Home Blog Page 4296

Иницијативи за акциски групи согласно EU LEADER за адаптација на земјоделството

Четири иницијативи за формирање на Локални акциски групи креирани во согласност со EU LEADER пристапот ќе бидат денеска промовирани во рамки на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени.

Овие приватни – јавни партнерства опфаќаат партнери од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во 17 општини од Источниот и Југоисточниот регион.

Обраќања на настанот ќе имаат Директорот на мисијата на УСАИД во Македонија Џејмс Стајн, Директорот на Проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени Петар Ѓоргиевски, претставници на Источниот и Југоисточниот плански регион и четирите иницијативи за локални акциски групи.

Проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени спроведуван од Мрежата за рурален развој на Република Македонија работи на промоција на EU LEADER пристапот како една од новите мерки кои ќе се презентираат во ИПАРД II програмата за периодот 2014-2020.

Препознавајќи ја потребата за промоција на EU LEADER методологијата кај чинителите во руралните средини, Мрежата за рурален развој спроведе сеопфатна програма за градење на капацитетите во согласност со карактеристиките на EU LEADER пристапот, кај руралните актери во Источниот и Југоисточниот плански регион. Активностите беа имплементирани во 21 општина во овие региони, вклучувајќи претставници на јавниот, граѓанскиот и бизнис секторот. Како крајна фаза во овој процес, беа иницирани локални акциски групи Беласица – Огражден, Бојмија, Плачковица, Брегалница и Малеш – Пијанец.

Тмурен и сив петок

Бранот врнежи од четврток навечер ќе продолжи во петок рано наутро со тоа што ќе се преместува од северната половина на земјата кон југ. Претпладне врнежите ќе бида уште малку застапени во јужната половина од земјата, а потоа ќе престанат. Попладне облачноста значително ќе се намали.

Котлините очекуваат максимална температура која ќе има вредност помеѓу 14°С и 18°С, на југот на повардарие до 19°С, а на повисоките места околу 10°С.

Скопскиот регион очекува облачно претпладне, со тоа што врнежите ќе престанат уште во утринските часови, а попладне облачноста прилично ќе се намали.
Температурата нема да намине 15°С.

Lear со нова фабрика за производство на автомобилска кожа и платно во Тетово

Lear Corporation денес отвори нова фабрика за автомобилска кожа и платно во Тетово, Македонија, за производство на навлаки за автомобилски седишта и сродни производи.

Новоизградената фабрика ќе ја замени времената локација што Lear ја најави во мај, 2015 година и што на почетокот обезбеди работни места за околу 300 лица, наменета за сечење и шиење на кожа и платно.

На свеченото отворање на Lear говорници беа македонскиот министер за странски инвестиции Веле Самак и министерот за економија Дритон Кучи.Фабриката има врвна машинерија и производни капацитети за сечење кожа и платно, магацин и канцелариски простории, на приближно 12.000 квадратни метри, со простор за потенцијално проширување од дополнителни 8.000 квадратни метри.

Како светски лидер за седишта за луксузни возила и возила со високи перформанси, Lear постојано се проширува, ставајќи акцент на понудата на квалитет и на нашата континуирана традиција на одлична оперативна ефикасност, успех во отпочнување со работа кој е водечки во индустријата и стручно и вешто изработени дизајни на тапацир, рече Џенин Хенли, заменик-претседател на Lear за глобален дизајн на тапацир и високи занаетчиски вредности.

Нашиот тим од целиот свет се гордее со нашите глобални капацитети за опслужување на нашите клиенти во секој поголем регион и се радуваме на можноста за нашиот нов тим во Македонија да биде дел од нашиот континуиран успех. Би сакале да им се заблагодариме на сите кои работеа со нас во нашиот напредок во оваа фаза на работењето, додаде тој.

Во дополнение на тоа што нуди навлаки за седишта и сродни производи за автомобили од светска класа, Lear Тетово ќе даде придонес за локалниот регион во контекст на вработување и најмување на искусни професионалци за шиење како и лица кои неодамна го завршиле образованието во локалните образовни институции, рече Свен Дам, Заменик претседател на Lear за работа на тапацир за Европа и Африка.

Производите на Lear кои се од светска класа се дизајнирани, проектирани и произведени од разновиден тим кој брои околу 140 000 вработени, распределени во 36 земји. Lear во моментов е рангиран на 154-тото место од листата на Fortune 500. Седиштето на Lear е во Саутфилд, Мичиген, САД.

Еразмус Плус 2014-2016 претставена во Тетово

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска во просториите на агенцијата за подршка на претприемништвото ЕСА во Тетово ја претстави програмата Еразмус плус 2014-2020 со која се обезбедува поддршка во образованието,  младите и спортот.

