Home Blog Page 4294

Роналдо ја вработи ќерка му на Мендеш како менаџер за комуникации!

Кристиано Роналдо ја вработи ќерката на својт менаџер и пријател Жорге Мендеш, Мариса како негов менаџер за комуникации.

Имено, „Сан“ пренесува дека 25-годишната Мариса ќе раководи со социјалните мрежи на Роналдо, каде има повеќе од 200 милиони следбеници.

Мариса неодамна дипломира како маркетинг менаџер, но на насловните страни на медиумите се појавува како девојка на Роналдо.

Португалецот уште претходно се поврзуваше дека е во врска со Мариса, но никогаш не потврди такво нешто.

Afternoon. ?

A photo posted by MARISA MENDES (@_marisa_mendes) on

Според Wired овој е најдобриот смартфон на планетата

Паметните телефони Pixel и Pixel XL од гигантот Google наскоро ќе се најдат во продажба, а новинарот од Wired специјализиран за гаџети од ваков вид веќе ги прогласи за најдобри мобилни телефони на планетата.

Цената на моделите ќе биде 600 долари за Pixel и 770 за Pixel XL. Ќе бидат достапни во сина, црна и сребрена боја со 32 или 128 GB простор (без влез за мемориска картичка), а Дејвид Пирс ја тестираше поскапата верзија од овој смартфон.

Google асистент

Недолго откако го доби својот Pixel XL во раце, Дејвид Пирс патуваше во Колумбија, а тоа беше одлична можност за тестирање на Google асистентот кој му служеше како водич, преведувач и истражувач за време на патувањето. „Знаеше каде треба да одам, како да стигнам до таму и како да се вратам“, тврди Пирс, додавајќи дека асистентот од гаџетот му откривал и детали за прочуениот Симон Боливар, а знаел доволно да ги објасни и скорешните протести на плоштадот кој го носи неговото име. Но, конкурентната апликација од Google на Siri и Alex со своите конкуренти дели и некои проблеми.

„Ме разбди триесет минути пред да треба да стигнам на аеродром“, објаснува Дејвид. Иако ги имал сите потребни информации, асистентот не успеал во навременото информирање за будење. Во подоцнежните обиди за тоа, асистентот го наместил алармот седум часа пред летот, докажувајќи дека има уште многу простор за напредок на апликацијата. Сепак, Дејвид и понатаму тврди дека асистентот од Google е најдобриот гласовен асистент досега, иако не е толку во предност пред конкуренцијата колк што се

Најдобра камера

Дејвид една вечер поминал во пустината Татакоа, а враќајќи се во цивилизација, поминал покрај предели кои буквално предизвикувале за фотографирање. Направил стотина фотографии, а камерата од 12 мегапиксели ги надминала не само неговите очекувања, туку и било која друга камера која досега тој ја имал испробано. Бојата, острината и интензитетот го надоместуваат зумот кој го носи iPhone 7 Plus, но и без него, фотографиите се сјајни. Сè што ќе се фотографира со камерата, автоматски се зачувува и на Google Photos, бесплатниот cloud сервис од Google со неограничен простор за зачувување на фотографии со висока резолуција.

Главната разлика, тврди Дејвид, е во пристапот – додека iPhone веродостојно ја репродуцира светлината, Pixel, како и повеќето Android смартфони, автоматски суптилно ја засилува истата, со што фотографијата ја прави малку пожива.

Од задната страна Pixel има стаклена плочка која зазема околу третина од површината, а таму се наоѓа и голем кружен читач за отисоци на прсти. Дејвид е скептичен во врска со овој читач на отисоци. Од една страна, со показалецот доста лесно се отклучува телефонот, но исто така му било напорно цело време да го врти телефонот (освен ако кодот не го впишува рачно). Иако стаклената плоча има свои функции, Дејвид повеќе го преферира едноличниот изглед на iPhone моделите.

Најголема замерка за Pixel е за неговата неотпорност на вода. Исто така, има само еден звучник. Но, повеќето корисници ионака не водат многу сметка за тоа. Иако Pixel е најкохерентниот Android досега, iOS и понатаму е поедноставен за користење.

Што се однесува на спецификациите, Pixel е спремен за Daydream, платформата од Google за виртуелна реалност, а користи Android 7.1 Nougat оперативен систем. Батеријата трае седум часа, а се полни за петнаесетина минути (помалиот модел има батерија со капацитет од 2.770 mAh, а поголемиот од 3.450 mAh).

Дејвид отсекогаш преферирал iPhone, но Pixel го натера да се предомисли за оваа своја определба. Малку е загрижен колку Google ќе се фокусира на новиот хардвер (техничката поддршка), но во телефонот целосно го освои и го препорачува на сите.

Со што се занимаваат поранешните фудбалери: Од гробар до кечер!

Поранешниот германски голман, Тим Визе викендов ќе дебитира во кечерски ринг, што беше повод за порталот на УЕФА да истражи со што се занимаваат бившите фудбалери денес.

Поранешниот репрезентативец на Велс, Вини Џонс стана холивудски актер, додека бившиот фудбалер на Бешикташ Илхан Манзис, кој е познат по златниот гол во СП 2002 година, стана професионален во уметничко лизгање.

Бившиот голман на Валенсија и шпанската репрезентација, Кањизарес сега е возач на рели трки, а бившиот француски голман, Фабиан Бартез исто така се занимава со автомобилски трки. Поранешниот фудбалер на Баерн, Мехнед Шол основаше своја продуцентска куќа, додека бившиот фудбалер на Селтик, Харалд Братбек стана пилот.

Интересен е и патот на Манташ Шерниус, поранешен литвански фудбалер, кој сега е тренер на женска репрезентација во кошарка. Поранешниот голман на Сент Паули, Волкер Ипиг почна да работи како обичен работник во една фабрика, а светскиот шампион со Англија од 1966 година, Рои Вилсон стана гробар.

