Home Blog Page 4291

Детенце починало при рутинска операција од кила на Детска хирургија во Скопје

Две и пол годишно дете од Жировница починано на Клиниката за детска хирургија во Скопје по рутинска операција на кила.

По барање на родителите, врз починатото дете не е направена обдукција, поради што не се знаат точно причините на неговата смрт.

Инаку, настанот се случил на 28 октомври, по што на е формирана комисија која треба уште еднаш да го прегледа детално случајот и во текот на утрешниот ден да изготви извештај.

Софија Куновска си поднесе оставка од претседателската функција во СДСМ

Софија Куновска си поднесе оставка на функцијата престедателка на општинската организација од Скопје, но останува во кампањата како член на СДСМ до конечно уривање на режимот на Груевски.

Дознаваме дека Куновска ја осудува постапката да не бидат консултирани  за листите како општинска организација од Скопје на СДСМ и смета дека тоа е неморален чин. Таа не се најде на пратеничките кандидатски листи од СДСМ кои партијата вчера ги усвои на конгресот во Скопје.

Таа ја поднела оставката вчера вечер со образложение дека сака да ја заштити организацијата која ја претставува и која што очигледно е потценета. Политичкиот ангажман го продолжува во партијата во која, како што соопштила, посветено ќе дава придонес во кампањата за рушење  на режимот на Груевски.

Топол ноемвриски понеделник

Понеделнички ќе се „загревеме“ за промената на времето која што ќе не следи во новата недела. Ќе се наоблачува уште во раните утрински часови, а ќе дува и умерен јужен ветер. Источниот регион претпладне ќе биде умерено облачен. Ветерот останува во текот на целиот ден.

Крајниот западен дел од земјата оќекува повремени врнежи во текот на денот, но вечерта е онаа која што ќе ни донесе нешто позачестен дожд. Истот навечер ќе се рашири на поголем дел од северната половина од зејатаи ќе има генерално слаб интензитет.

Јужното струење, односно транспортот на значитело потопол воздух кон нашиот крај ќе резултира со максимална температура која ќе биде значително над просекот за овој дел на годината, а ќе има вредност помеѓу 16°С и 20°С низ поголем дел од котлините, на југот на повардарие до 23°С, а на повисоките места околу 15°С.

Скопскиот регион претпладнево ќе има умерена облачност, додека попладне облачноста значително ќе се зголемува. Навечер очекуваме слаб дожд. Ќе биде ветровито во текот на целиот ден.
Температурата нема да намине 20°С.

СДСМ ги објави комплетните листи за изборите: Мухиќ, Богоевски и Туфегџиќ непартиски кандидати

A1.On ги објави коплетните листи од опозициската СДСМ со кои тие ќе настапат на претстојните предвремени парламентарни избори во декември. Во првата изборна единица каде што носител е Стево Пендаровски има едно добитно и едно потенцијално добитно места за Шарената револуција. На петттата позиција на листата е Павле Богоевски, а на деветтата позиција е Ивана Туфегџиќ од Студентскиот парламент.

6-11-listi1

На листата добитни места имаат и Рената Десковска, Дамјан Манчевски и Стефан Богоев. Од коалицијата со добитно место и шесттата позиција на Лилјана Поповска, а Ердоган Сарач е на десеттата позиција.

6-11-listi2

Во втората изборна единица каде што носител ќе биде Оливер Спасовски, следуваат Фросина Ременски, Мухамед Зекири,Ферид Мухиќ на петтата добитна позиција.

6-11-listi3

Во третата изборна единица каде што носител е Љупчо Николовски, следуваат Благоја Бочваров и Јагода Шахпаска.

6-11-listi4

Зад Зоран Заев во четвртата изборна единица е Хари Локвенец и Катерина Кузмановска. Координарот на СДСМ, Сугаревски го нема на листата.

6-11-listi5

Петта изборна единица ја предводи Радмила Шекеринска, а по неа следува Кирацовски. Таму има добитно емсто и за ПЕИ.

6-11-listi6

На листите ги нема Лидија Димова, Софија Куновска, Панче Орцев, ниту Никола Димитров за кого се спомнуваше дека може да биде кандидат на СДСМ.

Клоп потврди дека ќе има замски засилувања

Ливерпул одлично ја започна сезона во Премиер лигата и оваа сезона ќе се бори за титулата, па поради тоа Клоп ќе добие додатни засилувања во зимскиот преоден рок.

