Home Blog Page 4295

Овие се најбизарните места на кои се изградени аеродромски писти

Од тајните на „Областа 51“, до писта каде авионите паѓаат од карпа – на овие најбизарни аеродроми во светот самиот пат е далеку поинтересен од дестинацијата.

Најнтересните аеродроми во светот, што секое патување ќе го направат возбудливо.

Многу тајна писта

Тајното воено воздухопловство на САД, во мистериозната област позната како „Област 51“, има аеродром што се вика „Домашен аеродром“. Оваа област е дел од воените тестирања во Невада, а поради нејзината оддалеченост од населените места, тоа е место каде се развиваат различни тајни прототипи на авиони и беспилотни летала и каде што се тестираат. Теоретичарите на заговори мислат дека на ова место се чуваат НЛО (непознати летечки објекти) што паднале на земјата.

Аеродром за само еден месец во годината

Рускиот камп Барнео, изграден е на 40 километри од Северниот пол, и трае само еден месец во годината, а тоа секогаш е април. Кампот се користи за научни цели и соддржи цела низа авантуристички туризам во кој е вклучено се, од уметничко лизгање до маратон. Аеродромот го претставуваат две писти, но иако се направени на мраз, можат да издржат тежина на авион со 52 патници.

Приватен аеродром Џон Траволта

Џон Траволта толку многу сака да лета што на неговиот имот во Флорида изградил две прилагодени писти за неговите приватни авиони. Има приватна контролна кула и преноќиште за пилотите во случај доцна да долетат, а ако ги чека утрински лет. Траволта, исто така, хонорарно пилотира за австралиската авиокомпанија „Кантас“.

Arktischer Wolf vor Polar 5 in Alert, Kanada An arctic Wolf in front of Polar 5 in Alert, Kanada

Писта на мраз

На многу патници слетувањето и полетувањето им претставува голема грижа, а замислете и доколку слетуваат на писта од мраз? Ова е приватен смрзната писта што се наоѓа на езерото Дорис, во Канада. Аеродромот е отворен од јануари до април и главно работи поради работниците во рудникот на злато на блискиот Хоп Бај.

4-11-besni-aerodromi1

Фестивал аеродром во пустина

Секој август, илјадници луѓе доаѓаат во пустината на Невада на фестивалот „Burning Man“ и за таа цел постои градски аеродром „Црн камен“. Аеродромот нема кула и пилотите комуницираат преку заедничка фреквенција за да ги споделат инфомрациите за безбедноста и критичните детали на слетувањето. Официјалната точка на аеродромот е на бројот 88ХБ, иако сите негови траги исчезнуваат во песочната магла, еден ден по отварањето на фестивалот, па понекогаш е многу тешко да се пронајде.

Пропадната писта

Французите, пред повеќе од две децении, се обиделе да ја изградат пистата на истражувачката станица „Dumon Durvilj“, на Антарктикот. Тие, меѓутоа, се откажале од идејата кога областа била сериозно уништена од бура и тоа само неколку месеци пред да се изгради, а еден дел и целосно се урнал во водата. Сепак, делот што остана на копното понекогаш се користи за слетување.

Аеродромска писта на врвот на светот

Кон крајот на 2014 година е отворен нов аеродром, на врвот на планина, во градот Хеши, во Кина. Десетици ридови биле срамнети за да се направи пистата на аеродромот, што е изграден на речиси 680 метри надморска височина.

Писта каде авионите паѓаат од карпа

Полетувањето од Матекана, прилагоден аеродромот во Лесото, во Јужна Африка, е тешко искуство. Пистата се наоѓа на 2.286 метри висина на планинска падина и потребни се челични нерви за слетување и полетување. Ако авионот не успее да достигне одредена брзина за полетување, мора да падне од карпата пред да полета.

Нови главоболки за Мурињо – се повреди Погба!

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, ќе се соочи со нови главоболки, откако најскапото летно засилување, Пол Погба заработи повреда на мечот со Фенербахче.

Погба по еден дуел со противнички фудбалер се пожали на болки во мускулот и не можеше да го продолжи натпреварот.

Се очекува Французинот да го пропушти дуелот со Свонси во недела, а за гостувањето во Велс во комбинација нема да бидат ниту Андер Ерера, Антонио Валенсија и Ерик Баи.

Денес Французинот ќе направи детални испитувања и точно ќе се знае степенот на повредата и колку време ќе биде надвор од терените.