28 клубови заинтересирани за ѕвездата на Порто

Порто е познат како клуб каде се етаблираат голем број на таленти, кои за големи пари ги засилуваат европските гиганти. Нова ѕвезда на тимот од „Драгао“ е напаѓачот Андре Силва.

20-годишниот Андре Силва игра одлично оваа сезона и веќе постигна 10 гола на 16 натпревари во сите натпреварувања, па го привлече вниманието на голем број клубови ширум Европа.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека на последниот натпревар помеѓу Порто и Бриж во Лигата на шампиони, Андре Силва го следеле скаути на 28 клубови ширум Европа. И имале што да видат, Порто победи токму со голот на младиот напаѓач.

Меѓу клубовите кои го следат Португалецот се и Барселона, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед, Јувентус, Милан, Борусија Дортмунд, Челзи, Интер…

Се очекува следното лето Андре Силва да биде ѕвезда на трансфер пазарот, но познато е дека Порто скапо ги продава своите ѕвезди, а вреди да се напомене дека негов менаџер е супер-агентот Жорге Мендеш.

Крај на сагата: Јаја Туре му се извини на Гвардиола!

Јаја Туре беше надвор од тимот на Манчестер Сити, откако неговиот агент јавно во неколку наврати го нападна Пеп Гвардиола и неговите одлуки.

Каталонскиот стратег изјави дека Јаја Туре ќе биде надвор од тимот и нема да игра се додека јавно не се извини, па после цели три месеци африканскиот фудбалер се одлучи на таков чекор.

„Сакам да се извинам во свое, но и во име на оние кои ме претставуваат, на целиот тим и на менаџментот поради недоразбирањата во минатото. Изјавите кои се кажани не го претставуваат моето мислење за клубот и луѓето кои работат во него. Не чувствувам ништо друго освем голема почит кон Манчестер Сиит и сакам се најдобро за овој клуб. Горд сум што голем дел од кариерата ја поминав пишувајќи ја историјата на овој клуб и сакам и понатаму да му помагам на Сити да бележи успеси. Живеам за тоа да играм фудбал и да ги правам навивачите среќни. Затоа им благодарам на пораките за поддршка во тешкиот период. Тоа многу ми значи мене и на моето семејство“, порача Јаја Туре на својот официјален Фејсбук профил.

После ваквото јавно извинување се очекува Гвардиола да го врати фудбалерот во првиот тим, а дали ќе му даде шанса за настап останува да видиме.

Виц: Знаменитостите на Амстердам

Царина на аеродром во Амстредам.
Која е целта на вашата посетата на Холандија ?
Да пушиме трева и да одиме по проститутки.
Добро ќе запишеме стандардно: разгледување на
знаменитостите.

Играше во Манчестер со Роналдо, а сега потпиша во швајцарска 5-та лига!

Ерик Џемба-Џемба своевремено беше голем талент кој многу ветуаше. Откако одигра две добри сезони во Нант го купи големиот Алекс Фергусон за 4,5 милиони евра.

Камерунскиот репрезентативец на „Олд Трафорд“ се задржа две сезони, потоа следеше трансфер во Астон Вила, а во 2007 година го одигра последниот натпревар во Англија, што значеше и пад на неговата кариера.

Најпрво Џемба-Џемба се проба во Катар, а потоа следеа Оденсе, Хапоел Тел Авив, Партизан… Пред две години потпиша за индијскиот Ченаин, но и после тоа не се засити од фудбал – одигра неколку месеци во Индонезија, за минатата сезона да заврши во францускиот петолигаш Волтигерс.

Џемба-Џемба го одведе Волтигерс до четврта лига, но оваа сезона немаше место за него во тој клуб. Сепак, тоа не го обесхрабри.

35-годишниот Камерунец се одлучи на уште една авантура во 5-та лига, овој пат во Швајцарија. Тамошниот клуб Валорбе денес официјално потврди дека постигнале договор за соработика до крајот на сезоната.

Шмајхел бранел со скршена рака!

Голманот на англискиот шампион Лестер, Каспер Шмајхел, еден месец ќе биде надвор од фудбалските терени, откако се повреди на натпреварот со Копенхаген во Лигата на шампионите.

Имено Данецот еден час играл со фрактура на раката, а и успеа да го сочува својот гол со што на својот тим му донесе еден импресивен дефанзивен рекорд.

По овој меч Шмајхел и Лестер влегоа во историјата на Лигата на шампионите како прв голман и тим кои не примиле гол во првите четири натпревари во елитната лига.

Шмајхел ќе биде надвор од терените околу еден месец па ќе ги пропушти натпреварите против ВБА, Вотфорд и Мидлсбро во Премиер лигата и Бриж во Лигата на шампионите.

Виц: Менувње жени за научни цели

Стар дедо му вели на младоженец:
Синко, ајде да си ги смениме невестите за една вечер со
научна цел.
Каква научна цел бе, дедо?
Па, јас ќе се присетам каква беше мојата,а ти ќе видиш каква
ќе стане твојата.

Видео: Ибра во елемент – прво го давеше противникот, па го турна судијата!

Манчестер Јунајтед е во резултатска криза, Ибра не може да ја врати старата форма, па почна својата фрустрација и нервоза да ја покажува и на теренот.

Ибра синоќа против Фенербахче иако не постигна гол беше главна ѕвезда на теренот. Тој најпрво го фати за гуша противничкиот дефанзивец Симон Кјаер и почна да го дави.

Тензиите проба да ги смири главниот судија Милорад Мажиќ, но Ибра му се нафрли и него и го турна. Сепак Шваѓенецот ужива голем авторитет, па помина неказнето.