Home Blog Page 4293

Виц: Неизвесноста убива

За еден маж нема поголем стрес од тоа кога жената ќе го прегрне без причина, со зборовите :
Уф, срце мое, колку многу те сакам!
Одма на ум му паѓаат триста работи: Автомобилот, парите, скапа облека, ненормално скапи чевли, бабата ќе доаѓа на гости. Неизвесноста убива!

Георгиевски, Бошкоски и Ангелов ја формираа коалицијата ВМРО за Македонија

Коалицијата ВМРО за Македонија создадена од ВМРО-Народна партија, Достоинство и Обединети за Македонија е, како што се промовираше, трета опција на македонската политичка сцена.

Тројцата претседатели, Љубчо Георгиевски, Стојанче Ангелов и Љубе Бошкоски, денеска потпишаа договор за коалицирање и ги повикаа сите слободноумни граѓани да им се придружат во борбата за соборување на сегашниот режим и за изграба на нова, демократска и економски просперитетна Македонија.

За шеф на Изборниот штаб на ВМРО за Македонија беше промовиран Ден Дончев кој потенцираше дека основни определби на коалицијата се демократизација на општеството, враќање на вледеењето на правото, економски напредок, влез во ЕУ, пораз на дискредитираното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и враќање на достоинството на старото автентично членство кое целосно беше згазено од ова раководство.

Таа е најсексапилната навивачка на Манчестер Сити

Пред неколку дена Манчестер Сити, после пет порази, ја растури Барселона, што меѓу нивните навивачи предизвика еуфорија, а посебно среќна меѓу нив беше и нивната најжешка, најпосветена и најсексапилна навивачка, моделот Холи Пирс.

cvj-b8cwcaqpfip cvj-cgiwcae39zw

A photo posted by Holly Peers (@hollyjadepeers) on

Машкиот род уште повеќе ја засака оваа бујна убавица откако се сликаше гола за многу машки списанија, а разголени фотки споделува и самата на своите социјални профили.

A photo posted by Holly Peers (@hollyjadepeers) on

A photo posted by Holly Peers (@hollyjadepeers) on

A photo posted by Holly Peers (@hollyjadepeers) on

A photo posted by Holly Peers (@hollyjadepeers) on

A photo posted by Holly Peers (@hollyjadepeers) on

A photo posted by Holly Peers (@hollyjadepeers) on

Балашевиќ: Му посветив песна, но во тој град не сум добредојден – чуваат куршум за мене

Иако на цела територија од бивша Југославија има стотици илјади фанови од разни генерации кои и денес ги полнат салите на неговите концерти, сепак, има и такви кои не го сакаат Ѓорѓе Балашевиќ.

Во интервју за неделникот NIN, Балашевиќ имаше опширен разговор со Оља Бечковиќ и откри дека уште постои еден град во Босна и Херцеговина каде не е пожелен и добредојден.

„Станува збор за Бања Лука, за жал. Тоа е град од каде постојано ми праќаат некакви пораки. Чуваме куршум за тебе е една од нив. А јас им одговорив на тоа: Супер, мислам, не е убаво што чувате куршум за мене, но убаво е што, сепак, сте зачувале некој куршум“, вели Ѓорѓе.

Мијалков на распит во СЈО за случајот Тортура (видео)

Поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков штотуку дојде во Специјалното јавно обвинителство, каде што треба да даде исказ за случајот Тортура, од каде видео материјал пренесува Нова ТВ.

Случајот што го покрена СЈО е во врска со апсењето на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, ден по изборите во 2011.

Освен Мијалков осомничени се и командантот на специјалната едниица Алфи Ивица Антевски Пуки и др. припадници ан оваа еднициа. Тие се товарат за нечовечко постапување.

Мијалков е првоосомничен.

Обвинетите од случајот Диво Насеље префрлени во затворот во Охрид

Министерот за правда Валдет Џафери за Радио Слободна Европа потврди дека четворица обвинети во предметот Диво Насеље се префрлени во охидскиот затвор, но не ги прецизира причините за трансферот. Тој ги негира информациите во дел од медиумите дека обвинетите се обиделе да избегаат, па поради тоа се префрлени.

