле случајот во полиција. Директорот на градинката, Јоаким Димулков за 24 Вести потврди дека инспекциските служби од Министерството за труд и социјална политика ја посетиле градинката, а на негувателката која го истурила кафето врз девојчето веќе и е раскинат договорот.

Тројца загинати во тешка сообраќајка кај Зајас

Три лица загинаа во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи кај селото Зајас, Кичевско.

Според неофицијални информации, автомобил Форд удрил во трактор, кој возел по патот без светла. Тракторот бил натоварен со дрва, па според првичните информации, силината на ударот била фатална.

Во Фордот кој се движел од правец на Гостивар се превезувале три лица на возраст од 17 години, 19 и 45 години. Сите биле жители на соседното село Колари.

Ударот со тракторот бил кобен за сите тројца, додека возачот на тракторот поминал со полесни повреди.

Повеќе детали за страотната сообраќајка МВР ќе соопшти во текот на денешниот ден.