Мурињо: Фенербахче играше како финале во ЛШ, а ние како пријателски натпревар!

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со лошите резултати и во Лига Европа, па сега после поразот од Фенербахче во последните два кола ќе бркаат пласман во следната рунда.

Повторно главен на удар на новинарите беше Жозе Мурињо, кој по натпреварот се обиде едноставно да ја смири ситуацијата.

„Фудбалот не е само имиња и квалитет на поединци, туку тој е и пожртвуваност, борба и надминување на самите себе. Фенербахче целосно ја заслужи победата. Тие играа како да се во финале на ЛШ, а ние како да сме на подготовки, на пријателски меч“, изјави по натпреварот Мурињо.

Тој, сепак, не е загрижен за судбината на клубот во двата меча од групната фаза колку што преостануваат. Изрази оптимизам и потенцира дека се е во нивни раце.

„Се зависи од нас. Ако победиме во последните два меча, ќе продолжиме во наредната рунда“, заклучи Португалецот.

„Едното“ се со Путин: Стивен Сигал доби руско државјанство

Претседателот на Русија, Владимир Путин потпиша указ со кој му се доделува руско државјанство на холивудскиот актер Стивен Сигал, соопшти Кремљ.

Популарниот Нико, како што гласи називот на еден од акционите ликови кои ги одглуми, јавно го поддржува анектирањето на Крим од страна на Русија, нешто што западните држави официјално експлицитно го отфрлија.

4-11-segal-rusko-drzavjanstvo1

За „Росискаја Газета“ актерот изјави дека тој потег е „доста разумен“ во насока на заштита на руската заедница која живее на полуостровот.

Сигал израснал во Калифорнија, но има руско-монголско етничко потекло. Како што јави ДПА, тој често и ја посетува Русија, па при едно такво патување, се решил да побара руско државјанство.

4-11-segal-rusko-drzavjanstvo2

Во 2013, од политичко-економски причини и францускиот глумец Жерар Депардје побара и доби руско државјанство.

Инаку, Сигал претходно годинава доби и српски пасош.

Причините поради кои се добива „метален“ вкус во устата

Постојат повеќе здравствени проблеми и состојби поради кои во усната празнина се појавува чувство на „метален вкус“. 

Некои причини можат да бидат сериозни, додека некои други можат полесно да се решат или да исчезнат сами по себе.

Причини за оваа промена на вкусот можат да бидат нередовната орална хигиена, воспаление на непцата, периодонтитис и забна инфекција.

Кај овие проблеми, по четкањето на забите и чистењето со конец често доаѓа до крварење на непцата и тогаш се јавува металниот вкус во усната празнина.

Пробелмите со синуси, како и болестите на бубрезите, исто така можат да предизвикаат промена на вкусот во устата.

Одредени жени исто така забележуваат промена на вкусот во почетниот период на бременоста.

За да го намалите пролемот со „металниот вкус“, се додека не го решите вистинскиот проблем, конзумирајте поголемо количество вода, избегнувајте ги алкохолот и цигарите, редовно чистете ги вашите заби и користете забен конец, а привремено можете да користите и гуми за џвакање.

Малку да ве застрвиме со зимски дразби: Првата зимска кампинг авантура на Изабел

Кога имаш ваков „рок ен рол“ татко, авантурите и забавата се загарантирани дисциплини. А и малата заслужува пофалба и награда за својот ентузијазам и авантуристички дух.

Турската Моника Белучи импресионира со својата убавина и заводливост

Турската актерка Нургул Јесличај нашата јавност ја запозна од турските сериски филмови кои се емитуваат на македонските национални телевизии.

4-11-nurgul0

Иако во својата актерска кариера има играно многу и разни улоги на женски ликови од различен социјален статус, во приватноста Нургул е атрактивна дама која зрачи со сексапил и импресионира со жешките атрибути, па ја нарекуваат турската Моника Белучи.

4-11-nurgul1 4-11-nurgul2 4-11-nurgul3 4-11-nurgul4 4-11-nurgul5 4-11-nurgul6

„Тежи“ 170 милиони долари: Таа е најплатената жена во светот на музиката

Една од најпопуларните пејачки во светот, Тејлор Свифт е најплатената жена во светот на музиката со заработка од 170 милиони долари.

Најдобар доказ за тоа дека другите ги оставила „во прашина“ е фактот дека второпласираната Адел има повеќе од двојно помала заработка – 80,5 милиони долари.