Тој вели дека обвинителството поднесува барање по кое се одлучува кој обвинет каде ќе биде сместен.

Предходно, медиумите јавија дека е зголемено полициското обезбедување на охридскиот затвор и полициската станица. На улиците во тој дел од градот не е дозволено паркирање и задржување на возила, а објектите ги обезбедуваат полициски службеници под полна оперативна опрема.

Од СВР Охрид упатуваат какви било информации да се бараат во Министерството за правда, со појаснување дека затворот во Охрид потпаѓа во надлежност на оваа институција, односно дека станува збор за активности во нивна ингеренција.

Судскиот процес се води против 29 лица дел од таканаречената Кумановска група кои се обвинети за тероризам и терористичка организација за настаните поврзани со случувањата од 9 и 10 мај 2015 во Дива населба во Куманово. Во акцијата загинаа 8 македонски полицајци.

Над сто сајтови од Велес агитираат во корист на Трамп и прават пари со тоа

Ова е вест на милениумот, Вашите молитви се услишени, се насловите на текст од WorldPoliticus.com, во кој се цитира анонимен извор од американската агенција ФБИ кој тврди дека Хилари Клинтон во 2017 година ќе биде обвинета за кривични дела поврзани со скандалот со нејзиниот мејл.

Оваа вест, која нема никакви веродостојни извори, генерирала 140 илјади споделувања, реакции и коментари помеѓу американските корисници на Фејсбук. 10 илјади километри подалеку, пишува BuzzFeed, младо момче од македонскиот град Велес гледал како неговиот профил на Google AdSense се полни со пари.

Претходната година, жители на Велес подигнале најмалку 140 американски политички вебсајтови. Сајтовите имаат американски имиња како USADailyPolitics.com, или DonaldTrumpNews.co. И сите од нив објавуваат пропагандни, агресивни содржини во корист на републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп, насочени кон конзервативните граѓани и неговите поддржувачи во САД.

За овој феномен, во април, пишуваше и новинската агенција Мета.мк, која тогаш идентификуваше најмалку шест веб-страни кои пренесуваат пропагандни вести за Трамп.

На младите Македонци кои ги водат овие сајтови не им е гајле за Доналд Трамп, туку го прават тоа од економски побуди. Неколку тинејџери, кои ги контактирал BuzzFeed објаснуваат дека сфатиле колку голем сообраќај генерираат политичките стории кои се споделуваат на Фејсбук – и дека најдобар начин за генерирање споделувања на социјалната мрежа е преку објавување сензационалистички и често лажни содржини кои ги хранат поддржувачите на Трамп.

Како резултат, овие извори на про-Трамп сајтови во Македонија играат важна улога во пропагирањето лажни вести и информации кои доведуваат во заблуда, пишува BuzzFeed.

Да информациите на блоговите се лоши, лажни и погрешни, но логиката е дека ако тоа е нешто што ќе ги тера луѓето да кликаат или да споделуваат – тогаш користи го, вели студент од Велес кој отворил еден таков сајт и кој се согласил да зборува за BuzzFeed доколку не се користи неговото име.

Сајтот, пребарувајќи ги регистрациите на интернет домејните, утврдил преку 100 активни сајтови за американската политика кои се управуваат од Велес. Поголемите сајтови имаат и свои фејсбук страни со илјадници следбеници. Регистирани се и дополнителни 40 сајтови кои не се повеќе активни.

Целта на сите овие сајтови е само финансиска, според Македонците кои ги контактирале во текстот.

Го почнав сајтот бидејќи е лесен начин за правење пари. Во Македонија економијата е многу слаба и тинејџерите се без работа, па се обидуваме да најдеме креативни начини да заработиме пари. Музичар сум, но не можам да приуштам музичка опрема. Овде во Македонија заработката од мал сајт е доволен за да се обезбедат многу работи, рекол 17-годишник кој има сајт заедно со четири други соработници.

