Home Blog Page 4298

Дејвис Камара е нов тренер на ЖРК Вардар!

Давид Дејвис Камара е новиот тренер на женскиот ракометен клуб Вардар. Шпанскиот тренер на функцијата ја наследи Индира Кастратовиќ, која пред две недели доби отказ.

Давид Дејвис Камара, асистентот на Раул Гонзалес во машката екипа, од понеделникот веќе работи со женската екипа, а сопственикот Сергеј Самсоненко, денес официјално на јавноста и го престави новиот тренер.

„Благодарам на Самсоненко, до клубот, за сите што веруваа во мене за укажаната доверба. Сега треба полека, треба време, чекор по чекор да ги консолидираме работите. Исто така сакам да му се заблагодарам и на Раул Гонзалез поради кој дојдов во Скопје, во Вардар. Со него бев цели 18 години, прво како соиграчи, потоа како негов помошник, а ете сега ќе бидам и тренер. Што се однесува до дуелот со Астраханочка, тоа е млада екипа и многу агресивна која влегува во мечот и нема што да изгуби. Ние пак од друга страна мораме да ги победиме сите домашни натпревари, но како што кажав ни претстои многу работа, но со ред, чекор по чекор“, изјави Камара на одличен македонски.

Давид Дејвис Камара ќе го предводи тимот до крајот на сезоната, а како што рече сопственикот, тој самиот треба да реши дали ќе му биде потребен дополнителен асистент.

Ангеловски повика осум младинци за Шпанија

Селекторот на фудбалската репрезентација го објави списокот на играчи на кои смета за квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство против Шпанија во Гранада, што ќе се одигра на 12-ти ноември.

Селекторот Ангеловски повика 21 фудбалер за натпреварот против Шпанија, а осуммина од нив се членови на младата репрезентација која избори пласман на Европското првенство.

Најголеми промени има на голманската позиција, каде за место на голот ќе конкурираат Алексовски, Димитриевски и Гачевски.

Во нападот, покрај стандардната тројка Пандев, Нестороски, Ибраими, е придодаден и Кире Маркоски, а на списокот ги нема Адис Јаховиќ и Иван Тричкоски.

„На списокот има осуммина од младата репрезентација до 21 година вклучувајќи го и Ѓорѓев. Тоа е дел од целите што беа најавени, да се создаде млад и компактен тим, спој на младост и искуство. Може да кажам дека најдобрите од овој список ќе бидат стартери. Нема веќе млади и стари, ова е А репрезентација во која се одбрани најдобрите со кои располагаме во моментов“, истакна Ангеловски.

03-11mkd2

Реал Мадрид спема сензационален трансфер!

Реал Мадрид очигледно се помири со фактот дека нема да може да купува играчи оваа зима поради суспензијата од УЕФА, но Флорентино Перез спрема вистинска бомба за наредното лето.

Имено, станува збор за извонредниот напаѓач на Манчестер Сити, Серхио Агуеро. Аргентинецот во последно време се почесто се поврзува со заминување од „Етихад“, а се чини дека Реал Мадрид е прв кандидар за неговиот потпис.

„Дејли Мирор“ тврди дека „кралскиот“ клуб следното лето ќе се обиде да го донесе Агуеро на „Сантиаго Бернабеу“, нормално под услов да биде тргната забраната за трансфери.

Агуеро во редовите на Манчестер Сити пристигна од Атлетико Мадрид во 2011 година за 45 милиони евра, а Реал Мадрид веќе подолго време има желба да го донесе во своите редови.

Неговата моментална вредност сега изнесува околу 70 милиони евра, сума која нема да преставува проблем за „кралскиот“ клуб.

Урнебесно: Играч на Јуве ја заборави топката!

Јувентус испушти победа со Лион на домашен терен, а играчот за врска на „старата дама“, Стураро ја насмеа публиката, па и целиот свет.

Имено, Стураро во еден момент загуби ориентација па се издрибла самиот себе и не знаеше каде е топката. Видеото веднаш стана вирално на социјалните мрежи и фановите си тераат мајтап со Италијанецот.

Фото: Срамен потег на Роналдо – го гази противникот додека лежи на земја!

Кристиано Роналдо промаши многу шанси на мечот против Легија и беше видно нервозен, па на теренот го покажа и своето друго лице.

Откако пред мечот ја покажа својата човека и хумана страна и се сретна со детето кое се разбуди од кома, на теренот Португалецот го покажа своето друго лице.

Кога не му оди на теренот Роналдо станува нервозен, се кара со соиграчите, а во Варшава отиде до таму па намерно го згазна противникот кој беше легнат на земја.

Голманот на полскиот шампион пред чии очи Роналдо го направи овој потег виде се што се случи и огорчено протестираше кај судијата, но ѕвездата на Реал остана без казна.

