Home Blog Page 4292

„Го фрлам микрофонот и им велам – повелете, надминете го ова срање“: Тарантино најави пензионирање

Иако веќе подолго време го најавува своето повлекување по десетиот филм, Квентин Тарантино во интервју во во Сан Диего и официјално го потврди тоа.

„Го фрлам микрофонот. Бам! На сите им велам повелете, надминете го ова срање“, изјави Тарантино и додаде дека е задоволен од својата кариера.

“Bacim mikrofon. Bum! Svima kažem ‘pokušajte nadmašiti ovo sranje'”, rekao je Tarantino i dodao da je zadovoljan svojom karijerom.

Говорејќи за своите почетоци и околу својата режисерска и сценаристичка кариера, Тарантино истакна дека создавањето проект од ништо му причинува неверојатно задоволство.

– Доживувам неверојатно задоволство кога ќе се присетам дека само две години претходно, колку што и вообичаено трае работата на еден филм, седев и гледав во празен лист, рече Тарантино.

Тој досега напиша и режираше осум филмови. Иако крајот на неговата кариера е сè поблиску, тој се надева дека ќе остане запаметен за идните генерации.

Во таа прилика тој го најави и неговиот следен можен проект – гангстерски филм сместен во 30-те години на минатиот век во Австралија. Инаку, неговиот последен филм „Омразените осуммина“ беше номинираниот за „Оскар“.

Хемикалиите од секојдневниот живот и нивното влијание врз нашето здравје

Изложеноста на мали дози на хемиски соединенија кои пречат на хормоните, резултира со огромни трошоци за американскиот здравствен систем, кој за санирање на овие последици издвојува годишно најмалку 340 милијарди долари, покажа еден нов извештај.

Тие хемикалии ги има во илјадници секојдневни производи, од пластика до метализирани пакувања за храна, средства кои штитат од воспаленија, играчки и козметика.

Меѓу најчестите последици се невролошките оштетувања и проблеми со однесувањето, вклучувајќи и нарушување на вниманието и хиперактивност, аутизам и пад на коефициентот на интелигенцијата, велат научниците во трудот објавен во списанието „Лансент Дијабетес енд Ендокринолоџи“.

Невидливите опасни хемиски соединенија исто така можат да поттикнат дебелина, шеќерна болест, некои видови на карцином и машки стерилитет, како и болна ендометриоза.

– Нашето истражување е најново во сите бројни докази за исклучителната финансиска и човечка цена на хемикалиите кои влијаат на хормоните, вели директорот на истражувањето Леонардо Трасанде од Њујоршкиот универзитет.

Тој додаде дека тоа има потенцијал да се развие во многу поголемо здравствено и економско прашање, ако не се преземат потребни мерки.

Најголемите виновници меѓу хемиските соединенија се заштитните средства кои спречуваат воспаленија, бисфенолот А и фталатите.

Според претходните истражувања, хемикалиите кои пречат на хормоните на подрачјето на Европската унија предизвикуваат финансиска штета од околу 271 милијарди долари, односно околу 1,28 отсто од БДП на ЕУ.

Заштитните средства против воспаленија кои се ставаат на американскиот мебел се забранети во ЕУ во 2008 година, па во Унијата главни виновници за заболувањата се пестицидите.

Нивната употреба пак во САД е ограничена поради многу построгите прописи.

Жесток инцидент во Ургентниот центар во ГОБ „8 Септември“, 30 лица кршеле сè пред себе

Поради смрт на близок роднина, 30 скопјани вечерва ја искршиле влезна врата и внатрешни простории во Ургентниот центар во ГОБ 8 Септември.

МВР потврди дека е пријавен ваков случај, односно дека околу 19 часот во болницата е донесено непознато лице кое лекарите се обиделе да го реаинимираат, но по неуспешните обиди лицето починало. Тие го зела со себе телото на починатиот.

Во инцидентот за среќа никој не бил повреден.

Ако мислевте дека репликата Here’s Johnny во Shining е оригинална идеја од Кјубрик

Вистината е малку поинаква. Инспирација за оваа сцена, како и за цел филм, легендарниот Стенли Кјубрик наоѓа во шведскиот филм од 1921 година, The Phantom Cariage. Погледнете ги споредбите, па ќе ви стане јасно за што зборуваме.

5-11-komparacija1

Кој го нема гледано – препорачано: Ацо кабадаја – филм за битолскиот кабадајлук

Кабадаја е турски поим, којшто е изграден од зборовите “kaba” и “dahija”(daja), а најопшто означува човек фалбаџија, големџија .