Особено проблематична за „црвените“ ќе биде позицијата напаѓач, бидејќи младиот Дени Ингс се повреди, а Мане во јануари ќе замине на Афричкиот куп на нации.

„Немаме проблем со напаѓачите, мислам дека тројца се доволни, проблем е со крилата. Кога Мане ќе замине ќе имаме проблем. Фирмињо може да игра на крило, но тогаш ќе ни недостасува напаѓач. Ќе треба да се засилиме на таа позиција“, потврди Клоп.

Покрај играчот на Рен, Пол Жорж Нтеп кој веќе подолго време се поврзува со Ливерпул, медиумите открија уште две имиња кои се на радарот на „црвените“.

Првиот е Кристиан Пулишиќ, кој игра одлично оваа сезона за Борусија Дортмунд, но за Ливерпул ќе биде тешко да го донесе на „Енфилд“. Второто име е 18-годишниот играч на Марсеј, Максим Лопез кој може да игра на двете крилни позиции.

Кинезите одлучија – ова е новиот тренер на Интер

После отказот на Франк де Бур „нероаѕурите“ се сеуште без тренер, а после синоќешните консултации се чини работите се многу појасни и Марселињо е пред промоција во нов тренер на Интер.

Стефано Пиоли беше фаворит на раководството на Интер, кои сакаа да биде назначен италијански тренер, но кинеските сопственици се одлучија за Шпанецот. Марселињо вчера беше во Милано на разговор и викендов би требало да потпише договор.

Сеуште нема официјална потврда бидејќи во Интер има две спротиставени струи, на една се италијанските директори и Занети, а на друга страна се кинеските сопственици и агентот Киа Јорабчијан кој е нивни човек.

Италијанските медиуми немаат сомнеж дека конечната одлука ќе ја донесат сопствениците и тврдат дека набрзо Марселињо ќе биде промовиран во нов тренер на „нероаѕурите“.

Шпанецот на почетокот на сезоната самиот си замина од Виљареал поради конфликт со капитенот, а во кариерата уште ги има предводено екипите на Севиља, Зарагоса, Рекреативо, Расинг Сантандер и Спортинг Хохон.

Мајка му го оставила и завршила во затвор, а тој денес е ѕвезда на „Етихад“

Ова лето во Премиер лигата пристигна со помала помпа отколку Погба, Ибрахимовиќ и останатите ѕвезди, но Нолито се покажа како вистински погодок за Манчестер Сити.

За жал, играчот кој дојде од Севиља и стана ѕвезда во Премиер лигата носи тешко животно бреме. Имено, англиските таблоиди деновиве ја пренесоа грозната животна приказна на Нолито.

Го одгледале баба му и дедо му, кои ги смета за свои родители, откако мајка му морала да го остави кога е осудена на затворска казна. Била зависничка на дрога, а моментално за живот заработува просејќи пред супермаркет.

Нолито живеел тешко со баба му и дедо му, често имале само хуманитарна помош, па тој морал да почне да работи уште на 13 години. Добил работа во месарница каде заработувач 30 евра неделно. После десетина часа на работа, на вечер одел на тренинг.

Мари само една победа го дели од првото место!

Новак Ѓоковиќ ја загуби титулата на Мастерсот во Париз, откако во четвртфиналето подобар од него беше Марин Чилиќ (4-6, 6-7). По елиминацијата на Ѓоковиќ, Британецот Енди Мари се наоѓа на една победа до првото место на АТП листата.

Марин Чилиќ во 15-от дуел со Новак Ѓоковиќ ја забележа првата победа. Хрватскиот тенисер одигра одличен меч максимално ги искористи своите шанси и славеше 6-4, 7-6. За пласман во финалето тој ќе игра против Американецот Џон Изнер.

Поразот на Ѓоковиќ со голема веројатност значи дека од понеделник АТП ќе добие нов број 1. Тоа ќе биде Енди Мари кој во четвртфиналето го победи Томаш Бердих 7-6, 7-5.

Мари од понеделник ќе се искачи на првото место на АТП листата доколку успеа да се пласира во финалето.

Вегетаријанка пробува месо после 22 години

Стефани Потакис, директорка за кастинг во The Onion, нема пробламо месо цели 22 години, од времето кога била 4 одделение. Еве ја нејзината реакција кога проба месо после толку долг период.

Кога на кампување ќе ви се придружи огромна мечка

Семејното кампување течеше во најубава атмосфера, кога една голема мечка на поминување реши да ги посети и да ги поздрави камперите. Погледнете што се случуваше пред и околу шаторите.