03-11roni2

Червар по победата: Во Чешка мора да играме подобро!

Селекторот Лино Червар изрази задоволство од резулатот и од освоените два победа против Украина, но потенцираше дека во Чешка ќе мора целиот тим да игра подобро.

„Настапивме во малку поразличен состав. Тука пред се мислам на бековската линија во која остана само Кире покрај кого во изминатите години ги имавме и Миркуловски и Мојсовски. Сепак задоволен сум од резултатот. На моменти можевме и подобро, но она што е најважно во квалификации е победата“, истакна Червар.

„Со Чешка треба да одиграме многу подобро. Немаме многу време, ни останува уште еден ден и ќе се обидеме да се подготвиме за тој натпревар. Психолошката ситуација за нас е подобра да се оди со два бода во следниот меч. Може да се направи многу, а можеби и не, ќе видиме како ќе биде“, заклучи селекторот.

Отриено зошто Борусија го суспендира Обамејанг!

Синоќа како гром од ведро небо одекна веста дека Борусија Дортмунд го суспендираше својот најдобар фудбалер Пјер Емерик Обамејанг пред натпреварот со Спортинг Лисабон во Лигата на шампиони.

Африканскиот напаѓач не се појави на синоќешниот натпревар со Спортинг, а претседателот Ханс Јоаким Вацке обелодени дека Обамејанг е суспендиран по одлука на тренерот Томас Тухел.

„Можам да кажам дека Обамејанг е суспендиран, причините нема да бидат обелоденети во јавноста. Тоа е одлука на тренерот што ние како управа ја поддржавме. Можете да прашате уште три пати, сигурно и онака ќе шпекулирате, но конкретна изјава за причините нема да добиете“, изјави Вацке.

Во меѓувреме германските медиуми се обидуваат да откријат зошто Борусија Дортмунд го суспендираше Обамејанг. Весникот „Билд“ има две теории. Првата е дека фудбалерот си играл на телефон за време на тимски состанок со што покажал недисциплина и непочитување.

Втората теорија е дека напаѓачот во вторникот наутро бил во Милано. Фудбалерите во понеделникот добиле слободен ден, клупските правила на Дортмунд велат дека играчите мора да бидат во Германија во текот на целиот ден доколку следниот играат натпревар, а Обамејанг не го испочитувал тоа.

Реал се спасуваше од срам – Зидан ја презеде одговорноста!

Легија и Реал, во Варшава, одиграа спектакуларн меч, за жал без присуство на публика, кој заврши 3-3, по што „кралевите“ го доведоа во прашање првото место на табелата во Ф групата.

Реал во второто полувреме се спасиваше од пораз во Варшава, а тренерот Зинедин Зидан ја презеде одговорноста за киксот на неговиот тим.

„Не случи она што го очекувавме. Ни беше прилично тешко, а тоа не ни се случува често. Се опуштивме, откако постигнавме два гола“, изјави Зидан.

„Резултатот е логичен, иако Легија влезе во натпреварот дури по 25-тата минута. Си ги искомплициравме работите и јас сум виновен за тоа. Треба да бидеме трпеливи и да работиме сложно во иднина. Имаме шанси да завршиме на првото место во групата и ќе го искористиме тоа“, додаде Зидан.

Видео: Го видовте голчиштето на Бејл!?

Реал Мадрид се спасуваше од срамен пораз на гостувањето кај Легија, но натпреварот ќе остане запаметен по извонредниот погодок на Герет Бејл.

Велшанецот на самиот старт ги донесе „кралевите“ во водство со една волеј-бомба, која мора да ја видите!

Видео: Вестрбурк сам ги побди Клиперси!

Расел Вестбрук повторно одигра брилијантен меч, речиси сам го победи ЛА Клиперс и на најдобар начин го најави гостувањето на Оклахома во Оукленд кај Голден Стејт, чии дрес од оваа сезона го носи Кевин Дурент.

Расел Вестбрук постигна 35 поени, вклучувајќи и последните два на мечот во Лос Анџелес, со кои Оклахома славеше против Клиперси 85:83. Вестбрук на 35-те поени придодаде шест скокови, пет асистенции, три украдени, но и 10 загубени топки.

Вестбрук беше единствениот играч на Оклахома кој постигна двоцифрен број на поени. Плејмејкерот на Оклахома со брилијантната партија го најави дуелот против Голден Стејт и својот поранешен соиграч Кевин Дурент.

Чикаго Булс кој загуби на гостувањето во Бостон со 107-100, а Ајзеа Томас и Амир Џонсон со по 23 поени беа најефикасни во таборот на „биковите“.

Лејкерси ја совладаа Атланта во гости со 116-123, а ветеранот Лу Вилијамс со серија во последниот период (вкупно 18 поени) беше најзаслужен за успехот на „езерџиите“