Тргнувајќи од оваа битолска карактеристика, авторите на филмот прават пресек на неколку генерации културен и социјален живот во градот. Ако сте го подзаборавиле ова закон филмче, или има некој што го нема гледано – повелете.

Славој Жижек: Ужаснат сум од Трамп, но Хилари е вистинската опасност (видео)

Светски познатиот словенечки филозоф и икона на левицата Славој Жижек за Ченал 4 вели дека доколку би можел да гласа на американските избори, би гласал за Трамп.

-Тој е ужасен, но мислам дека Хилари претставува вистинска опасност. Таа изгради невозможна општествена коалиција во која ги вклучи сите, вели Жижек.

-Со Трамп се согласувам во една работа. Се сеќавате кога Берни Сандерс и даде поддршка на Хилари? Трамп тогаш исправно рече дека тоа е како некој од движењето Occupy Wall Street да и аде поддршка на банката Леман Брадерс, смета Жижек.

-Во секое општество постои мрежа на непишани правила кои пропишуваат како функционира политиката и како се доаѓа до консензус. Трамп тоа го растури. Во случај тој да победи и републиканците и демократите ќе мора да се врата на своите основи. Тоа се моите очајнички, многу очајнички надежи, вели Жижек во интервјуот за Ченал 4.

Иако признава дека Трамп носи голема опасност со себе, како што е изборот на исклучиво десноориентирани судии во Врховниот суд на САД, Жижек смета дека Клинтон претставува апсолутна инерција на општеството и тоа во најлоша смисла, „ладен воин поврзан со банките која се претставва како општествено прогресивна“.

По два часа распит, Мијалков го напушти СЈО без да даде изјава

По двочасовен распит, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков замина од просториите на СЈО.

На излегувањето од Специјалното јавно обвинителство, Мијалков не сакаше да даде изјава пред новинарите и само кусо прокоментира дека тоа ќе го стори во друга прилика.

Од СЈО потврдуваат дека поранешниот директор на УБК бил повикан да да де исказ за случајот „Тортура“.

Отаму велат дека Мијалков дал исказ за предметот „Тортура“, како задолжително истражно дејствие што се презема според Законот за кривична постапка.

Во СЈО Мијалков беше заедно со својот адвокат Никола Додовски.

Инаку, Мијалков е првоосомничен во случајот „Тортура“, односно за сурово и нечовечко апсење на Љубе Бошкоски, еден ден по изборите во 2011 година. Освен него, во овој случај осомничен е и командантот на специјалната единица „Алфи“ Ивица Антевски-Пуки и неколкумина други припадници на оваа единица.

ФИФА: Ова се 23-та кандидати за играч на годината!

Светската куќа на фудбалот денес го објави списокот од 23 кандидати кои ќе се борат за титулата најдобар фудбалер во светот за минатата година.

Потсетуваме, оваа година „Франс Фудбал“ и ФИФА повторно одделно ќе го бираат најдобриот играч на годината, па поради тоа ФИФА денес ги објави 23-та финалисти.

Гласањето започнува денес и ќе трае се до 22 ноември, а свечената церемонија ќе се одржи на 9-ти јануари во Цирих.

Најдобриот играч на светот во изборот на ФИФА ќе се бира така што половина гласови ќе ги дадат капитените и селекторите на репрезентациите, а другата половина ќе ја дадат преставници на медиумите од 200 различни земји.

Главни фаворити за наградата како и минатата година се Кристиано Роналдо и Лионел Меси.

04-11izbor2

Исламистите убиваат дезертери во жестоката битка за контрола над Мосул

Елитните ирачки единици се соочуваат со жесток отпор од џихадистите во Мосул, градот кој повеќе од две години беше под контрола на Исламската држава и во кој вчера за првпат влегоа ирачките сили.

Командантот на единицата за борба против тероризмот Мунтатар Салем за АФП изјави дека ирачките сили напредуваат и моментално се борат во источниот дел на градот.

Борците на исламската држава возвраќаат со бомби и артилерија. Портпаролот на меѓународната воена коалиција во Ирак американскиот полковник Џон Доријан изјави дека бунтовниците ја губат контролата кај следбениците во Мосул.

Портпаролката на ОН за човекови права Равина Шамдасани иајви дека екстремистите во околината на упориштето убиле стотици луѓе, меѓу кои и 50 дезертери и 180 бивши владини службеници.

Предизвик од бујната девојка: Колку брзо мажите можат да откопчаат градник

Ндарена девојка предизвикува непознати момци на улица за да види колку се искусни и брзи во откопчувањето градник, ама без гледање.