Повеќето содржини на овие сајтови се преземени или копирани од десничарски и конзервативни сајтови во САД. Македонците ја гледаат веста на некое место, пишуваат сензационалистички наслов и го постираат на својот сајт. Потоа го споделуваат на Фејсбук за да постигнат поголем сообраќај. Колку повеќе луѓе кликаат на неа – толку повеќе пари заработуваат.

Претходно, луѓе од Велес експериментирале и со левичарски сајтови и пропагандни содржини за Берни Сандерс, но тие не поминувале добро како содржините за Трамп.

Најпопуларниот пост кој го пронашол BuzzFeed од македонски сајт е лажниот текст со наслов Хилари Клинтон во 2013: Сакам да видам луѓе како Трамп да се кандидираат за претседател; тие се чесни и не можат да се поткупат. Содржината е стара една недела но, собрала скоро 500 илјади споделувања, реакции и коментари на Фејсбук. За споредба, ексклузивната сторија на Њујорк Тајмс за Доналд Трамп кој во даночната пријава пријавил 916 милиони долари загуба во 1995 година, генерирала нешто повеќе од 175 илјади фејсбук интеракции за еден месец.

Младите Македонци знаат дека набрзо завршува овој извор на заработка, бидејќи очекуваат сообраќајот драстично да се намали по изборите. Но истовремено се надеваат дека победа на Трамп би ги одржало нивните сајтови и понатаму.

Ако Трамп изгуби ќе го насочам мојот сајт кон спорт. Тоа би значело дека нема да има повеќе политика вредна за покривање, рекол еден од нив.

Весела математика: Еве го доказот дека 1+1=3

Поточно доказот за тоа кога 1+1=3. Графитот е напишан во населбата Утрина, Загреб. Повелете, побиј те го сурово точниот одговор. 😀

4-11-eden-i-eden

Македонка си ја убила својата мајка во австралиски Бризбејн (видео)

За громорозно убиство на нејзината мајка се сомничи дваесетгодишната Симона Зафировска од Бризбејн Австралија.

Симона, која има македонско потекло ќе биде изнесена пред суд, откако полицијата го пронашла телото на нејзината мајка Радица Зафировска на вториот кат од семејната куќа.

Симона јавила за случајот во полициската станица, а додека траела истрагата и властите го пребарувале нејзиниот дом таа била во друштво на нејзините пријатели.

Подоцна младата девојка била повикана на разговор во полициската станица, по што заминала дома и непосредно по разговорот била уапсена од страна на властите.

Како што јавуваат австралиските медиуми, раните на телото на 56 годишната жена биле застрашувачки и веројатно истите биле направени со тапи предмети.

Според австралиските медиуми, Радица и Симона важеле за мирни соседи и никогаш немале проблеми со нив.

Симона била студент, а Радица била вработена како хигеничарка.

Најбогатиот спортист и најпознат светски швалер во нова љубовна врска

Светот пред сè го запозна како најдобриот голфер и најбогат спортист на планетарно ниво, а подоцна и по неговите интензивни швалерски испади (најмалку 15 пати ја изневерил сопругата), фетишот за проститутки и зависноста од секс. Сепак, швалерските скандали, како и тригодишната врска со славната скијачка Линдзи Вон, денес се минато за Тајгер Вудс.

4-11-woods-smith2

A photo posted by Kristin Smith (@thecladlife) on

Врската помеѓу Вудс и Вон пукна во мај, Тајгер веќе се впушти во нова љубовна романса со 32-годишната стилистка Кристин Смит (која, како што ќе забележите, неодоливо потсеќа и личи на Вон, плавуша исто како неа).

A photo posted by Kristin Smith (@thecladlife) on

Засега не е познато колку долго тие двајца се во врска, но очигледно е дека за неа не се проблем лошите искуства на нејзините претходнички со славниот голфер.

A photo posted by Kristin Smith (@thecladlife) on

A photo posted by Kristin Smith (@thecladlife) on

A photo posted by Kristin Smith (@thecladlife) on