Програмата претставува комбинација од седум европски програми, програми за обука и млади и за првпат во својата структура го додава спортот, а цели кон зголемување на знаењето и професионалните способности. Активноста во Тетово беше спроведена во соработка со Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Оперативниот менаџер од Стопанската комора на северозападна Македонија  Дрилон Исени, рече дека на презентацијата присутвувале претставници од компаниите што се членови на комората и дека идејата е да им се објасни за овие инструменти што се нудат од страна на Европската унија за професионална надградба.

Сметаме дека човечкиот кадар е најважниот елемент за развој на компаниите и преку овие инструменти што ги нуди Агенцијата нивните сегашни и идни вработени може да стекнат познавања и искуство како тоа се работи во странство и тоа да го применат кога ќе се вратат назад со што ја заголемуваат конкурентноста на компанијата и на македонскиот и на светскиот пазар, изјави Исени.

Според информациите од националната агенција за европски образовни програми и мобилност Еразмус плус ќе има голем придонес за наградба на институционалните капацитети како и личен и професионален развој на сите чинители во полето на бизнисот. Во рамките на програмата се предвидува меѓународна размена на студенти и волонтери, намалување на нивото на невработеност и развој на социјалниот капитал.

МВР ќе поднесе неколку прекршочни против Диме Спасов

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави денеска дека неколку прекршочни пријави ќе бидат поднесени против дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов. Според него, биле преземени сите мерки за состојбите и причините за сообраќајната несреќа во која учествуваше Спасов и биле прибавени сите докази, иако имало попречувања во увидот.

Било утврдено, како што посочи Спасовски, дека Спасов го управувал службеното возило и дека во двата случаи го напуштил местото на сообраќајната незгода и не ја известил полицијата. Спасовски рече и дека сопатникот на Спасов во потпишаната изјава не посочил дека автомобилот во кој се возеле бил следен или нападнат од други лица, како што тврди Диме Спасов.

Тоа е спротивно на изјавата на сопатничката и на полициските службеници, информира Спасовски, а за случајот говорат фактите. Според министерот, постојат и аудио снимки од пријавата на лицата кои го пријавиле Спасов во МВР кога го удрил нивното возило.

Министерот Спасовски порача и дека ги отфрла тврдењата на Спасов дека случајот е криминално полициска местенка и посочи дека само може да потврди оти има местенка на Спасов од него самиот и од тие што го советуваат.

Трејлер за Planet Earth II – најскапиот документарец на ВВС кој се снимаше 10 години

BBC го објави официјалниот трејлер за новата документарна серија Planet Earth II, еден од најскапите проекти на продукцијата, чие снимање траеше цели 10 години.

Богов: Предвидуваме раст на македонската економија од 2,3% за оваа година

Народната банка соопшти денеска дека растот на македонската економија оваа година ќе изнесува 2,3 проценти.

Гувернерот на НБРМ, Димитар Боговна денешната прес конференција изјави и дека во периодот 2016-2018 година се очекува закрепнување на економскиот раст и во наредната година да достигне 3,5 проценти, а во 2018 година 3,7 проценти.

Според него, се очекува по изборите состојбите да се нормализираат и во наредната година да има стабилизирање на домашното опкружување. Носители на растот за годинава, како што информира се инвестициите и увозот, а дополнителен импулс дава и приватната потрошувачка. Растот на БДП годинава ќе биде помеѓу основното и алтернативното сценарио, односно меѓу 3,5 проценти и 1,6 проценти.

Стапката на инфлација за 2016, според најновите проекции, треба да изнесува нула проценти наспроти очекуваната од 0,5 проценти во април. Богов заклучи и дека ризиците и натаму постојат, како надворешните така и домашната политичка состојба. Економските основи, како што рече, се солидни, а при стабилни трендови во текот на третиот квартал не е направена промена во монетарната политика.

Виц: Пушка за роденден

Сопругата го прашува сопругот:

Срце, за една недела ти е роденден, што сакаш да ти купам за подарок?

Пушка сакам.

Пушка не може. Бирај нешто друго.

Ама, јас би сакал пушка.

Пушка никако реков. Барај друго.

Јас сепак би избрал пушка.

А бе барај друго! Чиј збор се слуша последен, кој е овде главен?

Твојот, ама кога би добил пушка за роденден…

Виц: Ме боли левата нога

Оди баба на лекар и му се жала:

Докторе, многу ме боли левата нога.

Од годините ти е тоа бабо, од годините.

А бе докторе, и деснава има исто години колку и левава, па таа ич не ме боли.

Најзгодната српска кошаркарка повторно во топлес издание

Милица Дабовиќ повторно ги почести своите фанови на социјалните мрежи со уште неколку секси фотки во топлес разголено издание.

3-11-dabovic1

Единствено нешто на што имаа забелешка нејзините обожаватели е хаосот во нејзината соба, па некои со коментари добронамерно ја посоветуваа – „Среди си ја собата“.

Во вакво секси издание атрактивната кошаркарка се прошета и по модната писта.