4-11-taylor-swift
Свифт најголемата заработка ја оствари благодарение на турнејата 1989 Wold Tour, но и поради договорите за маркетинг со Кока-Кола, Кедс и Епл.

-Тејлор целосно го зазема тронот благодарение на феноменалната турнеја. Полнеше стадиони и сали, наведува магазинот Форбс кој пишува дека најголем дел од пејачките заработуваат од концерти со исклучок на Адел чија што заработка главно е од продажбата на албумите.

Десет најплатени жени во музиката:

Тејлор Свифт – 170 милиони долари
Адел – 80,5 милиони долари
Мадона – 76,5 милиони долари
Ријана – 75 милиони долари
Бијонсе – 54 милиони долари
Кети Пери – 41 милион долари
Џенифер Лопез – 39,5 милиони долари
Бритни Спирс – 30,5 милиони долари
Шанаја Твејн – 27,5 милион долари
Селин Дион – 27 милиони долари

ОБСЕ ја започна мониторинг мисијата за претстојните предвремени избори

Во мисијата на ОБСЕ ќе бидат вклучени 20 долгорочни и 300 краткорочни набљудувачи. Организацијата ќе врши и мониторинг на известувањето на медиумите, а конечниот извештај ќе го објави на почетоткот на следната година.

ОБСЕ/ОДИХР ја започна набљудувачката мисија за предвремените парламентарни избори на 11 декември. На покана на Владата денеска е отворена канцеларијата на ОБСЕ во Скопје, составена од тим од 14 експерти, коишто остварија средби со претставници на Министерството за надворешни работи и на Државната изборна комисија.

Од ОБСЕ најавија дека освен со државните органи и локалната самоуправа, во следниот период експертите ќе се среќаваат со кандидатите од политичките партии, со претставници на невладините организации и на медиумите.

Да ве потсетам дека нашиот мандат е оцена на изборите и на текот на кампањата согласно со обврските превземени од членството во ОБСЕ и од други меѓународни стандарди и согласно националното законодавство, рече шефицата на Мисијата на ОБСЕ, Тана де Зулуета.

Следната седмица на организацијата ќе и се приклучат 20 долгорочни набљудувачи од земјите членки на ОБСЕ, кои исто така ќе остварат средби со учесниците во изборниот процес, дополнително ќе бидат испратени и 300 краткорочни набљудувачи за изборите.

Тана де Зулуета истакна дека на денот на изборите ќе им се придружат и претставници на Парламентарното собрание на ОБСЕ и на Советот на Европа.

Организацијата ќе го набљудува и пребројувањето на гласовите и сумирањето на изборите.

„Нашата прелиминарна изјава ќе ја презентираме на денот по изборите на 12 декември. Нашето набљудување ќе го опфати и медиумското известување, а конечниот извештај ќе го објавиме следната година во Скопје, бидејќи е потребен период од осум седмици за да биде подготвен“, рече де Зулуета.

На новинарски прашања, Тана де Зулуета истакна дека бројката од 300 набљудувачи е висока и оти ќе биде доволна за распределбата на набљудувањето на изборите. Во однос на прашањето за можните злоупотреби во изборниот процес, де Зулуета посочи дека ОБСЕ се само неутрални посматрачи и дека ќе забележат доколку се јават некои сериозни прашања, како доведување во прашање на безбедноста на гласачите или на членовите на избирачките органи, но дека обврска на Владата е да ја обезбеди сигурноста на сите кои се вклучени во избирачкиот процес.

Награди за најдобри општествено одговорни практики

Во организација на Министерството за економија и на националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата (КТООП) денеска ќе се додели Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија.

Целта на наградата е да промовираат позитивни практики на општествено одговорно делување и да даде инспирација за воведување и натамошно унапредување на општествената одговорност кај претпријатијата.

Годинава беа пријавени 38 проекти. Националната награда се доделува деветта година по ред, а во изминатиот период вкупно 165 македонски претпријатија пријавија речиси 500 општествено одговорни практики, со кои ја покажаа својата посветеност и грижа за општеството и животната средина.

Наградите во вид на статуетки и плакети ќе ги додели министерот за економија Дритон Кучи, кој ќе го отвори настанот, а свое обраќање ќе има и Александар Николов, претседател на КТООП и Миле Бошков, претседател на Бизнис Конфедерацијата на Македонија.